BOZIKNO CVEKE
Страна 1 of 1
BOZIKNO CVEKE
Praznicite doagaat pa eve edno cveke so prigodno ime.
Божиќното Цвеќе Euphorbia pulcherrima, или кај нас попозната како Божиќна Ѕвезда е предвесник на доаѓањето на Божиќните и Новогодишните празници. Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом.
Божиќното Цвеќе е повеќегодишно растение кое покрај во црвена боја, можете да го најдете и во жолта, портокалова, бела и крем варијанта.

Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Re: BOZIKNO CVEKE
Додека цвета Божиќната ѕвезда треба да ја чувате во малку постудена просторија на температура од 15-20 °C, затоа што во потопла просторија брзо ќе прецвета. Не ја поставувајте во близина на радијаторите, клима уредите и други извори на топлина и секако избегнувајте места каде често се отвара врата или прозор.
Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Re: BOZIKNO CVEKE
Божиќното цвеќе се наводнува само кога земјата е потполно сува. Проверувајте ја влажноста на почвата на два до три дена.
Наводнувајте со доволно количество вода со цел да се навлажни целата почва, а вишокот на вода што ќе остане во подлошката одстрнете го. Ако не го наводнувате доволно долните листови ќе започнат да паѓаат. Од друга страна, пак, ако пак го наводнувате премногу, долните листови најпрво ќе започнат за пожолтуваат, па потоа ќе паднат.
Наводнувајте со доволно количество вода со цел да се навлажни целата почва, а вишокот на вода што ќе остане во подлошката одстрнете го. Ако не го наводнувате доволно долните листови ќе започнат да паѓаат. Од друга страна, пак, ако пак го наводнувате премногу, долните листови најпрво ќе започнат за пожолтуваат, па потоа ќе паднат.
Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Re: BOZIKNO CVEKE
Додавајте прихрана на Божиќното цвеќе еднаш во месецот.
Кога листовите на Божиќното цвеќе ќе започнат да паѓаат, одприлика при крајот на зимата и почетокот на пролетта, преместете го на постудено место. Потоа следува период на кастрење на гранките и пресадување на растението во поголема сакисја (доколку е потребно) со нова хранлива земја со 15 % чист песок.
Кога листовите на Божиќното цвеќе ќе започнат да паѓаат, одприлика при крајот на зимата и почетокот на пролетта, преместете го на постудено место. Потоа следува период на кастрење на гранките и пресадување на растението во поголема сакисја (доколку е потребно) со нова хранлива земја со 15 % чист песок.
Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Re: BOZIKNO CVEKE
Скратете/Подкастрете ги неговите гранчиња на должина од околу 10 сантиметри и притоа внимавајте да ги запечатите местата каде се пресечени гранчињата со восок од свеќа или запрашете го со малку дрвен јаглен, со цел да не истече млекото од цвеќето.
Доколку млекото истече постои голема веројатност цвеќето да не процвета. Постапката на кастрење се извршува со цел да пораснат нови гранчиња и да се развијат нови пупки.
Доколку млекото истече постои голема веројатност цвеќето да не процвета. Постапката на кастрење се извршува со цел да пораснат нови гранчиња и да се развијат нови пупки.
Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Re: BOZIKNO CVEKE
На есен, во периодот од Октомври до средината на Ноември внесете го Божиќното цвеќе во вашиот дом и поставете го во потемна просторија. Во овој период му се потребни само 10 часа светлина што значи во периодот од 17.00 до 08.00 часот треба да го поставите во потполно темна просторија бидејки ако дојде во допир со светлина формирањето на црвените листови ќе биде нарушено. Само во такви услови ќе се развијат нови црвени листови во кои ќе имате можност да уживате и следниот Божиќ.
Flora- Број на мислења : 420
Join date : 2018-08-05
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|