Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

УМРЕВ ОД СМЕЕЊЕ

2 posters

Go down

УМРЕВ ОД СМЕЕЊЕ Empty УМРЕВ ОД СМЕЕЊЕ

Пишување by osa Сре Јан 08 2020, 17:27

[size=46](Видео) Димhttps://youtu.be/QYJrqdzaN74вовски: Невенка Стаменковска е кадар на Груевски, нејзината неспособност не може да се прикрие[/size]

Објавено пред
 21 минута

 - 8 јануари, 2020



Сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата се производ на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Затоа не чуди нивната режимска, насилничка матрица, која сè уште е силно присутна во ВМРО-ДПМНЕ. Особено не треба да нè чуди и продолжувањето со лажењето на македонската јавност и нудењето постојано и постојано лажни информации и бројки. Со таква понуда Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе доживеат силен, убедлив пораз на предвремените избори, соопшти Методија Димовски, член на Комисијата за информатичко општество и администрација на СДСМ.

[size=16][size=14]„Граѓаните треба да знаат дека вистинските бројки за вработувањата не се тие кои ги соопштува гламурозната дополнителна заменик-министерка за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска.

Вистината е следната. Како и секогаш, ние сме отворени и транспарентни, па ќе ги соопштиме и бројот на вработени на неопределено и оние на определено време. Ова во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше државна тајна. Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во месеците ноември и декември 2019 година бројот на вработени на определено и неопределено време, на кои им престанал работниот однос, изнесува 6.460, а во исто време бројот на вработени кои засновале работен однос, изнесува 6.015. Ова значи дека вкупниот број на вработени во јавниот сектор е намален за 445 лица. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ ние го кажуваме изворот на информации, тој е јавно достапен и јавноста може лесно да се увери во лагите и паушалните изјави на партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, ајде малку да направиме една длабинска анализа и споредба, која исто така е факт. Во периодот 2009—2015 година режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вработувал во просек годишно по 1.671 државен, односно административен службеник само во органите на централната и локалната власт. За споредба, во периодот 2017—2019 година Владата на СДСМ, работејќи според законите и правилата кои ги донесе Владата на ДПМНЕ, преку Агенцијата за администрација вработувала просечно годишно само 1.098 административни службеници или за повеќе од 35% помалку отколку во времето на режимот.
Почитувани граѓани, Невенка Стаменковска е кадар на Никола Груевски, кој едно мисли, друго зборува, а трето прави. Затоа, во првиот нејзин настап како гламурозна заменик-министерка зборува дека сакала „конечно да дојдат квалитетни кадри кои се обучени и треба да ја водат Македонија напред кон Европската Унија“. При тоа заборава да спомене дека само пред две недели нејзината партија изрази жестока спротивставеност за предлогот за новиот Закон за висока раководна служба, предложен од Владата предводена од СДСМ.
Тоа е закон што е изработен во соработка со СИГМА и е поддржан од страна на ЕУ, а негова цел е целосна деполитизацијата и професионализација на високите позиции во администрацијата, бидејќи предвидува високите раководители, односно извршните секретари и извршните директори да бидат избирани низ целосно јавен и транспарентен процес, а потоа постојано стручно да се усовршуваат и развиваат, заради успешно остварување на институционалните цели и работни задачи.
ВМРО-ДПМНЕ нема програма, нема план, не знае што со јавната администрација, нема предлог, нема ништо. ВМРО-ДПМНЕ јавно ни порачува дека не се промениле и дека сакаат да продолжат со бруталната партизација од времето на заробената држава на Груевски.
Затоа, почитувани граѓани, СДСМ е убеден и верува дека на 12 април вие, граѓаните, уште еднаш ќе ја поразите насилничката и манипулаторска матрица на ВМРО-ДПМНЕ и ќе им порачате — РЕЖИМ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ“, истакна Димовски

[/size][/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16478
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

УМРЕВ ОД СМЕЕЊЕ Empty Re: УМРЕВ ОД СМЕЕЊЕ

Пишување by трендафил Нед Апр 05 2020, 13:46

На крајот на 2019 година бројот на вработени во јавниот сектор е 132.900 вработени, што е зголемување од0,6% во однос на претходната година. Значи има зголемување, а се јадат фекалии за намалување што беше и едно од предизборните ветувања на црпнатиот.

https://mms.mk/126298/манчевски-во-јавниот-сектор-во-2019-бројо/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11131
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот