ДЕНЕС Е ВОДОКРСТ
Страна 1 of 1
ДЕНЕС Е ВОДОКРСТ
НА 18 ЈАНУАРИ СЕ ПРАЗНУВА ВОДОКРСТ
На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление - Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ДЕНЕС Е ВОДОКРСТ
ushte malku potochno vo 24 chasot vecherva na polnok izlezete na prozorec i pobarajte od gospod da vi ispolni zelba ....vecherva e bogojavlenie ...se otvora neboto ...veruvajte vo gospod ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
БОГОЈАВЛЕНИЕ
bog se javi ....frlanjeto na krstot pomina o incidenti na nekoi mesta
[size=44]Видеото за тепачката за крстот во Брегалница за неколку часа е прегледано над 150.000 пати(видео)[/size]
Денеска на христијанскиот празник Водици, уште еднаш се случи филмот на Теона Митевска ,,Господ постои, името му е Петрунија“.
Имено, скокачите во реката кои сакаа да го фатат крстот, се истепаа.
Видеото на ФБ страницата Штипска идила го пренесоа сите портали во Македонија и до сега е видено над 150.000 пати.
Материјалната корист што ја имаат потоа, веројатно е единствената причина за вакви пародични ситуации.
Фаќачите на крстовите одат по куќи и собираат пари, а добиваат и бројни подароци.
[size=44]Видеото за тепачката за крстот во Брегалница за неколку часа е прегледано над 150.000 пати(видео)[/size]
Денеска на христијанскиот празник Водици, уште еднаш се случи филмот на Теона Митевска ,,Господ постои, името му е Петрунија“.
Имено, скокачите во реката кои сакаа да го фатат крстот, се истепаа.
Видеото на ФБ страницата Штипска идила го пренесоа сите портали во Македонија и до сега е видено над 150.000 пати.
Материјалната корист што ја имаат потоа, веројатно е единствената причина за вакви пародични ситуации.
Фаќачите на крстовите одат по куќи и собираат пари, а добиваат и бројни подароци.
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ДЕНЕС Е ВОДОКРСТ
[size=46]Утре се „Женски Водици“, на овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа[/size]
Празникот Водици повторно не собра на прадедовските огништа. Кај и да си, за Свети Јован во Кичево да си. Оттаму од каде што ти е коренот, кај што си израснал, таму кај што ти е душата, без разлика каде и да се наоѓаш. Верба во Бога, обичаи, песни, ора и нормално – топла ракија. Никаде не се слават Водици како кај нас.
Утре се традиционалните и на далеку прочуените „Женски Водици“ каде при церемонијалот на предавањето на паричето од крстот, стариот Божи Кум прашува дали некој изгубил париче, се јавуваат новите Божи Кумови кои треба да го превземат домаќинството, кои тврдат дека е нивно. Тој прашува дали ќе дадат нешто за паричето, а бидејќи тие не даваат ништо, „зошто е нивно отсекогаш“, ги „бесат“.
Тогаш новите кумови фрлаат паричиња, костени, бомбончиња, пченица, како симбол за плодна година. Се смета дека земање на дел од фрленото носи среќа цела година. Повторно исто е се, само што плус на „менито“ за жените се става и благо.
Овој ден жените раководат со музиката повторно влегувајќи во секоја куќа. Поранешните жени имаа повеќе смисол за хумор, па редовно ставаа на долг стап „колбас со црна волна и две тркала“ одлична симболика и имитација на машки полов орган, чукајќи по вратите од куќите на домаќинките.
„Ај не отвори да те видам“, можеби може но по цена на колективна клетва …… „да не го видиш до година“…………се сомневам !
Вечерта после целосната обиколка на селото, цело село се собира на „игранка“ во домот. Тука завршуваат Водици, вообичаено после 12 h.
Бог се јави!
Навистина се јави!
За многу години христијани!
Текстот е архивски извадок од адетите во с.Ижишта кичевско.

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|