Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

2 posters

Go down

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ Empty ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

Пишување by osa Нед Фед 24 2019, 10:29

Ескалираа протестите во Венецуела, САД се заканува со санкции

Демонстранти се судрија со полицијата при што двајца загинаа а неколку стотици се повредени на пограничната линија на Венецуела со Колумбија. Полицијата во неколку наврати употреби солзавец кон демонстрантите. Привремениот претседател на Венецуела Хуан Гуаидо ја повика војската да му се придружи на народот и да помогне во уривањето на „диктатурата на Мадуро“. Сличен повик упати и советникот на национална безбедност на САД Џон Болтон кој ја повика армијата да му се придружи на Гуаидо.

„ Венецуелската војска има избор, да ги заштити цивилите и да дозволи да влезе хуманитарната помош во Венецуела или да се соочат со повеќе санкции и изолација“ напиша Болтон на Твитер.

Судирите почнаа кога волонтерите се обидоа да ги внесат камионите со хуманитарна помош во Венецуела преку затворената граница со Колумбија , каде Мадуро постави војска. Запалени беа и повеќе камиони со хуманитарна помош.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ Empty Re: ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

Пишување by osa Нед Мар 03 2019, 23:24

Гуаидо го повика народот на општи демонстрации во понеделник
03/03/2019

Лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ги повика жителите на Венецуела утре да учествуваат на општи демонстрации, што се совпаѓа со неговото враќање во земјата.

Тој на „Твитер“ објави дека граѓаните треба да се соберат во 11 часот по локално време.


Гуаидо, исто така, напиша дека граѓаните на Венецуела треба да ги следат неговите официјални соопштенија во кои ќе објави детали за состаноците со поддржувачите.

Тој во саботата престојуваше во Еквадор, како дел од турнејата низ Јужна Америка, настојувајќи да го зголеми притисокот врз претседателот на Венецуела Николас Мадуро да поднесе оставка.

Според Гуаидо, Мадуро мора да поднесе оставка за да може Венецуела да се опорави од политичката и хуманитарната криза, од друга страна, Мадуро вели дека Гуаидо е дел од заговорот против неговата Влада.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16570
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ Empty Re: ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

Пишување by SHARENI Пон Мар 04 2019, 06:37

Dali i oni ke napravat "sharena "revolucija
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ Empty Re: ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

Пишување by SHARENI Чет Мар 07 2019, 20:57

poleka se smiruvaat ili mi se chini
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ Empty Re: ВЕНЕЦУЕЛА И ЕСКАЛАЦИЈАТА ТАМУ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот