Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

PREDOZIRANJE

Go down

PREDOZIRANJE Empty PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:46

5 неочекувани работи од кои можете да се предозирате

Иако кога станува збор за предозирање, најчесто се мисли на предозирање со лекови или дроги, често можеме да се предозираме и со супстанции кои не се сметаат за штетни, а стануваат отровни ако претераме со нивното внесување. Намирниците кои се нашле на листата можат да бидат корисни во нормални количини, но ако претерано ги консумирате можат да ве одведат во болница, а понекогаш може да има дури и кобни последици.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:46

Соја сос

Во 2013.година во Вирџинија е забележан случај на предозирање со соја сос, кога 19.годишно момче паднало во кома откако испило 1л.соја сос и дошол во состојба на хипернатринемија, состојба кога е организмот презаситен со сол. Откако во нашиот крвоток ќе стаса премногу сол, организмот зема вода од различни делови на телото, вклучувајќи го и мозокот, обидувајќи се на тој начин да ја намали концентрацијата на сол. Момчето од Вирџинија е прв забележан случај на предозирање со соја сос, како и прва личност која успеала да преживее со толкава количина на сол во организмот без трајни последици на мозокот.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:47

Чај

Прекумерното консумирање на чај може да доведе до откажување на бубрезите, а токму тоа му се случило на 56.годишник кој пиел 16 литри чај секој ден. Откако се пожалил на мачнина, слабост и болка во телото, докторите набрзо откриле дека станува збор за тешко оптоварување на бубрезите. До оштетувањето дошло поради претераната количина на хемиската супстанција под името оксалат. Оксалатите природно се наоѓаат во некои видови на чаеви, а можат да предизвикаат оштетување на бубрезите доколку доспеат во организмот во прекумерни количини. Според истражувањето на научниците од Харвард, четири чаши чај дневно се сосема доволни.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:47

Паста за заби

Дури и премногу паста за заби може да има трагичен резултат. На пастите за заби секогаш стои назначен знак за предупредување да не се голта затоа што флуорот што се наоѓа во пастите за заби може да има токсично дејство во организмот. Со консумирање на преголема количина забна паста која не содржи флуор само ќе се предизвика непријатно чувство и мачнина во стомакот, додека прекумерното голтање на паста за заби со флуор може да има фатален резултат. Сепак, во најризичната група спаѓаат децата заради својата мала телесна маса заради што на пастите е секогаш назначено земање на количина помала од зрно грашок за деца помлади од 6 години. Симптоми на труење со флуор се чувството на вртоглавица, мачнина и слабост.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:47

Туна

Без оглед дали станува збор за сирова, варена или конзервирана туна, сите тие во себе содржат одредени количини жива. Живата може да се најде во разни видови морска риба, додека туната предничи во тоа затоа што како предатор се храни со помали риби па на тој налин доаѓа до биоакумулација со жива.

Живата е исклучително токсична дури и во мали количини заради што е важно да се обрне внимание за количината на туна која ја консумирате.

Повеќето луѓе се свесни за токсичното дејство на живата и нејзиното присуство во туната, но вечно останува прашањето колку туна е премногу?

Различните видови на туна содржат различни количини жива во себе, но во секој случај доколку практикувате секојдневно консумирање на туна во подолг временски период многу е веројатно дека ќе доживеете труење со жива.

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Flora Сре Ное 21 2018, 10:48

Витамини

Консумирањето на витамини е исклучително корисно за нашето здравје, но претераното внесување може да предизвика разни компликации па дури и рак.

Витамините нерастворливи во вода, како витаминот А немаат можност за излачување од телото преку урината доколку дојде до претерано внесување, заради што се натрупуваат во телото до ниво на опасни по здравјето оштетувајќи го црниот дроб и централниот нервен систем. Витамините растворливи во вода како витаминот Ц природно се излачуваат од телото пред да дојде до токсичен ефект. Предозирањето со витамин Ц доведува до диареја, грчеви во стомакот, а понекогаш дури и до создавање бубрежен камен.

http://artkujna.mk/5-%D0%BD%D0%B5%D0%BE%D1%87%D0%B5%D0%BA%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%BE%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5/

Flora

Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

PREDOZIRANJE Empty Re: PREDOZIRANJE

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот