Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Nekoj konecno nesto pametno da kaze

2 posters

Go down

Nekoj konecno nesto pametno da kaze Empty Nekoj konecno nesto pametno da kaze

Пишување by Dino Сре Aвг 26 2020, 16:56

Vistina e ova se napisano. Oti ne sme saglam narod partiite ne gazat a nie se pak niv gi glasame.

САМИ СМЕ СИ КРИВИ ЗА ТОА ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА
26.08.2020
Сами даваме мито за вработувања . Факаме врски за да не платеме за сообракаен прекршок . Губрето од балконот го фрламе . Крадеме вода и струја , кој може . Гласаме за врека брашно или картон масло . Ургенции за подобра оценка за нашите деца . Вработени во пошта ги крадат пратките .Крадеме цвекиња од гробишта . Мочаме по влезовите од зградите . Во администрација картицата за доагање и одење од работа ја отчукува колегата . Возач ако може краде нафта од камионот на газдата . Шумска полиција со дрвокрадците соработува . Факултетски дипломи без знаење и вештини купуваме од факултетите во секо село . Наместен бекатон од јавни површини го вадеме и носеме во сопствениот двор ……… и после , не биле арни премиерите ,министрите и пратениците …. епа од кој народ да ги избереме 😂😂😂 .

Facebook статус на Тони Коцев.

https://tribuna.mk/sami-sme-si-krivi-za-toa-shto-ni-se-sluchuva/

Dino

Број на мислења : 635
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Nekoj konecno nesto pametno da kaze Empty Re: Nekoj konecno nesto pametno da kaze

Пишување by трендафил Пет Сеп 18 2020, 20:26

За жал тоа е традиција негувана уште во времето на Османлиското ропство, можеби и порано и продолжена во време на српското ропство, бугарската фашистичка окупација, во времето на социјализмот и се до денес. Ако некој посериозно почне борба против ова и другите зла веројатно никогаш нема да победи на избори, а сите повеќе се сакаат себе си отколку што ја сакаат Македонија. Со додавката северна или без неа. Новина ни е партизацијата и наводната правичност според процентуалната етничка припадност според желбите на политичките лидери. Па неправедно е ако нема Албанци според процентот што сами си го утувиле во глава, а правично е ако 53% од замениците министри се Албанци или ако 65% се со муслиманска вероисповест. Не би ми пречело и 100% министри и заменици да се Албанци под услов да се квалитетни кадри и да ја сакаат Македонија. За жал не сум сигурен ниту во едното ниту во другота. Поточно сигурен сум дека не е така.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11134
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот