Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

М0БИНГ ....

Go down

М0БИНГ .... Empty М0БИНГ ....

Пишување by osa Нед Дек 15 2019, 18:13

[size=36]Се зголемува свеста за мобинг – бројот на пријави три пати поголем од лани
 15 декември, 2019 [/size]




Зголемен е бројот на претставки за вознемирување на работното место, покажува бројот  на претставки за мобинг што до ноември се пристигнати до канцеларијата на Народниот правобранител.  Бројката од 24 претставки е трикратно зголемување во споредба со лани, кога имало само осум претставки за кршење на правата по оваа основа. Во Основен суд Скопје 2, пак евидентирани се вкупно 12 предмети по оваа основа, од кои три се решени, а останатите се во тек.
И  во Основниот суд констаираат зголемување на бројот на  предмети за мобинг во споредба со лани кога имале само седум предмети.
Од Сојузот на синдикати велат дека ова покажува дека работниците сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, но од друга страна засегнатите во оваа проблематика укажуваат дека има одредени проблеми при имплементацијата на Законот за заштита од вознемирување на работното место.
„Психичкото вознемирување на работното место претставува кршење на основните човекови права загарантирани со највисоките прописи во Република Северна Македонија кои се темелат врз меѓународните стандарди. Тоа е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, а истовремено влијае врз семејната хармонија, продуктивноста и квалитетот на работата. Психичкото вознемирување на работното место, како широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување, велат од Сојузот на синдикати, кои беа и иницијатори за донесување на Законот во 2013 година.
До правната служба при ССМ во првата половина од годинава било пристигнато само едно обраќање, кое е решено спогодбено, но она што е специфично е дека евидентираат зголемен број поплаки од работници кои не се членови на синдикатот.
„Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права“, истакнуваат од ССМ.
Во 2013 година, кога стапува во сила Законот за заштита од вознемирување на работното место, ССМ евидентира осум обраќања врз основа мобинг, а веќе следната година седум. Во 2015 година во ССМ имало три пријави, во 2016 година една, додека во 2017 и 2018 година ниту една.
[size=16]Случај „Стаменковски против Панчевски

Првата пресуда за мобинг во Македонија е донесена во 2016 година. Тужителот беше лице вработено во институција од јавниот сектор, подложен на мобинг правен со повеќе дејства и од страна на повеќе лица. Мобингот му бил правен така што не му бил даван годишен одмор, бил ставен во изолација, не му биле давани работни задачи, а еден период не му бил даван ниту електронски пристап до информации ниту, пак, бил испраќан на обуки. Сите овие факти биле докажани во постапката, која резултира со првостепена пресуда во корист на тужителот.
М0БИНГ .... Vladimir-pancevski
Во Основниот граѓански суд Скопје беше донесена и првата пресуда за мобинг против судија, односно претседател на суд. Имено, Граѓанскиот суд одлучи дека поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1 – Скопје, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси Горан Стаменковски.
Што е мобинг
Мобингот е широко распространета појава, која остава здравствени и психолошки последици кај лицето жртва на мобинг. За жал, луѓето честопати не се свесни дека се жртви на мобинг и им е потребно многу време за да сфатат. Затоа, според синдикатите, од голема важност е превенцијата, односно едукацијата, со цел работниците навреме да ги препознаат видовите и облиците на мобинг.
Мобингот може да биде хоризонтален, вертикален и стратегиски. Првиот се случува кога еден или цела група работници кои се на исто хиерархиско ниво поради завист, љубомора или внатрешни проблеми одбираат еден работник на кого му докажуваат дека се силни и способни.
М0БИНГ .... Mobing
Вториот тип мобинг е кога претпоставениот малтретира еден работник или цела група или, пак, кога група работници малтретираат еден претпоставен.
Стратегиски мобинг е кога претпоставените во фирмата организирано мобираат одредени вработени кои се непожелни за да ги принудат самите да дадат отказ од работа.
Жртвата на мобинг има неколку опции на дејствување. Прво, треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува, да му укаже дека неговото однесување е несоодветно и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане. Доколку нема резултати, жртвата може да поднесе писмено барање за заштита од вознемирување на работното место, а доколку и тоа не даде плод, тогаш има можност своите права да ги бара низ судска постапка.
[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот