BACEV I IVANOV POD ISTRAGA
2 posters
Страна 1 of 1
BACEV I IVANOV POD ISTRAGA
Janko Bacev vo policija, OJO otvara postapka za fikusot.
Јанко Бачев на распит во полиција
Полицијата го повика на распит лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев за заканите што ги упатува на социјалните мрежи. Од неговата проруска партија велат дека Бачев бил приведен од страна на полицијата додека бил во седиштето на неговата партија каде бил за да одржи редовен состанок. Од Министерството за внатрешни работи велат дека Бачев навремено и официјално бил информиран дека требал да се пријави во полиција. Детали за случајот се очекува да се дадат по испрашувањето. Бачев беше на чело за насилните протести против Законот за јазиците, како и на протести против Договорот со Грција. Бачев исто така е познат по употребата на говор на омраза, особено против Албанците.
https://www.alsat-m.tv/mk/%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/

SHARENI- Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20
Re: BACEV I IVANOV POD ISTRAGA
ОЈО почна предистражна постапка за претседателот Иванов
Претседателот Иванов се најде под опсервација на скопските обвинители.
Проверуваат - дали има основи за кривична одговорност во неговите одлуки да не ги потпише указите за Законот за јазиците и за Договорот од Преспа, и покрај тоа што тие два пати беа изгласани во Собранието.
Од обвинителството не откриваат за кое кривично дело има сомнеж, освен дека станува збор за предистражна постапка во која ќе се проверуваат наводи од две анонимни кривични пријави.
„Постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, Основното јавно обвинителство Скопје постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите. Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, изјавија од Скопското обвинителство.
Според членот 75 од Уставот, Претседателот е должен да ги потпише указите, доколку законите се по втор пат изгласани во Собранието, но во кој рок децидно не е предвидено.
Оваа правна празнина толкувајќи ја како право за т.н. џебно вето неколку пати е користена од претседателите, но Иванов е првиот што јавно соопшти дека нема да ги потпише двата закони – и за јазиците и за договорот со Грција, со што самиот призна дека нема намера да ја почитува уставната одредба.
Според членот 87 од Уставот, Претседателот е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.. Но клучната дилема е дали може кривично да одговора, со оглед дека ужива имунитет кој може да му го симне единствено Уставниот суд, и тоа со двотретинско мнозинство..
Според Уставот, постапка за утврдување на одговорност на претседателот или т.н. импичент, покренува Собранието со двотретинско мнозинство, а за одговорноста одлучува Уставниот суд, исто така со двотретинско мнозинство.. Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот, стои во членот 87.
https://kanal5.com.mk/articles/353747/ojo-pochna-predistrazhna-postapka-za-pretsedatelot-ivanov

Sto ako izjavil, zakonot mu dava moznost da potpise koga saka duri i na posledniot den od mandatot. Ili on nema pravo da se predomisli.
Dino- Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|