Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

EVROVIZIJA

+3
misterija
Dino
Flora
7 posters

Go down

EVROVIZIJA Empty EVROVIZIJA

Пишување by Flora Нед Сеп 23 2018, 12:26

Zosto li samo trosime nepotrebno pari.

(ФОТО) Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година: И’ ништо друго!

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019 година, односно МРТВ во име на земјата ќе испрати уметник и песна во Тел Авив, Израел.

https://ekran.mk/2018/09/23/foto-makedonija-go-potvrdi-uchestvoto-na-evrovizija-2019-godina-i-nishto-drugo/

Flora

Број на мислења : 418
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by Dino Нед Сеп 23 2018, 12:39

Pa da se prosetatt partiskite poltroncinja zgrizeni vo MTV, da se isplati nekoj pejac sto nastapuval za partija i da se ukrade nekoja para.

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by misterija Нед Сеп 23 2018, 13:43

Aman be, pak li ke se brukame..ili pa da ne potpisal Zaev nekoj nov dogovor??

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by osa Саб Мај 18 2019, 02:23

EVROVIZIJA 60305218_2399059060307499_1139960719236661248_n
[size=45][size=41]Заев и Димитров се горди со Тамара[/size]
Слободен печат   пред 1 ден
 0 1.530
[/size]

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, веднаш по веста за пласманот на Тамара во финалето на Евровизија, на Фејсбук објави фотографија на која тој, заедно со премиерот Зоран Заев, гордо позираат со сестрите Тодевски.
EVROVIZIJA Facebook

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Саб Мај 18 2019, 13:00

Да ви појаснам нешто, Евровизија и ЕУ се различни работи. Сигурно е дека добар пласман на Евровизија би ги израдувал сите Македонци што не се хејтери. На некои работи одговорив веќе на друга тема

https://melnica.forummk.com/post?p=69130&mode=quote

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Нед Мај 19 2019, 10:40

Владата толку многу зборуваше за Евровизија што изгледа ги натера и Македонците во дијаспората да го бојкотираат гласањето, па да кажеме од Австралија Македонија не доби ниту еден поен. Осмо место е до сега најголем успех на Македонија, која за жал веќе не е Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by SHARENI Нед Мај 19 2019, 13:46

znachi pak vie ste "kochele"napredok na drzavata ,spored tebe ne e Makedonija na osmo mesto tuku severna Makedonija,a jas bash zaradi ovie pederski raboti na dijasporata nesakam da ima pravo da glasa i da mi diktira kako ke ziveam ,ako stvarno si ja sakale drzavata ke ostanea tuka
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Нед Мај 19 2019, 18:25

Нели во дијаспора се одеше во времето кога ВМРО беше на власт, што би рекле таму има повеќе шарени. Чудо што од тие според вас 500 илјади што „избегаа“ од Грујо толку мал број гласаше за Тамара. Се работи сепак за забава и не знам од каде толкаво хејтерство кај директорот на зоолошка на пример. Тој напиша меѓу другото „Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? …. Гнаси…. Никад да не се вратите“ Линк
Ако луѓето бегаа од режимот, зошто не гласаат за претставникот на Северна и по повикот на новата власт. Зошто им се лутите само на Македонците, а не и на Албанците со чија помош составивте влада и имаме заевистичко-албански претседател на сите граѓани. Нели „Кој и да победи на Евровизија ќе мора со ДУИ да прави коалиција„.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by osa Нед Мај 19 2019, 18:54

[size=38]Директорот на Зоолошката до дијаспората: „Никад да не се вратите“

Објавено пред
 15 минути

 - 19 мај, 2019
Од
 Макфакс
[/size]
EVROVIZIJA Galetanovski

Директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, на својот профил на „Фејсбук“ се осврна на синоќешното гласање на Евровизија, упатувајќи навреда кон иселениците кои не ја поддржале со гласови македонската претставничка Тамара Тодевска.
„Што да очекуваш од луѓе што продале се и избегале од родна земја? Каква срамота…ццц. Фиром не им сметало, за северна не гласале за Тамара. А бе одземи им и пасоши и право на глас. Гнаси. Рмбаjте под туѓо сонце и плукајте по се што вреди. Никад да не се вратите“, напиша Галетановски на „Фејсбук“.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by osa Нед Мај 19 2019, 18:55

bravo care ...e ova e chovek so site maniri otvoren i iskren .....i ja vikam da im se odzeme i pasosh i pravo za glasanje ...okolu rmbanjeto da crknat more ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Нед Мај 19 2019, 19:19

Нели 500 илјади побегнаа од „режимот“ на Груевски, што треба да значи дека се блиски до заевистичкоалбанската коалиција, односно за Северна Македонија, под кое има настапивме? Лично јас и покрај тоа што не сме припадници на ист народ со Тамара, јас сум Македонец со целосен идентитет произлезен од праисторијата до денес на овие простори, а Тамара е поборник за Северна, односно веројатно уште не знае од кога се нејзините Македонци, а го користи името на народот само за да ни наштети на нас обичните, несеверни Македонци за да се врши полесно притисок врз нашите човекови права. Утре да ви каже Заев ќе се нарекувате според наредбата.
Да се вратам на темава. Не секој како мене мисли дека секоја будала може да биде на власт, дека може да бидеме под ропство со директна странска управа или преку марионетска власт, но Македонија е една единствена. Се лутат и други на Македонија. Србите на пример дека на Еврозизија од нас добија нула поени. Колку што доби македонската влада од германските бизнисмени, на пример. На Албанија секогаш па и сега и дадовме 12 поени.
Евентуалната победа на Тамара требаше да биде единствена светла точка по 27 април кога на нелегален начин беше избран новиот претседател на Собранието (кој можеше да биде избран и легално со малку стрпливост). Веројатно најповеќе боли што победи Холандија, земја која не падна на задник по менувањето на името и кастрирање на македонската историја, идентитет и јазик, туку бара и исполнување на обичните услови за прием. Владеењето на правото пред се. За земја во која со уцени и пари, можеби и со делење кокаин на пратеници се обезбедува мнозинство за промена на Уставот за што референдумот не поминал, тешко може да се каже дека ги исполнува Копенхашките критериуми.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by osa Нед Мај 19 2019, 19:42

tie shto gi pishuvash 500 iljadi shto pobegnale ,oni si gi frlija pasoshite i veke ich nishto ne gi interesira za drzavate

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Нед Мај 19 2019, 19:53

Проблемот е што уште бегаат. Така нели владата реновираше 12 возила од Министерство за земјоделие во возила за брза помош, но не се користат затоа што нема лекари и сестри кои би оделе со нив да им помогнат на здравствено загрозените. Да се вратам на темава. Одличен ФБ статус на режисерот Јани Бојаџи во врска со нападите врз дијаспората и другите Македонци што не се насекирани што Тамара не победи на Евровизија.

„Боже Господе, колку се мразиме? Не ми се верува до кај сме стасале, а не сме уште ниту на пола пат! Како ќе се живее вака“ – праша Прличев пред сто и повеќе години!
Денес, се прашувам и јас? Како, кога разликите меѓу нас се огромни и непомирливи. Океани „мирно пловат“ меѓу нас, Драги мои! Да не се лажеме, овие денови од тие најдлабоки и студени води испливаа сите наши гревови и гневови! Не ми влегува во глава дека уредник на национална телевизија побара „бришење“ од државјанство со одземање на право на глас на други граѓани со кои таа не споделува, замислете, мислење во врска со музика! Не сакам да бидам во право за ништо, ама пред една година реков дека ќе стасаме до тука: да побараат да се забрани и избрка од Македонија се што тие сметаат дека е спротивно на нив и нивните критериуми – музички, уметнички, културни, верски, политички, социјални и национални! Така почнало во 1933 година во Германија! И тогаш тоа се правело во име на правото на посилниот – дадено од правото дека е власт да определува кој, што, како и кого ќе поддржува во „нивната земја“! На кој не му се допаѓа и не сака да го прифати тоа, тие предлагаат сега, како и тогаш: бришење и прогон! Демократски и во име на новите вредности. И тогаш, тоа во светот се именувало како „либерализам“ и „демократија“ и било поддржано речиси од цела Европа! Како се нарекувало десетина години подоцна и како завршила таа пизма, сите знаеме. И сега пак така ќе заврши. Само треба да се преживее тој мајски ден! И да се раскаже. Мора некој да остане за да посведочи за сето ова што денес се случува, а утре ќе биде уште полошо а … можеби и покрваво! Оти оној настан од синоќа, сите се сложуваме беше „само една обична парада на кичот“! Ама се што почнува со кич драги мои, завршува со крв! Така запиша Љубиша Георгиевски и беше во право. До овој момент, речиси за се!
И ете го онаа девојче од фотографијата кое збунето стои и гледа во метли со кои треба да суреди куќа која има далбоко поткопани темели, од четири потпорни ѕида – три урнати до крај а четвртиот се клати, покривот е сосема разрушен а ќерамадите разлетени на сите страни на светот!
„А од далеку се слушаат ветришча, бури и виулици“ – како што кажа поетот на почетокот од оваа прашување.“


https://expres.mk/bojadzhi-za-makedonskata-omraza-taka-pochna-i-erata-hitler-vo-1933/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by OPOZICIONER Нед Мај 19 2019, 20:39

pa ti bre imash seriozen problem ,malku ti beshe Ratko Mladik ,sega i Hitler
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Пон Мај 20 2019, 07:59

И едниот и другиот ги споменав само како пример што не треба да се прави, а се прави во Македонија. Добро е што директорот на зоолошката, кој инаку беше шеф на изборниот штаб на претседателот на сите, Пендаровски, го повлече фашистичкиот статус на социјалните мрежи, но последиците остануваат. Не знам од каде паника во Македонија поради еден музички натпревар. И Швеѓаните кои беа први по гласањто на жирито беа 6ти по телефонското гласање, па таму нема непотребно возбудување. Кај нас очигледно по повикот на овчарот овците се возбудија. Да напишам повторно, ми личи дека евентуална победа на Евровизија сакаше да се претстави како замена за извесното недобивање на датум за преговори со ЕУ во јуни. Не верувам дека било каде во светот 8мо место на било кој натпревар се прославува како триумф, што се случи кај нас со пречекот на Тамара од граѓани на Северна Македонија на аеродромот. И на пречекот немаше Албанци, но ни на гласањето во дијаспората, но на нив не им се лутите. Тие беа за Северна Македонија 100% и требаше да гласаат на натпреварот. Еве го одговорот на една од поорганизираните македонски заедници во дијаспората, од Малта.

Македонска заедница во Малта реагира на обвинувањата на дијаспората по „Евросонг“ од новинарката Снежана Лупевска Созен и од директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, обраќајќи се и до министерот без ресор задолжен за иселениците, Едмонд Адеми.
„Би сакале да се обратиме до сите оние кои ја нападнаа дијаспората дека Tamara Todevska не победила поради нас. Да не забораваме дека години наназад фестивалот Евровизија веќе не е она што беше на почетокот. За жал, одредени политики се вмешаа и тука каде што најмалку треба да се присутни.
Не станува збор за тоа дали некој сакал да гласа или не, дали сакале луѓето од дијаспората да потрошат 10 евра. Се работи за контиунитет во ставовите на Македонците од зад границите, кои праќаат јасни сигнали.
Пропагандата која ја ставивте во погон со употреба на новото име и она мизерно видео на Tijana Dapcevic во кое гордо вели VOTE FOR NORTH MACEDONIA пројави револт кај граѓаните во татковината, но и надвор од неа. Всушност, и во телефонското гласањето се покажа вистинскиот став на Европа, која ја отфрли песната на Тамара.
И тука нема ништо спорно. За вкусови не се дискутира. Но, лудилото од типот на Снежана Лупевска Созен и на директорот на Зоолошка, Ѓорги Галетановски, се врв на хипокризијата. Снежана е репрезент на медиумите и слободното граѓанство, другиов – претставник на извршната власт.
Драга Снежана, ДИК може да те избрише тебе, а можеш и сама, ако се откажеш од македонското државјанство и биди си ‘PROUD’ дома колку сакаш. Нас, кои имаме македонско државјанство и секојдневно се трудиме да ја претставиме Македонија во најдобро светло, нема право никој да ни го одземе, уште помалку поради гласање или негласање на еден фестивал кој одамна го има изгубено рејтингот. Жално и срамно од ваша страна.
За директоров, пак, одвишно е да му се замерува поради неговиот интелектуален капацитет. Би сакале само да го прашаме министерот Edmond Ademi дали ова е став на Владата??? Дали е ова онаа дијаспора за која се залагате Вие како Министер преку одземање на правото на гласање и пасошите на Македонците??? Дали следува нејзино уништување???
Очекуваме реакција од Ваша страна како Министер за дијаспора и ЈАВНО извинување од Лупевска и од Галетановски за навредите кон граѓаните од дијаспората.
Инаку, Тамара Тодевска имаше прекрасна изведба и одлично ја изведе улогата за која беше платена со наши пари“, се вели во реакцијата на Македонска заедница во Малта.

https://expres.mk/makedoncite-od-malta-za-napadite-vrz-dijasporata-zhalno-i-sramno-vrv-na-hipokrizijata/

Треба да разберете дека има Македонци кои не го поддржуваат името што преку вас странци и го наметнаа на државата, а уште повеќе што не се согласуваат со кастрирањето на историјата, идентитетот и јазикот и дека тие ќе пружаат отпор на секој можен начин. Додека нема насилство и отпорот е во рамки на законите и реакцијата треба да биде на ист начин. Повикување на одземање државјанства и разни облици на говор на омраза не се во рамки на законот. Одредени поддржувачи на власта го злоупотребуваат тоа што судството им прогледува низ прсти за да се однесуваат недолично. Но само кон Македонците. Не и кон иселениците од Македонија од другите етнички заедници од кои албанското малцинство е во некои европски држави поголемо од македонското.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Пон Мај 20 2019, 08:46

Ајде и овде да ја повторам приказната што ја напишав на форумот за политика.
Дедото на еден мој колега и пријател, Рус по потекло, побегнат од тогашен СССР како белогардејски офицер и доселен во Скопје плачел кога меѓународната заедница (олицетворена во фашистичка Германија) ја нападнала Русија, со сменето име СССР. Бидејќи Германците напредувале плачел. Го прашале зошто плаче кога власта во Русија би го ликвидирала веднаш кога би се вратил. Неговиот одговор бил дека секоја будала може да биде на власт, но Русија е само една. Од тие причини не бев за бојкот на гласањето, но ќе ги поддржам сите што бојкотирале и поради тоа се омаловажувани од власта. И јас сум против новото име што странци ни го наметнаа преку актуелната власт, а оваа го пробутка на сомнителен начин, со уцени и купување на пратеници. Но не сум толку радикален дека треба да се руши државата поради тоа. Треба да се сруши власта на законски начин (ако таа прва не почне да ги крши законите) и исто така на законски начин, кој е поспор но со помали стресови. Доколку имало повреди во процедурата, на пример непочитување на резултати од референдум, притисок врз пратеници или слично, сите учесници во тоа треба драконски да бидат казнети, за де не си помисли никој во иднина да прави такви егзибиции повторно.
Лично мислам дека ако не се замешаа лидерите на марионетската власт во Македонија, премиерот, претседателот и министерот за надворешни работи, посебно го немаше слоганот гласај за Северна Македонија, што за огромен број Македонци и во земјата и во дијаспората е навредливо име за земјата, резултатот на телевотингот ќе беше подобар. Но што е тука е. Се работи за игра што не и носи пари на државата или подобар живот на граѓаните. Животот продолжува. Со премиер кој изгледа оди на курс за метење за кој не знаеме колку време ќе трае и уште колку смет ќе се наталожи пред да се почне воопшто со метењето..

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Пон Мај 20 2019, 19:21

Ако се во право перјаниците на СДСМ по социјалните мрежи, па за неуспехот на Тамара по телевотингот е виновна македонската дијаспора (само Македонците, а не и Албанците од Македонија) тогаш најголема дијаспора во Европа има Норвешка која врз основа на телефонското гласање доби најповеќе, 300 поени.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Пон Мај 20 2019, 21:00

Еве еден интересен Фејсбук статус со прашањето на што тоа треба да сме горди, според песната.

Ја слушам песнава на C Македонија за Евровизија на Јутуб.
Ја слушам и искрено, ми се плаче.
Не од што ми се допаѓа. Ниту пак од што не ми се допаѓа. Индифepeнтна сум на ваков тип на музика одамна, не ме интересира баш. Не велам дека е лoшa, напротив ме радува што има луѓе што ги допира. Забавна е Евровизија, еве јас правам веганска пица и вино специјално за вечер, ќе гледав филм ама ако имало Јуровижн – Јуровижн ит ис.
На тимот од Македонија им посакувам успех, Тамара несомнено воодушеви со изведбата во живо, многу зрело, секоја чест Тамара. Песната звучи моќно ко за на ваква натпреварувачка манифестација на популарна музика ама музиката и мелосот бајаги влечат накај тажачка нота, како нешто да е изгубено, наместо накај триумфална химна, за да му парираат подобро на текстот. Нејсе, не секој го забележува тоа, добро се стокмени заедно и функционираат, гаѓаат баш кај што им е целта.
И баш тоа е она што ме pacтажи.
Песната носи порака дека треба како девојки и жени да застанеме гopдо и исправено против сеуште често-активната родовска диckpиминација, да бидеме cилни и xpабри, да не се чувствуваме притиcнaти да играме по нечии туѓи правила, со една реченица, да не дозволуваме некој да не калапи како што сака самоа затоа што сме “пocлабиот пол” (а не сме). Песната се вика Proud и тоа што се пее на англиски во овој случај е неопходно, или да речам ќе беше. Ќе беше зашто си замислив сценарио. Сценарио како баш со оваа песна настапува на Евровизија Македонија, несеверизирана. Како баш со ваква песна (навидум посветена на девојчињата) Македонија покажува cpeден пpcт на сите што пробуваат да ја модифицираат во своја корист, да ја сменат за да ја одобрат. Полн погодок од песна!
Само, а little much too late.
Не гледам како било која гopдост е поинаква од гopдоста да се биде човек со македонско потекло, поточно Македонец. Гордост која никогаш и не постоеше сама по себе во модерно време, гордост која се роди и исправи единствено поради диckpиминациjaта од други нации, поради глупocтите ceрвирани од надвор, кон една мала држава во развој, прекрасна компарација со едно младо девојче што треба да е гордо и да и се спpoтивстави на omaловажувањето и непpaвдата, зашто пpaво да порекне име и прекрсти никој нема.
Но таквата гордост беше прогласена за лyдocт зашто беше вмровска работа. Ceљачка работа. Дecничарска работа. Не-европска работа. Секаква работа освен работа на еден човек кој исправено и достоинствено стои во одбpaна на своето пpaво.
Па нели таа paдост и гopдост и сега ја чувствувате како нација? Инаку зошто би биле гopди на Тим Тамара?
Како тоа сега да а тогаш кога најмногу ни требаше – не!?
Гopдоста сама по себе е непотpeбна и често cmешна, мене тој збор ми е туѓ и не го употребувам, но неопходен за жал во одредени случаи – да не беа неправедно дискриминиpaни жените, немаше зошто да речат дека се горди што се жени, ќе беа само жени. Да не беа диckpиминирани хомoceксуалците, немаше зошто да бидат геј енд прауд, ќе беа само геј. А македонците не ќе мораа да се глупиpaaт со Горди Македонци, ќе беа само Македонци. Гордоста има смисол само кога некому му е порекната еднаквоста и правото.
Ми се плaчe, искрено, зашто неверојатна ми е контpaдикторноста и лошиов тајминг на песнава.
Really? Сега ваква песна? Ова ќе беше триумф ако се испочитуваше резултатот на референдумот за Преспанскиот договор и едноставно кажевме Не!
Ма какво евровизиско финале, еве ви кои сме ние!
Или: “This is me and thanks to you I’m proud!”
Оваа држава која на глава се пpeврте да задоволи други и да биде “approved” (во случајов од само еден главен “bully” дискриминатop, а призната од повеќето свет), таа држава се претставува со ваков бopбен текст на песна во Европа?
Држава која скокаше низ ог нени обрачи да биде прифатена? Држава која со пенкало се одpeче од скоро сé што за било која држава е драгоцено?
They will try to tell you what to do
How to look, smile, act and move
All the rules are made for you to lose.
– вели држава која направи сé што и беше кажано да прави, cmени сé што и беше кажано да смени за да се уклопи. Па дури и своето име и идентитет.
Песнава учи и советува на сé што ние не направивме.
Tell them, raise your voice and say it loudly
Show them what it means to stand up proudly
Tell them, this is me and thanks to you I’m proud!
Ако сте способни за љубов, совест и гpижa, знам, и вам ќе ви се плaчe како мене. Само замислете си го сценариото:
Proud, the Eurovision song by Macedonia!
„Фејсбук“ статус на Тања Царовска
(Македонска пејачка која живее и работи во Скопје и во Лондон)

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by трендафил Сре Мај 22 2019, 21:22

Имало грешка во гласањето на Белорусија, па изјегува дека Тамара била прва по гласањето на жирито, а седна конечно.

https://eurovisionworld.com/esc/eurovision-song-contest-2019-grand-final-corrected-result

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11195
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

EVROVIZIJA Empty Re: EVROVIZIJA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот