Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tivka ljubov

2 posters

Go down

Tivka ljubov Empty Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:45

5 причини зошто тивката љубов е најдобра

Датум: 15 јан 2020Автор: Маја Којчева ? ВеличковаКоментари: 0Тагови: врска, длабочина, партнер, љубов

Застрашувачки се фактите кои говорат дека сè помал број од паровите остануваат заедно повеќе од 20 години, но оние кои успеваат да одржат долгорочен однос имаат нивоа на активност на мозокот слични на оние кои се вљубени! Тоа значи дека ?мирната и тивка љубов? е одговорот за среќна и долговечна врска.

Секој дел од среќата на еден пар бара напор, а т.н. ?тивка љубов? е всушност најсигурниот вид на љубов од сите. А еве зошто е тоа така:

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:48

1. Тивката љубов не е синоним за досадна и бајата љубов

Истражувачот Арон Бен-Зеев ја опишал смирената врска како релација ослободена од негативни елементи, како што се тешки судири, љубомора и вознемиреност. Ова не значи дека вашиот развој како пар престанал или дека нема возбудливи емоции и ова сигурно не значи стагнација.

Секако, сè уште може да чувствувате ?пеперутки во стомакот?, но тивката љубов главно значи дека се чувствувате безбедно и удобно да доживеете нови фази во животот, да растете поединечно и како пар и да се поддржувате еден со друг.

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:50

2. Тивката љубов значи безбедно опкружување

Истражувачот Арт Арон открил дека паровите во дога врска кои изјавиле дека уживаат во мирна романтична блискост имаат повисоки нивоа на активност на мозокот што биле слични на оние кога сме заљубени! Причината зошто ?тивката љубов? е најдолготрајна е затоа што партнерите учат да не ги кршат меѓусебните граници, да не губат трпение, да се воздржат од критики и пресуди, и да бидат трпеливи и толерантни за да создадат безбедно и љубовно опкружување.

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:51

3. Тивката љубов не е можна без доверба

Тивката љубов се гради врз основа на голема доверба и отвореност, како и чувство на безбедност. Со други зборови, вие се согласувате никогаш да не се повредите еден со друг бидејќи агресијата од саканата личност е најболна. Без поддршка, транспарентност, емоционална поткрепа, разбирање и почитување, никогаш не можеме да бидеме смирени или да се чувствуваме вистински безбедни и сакани.

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:52

4. Тивката љубов е сепак романтична

Според Арон Бен-Зеев, кој пишува на оваа тема во ?Psychology Today?, треба да ја разбереме разликата помеѓу романтичниот интензитет и длабочината на чувствата. Првото нешто е моментална страст и желба. Краткотрајно е и нема понатамошен развој. Романтичната длабочина, од друга страна, е тековно искуство кое опфаќа и интензитет и траен развој и ?процут? на двајцата партнери и целата нивна врска.

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Tivka ljubov

Пишување by Flora Сре Јан 15 2020, 11:53

5. Тивкоста и нејзината возбуда

Во денешниот свет кој се заснова врз површни релации со сите можни апликации за дружење и прикажување на социјалните медиуми, длабоката ?тивка љубов? е многу важна работа. Со неа го имате вашиот партнер на подлабоко, посложено ниво, учите нови работи еден за друг, имате заеднички активности и споделувате емотивни искуства ? тоа носи нешто ново во врската без да се врткате околу партнерот облечени во високи потпетици.

https://www.kafepauza.mk/zivot/5-prichini-zoshto-tivkata-ljubov-e-najdobra/

Flora

Број на мислења : 407
Join date : 2018-08-05

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by cvetka Сре Јан 15 2020, 17:23

Mnogu ubavo cetivo.

cvetka

Број на мислења : 224
Join date : 2019-05-30

Вратете се на почетокот Go down

Tivka ljubov Empty Re: Tivka ljubov

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот