НАУКАТА ОТКРИ .....
Страна 1 of 1
НАУКАТА ОТКРИ .....
Науката откри: неверојатните нешта што љубовта му ги прави на телото
Од страна на
Вечер
-
07/12/2019
11
Сподели
Општо познато е, а може да биде и потврдено од сечие лично искуство, дека од прегратката се чувствуваме добро и утешено. Сепак, недамнешно истражување покажа дека окситоцинот (хормонот кој создава чувство на мир и блискост) кој се ослободува во текот на 10-20 секунди долга прегратка која може ефикасно да ги отстрани болките, особено главоболката.
Само гледањето фотографии од саката личност го зголемува нивото на издржливост и ја намалува болката (до 40 отсто кај умерени случаи, а 15 отсто кај тешки). Нашиот мозок ја поврзува сликата на нашиот партнер со угодно оттргнување на вниманието кое придонесува болка да стане поподнослива, на ист начин на кој влијае и аналгетикот.
Од друга страна, научниците докажаа дека сексуалната стимулација, исто така, ја блокира болката. Тоа е дури поефикасно во стресни ситуации, и на тој начин долгорочно го намалува ризикот од срцеви болести.
Лечи несоница
Љубовните хормони, окситоцинот и ендорфинот, го инхибираат ослободувањето на кортизолот, хормонот одговорен за стрес и тоа придонесува за подобар одмор.
Исто така, научно е докажано дека „хормонската прераспределба“ што се случува во текот на водењето љубов е еден од најефикасните третмани за добар сон.
Се грижи за срцето
Истражувањата покажале дека изразувањето љубов двојно го намалува бројот на отчукувањата на срцето.
Освен тоа, се верува дека окситоцинот (кој е е познат и како хормон на љубовта) е една од најневеројатните молекули на светот – го намалува стресот, го намалува крвниот притисок, ја намалува анксиозноста, а ја зголемува самодовербата и помага да ја избегнеме, или да се бориме против депресијата.
Ја поттикнува долговечноста
Истражувањата покажуваат дека луѓето во сериозните врски, особено во бракот, се чувствуваат поздраво и живеат поздрав животен стил.
Животот во двојка, исто така, им помага на луѓето да спречат, полесно да откријат и побрзо да отстранат физички проблем.
Љубовта е терапија
Луѓето се одлучуваат за терапија од различни причини, ама најчесто поради тоа што сакаат да бидат сослушани и разбрани.
Од сите специјалисти на светот, личноста која е единствена во можноста да ви даде севкупна „терапија“ е вашиот грижлив партнер.
Љубовта и искрените односи не се случуваат туку така. Луѓето избираат да сакаат, избираат да го подобрат односот, се однесуваат поинаку и на крајот, тие самите се оние кои избираат да бидат среќни и здрави.
Психологот Роберт Стернберг рекол:
[size=13]„БЕЗ ИСКАЖУВАЊЕ ЉУБОВ, ДУРИ И НAJГОЛЕМАТА ОД СИТЕ ЉУБОВИ ЌЕ ИСЧЕЗНЕ“.[/size]
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Re: НАУКАТА ОТКРИ .....
mnogu tochen zakluchok na psihologot Stenberg
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|