GRCKA MUSAKA
Страна 1 of 1
GRCKA MUSAKA
Грчка мусака со кремаст слој
Постојат различни рецепти за мусака, но грчката мусака е карактеристична по вкусиот кремаст горен слој.
Направете муската по оригиален рецепт на грчки начин.
Потребни намирици
500 грама мешано мелено месо, 2 модри патлиџани, 3 компири, 3 домати, 1 главица кромид, 1 морков, 1 павлака, 200 грама фета сирење (мешавина од овчо и козјо), 1 дл млеко.
Подготовка
Исечкајте го кромидот, па со малку маслиново масло и вода издинстајте го. Додадете го месото и продолжете со динстањето. Кога месото ќе ја смени бојата, додадете зачини, уште малку оставете го на оган и потоа тргнете го од оганот.
Морковот исечкајте го во кругови, а модриот патлиџан на коцки. Во тавче загрејте масло, па коцките модар патлиџан пропржете ги.
Компирот излупете го, па исечете го на кругови.
Тавата за готвење намачкајте ја убаво со маслиново масло. Наредете прво еден ред компири, врз компирите ставете ред модар патлиџан, па морковите. Врз нив ставете го целото месо, врз месото ставете ред модар патлиџан, врз него ред компир.
Најпосле врз компирот ставете зачини, па наредете кругови од доматот.
Изматете ја павлаката со сирењето и со млекото и добиената смеса претурете ја врз мусаката.
Ставете да се пече на 200 степени додека убаво не порумени, околу час – час ипол, во зависност од количината.
Грчката мусака се служи врела.
Послужете со кисело млеко.
https://www.makmoda.com/grchka-musaka-so-kremast-sloj/

IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|