KOLAC
2 posters
Страна 1 of 1
KOLAC
Фереро Рошер колач за само 15 минути
Потребни состојки:
6 јајца
100 грама шеќер
25 грама какао
2 лажици густин
180 грама црно чоколадо
100 грама лешник
100 грама бадеми
2 лажици врела вода
Потребни состојки:
6 јајца
100 грама шеќер
25 грама какао
2 лажици густин
180 грама црно чоколадо
100 грама лешник
100 грама бадеми
2 лажици врела вода
IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Re: KOLAC
Начин на подготовка:
Прво вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени. Обложете го плехот што ќе го користите со хартија за печење.
Во еден сад издвојте ги жолчките и белките од јајцето. Белките изматете ги во цврст снег, а жолчките изматете ги со шеќерот додека не добиете убава кремава смеса.
Потоа, стопете го чоколадото на пареа. Во него додајте какао и густин. Испечете ги малку лешниците и бадемите, исечкајте ги во блендер, па додајте ги во смесата. Матете со миксер додека не добиете убав крем. Потоа, додајте врела вода.
Кога сето тоа добро ќе се соедини, исклучете го миксерот и додајте го чоколадниот крем во изматените белки, па внимателно мешајте додека не добиете убава кремава смеса.
Префрлете ја смесата на хартија за печење. Потоа, ставете ја да се пече во рерна околу 15 минути. Кога ќе се испече смесата, наросете ја со какао, па завиткајте ја во влажна крпа. Оставете ја да се излади. Озгора изрендајте малку црно и бело чоколадо или украсете го колачот по ваш вкус.
https://www.ubavinaizdravje.mk/gastro/deserti/srolano-zadovolstvo-ferero-rosher-kolach-za-samo-15-minuti/

Uste eden ubav kolac, ovoj pat od jabolka.
Состојки
1кг рендани јаболка
250гр шеќер
600мл вода
1 цимет
2 пудинга од ванила
500мл слатка павлака
300гр бисквити
Состојки
1кг рендани јаболка
250гр шеќер
600мл вода
1 цимет
2 пудинга од ванила
500мл слатка павлака
300гр бисквити
IVA- Број на мислења : 368
Join date : 2016-01-29
Re: KOLAC
1. Се рендаат јаболката, се додава шеќерот, заедно се полеваат со половина од водата(300мл) и се ставааат на оган.
2. Во преостанатата вода се раствараат двете пакетчиња пудинг, 1 пакетче цимет и се мешаат
3. Кога ќе се растопи шеќерот и ќе се соедини со јабоката се додаваат пудингот и циметот се вади од огин и се меша
4. Во тавче се редат бисквитите, па јаболката и се повторува три пати истиот процес. Се завршува со бисквити и се остава да се олади
5.Откако ќе се олади десертот на страна се мати слатка павлака и се полеваат бисквитите.
Пријатно јадење.
https://moirecepti.mk/post/%d0%b5%d1%81%d0%b5%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0%d1%87-%d0%be%d0%b4-%d1%98%d0%b0%d0%b1%d0%be%d0%bb%d0%ba%d0%b0

Panforte kolaci.
Панфорте, прекрасни колачиња по италијански рецепт
Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата.
Потребни намирници – 150 грама шеќер, 80 грама брашно, 150 грама мед, 200 грама суви смокви, 100 грама печени лешници, 125 грама бланширани бадеми, 100 грама посна црна чоколада, рендана кора од портокал, шеќер во прав, по прстофат ѓумбир, мускатно оревче и цимет, посен маргарин.
Подготовка
Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте. На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица. Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.
https://www.makmoda.com/panforte-prekrasni-kolachina-po-italijanski-retsept/

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот