СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
+2
трендафил
osa
6 posters
Страна 1 of 1
СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Каква ќе биде судбината на СЈО? Експертите децидни – бомбите не смеат да се исфрлат од докази
23/03/2019 20:30
Јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство за својата работа одговара пред јавниот обвинител, се наведува во предлог законот и со оваа одредба се побива тврдењето на адвокатот Тони Менкиновски претставник на ВМРО-ДПМНЕ, кој по првата средба рече дека за нив е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого. Надзорот над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција на СЈО ја врши Јавниот обвинител при што надзорот не смее да ја загрозува неговата автономија, стои во новиот закон. Во однос на надлежностите се вели дека тоа е надлежно да постапува за кривични дела од незаконското прислушување за периодот од 2008 до 2015 за кои се поднесени обвиненија или отворени истраги, како и за високата корупција кај функционерите. Професорот Фрчковски вели дека сепак надлежностите што им се дадени со законот се мали, во однос на тимот.
„Надлежностите се мали во однос на тоа колкав е тоа тим. Мислам дека тој тим или ќе се прераспредели малку во другите делови на јавното обвинителство, тоа е преголем тим за висока, корупција. Колку има висока корупција, колку има политичари сите да ги испитуваат по ред кои не се корумпирани па тимот пак ќе биде голем“, изјави Љубомир Фрчковски – универзитетски професор.
Во делот на регулирање на таканаречените бомби СЈО може да ги обработува најдоцна до 15 септември 2020 и да се користат како доказ но само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година. Поранешната судијка во Врховниот суд Маргарита Цаца Николовска вели дека бомбите треба да продолжат да се користат како еден од доказите и дека не смее да се дозволи, криминалните дејства да останат неказнети.
„За мене е многу дискутабилно однесувањето, до вчера бомбите се на некој начин одреден доказ меѓутоа не единствен, сега веќе сосема треба да се исфрлат. Не смеат бомбите да бидат единствен доказ тоа е првата работа, втората работа е да се овозможи да се има фер постапка каде што одбраната ќе може да даде свое видување и на овие докази“, изјави Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија.
Со ваквиот став се согласува и Вилма Рускоска обвинителка од Организиран криминал, која е децидна дека судбината на бомбите не смее да се одредува со закон за јавно обвинителство Единствен орган кој може да каже дали тие може да се користат како доказ или не е судот. Не може тоа да биде предвидено во законот за јавно обвинителство, потенцира Рускоска. Додава дека според неа СЈО треба да биде одделение во рамките на јавното обвинителство или одделение во Обвинителството за Организиран криминал и корупција.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16597
Join date : 2015-01-11
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Обвинителство со специјални овластувања е потребно за да се процесираат евентуални криминали на власта. За евентуални криминали на опозицијата нема потреба од специјално обвинителство. Ова на Катица до сега нема ниту едно обвинение против партијата што најдолго време е на власт во овој век, а и сега е на власт - ДУИ.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Има против Османи, ќе има и други ама зафатите во жолтата куќа трајно ве оштетиле па покеај другото имате и неверојатна амнезија.
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Кога се појавил пред суд Османи? Дали е во притвор?
Во секој случај мислам дека реформирањето треба да оди на едно обвинителство, а не во размножување на обвинителствата. Гледам и ОЈО „успешно“ го гони ВМРО, па имаме три века казни за еден настан, 27 април, а за 2001 година не е осуден ниту еден терорист. Терористите од ИСИЛ се судат на 6 години затвор, а за божем насилно влегување во собранието има двојно и повеќе поголеми пресуди
. Тие што влегоа низ отворени врати се терористи, а тие што ги отворија вратите се амнестирани слободни граѓани.
Во секој случај мислам дека реформирањето треба да оди на едно обвинителство, а не во размножување на обвинителствата. Гледам и ОЈО „успешно“ го гони ВМРО, па имаме три века казни за еден настан, 27 април, а за 2001 година не е осуден ниту еден терорист. Терористите од ИСИЛ се судат на 6 години затвор, а за божем насилно влегување во собранието има двојно и повеќе поголеми пресуди
. Тие што влегоа низ отворени врати се терористи, а тие што ги отворија вратите се амнестирани слободни граѓани.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Џафери нема да закаже седница за СЈО и доколку партиите се договорат
Законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише, ќе го чекаат потписот на новоизбраниот Претседател.
Во случај пак доколку изборите пропаднат поради недоволен цензус, Законите до Службен весник ќе стасаат со двоен потпис на Талат Џафери, кој ќе ја презеде в.д. претседателската функција, се до кончениот избор на нов шеф на државата. Народните избраници вчера по втор пат изгласаа седум од законите кои Иванов ги врати до Собранието, останатите ќе се прегласуваат на Седница, која ќе се одржи за време на кампањата за претседателските избори, која стартувана 1ви април. Реформските закони меѓу кои и Законот за јавно обвинителство , без разлика дали партиите денеска ќе успеат да се договорат за СЈО, ќе се најдат пред пратениците по изборите, поради можноста од злоупотреба на седницата за предизборни цели, појасни собранискиот спикер на редовниот брифинг со новинарите. На четири дена пред официјалниот стар на кампањата, Џафери апелира до граѓаните, политичките партии и претседателските кандидати да придонесат за одржување на фер и демократски избори, како еден од условите за добивање датум за преговори со ЕУ.
„Првично апел до сите граѓани на РСМ да ја искористат својата можност и право да излезат на избирачките места, да го искористат правото на глас и со тоа фактички да придонесат кон почетната регуларност на целиот процес. До политичките субјекти кои директно или индиректно ги поддржуваат кандидатите за претседател на државата, апел до нив со своите постапки и изјави да не придонесуваат кон вжештување на предизборната кампања, но да имаат соодветно ниво на политичка култура во меѓусебната комуникација, односно комуникацијата едни кон други и со граѓаните“, истакна Џафери.
Претседателската кампања ќе трае до 19ти април на полноќ, по што следува предизборниот молк. Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот за 5 мај.

Ако се исклучи малтретирањето на обвинетите, СЈО не направи ништо значајно. За 15 милиони евра, колку што има потрошено до сега има само една правосилна пресуда, за Мерцедесот, која е сомнителна во стартот затоа што за возилото воопшто не е потребен тендер според законите. А СЈО не чини колку 23 Мерцедеси. Всушност не е борбата тролку околу самото СЈО, туку околу признавањето на нелегално снимените материјали како доказ. На секој му е јасно дека пресуди донесени со вакви докази (ако нема и материјален доказ) и судење на еднаш амнестирани обвинети ќе падне пред меѓународниот суд за човекови права во Стразбур, но повторно ќе кажам дека целта е малтретирање на политичките противници, а не правда, затоа што се знае дека пресудите во Стразбур ќе бидат донесени за 4 или повеќе години. Вашето привремено ментално задоволство на крај како отштета ќе го платиме преку буџетот од нашите пари.
Да се разбереме, и јас сум за тоа секој криминалец да одговара за своето дело, но и ако е судија, обвинител, политичар од власта што соработува со меѓународната банда. Сомнително ми е тоа што земјите што го поддржаа насилното менување на името на нашата држава и кастрирањето на историјата, идентитетот и јазикот, го поддржуваат и СЈО. Јасно ми е и жал ми е што Грците емигрирани од Мала Азија на крајот од 19-от и почетокот на 20-от век во Македонија имаат ментални проблеми што и Македонците се сметаат за Македонци, но ментални проблеми не се решаваат со договори како Преспанскиот, туку на психијатар.
Да се разбереме, и јас сум за тоа секој криминалец да одговара за своето дело, но и ако е судија, обвинител, политичар од власта што соработува со меѓународната банда. Сомнително ми е тоа што земјите што го поддржаа насилното менување на името на нашата држава и кастрирањето на историјата, идентитетот и јазикот, го поддржуваат и СЈО. Јасно ми е и жал ми е што Грците емигрирани од Мала Азија на крајот од 19-от и почетокот на 20-от век во Македонија имаат ментални проблеми што и Македонците се сметаат за Македонци, но ментални проблеми не се решаваат со договори како Преспанскиот, туку на психијатар.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
СЈО одлично си ја работи работата и ќе му биде овозможено да продолжи така. Тоа што вие небањатите сте криминалци и не ви одговара правна држава нема да ги запре напорите за санкционирање на криминалците.
_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Мислев дека барем во еден пост нема да си ги лечиш менталните проблеми и дека ќе го замениш најпримитивниот и најупотребуван збор во говорот на омраза, небањати, но очигледно ќе ти треба време да пораснеш. Штом ти прави задоволство терај слободно што се однесува до мене. Ајде те молам да ги напишеш завршените предмети на СЈО за кои имаме платено 15 милиони евра, па јас ќе ти напишам само дел од предметите што ги има завршено во истиот период ОЈО за многу помалку пари и со легално собрани материјални докази, а не со нелегално прислушување што ќе падне за некоја година пред судот во Стразбур. И јас сум за тоа сите криминалци да си го платат долгот кон државата. За жал СЈО не ги гони тие што и сега крадат и ќе крадат до првите следни избори, најверојатно предвремени. Не сакам ни аболицирани криминалци во власта, без разлика дали се работи за економски криминал како тој на Заев или за тероризам како Ахмети или Крсто Муковски. Патем ниту едно обвинителство не го санкционираше полнењето на кутии на референдумот.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Kolku treba da si glup za da ne razlikuvash obvinitelstvo od sud?
Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Судот без обвинителен акт не може да одлучува. Сите фашисти тие што не се како нив ги сметаат за глупави, па не ме изненадува тоа што си го напишал во директно обраќање кон мене.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Eve i obvinitelni akti ke ima, ne samo sitnata biranija da plati za se.
Обвинението за организаторите на крвавиот четврток до крај на мај
https://telma.com.mk/obvinenieto-za-organizatorite-na-krvaviot-chetvrtok-do-kraj-na-maj/

TRAJCHE- Број на мислења : 687
Join date : 2016-11-20
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
А нема обвинение за кражбата на гласови на референдумот или во првиот круг на претседателските избори кога во Зајас, на пример, имаше во еден период 5 гласачи за две минути и конечно има 4 ливчиња повеќе отколку што има гласачи на тоа изборно место во гласачката кутија. А комисијата добива точно изброени гласачки ливчиња колку што има гласачи во списокот и претходно проверува дали е така за што составува записник. . Од каде е вишокот. Дали се отпечатени повеќе ливчиња кои се пуштени на повеќе места, само другите одбори биле внимателни, па не дозволиле излезност поголема од 100% како во Зајас. За жал судството е под целосна контрола на власта, па не може да се очекува разврска на изборната кражба на референдумот и локалните и претседателски избори. Обвинителството не постапи по допрен глас, но не постапува ни по кривична пријава.
СЈО не е потребно ниту ако основното обвинителство почне да работи чесно, ниту ако двете обвинителства се под иста контрола, во случајов на власта. Да не кажам на Зоран Заев и Али Ахмети.
СЈО не е потребно ниту ако основното обвинителство почне да работи чесно, ниту ако двете обвинителства се под иста контрола, во случајов на власта. Да не кажам на Зоран Заев и Али Ахмети.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Dpmne i ponatamu go blokira zakonot za SJO posto kriminalite im se golemi.
Власта најави дека нема да дозволи со новиот закон да се амнестираат осомничените во предметите на СЈО. Од опозицијата пак, велат дека нема да остапат од своите црвени линии. Во меѓувреме, постапките на СЈО чекаат закон за да продолжат.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29928722.html

OPOZICIONER- Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Зошто ВМРО би го легализирала криминалот на СЈО (за што некои мислат дека е директна наредба на Заев и Бејли) кое продолжи незаконски да работи и откако му помина мандатот според законот изгласан со консензус на сите партии во тогашниот македонски парламент. Јас и понатаму тврдам дека нема потреба од СЈО. Сите напори треба да се усмерат кон тоа да имаме едно обвинителство кое ќе работи професионално. Исто така да имаме и професионални судови. За жал на тоа поле не е направено ништо. Поточно е направено но влошено. Па имаме ослободување на премиерот за поткуп откако судот го отфрли како доказ легално снименото видео, а што е најтажно во времето додека беше суден Заев беше претседател на Советот за реформи во судството. На тоа место беше до скоро, додека Макрон и Меркел не му рекоа во Берлин дека бадијала е потпишана Преспанската капитулација и нема членство во ЕУ со систем кој го воспоставува власта.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
Криминалците сте вие небањатите а обидите да ги прикажете гонителите на криминалот како криминалци народот ги препознава и казнува.
PRVOBOREC- Број на мислења : 2487
Join date : 2016-11-25
Re: СУДБИНАТА НА СЈО КАКВА КЕ БИДЕ
СЈО имаше законско право да подига обвиненија во точно определен рок. Сите обвиненија подигнати после тоа се криминални. За жал таквите криминални обвиненија беа прифатени од судот. Најверојатно под притисок или поради додворување кон пастирот црпнат од нива во Муртино, но и тоа е криминал. Секој криминалец, па и судиите и обвинителите треба да си одговара за стореното. Посебно ако поради нивниот обид да се воздигнат над законот, доколку си во право, а не се работи за бледа политичка пропаганда, па поради тоа застари гонењето на некои криминалци. Не се работи за амнестија за евентуален криминал, туку за застарување на делото поради намерно (по наредба или поради очекување на напредување во службата како награда за стореното) или ненамерно (од незнење) кршење на законот од страна на тие што треба да го спроведуваат. Не знам зошто застарување се нарекува амнестија. Веројатно се смета дека мозоците на дел од граѓаните е така испран што амнестија им е поприфатливо за да продолжат да ја поддржуваат хунтата. Модерно кажано ф`рмвер со таков чип им е вграден.
_________________
Негација на негативното Смрт на фашизмот, слобода на народот! Слобода или смрт
Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил- Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје
Similar topics
» Каква работа сакам?
» Шо ке биде? Прогноз за иднината во по долгрокна перспектива
» Илинден ќе биде заеднички македонско-бугарски празник
» Шо ке биде? Прогноз за иднината во по долгрокна перспектива
» Илинден ќе биде заеднички македонско-бугарски празник
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот