Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Напади врз македонскиот идентитет

+4
Dino
Albatros
Luxor
трендафил
8 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Фед 28 2021, 11:52

За борбата на евроатлантската меѓународна банда и домашните предавници пишуваме на повеќе теми. Ова мислам дека заслужува посебна тема и затоа ја отворам. За почеток ќе цитирам еден член на СДСМ, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски кој реагира на предлогот на врховистот кој се придружи на лидерот на антимакедонското движење на Зоран Заев и дава некои чудни предлози.
„Акцискиот план којшто го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест, под итно треба да го врати македонското државјанство и да се извини на целиот македонски народ“, напиша Димитриевски на социјалните мрежи.
Тој го повикува и Јавното обвинителство екс официо да отвори случај, да спроведе истрага и доколку утврди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен, тогаш да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.
„Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови. Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот”, напиша Димитриевски.
Предлогот на Георгиевски е бугарското Собрание да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот „македонска нација“ и „македонски јазик“ подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944 година и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја поддржува бугарската историографија во одбрана на својата вистина.

Против бруталното кршење на човековите права на Македонците и реагираат и повеќе други наши сонародници во Македонија и светот.

На предлогот на Љубчо реагира и Ванковска.
„Никогаш не разбрав зошто на зомби политичари упорно им се придава значење – и секогаш на сопствена штета! Дал предлог (неписмен и налудничав) на ФЕЈСБУК!?!?
Ванковска: Зошто на зомби-политичари им се придава значење - Expres.mk

Од странство реагира професорот Росоклија
“Треба да престанеме да зборуваме за “промена на името”. Нам не ни го променија името, нам ни го одземаа правото да сме Македонци, а со преспанскиот и со бугарскиот “договор”, инсталираниве што глумат власт и владеење, во наше име потпишаа дека Македонци никаде не постојат”,
Проф. Росоклија: Не ни го сменија името, ни забранија да сме Македонци - Expres.mk

Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права Бил Николов се сретна со директорот на канцеларијата за Европа на Амнести Интернешнл Нилс Муизниекс, и со истражувачката на канцеларијата за Европа Јелена Сесар, при што ги повика Амнести Интернешнл да го осудат менувањето на името, идентитетот и историјата кои и се наметнуваат на Македонија, како и да ги осудат придружните кршења на човековите права на Македонците. Николов бара Амнести Интернешенел конечно да преземе нешто против кршењето на основните човекови права на Македонците без разлика од каде доаѓаат. Реално АИ веќе ја прогласи власта на Заев за хибриден режим, нешто што порано го немало во Македонија.
ММДЧП до Амнести интернешенл: Осуда за кршењето на човековите права на Македонците - Expres.mk

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Фед 28 2021, 12:23

Еве мислење и на еден член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Може тоа ќе ве поттикне на дискусија.

Фантазиите и фикциите на политичката владејачка елита во Македонија во односите со Бугарија… Ни треба нова надворешна политика, нова доктрина и нова филозофија! Ќе станеме дел од Европа само со ум и памет, а сега тоа го немаме.
Фантазија број 1. После изборите во Бугарија, ќе се реши проблемот со попустливост на Бугарија. Не се надевајте! Не, ништо нема да се промени после изборите во Бугарија од најмалку три причини: – Таму (а не како ваму кога оваа Влада дојде на власт), а и секаде во сериозни држави, прашањата од висок државен и национален интерес не се прашања за кои било која сериозна политичка партија лаже, излажала или ќе излаже. Тоа што ќе го кажат пред избори, во подипломатска верзија ќе биде и став после изборите. – Петте најсилни групации во Бугарија (ГЕРБ, БСП, ДПС, ВМРО и новата политичка групација на Трифунов) имаат слични позиции кон Македонија. Нема никаква суштинска разлика. – И евентуална Влада на сега опозиционите БСП, ДПС и Трифунов ќе е иста, ако не и повеќе остра во односите со Македонија.
Фантазија број 2. Ќе дојде политичка елита која ќе биде попустлива по однос на европските прашања. Не се надевајте! Не, националните прашања и интереси на Бугарија (а и на секоја друга европска држава) се примарни за Бугарија и се над општите европски интереси и вредности. Бугарија не ги гледа и никогаш нема да ги постави спротивно општите европски интереси со своите национални. Таа за себе самата мисли дека бугарските интереси се составен дел на европските интереси. Таа ги создава европските интереси. Левицата во Бугарија не е анационална и попустлива за државните и националните интереси како во Македонија. Левицата во Бугарија е патриотска исто како и десницата, исто и како политичкиот центар. Аналогија со Македонија нема. Таму нема никогаш да дојде на власт партија како СДСМ и да раздава она за што Бугарија мисли дека и е значајно.
Фантазија број 3. Ќе ги притиснат странците и ќе попушти Бугарија. Не се надевајте! Не, странците никогаш не притискаат еднострано, туку двострано. Странците повеќе притискаат кон помалиот, меѓународно помалку важниот и оној субјект за кој ќе проценат дека полесно би попуштил. За сите три критериуми Македонија е далеку посериозен кандидат за притисок од меѓународната заедница. Помали сме. Помалку важни сме и како членови на меѓународни организации, и како геостратешки положба (Црно Море, Украина, Турција, Кавказ,..), и како пазар, и како база за воени приоритети… Нашата историја на попуштање е фатална… Име сменивме, устав сменивме, знаме сменивме, идентитет сменивме, трговски марки, имиња на државни институции, топонимија сменивме, регистарски таблици сменивме,… Едноставно покажавме дека сме тесто за месење… Нас ќе не притискаат, државата треба да биде спремна…


Фантазија број 4. Времето работи за нас. Не, не се надевајте! Најлошата политичка проценка на Македонија во минатите 30 години. Посебно од аспект дека се работи за преговори за наши интереси и прашања, од нас се бараат отстапки и и попуштање и се работи за нашата иднина… Бугарија нема што да изгуби, Бугарија се бори да добие нешто што не го доби во двете балкански војни и во двете светски војни, а даде десетици и десетици илјади жртви за истите интереси… Бугарија се помири со Грција и грчкото право над егејска Македонија, но Бугарија не се помири со Македонија и македонското право над Република Македонија…
Фантазија број 5. Историјата да ја оставиме на историчарите. Не се надевајте! Не, целиот проблем со Бугарија е историски и историјата е основна суштина на политичкиот проблем со Бугарија. Другите проблеми (економски, стопански, трговски, транспортни, културни,…) се само гола последица на основниот политички (во суштина историски) проблем. Борбата на Бугарија е да го добие и да полага историско право над Македонија (Горна Македонија од времето на Филип, или Makedonia secundus од римско време) по истиот пример што нашата анародна власт им го даде и отстапи историското, културно и идентитетско право над Македонија (Долна Македонија од време на Филип, или Makedonia primus од римско време) со Преспанскиот договор на Грција. Бугарија го бара истото што го доби Грција!
Фантазија број 6. Попуштивме за името, тоа е големата цена што веќе ја плативме, сега треба да ни излезат во пресрет другите. Не се надевајте! Не, ако лесно си ги распродадете нивите, комшиите ќе мислат дека лесно ќе ја распродадете и покуќнината и куќата и шталата. Попустливоста за проблемите со Грција, ги создаде амбициите на Бугарија. Бугарија е изненадена и фрапирана што се доби Грција. Немањето на заштитни клаузули за Македонија и нејзината евро-атланска патека е една од најголемите грешки на Македонија, а најголема грешка на меѓународниот фактор во Преспанскиот договор. Македонија временски не ги детерминираше своите обврски врз база на тоа што ќе добие за возврат. Помалку занесената и повеќе неодговорната надворешна и државна политика создаде состојба во која Македонија се надева дека ќе реализира наплата од купувачи кои имаат историја на неплаќање (на Балканот сме, нели). Дали има излез? Да! Но не со оваа политичка филозофија и оваа политичка елита на власт. Ни треба револуција на умот и љубов кон татковината.


Ilija Dimovski - Фантазиите и фикциите на политичката... | Facebook

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Luxor Нед Фед 28 2021, 12:25

Многу сте закаснеле и ти и сите што си ги линкувал. Бугарскиот парламент од поодамна има изгласано резолуција дека не ги признава јазикот и нацијата. Поточно за нив македонците се бугари на кои Тито насилно им го сменил идентитетот а македонскиот јазик е бугарски дијалект. Тоа беше и образложението за ветото за ЕУ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Фед 28 2021, 15:31

Јасно е дека во моментов Бугарија е непријател на Македонија. Тоа не го спорам. Прашањето е зошто толку им се додворуваме на нашите непријатели. Од преку 200 земји на светот најголемиот дел не се членки на НАТО, а живеат. IВладата на Груевски докажа дека и без членство во НАТО и ЕУ се можни странски инвестиции. Дека и пандемијата не е пречка докажува власта во Србија. За жал, со сила нема убавина. Очигледно е дека нема да станеме членка на ЕУ во следните децении, а после тоа веројатно не ќе ни треба членството. Треба да не загрижи тоа што не добиваме вакцини од Кина, земја која е или за кусо време ќе стане водечка економска сила на светот. Веројатно Кина не гледа како непријател или како слеп следач на нејзините непријатели.
Факт е дека Заев сите предавства ги прави само за да биде на власт. Им се додворуваше на тие од евроатлантската меѓународна банда кои го титраа додека не го направи предавството, а сега не го поддржуваат ни со по некоја вакцина.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Albatros Нед Фед 28 2021, 16:32

Strateskite prioriteti na golemite sili sekogas bile podeleni na Balkanot. Grcija zad sebe gi ima Francija i Britanija, Srbija ja ima Rusija a Bugarija sekogas bila germansko galenice. Albancite uspesno se promoviraa vo amerikanski stitenici i toa trae veke so vekovi. Makedonija sekogas bila i ke bide na marginite bez ogled koja vlast ke dojde. A ako se sporedat ekonomskite parametri brzo ke se utvrdi deka ekonomijata vo vreme na Gruevski ni od daleku ne bila tolku uspesna kolku sto bese marketingot takva da se prikaze.

Albatros

Број на мислења : 847
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Фед 28 2021, 17:55

Мислиш ли сериозно дека Груевски наследи повеќе од Бучковски отколку што му остави на Заев. Само за една година СДСМ се задолжи повеќе отколку претходната власт за 10. Да не зборувам за притисок врз мојот идентитат (се сложувам дека идентитетот на т.н. северџани не е загрозен затоа што и го немаат. За некои работи не си во право. Русија на пример била сојузник со Бугарија и е творец на Сан Стефанскиот договор. Забораваш и дека на балканската сцена има уште еден играч, што за некоја година треба да стане светски шампион, Кина. Земја што ние ја сметаме за непријателска иако не би било така доколку не сме слуги на евроатлантската банда. Се работи за земја која ги признава нашите човекови права, за разлика од НАТО и ЕУ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Luxor Нед Фед 28 2021, 18:27

трендафил напиша:Мислиш ли сериозно дека Груевски наследи повеќе од Бучковски отколку што му остави на Заев. Само за една година СДСМ се задолжи повеќе отколку претходната власт за 10.

Време за одбележување на уште една безочна лага. Бројките кажуваат нешто сосема друго па затоа и не си ја поткрепил лагата со аргументи.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Фед 28 2021, 21:30

Можам да ти одговорам со бројки, но немам намера да го правам тоа на тема за загрозувањето на идентитетот. Парите имаат врска со идентитетот само ако некој од власта или од пратениците земал пари за да се прифати Тиранската платформа, договорот за пријателство со Бугарија и Преспанскиот договор, односно промената на Уставот по неуспешен референдум. Исто така доколку Уставните судии евентуално земале пари за да ги држат во фиока барањата за преиспитување дали тоа е уставно или не. Постојат сомнежи дека има корупција, но немам докази, па не можам да го тврдам тоа.
Мојот идентитет е загрозен и со евентуалното преименување на улицата Аминта Трети во Ленинова. Едноставно не знам дека Ленин направил нешто за Македонија. За разлика од него македонскиот крал Аминта е тој што ја стабилизирал Македонија. Каму сега да имавме таков лидер. Инаку е татко на Филип Втори и дедо на Александар Македонски.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Luxor Нед Фед 28 2021, 21:45

Веќе одговориле на твоите лаги во врска со економијата. Што се однесува до останатото не видов вие дпне оФците да направивте нешто за заштитата на јазикот и идентитетот, освен тоа што правевте ајвар кога се решаваше за името и што 8 ваши пратеници гласаа за промена на уставот плус што цело време го обвинувате СДСМ дека не успеале да почнат преговори со ЕУ затоа што ги одбиле бугарските барања.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Dino Вто Мар 02 2021, 12:17

Bugarija e najgolemiot neprijatel na Makedonija, dosega se kriese zad lazno prijatelstvo i bratstvo.

Напади врз македонскиот идентитет Img_2116




Игор Југ следбеник на Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола
02/03/2021 11:18


Таканаречениот Културен центар „Иван Михаилов“ во Македонија, чие писмо беше изговор за бугарскиот претседател Румен Радев да ги свика безбедносните служби и да им даде задача да ги заштитат правата на македонските граѓани што се декларираат како Бугари, е поврзан со Игор Југ, еден од насилниците што влезе вооружен во Парламентот на 27 април и кој е осуден за  терористичко загрозување на уставниот поредок.

Иако е Хрват по потекло Југ се декларира како верен на Организацијата (ВМРО на Иван Михајлов), и тоа најтранспарентно на сајтот на овој квази културен клуб кој очигледно повеќе се бави со политика отколку со права.

„Политичкиот затвореник, нашиот брат Хрватинот Игор Југ затворен, наместен од удбашките структури во државава.Со порака од затворот во Штип.

Не се откажувам од Ванчо Михайлов, за да тргнам по стапките на ТИТО!!!
Не сум партиско кутре и слеп послушник!
Не сум роб и слуга на партиите и нивните водачи!!!
Јас доброволно сум роб на идеите на Организацијата!
Јас сум Хрватот што ја сака Македонија!
МАКЕДОНИЈА ШВАЈЦАРИЈА НА БАЛКАНИТЕ!!!! – стои на Фејсбук страницата на Културниот центар.

Ова отвора ново прашање , особено откако Радев најави дека ќе ги вмеша безбедносните служби во спорот со Македонија: Дали структури од Бугарија , покрај руските, биле замешани на некој начин во обидот за државен удар на 27 април и што од тој аспект може да значат најновите најави на Радев?  

Дека не станува збор за епизода туку за смислено и долгорочно користење на ваквите центри за остварување на бугарските интереси зборува и фактот дека овој таканаречен Културен центар, кој стана активен откако стана активен и спорот со Бугарија, писмото со тврдења дека им се загрозени правата како Бугари во Македонија деновиве го испратил и до амбасадите на САД, ЕУ, Германија и актуелниот претседатвач со Унијата, Португалија. Од нивната активност се гледа зошто министерката Екатерина Захариева бара отворање културен центар во Македонија кога во моментов има барем три такви во нашата држава и уште толку здруженија и организации на Бугари. Тие деновиве ја засилуваат реториката и се обидуваат да мобилизираат што повеќе наши граѓани да се изјаснат со бугарско етничко потекло на пописот.

Во врска со нивното писмо се јави со реакција денес и Захариева.

-Ние реагираме за секој случај и се радуваме на тоа што и колегите од Северна Македонија започнаа да реагираат затоа што на крај тоа се и нивни државјани, тие живеат таму. Над 100.000 граѓани имаат и бугарско државјанство и понекогаш се заплашувани. Недозволиво е во 21 век да не се признаваат права на самоопределување, изјави Захариева во интервју за бугарската БНТ. (Н.В.)

https://nezavisen.mk/igor-jug-sledbenik-na-kulturniot-centar-ivan-mihailov-vo-bitola/

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Вто Мар 02 2021, 15:06

Кога се спомнува државен удар на 27 април, дали се мисли на нелегалниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието или на нешто друго. Насилни протести не значат и државен удар. Државен удар е ако некој насилно смени власт. Или можеби ако по неуспешен референдум се смени Уставот. На 27 април беа ангажирани сите тајни служби во Македонија, а тие што беа посилни победија. Толку. Ајде да ја оставам историјата и да се вратам на сегашноста.
Еве и јас ќе го бранам Заев и ќе напишам дека Радев лаже. Во Македонија не се врши никакв притисок врз Бугарите . Никој не им брани да се изјаснат како што сакаат. Тоа што ги нема многу не значи дека Македонците треба да станат Бугари за да ги има. На нас ни се непријатели и Грците и Бугарите. Има и во Србија нациомналистички кругови што ја мразат Македонија и Македонците, но не се на власт и не се во толкав број за да дојдат. За дел сме самите виновни. Бугарите сега очекуваат да се однесуваме како со Грците, односно да ги прифатиме сите нивни барања. За жал се случува тоа што одамна јас и други како мене го пишуваат по форумите. За влез во НАТО се откажавме од името и античката историја, а за влез во ЕУ се бара да се откажеме од тоа дека воопшто сме Македонци (дури и со додавка). Инаку таа политика се спроведува 1,5 век. Порано од т.н. Големи сили, сега од т.н. меѓународна заедница, при што се мисли на евроатлантската меѓународна банда. Никако на Кина, Русила, Индија ...

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by alienmk Вто Мар 02 2021, 15:26


alienmk

Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Вто Мар 02 2021, 18:32

И јас да се придружам во поддршката на Заев и Пендаровски за осудата на идиотскиот потег на бугарскиот претседател. Понекогаш ми е жал за Грците, Бугарите и нивните евроатлантски поддржувачи. Само некој со големо ментално пореметување може да му го прави на некој тоа што ни го прават на нас. Им посакувам побрзо оздеавување. Нешето попуштање мислам дека не им ја подобри здравствената состојба, туку напротив им ја влоши, па и за нивно добро е да почнеме постепено да се однесуваме нормално со нив. Не треба да се доведат во нормала наеднаш, со шок терапија, затоа што во напад на лудило може да направат непредвидливи потези.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Чет Мар 04 2021, 20:46

(ДОКУМЕНТ) Коцарев и Котеска се во право, постои план за укинување на "македонските" катедри на Блаже Конески - Expres.mk

Порталот експрес.мк го објавува архивскиот број на документот на кој се повикуваат претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев и професорката Јасна Котеска. Претпоставувам дека со тоа става до знаење дека го има документот и се надевам дека ќе го објави ако заевистите (квислинзите) не се повлечат од предавството кон македонскиот народ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Пет Мар 05 2021, 20:51

Сепак излезе дека прогласувањето на објавата дека постои опасност да се укине придавката македонски на филозофскиот факултет е вистина и дека деканката ЛАЖЕ се гледа токму од документот што таа го напишала и денес е објавен на експрес.мк

Целиот план за укинување на „македонските“ катедри на „Блаже Конески“ - Expres.mk

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Luxor Пет Мар 05 2021, 21:27

Штом така тврдиш сигурно си го прочитал документот и можеш да посочиш кои тоа точки ги докажуваат намерите за укинување на катедрата по македонски јазик. Или само да излажеш па потоа кој нема работа нека докажува дека не е така.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Саб Мар 06 2021, 16:07

Во мојот одговор доле има и линк на кој е целиот документ.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Bosonoga Сре Мар 10 2021, 15:52

Bugarskite crepovi kako sto izgleda ni za niv nemaat vakcini ne pa nas da ni davaat. Ili Kateto im e antivakserka.

Напади врз македонскиот идентитет Img_2143
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Сре Мар 10 2021, 18:15

Бугарија од пред некој ден е пред Македонија на листата на починати на милион жители. И односот кај нив на 24,5 заразени еден почќинува, а кај нас на 33,5 покажува дека заболените имаат полош третман отколку кај нас.

Инаку Бугарите се лутат дека наводно сме имале добри односи со Србија и не разбираат дека една причина за тоа се тиа. На картата на т.н. Санстефанска односно голема Бугарија е цела Република Македонија, но и делови од Србија ( од Пирот преку Ниш и Врање), но и Грција, Албанија и Романија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by alienmk Пет Мар 12 2021, 09:43

Super ako bide taka, nema da bide faktor nitu vo Bugarija nitu vo Evropa. Se nadevam ke mu se raspadne partijata.

Напади врз македонскиот идентитет Img_2048

alienmk

Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by alienmk Пет Мар 12 2021, 17:32

Odamna trebase taka.

Напади врз македонскиот идентитет Img_2049

alienmk

Број на мислења : 414
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Нед Мар 14 2021, 19:35

Заев веќе се откажа од голем дел од мојот идентитет, за тој од праисторијата до 19 век или можеби до 1944 година. 
Да напишам нешто за нашиот застапник на Ебвровизија кој има бугарски пасош и изјавува дека наводно неговата баба била бугарка. А што биле другата баба и дедовците? Потоа во спотот снимен со наши пари се појавува бугарскотѕо знаме. Потоа имаше изјава дека тоа е наводно уметничко дело на Жанета Вангели. После излезе дека на него не е во средина зелената, туку црвената боја. Па дојде објаснување дека наводно пред некој месец се кречела уметничката галерија, па молерите си ги поставиле боите по сопствена желба, а не според оригиналот. Се извинувам, но само будала може да поверува во такви објаснувања. Јасно е дека се работи за врховизам во најчист облик.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by трендафил Пет Мар 19 2021, 21:37

Објавен целосниот бугарски меморандум: Земја кандидат не треба да внесува отворени прашања во ЕУ - Слободен печат (slobodenpecat.mk)

Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на ЕУ и процесот на асоцијација и стабилизација
Сите земји-членки на ЕУ се придржуваат кон разбирање дека процесот на пристапување на Република Северна Македонија мора строго да ги почитува принципите и вредностите , на кој е изграден нашиот Сојуз.
На 25 март 2020 година, Советот на ЕУ потврди дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Тој ја повтори важноста од продолжување на спроведувањето на билатералните договори со добра волја како важен дел од процесот на проширување.
Спроведувањето на законски обврзувачките обврски од страна на земјите кандидати се следи внимателно во текот на сите фази на нивното пристапување. Ова е критериум за нивната подготвеност и политички капацитет да преземат одговорност за членството.
Земја кандидат не треба да внесува отворени прашања во ЕУ, особено во однос на земјите-членки. Во однос на Република Северна Македонија, сè уште има голем број прашања што можат негативно да влијаат на донесувањето одлуки на ЕУ по пристапувањето.
Прашањата се последица на начинот на кој оваа земја се справува со сопственото минато. Наоѓањето трајни решенија ќе бара вистинска политичка волја и храброст. Пристапниот пат на Република Северна Македонија дава драгоцена можност за нејзиното раководство да се прекине со идеолошкото наследство и практиките на комунистичка Југославија. Процесот на проширување не смее да го легитимира етничкиот и јазичниот инженеринг што се случил за време на поранешните авторитарни режими.
Колку побрзо се решат овие прашања, ќе остане повеќе време за да се покажат успешните резултати и, следствено, неспокојот на процесот на пристапување.

ИСТОРИСКИ ПРЕГЛЕД

Македонија е географска и историска област, која денес се наоѓа во границите на шест земји – Бугарија, Грција, Република Северна Македонија, Албанија, Косово и Србија. Затоа, сите обиди да се наметне географскиот поим Македонија како официјално име на новосоздадената држава во 1992 година во текот на 28 години, беа оптоварени со политичка чувствителност.
Во соседните земји, терминот „македонски“ се користи за означување на географско потекло, наместо на национален идентитет. Во Бугарија, стотици илјади Бугари се идентификуваат како „Македонци“ во однос на нивната регионална припадност, што јасно укажува на бугарското етничко потекло. Од оваа причина, значително недоразбирање се јавува кога изразите „македонски“ и „со потекло од Република Северна Македонија“ се заменливи во меѓународните форуми.
Кога, по Првата светска војна, дел од географската област на Македонија беше вклучен во Кралството Југославија, огромното мнозинство од словенското население јасно се идентификуваше како Бугарин. Ова го потврдуваат сите дипломатски и историски информации од тоа време. Помеѓу двете светски војни, Белград се обиде да го искорени бугарскиот идентитет на ова население со наметнување на нов „јужен српски“. Бидејќи овој обид пропадна, по Втората светска војна, југословенскиот комунистички водач Јосип Броз Тито прибегна кон наметнување на друг нов идентитет, овојпат „македонски“, во тогашната Социјалистичка Република Македонија (СРМ). Тито беше олеснет и инспириран од одлуката на Комунистичката интернационала (Коминтерн) во 1934 година да создаде нови народи „македонски“, „тракијци“ и „Добруџа“.
Проектот на Тито се реализираше со измислување на нова историја, која ги постави темелите на овој нов „македонски“ концепт, со цел да се замени традиционалниот бугарски идентитет со регионален. Изграден е на сметка на историјата и географијата на соседните земји, со што се поставија темелите за идните територијални и малцински побарувања од Југославија. За да се спроведе оваа политика, „лингвистите“ од Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија (АСНОМ) контролирано од комунистите објавија на 2 август 1944 година постоењето на посебен „македонски“ јазик.
Првиот историски институт во КПМ беше основан од југословенските власти во 1948 година. Тој имаше за задача да ги развива потребните атрибути за новиот национален идентитет со фалсификување документи и бришење на сите врски со бугарските корени, јазик и потекло на ова население. Овие практики опстојуваа и по распадот на Југославија и создавањето на првата независна Република Македонија.



Политиката на Коминтерн исто така беше кратко репродуцирана од тоталитарниот комунистички режим во Бугарија под диктатот на Сталин. Ова доведе до масовна репресија и прогон на бугарскиот народ, како во пограничниот регион во Бугарија, така и во тогашниот КПМ. Архивите сведочат за егзекуција на повеќе од 20 000 луѓе помеѓу 1944 и 1946 година, кои се идентификуваа како Бугари и ја претставуваа политичката и интелектуалната елита во СРМ. Повеќе од 100.000 Бугари беа убиени, затворени, прогонети или испратени во концентрациони логори.

Македонија не го почитува Договорот од 2017 година

СЕГАШНАТА СИТУАЦИЈА

Проектот за етнички инженеринг за создавање „македонски идентитет“ и „македонска нација“ со позајмување делови од историјата на соседните земји сè уште доведува до многу контрадикторни резултати. Идентитетските политики го достигнаа својот врв и добија гротескни размери со анти-античката кампања на националистичките влади помеѓу 2006 и 2017 година.
Сепак, процесот на градење идентитет беше ограничен само на територијата на тогашниот ЦПМ, а по 1991 година на Република Македонија. Иако бугарските граѓани не учествуваа, властите во Република Северна Македонија сè уште тврдат дека во Бугарија има „македонско малцинство“. Официјалните учебници по историја и географија, литература, визуелни уметности, како и некои медиуми, исто така се користат за зајакнување на овие тврдења и за создавање антагонизам со Бугарија преку ширење на стереотипи.
Како и да е, со оглед на заедничката историја и блиските културни и јазични врски меѓу луѓето од нашите две земји, Бугарија ги призна политичките реалности и беше прва во светот што ја призна независноста на тогашната Република Македонија во јануари 1992 година. Бугарија ја поддржа (материјална, финансиска, политичка). ) во текот на првите тешки години од своето постоење. За време на конфликтите во Југославија и етничките немири во 2001 година, Бугарија одлучно се спротивстави на сите регионални планови против суверенитетот и интегритетот на земјата. Во 1999 година, Бугарија им донираше на вооружените сили на Република Македонија тешко оружје како што се тенкови и артилерија.
Бугарија постојано ги поддржува целите на Република Северна Македонија за НАТО и ЕУ. Софија беше меѓу првите сојузници што го ратификуваа Протоколот за пристапување во НАТО. Еден од главните приоритети на бугарското претседателство со Советот на ЕУ беше напредокот на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ.
Бугарија никогаш немала никакви територијални претензии и никогаш не го оспорила правото на самоидентификација на граѓаните на Република Северна Македонија, особено со оглед на тоа што неколку генерации пораснаа под југословенска пропаганда.
Сепак, Бугарија не може да прифати дека тековниот процес на градење нација во Република Северна Македонија ќе се одвива со ревидирање на нашата заедничка историја, негирање на нашите заеднички етнички и јазични корени или неосновани тврдења за постоење на „македонско малцинство“ во Бугарија. Овие манифестации на антибугарската идеологија и практика финансирани од државата се во спротивност со европските вредности и не треба да се легитимираат со влез во ЕУ.
Позицијата на Бугарија на патот на пристапување на Република Северна Македонија има за цел да се заштити од неосновани малцински, историски, јазични и други тврдења. Ова не ги негира обврските на секоја земја-членка да ги почитува индивидуалните човекови права, вклучително и оние за самоидентификација.
Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година, во сила од 14 февруари 2018 година – СОСТОЈБА
Бугарија предложи конструктивно надминување на нерешените прашања меѓу двете земји со склучување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот ја призна заедничката историја на двете земји и ја потврди таканаречената „јазична клаузула“. Тој исто така потврди дека какви било тврдења за постоење на таканареченото „македонско малцинство“ на територијата на Бугарија се неосновани.
Договорот го отвори патот кон склучување на Договорот од Преспа, пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ.
Сепак, спроведувањето на Договорот е во застој. Во голема мерка беше блокиран по одлуката на претставниците на Република Северна Македонија да го прекинат нивното учество на неодредено време во работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, основана според чл. 8 (2) од Договорот. Оваа еднострана одлука, објавена на 29 ноември 2019 година, беше оправдана со претстојната изборна кампања. Како резултат, спроведувањето на Договорот сега е заложник на размислувањата за политичка целисходност. Во истиот период, бугарските инвеститори се соочија со растечки пречки за работа во Република Северна Македонија. Локалните граѓани (вклучително и поранешните премиери Георгиевски и Бучковски, како и поранешниот министер за надворешни работи Малевски), кои зборуваа за поддршка на заедничкото историско минато,биле подложени на говор на омраза и клеветнички кампањи.



ГЛАВНИ нерешени прашања

Општа историја

Формиран е заеднички мултидисциплинарен панел на експерти за да придонесе за објективно претставување на историските настани, засновани врз автентични докажани историски извори и научно толкување. Оваа комисија има за цел да постигне конкретни резултати во однос на истакнати личности и историски настани од општата историја до 1944 година и да: предложи заеднички прослави; дава препораки за усогласување и измена на наставните програми по историја и литература; спроведување на постигнатите договори во врска со учебници, музеи, документарни филмови финансирани од државата.
Првичниот ограничен напредок во работата на Комисијата беше проследен со одложувања и на крајот блокади. Претставниците на Република Северна Македонија секогаш се спротивставуваа на заеднички договорениот концепт на заедничка историја, обидувајќи се да ја заменат со алтернативни поими за „споделена“ или „испреплетена“ историја. Конечно, откако повеќепати предложија да се прекинат активностите на Комисијата, тие ги искористија домашните политички настани од октомври 2019 година како изговор за еднострано да го прекинат своето учество.

Македонија ја уништува Комисијата

Тековното блокирање на работата на Комисијата ги поткопува обидите за градење доверба и решавање на клучни прашања. Ова ја доведува во прашање добрата волја на Република Северна Македонија за одржување на добрососедските односи со Бугарија.

Јазик

„Македонски јазик“ или етничка припадност не постоеле сè до 2 август 1944 година. Нивното создавање е дел од целокупната конструкција на посебен небугарски идентитет, чија цел е раскинување на врските помеѓу населението од тогашната СРМ и Бугарија.
Бугарскиот литературен јазик има шест регионални пишани норми (кодификации). Три од нив се базираат на дијалекти и три на бугарски литературен јазик. Создавањето на „македонски јазик“ во 1944 година во поранешна Југославија беше чин на секундарна кодификација (прекодификација) заснована врз бугарскиот литературен јазик, дополнително „збогатена“ со народни форми, со што се симулираше „природен“ процес заснован на дијалект. .
Основата врз која е извршена кодификацијата и начинот на кој е наметната сведочат дека официјалниот јазик што се користи во денешна Република Северна Македонија може да се смета само како пишана регионална норма на бугарскиот јазик.
Денес, регионалните верзии на истиот јазик сè уште се зборуваат од двете страни на границата меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Бидејќи локалната норма во Република Северна Македонија беше квалификувана во Уставот како „македонска“, двете страни се согласија да се повикуваат на јазикот во согласност со уставните одредби.
Со Декларација потпишана во 1999 година од премиерите на Бугарија, а потоа и на Република Македонија, двете страни се согласија да го наречат официјалниот јазик на земјата „… македонски, во согласност со Уставот на Република Македонија“. Овој компромис го отвори патот за потпишување на голем број билатерални договори и беше од суштинско значење за воспоставување на нормални соседски односи.
Истата одредба е утврдена во Договорот. Ние веруваме дека преку оваа одредба, нашите земји направија огромен чекор кон решавање на разликите по ова прашање. Оваа клаузула претпоставува, меѓу другото, разбирање на бугарската страна дека официјалниот јазик на сегашна Република Северна Македонија е кодиран со правна норма во нејзиниот прв устав како независна држава, усвоен на 17 ноември 1991 година.
Терминот „македонски јазик“ што се користи во Договорот од Преспа во 2018 година за целите на овој договор не е задолжителен за трети земји – клучен принцип во јавното меѓународно право. Иако овој термин се користи и во извештаите на Третата конференција на Обединетите нации за стандардизација на географските имиња од 1977 година, споменатата експертска конференција нема политички карактер и нејзините одлуки не произведуваат правно обврзувачки последици во однос на признавањето на т.н. наречен „македонски јазик“.
Со оглед на горенаведеното, Бугарија инсистира на тоа дека документите на ЕУ (и пред и по пристапувањето во ЕУ) се однесуваат на „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ или, во случај на апсолутна потреба, на „македонски јазик“ со sterвездичка и објаснување подолу како што следува: „според Уставот на Република Северна Македонија“.

Малцински тврдења

Со потпишување на Договорот, Република Северна Македонија се согласи дека нема објективни историски или демографски основи за барање статус на малцинство за која било група граѓани на територијата на Бугарија. Во кршење на чл. 11 од Договорот, Скопје не ја смени политиката на поранешните влади за охрабрување и поддршка на поединци и организации кои бараат признавање на непостоечко „македонско малцинство“ во Бугарија.



Бугарија е член на најголемите регионални и меѓународни организации за човекови права и е фокусирана на примена на највисоки меѓународни стандарди во оваа област, во согласност со бугарскиот устав. Правото на бесплатно индивидуално самоидентификување е неразделно поврзано со објективните критериуми поврзани со идентитетот на лицето. Затоа, врз основа на Уставот на Република Бугарија, ова право може да се оствари според кумулативното исполнување и на субјективното (присуство на слободна волја да припаѓа на одредена етничка, верска, јазична малцинска група или заедница) и на објективните критериуми (постоење на реални разлики што објективно го докажуваат постоењето на етничка припадност, религија, јазик, значително различни од оние на мнозинството). Како и другите земји-членки,во овој поглед, Бугарија не доделува колективни, туку само индивидуални права. Затоа, барањата на малцинствата испровоцирани од странство се неприфатливи.
Бугарија очекува Република Северна Македонија да ги исполни своите заложби, да ги суспендира горенаведените политики, веднаш да ги донесе своите позиции и активности во меѓународни организации и форуми во согласност со чл. 11 од Договорот и да се стави крај на нејзината практика за инструментализирање на мултилатерални формати и механизми за следење за вршење непотребен притисок врз Бугарија. Ова ќе биде предуслов за добивање на согласност од Бугарија за секој следен чекор во процесот на интеграција.

Проблемот со името

Бугарија повеќепати ги повикуваше институциите на ЕУ да го користат уставното име на Република Северна Македонија во сите официјални документи на ЕУ.
Во 1992 година, Бугарија прва ја призна тогашната Република Македонија со уставното име. Со текот на годините, Бугарија беше доследна и конструктивна, не се спротивставуваше на употребата на името, кое нејзиниот близок сосед суверено го избра и го запиша како официјално и уставно во нејзината највисока законска норма.
Бугарија никогаш не интервенирала во 27-годишниот спор за името со Грција, но постојано предупредувала на усвојување географска дефиниција како дел од новото име, бидејќи тоа може да покрене понатамошни проблеми во регионот и да покрене неосновани тврдења против Бугарија.
Цели 80 години Скопје молчеше за десетиците илјади убиени Бугари и над 100 000 уапсени од 1944 година
Новото уставно име „Република Северна Македонија“ содржи ваква географска дефиниција. Изборното кратко име Северна Македонија јасно се однесува на географски регион, чиј дел спаѓа во суверената територија на соседните земји, вклучително и Бугарија. Затоа, со цел да се избегнат недоразбирања или погрешно толкување, на 7 мај 2019 година, Бугарија ги информираше ООН дека во духот на блискососедската соработка и поддршка ќе го користи уставното име „Република Северна Македонија“ ерга омнес како единствено име на оваа земја.
Ова прашање може да се затвори откако Република Северна Македонија официјално ќе се изјасни до ООН и сите други меѓународни организации дека употребата на краткото име на државата предвидена во Договорот од Преспа се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“, а не до географскиот регион Северна Македонија.

НАЧИН НАПРЕД

Бугарија силно ја застапуваше и поддржуваше одлуката на Советот од 25 март 2020 година за отворање преговори за пристапување со Република Северна Македонија. Тој презентираше изјава за записникот на Советот во кој се истакнува неговата национална позиција за пристапување во ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија. Изјавата ја рефлектира рамковната позиција усвоена од Владата на Република Бугарија на 9 октомври 2019 година и одобрена со Декларација од сите политички партии во бугарскиот парламент.
Изјавата се заснова на разбирање дека добрососедските односи се од хоризонтална важност и затоа треба да се оценуваат во секоја фаза од процесот на пристапување на земјите кандидати. Во оваа смисла, строгата, целосна и неповратна примена на буквата и духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ќе остане предуслов за каков било напредок во процесот на пристапување на земјата во ЕУ.
Одржувањето на добрососедските односи, а особено добронамерната имплементација на билатералните договори со земјите-членки на ЕУ, мора да биде составен дел од преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ и треба да се следи во согласност со Поглавје 35. ефективно спроведени треба да бидат засегнатите земји-членки.
Бугарија очекува сите партнери во ЕУ да ги земат предвид реалните проблеми на друга земја-членка и се потпира на нивната силна поддршка и солидарност за ова прашање.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11321
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by PRVOBOREC Пет Мар 26 2021, 19:32

Бетер се од нас ама ние не сме чинеле.



Напади врз македонскиот идентитет Img_2961

Навреди на национална основа се забранети.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by PRVOBOREC Пет Апр 09 2021, 13:14

Постот е избришан. Навреди на национална основа не се дозволени. А ти ќе одмориш од форумот.
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2482
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Напади врз македонскиот идентитет Empty Re: Напади врз македонскиот идентитет

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот