Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Будизам

Go down

Будизам Empty Будизам

Пишување by Гостин Нед Фед 22 2015, 20:13

Будизамот е нетеистичка религија која опфаќа различни традиции, верувања и практики во голема мера врз основа на учењата припишувани на Сидарта Гаутама, познат како Буда (оној кој е разбуден) кој живеел во 5 век п.н.е. во североисточна Индија. Во светот постојат различни извори што тврдат различни бројки за бројот на верници но сепак бројката се движи помеѓу 230 милиони и 1.691 милијарди верници. Најголем дел од будистите живеат во Азија.

Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара.

Методите што ги користи будизмот за постигнување на самсарата се: етичка прилагоденост, култивација на мудрост, тренирање на мозокот преку учење и медитација, несебично однесување, одрекување од светските работи, побожни обреди и во некои гранки на религијата, разбудување на свети суштества за да им помогнат на луѓето во достигнување на Нирвана.

Будист е човек што пребегнува во Трите Накити: Буда, оној кој е разбуден, Дарма, учењето и Санга, будистичкото општество.

Будизмот се проширил преку две главни гранки: Теравада, што се проширил кон југ и исток од неговото место на создавање и денес се проширило во Југоисточна Азија, и Махајана, кој најпрво се проширил кон запад од местото на создавање потоа северно и источно во Источна Азија. Покасно, двете гранки се прошириле кон Европа и Америка.

Додека Будизмот се практикува главно во Азија, и двете главни гранки сега ги има насекаде низ светот. Проценките за будистите во светот значително се разликуваат во зависност од начинот на кој будистичкото придржување е дефинирано. Будизмот е исто така признат како една од најбрзорастечките религии во светот.

Будистичките училишта не се согласуваат при интерпретација на Гаутама Буда. Некои клучни текстови, познати како никаи или агами, се зачувани од двете гранки на будизмот. Некои од материјалите се зачувани од страна на тибетскиот будизам. Овие текстови се центар на Теравада, но се ретко користени во Махајаната. Најзначајните Махајана натписи се Сутрите на Махајана. Зачетоците на некои дефинирани Махајана идеи се во агамите.

Покрај тоа што најчесто будизмот е сметан за религија, некои научници не ја вметнуваат во таа категорија, или пак според други будизмот е фамилија на религии. Исто така има и научници што тврдат дека будизмот нема дадено јасен став за својот статус .

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Пат Нед Мај 03 2015, 17:27

Значи, Готама бил принц кој бил чуван под стаклено ѕвоно и ги имал сите удобности кои можел да ги посака човек. Еден ден се соочил со страдањето на сиромашните, болните и старите и тргнал надвор да се запознае со светот таков каков што навистина е, и да се обиде да најде решение за човечкото страдање. Заклучил дека сето страдање произлегува од материјализмот, од посакувањето на нештата и решил да го надмине сето тоа преку медитација (сличност со христијанството). Така, седнал под едно портокалово дрво и почнал да медитира да медитира да медитира без да јаде ниту пие. И како што нормално се случува со човечкиот организам при лишување од течност, јаглехидрати и протеини, почнал да халуцинира. Поминало едно девојче, го видела Готама сиот истоштен и собрала 2 и 2 дека човекот не јадел со денови, и му дала еден портокал. Готама вкусувајќи го слаткиот плод, се треснал по челото и кажал „Значи колку сум бил глуп“, и така се разбудил и станал Буда.
Пат
Пат

Број на мислења : 252
Join date : 2015-04-04

Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:55

Mislevte deka budistie nemaat pekol??? E pa greshite...

Wang Saen Suk poznat i kako Tajlandski Horor Park se naogja vo Bangkok a vsushnost e budistichki manastir vo koj se prikazhani sceni od Naraka t.e. budistichkiot pekol...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:55

Будизам Wang-Saen-Suk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:55

Будизам Wang-Saen-Suk-1

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:55

Будизам Wang-Saen-Suk-2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:56

Будизам Wang-Saen-Suk-3

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:56

Будизам Wang-Saen-Suk-4

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:56

Будизам Wang-Saen-Suk-5

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:56

Будизам Wang-Saen-Suk-6

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:56

Будизам Wang-Saen-Suk-7

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Гостин Чет Ное 12 2015, 11:57

Будизам Wang-Saen-Suk-8

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Будизам Empty Re: Будизам

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот