MONSTERA
3 posters
Страна 1 of 1
MONSTERA
Монстера (Monstera deliciosa) е популарно украсно собно растение кое поради изгледот на своите листови се нарекува швајцарско сирење. Некои ја нарекуваат филадендрон, иако не спаѓа во групата на филадендрони. Доста е отпорна и лесно се одржува. Со мало внимание и правилна нега, монстерата со години ќе го украсува вашиот дом.
Листовите на монстерата се големи и темнозелени, длабоко изрежани во средишниот дел. Младите листови не се изрежани и немаат дупки. Ако не ги добијат шуплините дури и кога ќе ја сменат бојата, тоа значи дека и недостига светлина и храна.

Flora- Број на мислења : 416
Join date : 2018-08-05
Re: MONSTERA
Бара сеновито и пространо место во домот, бидејќи брзо расте и се шири. Може да нарасне до 3 метри, а во текот на годината може да оформи 2-3 нови листови. Идеална е за поголеми и послабо осветлени простории, како што се дневната соба или ходникот.
Оптимална температура за одгледување на монстерата е 24-26°С, меѓутоа може да поднесе и многу повисоки температури. Во зима не треба да се чува на температура пониска од 10°С. Монстерата не бара премногу вода и се залева со мека вода. Во текот на летото се залева на секои 5-6 дена за да има континуирано влажна почва, а во зима на секои 10-12 дена, меѓутоа почвата не треба да биде сува, ниту премногу влажна.
Поднесува сув воздух, меѓутоа најмногу и одговара висока влажност на воздухот. Залевањето зависи од топлината на просторијата во која се наоѓа, но и од големината на садот во кој е насадена. Листовите повремено се оросуваат со млака вода и задолжително чистете ги со влажна крпа или сунѓер. Саксијата може да се стави на мокри каменчиња или во поголем сад со влажен тресет.

Се прихранува на секои 2-3 недели со течно ѓубриво за собни листести растенија. Ако листовите немаат свежа боја, тогаш додадете ѓубриво богато со амонијак и калиум.
Монстерата е ползавец и поради тоа, за да полесно ја поднесе својата тежина на големите листови, се поставува стап во садот за кој ќе ја врзете и ќе и овозможите полесно да расте. Нејзините воздушни корења треба да ги пренасочите да растат кон почвата, како би се закорениле и на тој начин ќе биде постабилна.
Пожелно е да се пресадува еднаш во годината и тоа напролет. Кога ќе достигне максимална големина, може да се промени само горниот слој на почва.
Монстерата е ползавец и поради тоа, за да полесно ја поднесе својата тежина на големите листови, се поставува стап во садот за кој ќе ја врзете и ќе и овозможите полесно да расте. Нејзините воздушни корења треба да ги пренасочите да растат кон почвата, како би се закорениле и на тој начин ќе биде постабилна.
Пожелно е да се пресадува еднаш во годината и тоа напролет. Кога ќе достигне максимална големина, може да се промени само горниот слој на почва.
Flora- Број на мислења : 416
Join date : 2018-08-05
Re: MONSTERA
Се размножува напролет, со помош на резници од врвот на стеблото, во `ртилиште на температура од 24-27°С. Во рана пролет, се одрежува врвот со два листа и се става во вода додека не пушти коренчиња и кога ќе се појават коренчиња се пресадува во мешавина од тресет и песок за да се вкорени. Матичната билка без проблем ќе продолжи да расте иако сте и го одрежале врвот. Кога премногу ќе порасне, може да се отсече дел од неа, а оној дел што останува во почвата и понатаму се залева, а растението ќе избие странично од стеблото и ќе почне да расте.
Монстерата не е подложна на болести. Може да ја нападнат штитести вошки, а ако почвата е премногу кисела тогаш може да се развијат ларви од мушичка.
Монстерата не е подложна на болести. Може да ја нападнат штитести вошки, а ако почвата е премногу кисела тогаш може да се развијат ларви од мушичка.
Flora- Број на мислења : 416
Join date : 2018-08-05
Re: MONSTERA
Меѓутоа, треба да се напомене дека родителите и сопствениците на домашни миленици треба да бидат внимателни, бидејќи ова растение е отровно, не само за мачките и кучињата, туку и за луѓето. Симптомите се: орална иритација, болка и отекување на устата, јазикот и усните, прекумерно лигавење, повраќање и потешкотии при голтање.
http://hortikultura.mk/monstera-trend-na-ureduvanje-na-enterieri/
http://hortikultura.mk/monstera-trend-na-ureduvanje-na-enterieri/
Flora- Број на мислења : 416
Join date : 2018-08-05
Re: MONSTERA
so to imeto mislis cudoviste pa lujge jade../,.?
Delta- Број на мислења : 601
Join date : 2016-11-30
Re: MONSTERA
nema u sobranie ? i tamu ima mnogu shto se ligavat
OPOZICIONER- Број на мислења : 956
Join date : 2016-11-25
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|