НИКОГАШ НЕ ПАЃАЈТЕ.....
2 posters
Страна 1 of 1
НИКОГАШ НЕ ПАЃАЈТЕ.....
[size=42]Никогаш не паѓајте под притисокот да бидете во врска[/size]
Многумина не знаат да функционираат ако не се во врска, но тоа не е причина да ги потценуваат оние кои одлучиле дека дури и во своите средни и подоцни 20-ти ќе бидат сингл. Немате потреба ниту да објаснувате зошто немате партнер за сериозно, ниту зошто не сте заинтересирани романтично за некого, а најмалку дали сте осамени.
Да се биде сам и не е толку лошо, особено доколку имате конкретен план за текот на настаните во вашиот живот. Сигурно е и дека на моменти размислувате дека ќе беше полесно да имавте некој кој ве сака и кој би ви донел храна среде ноќ и ќе се грижи за вас. Но, како растете, сфаќате дека можеби таквиот живот не е во склад со она што во моментот го сакате од себе.
Понекогаш ќе ви се допадне некоја личност, ќе замислувате дека сакате врска, па дури и ќе дадете шанса. Ќе ви стане јасно дека љубовта е многу повеќе од срциња и виножита. И сосема е во ред да не го сакате тоа. Сингл животот е сосема во ред и не е толку лош колку што другите зборуваат дека е.
Најлошо што можете да го направите е да бидете во врска затоа што морате и да создавате семејство во момент кога не се чувствувате вие спремни за тоа, туку оние околу вас. Имајте на ум дека кога сте повозрасни, веќе самите избирате личности кои се вредни да бидат покрај вас, така што тоа што сте сами, значи дека не губите време со оние со кои не сте компатибилни.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Re: НИКОГАШ НЕ ПАЃАЈТЕ.....
interesna tema .Za site singl pacienti
SHARENI- Број на мислења : 848
Join date : 2016-11-20
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|