Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

БЕГАШ ,АМА ЏАБЕ

Go down

БЕГАШ ,АМА ЏАБЕ Empty БЕГАШ ,АМА ЏАБЕ

Пишување by osa Саб Окт 13 2018, 19:42

СДСМ: Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината
Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и избега од јавноста, но од волјата на граѓаните не може да избега

Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО.

Со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за неговите обиди за кочење на македонската иднина.

Со тоа, Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување.

Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник.

Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски. Нема да има амнестија, ниту ќе има криза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги поддржат уставните измени и изберат иднина во ЕУ и НАТО наместо амнестија и изолација.

Но ако Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш.

Мицкоски може да избега од јавноста, но нема да избега од волјата на граѓаните.

Центар за комуникации со јавност

Социјалдемократски сојуз на Македонија


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

БЕГАШ ,АМА ЏАБЕ Empty Re: БЕГАШ ,АМА ЏАБЕ

Пишување by osa Нед Окт 14 2018, 09:48

eve dechko i Mogerini da ti povtori ,mozhe ke razberesh ....

Могерини: Преспанскиот договор не може да се повтори
Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА.

Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА.

– Ја имав привилегијата да присуствувам на потпишувањето на Договорот помеѓу премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев во јуни покрај Препсанското Езеро. Двете страни покажаа политичка храброст, лидерство, одговорност и работеа неуморно за да ги премостат разликите и старите проблеми и да го постигнат овој историски договор кој цела Европа го поздрави.

Сега има национални процедури за имплементација на договорот што се одвиваваат во двете страни и тоа треба да биде заштитено и почитувано. Ги разбирам чувствителностите и комплексната историска позадина на спорот, како и изразените загрижености. Спорот не постоеше толку долго без причина, меѓутоа, како што видовме во минатото, колку повеќе времето минува, толку е потешко да се изнајдат решенија. Преговарачкиот процес мора да бил болен и резултатот е компромис. Но, е компромис со кој успешно се исполнуваат клучните интереси на двете страни. Нашата позиција е јасна: ЕУ целосно го поддржува постигнатиот договор. Ова е уникатна можност за помирување на Западниот Балкан која можеби нема да се повтори. Се надевам дека сите страни ќе ги зграпчат моментот и дека ќе обезбедат иднина во ЕУ за земјата, иднина која цела нација се надева со години да стане реалност, вели Могерини.

Таа смета дека, ако моментов се искористи мудро за да се напредува во реформите кои се потребни, тогаш пред Македонија е значаен прогрес.

-Земјите-членки го отворија патот за старт на преговори во јуни в година, врз база на јасни услови. Ова е дел од нашиот засилен ангажман во регионот, кој е од интерес за сите, и за земјите членки и за регионот, додава таа.

Според Могерини, овој историски договор може да придонесе за трансформација на целиот регион на Западниот Балкан.

-Негувањето добрососедски однос ни помага да работиме заедно за да се справиме со многуте предизвици и прилики кои ги споделуваме, вклучително во области како миграцијата. Бегалската криза покажа дека војни кои започнуваат далеку од Брисел или Скопје можат да имаат импакт, порано или подоцна, во Европа. Западниот Балкан е во срцето на Европа, ние сме взаемно зависни. Верувам дека заедно можеме да постигнеме многу за просперитетот, безбедноста и стабилноста на нашите народи, вели во интервју Могерини, пред утрешната расправа во Парламентот за уставните промени кои произлегуваат од Прспанскиот договор.

од МИА Агенција - 14/10/201841

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот