Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Dunja

Go down

Dunja Empty Dunja

Пишување by Гостин Чет Мар 12 2015, 19:46

Eve edno ubavo ovoshje...

Дуња


Систематско значење на дуњата

Родот Cydonia, спаѓа во потфамилијата Pomoidae и фамилија Rosaceae. Овој род има еден вид C. vulgaris и голем број вариетети. Во дива состојба има голем број на типови. Јапонска дуња - C. japonica вскушност е од друг род, близу до Cydonia која е декоративна грмушка со цутливу цветови од 2 до 3 во грозд. Дуњата се исползувала уште пред 4000 години. Плодот бил отсекогаш ценет и е познато дека на дуњата и се поклонувале во знак на внимание. Првпат во култура е воведена во Кавказ, потоа се проширила на исток. Во Америка е пренесена ко крајот на 18 век со интензивното населување.

Раширеност и стопанско значење
    Дуњата е застапена во Централна Азија, околу Црно Море, Мала Азија, Медитеранот и Атлантикот, се до Скандинавија и Америка. Во приморските места може да се најде со 1000 м надморска висина, а во високо континенталните предели до 600 м. Во Македонија се сретнува и до 900 м надморска висина. Во дива состојба се сретнува во шумите во асоцијација со дабот и буката. Денес, најголеми произведувачи на дуњата се: Португалија, Канада, Франција, СССР и Турција. Кај нас е многу малку раширена, а причина за тоа е што кај нас нема преработувачки капацитети бидејќи оваа култура не е наменета за свежа консумација. Во фармацијата од плодовите се прават сирупи кои имаат лекувачко значење против бронхитис, крварење и оболувања од грип. Дуњата е многу поедноставна во технологијата на одгледувањето во однос на јаболката, крушата и праската. Има многу помали побарувања во однос на заштитата. Тоа го прави производството многу поефтино, но сепак и тоа е овошен вид што го напаѓаат доста болести и штетници. Болесто кои го напаѓаат: ракови, гниење на зарвзоците, кафено гниење, меко гниење, рѓа, кафени дамки и пепелници. Штетници кои го напаѓаат се: рутоба буба, вишнова лисна оса, а најмногу е напаѓан од јаболков црв.

    Задолжително треба да се изврши едно прскање со бакарни препарати на крајот на зимата, а може дополнително уште едно прскање со лесни фунгициди со разни концентрати. Во време пред да се отворат венечните ливчиња следува едно прскање, после тоа се до процветувањето може да се извршат уште едно до две прскања. Што значи дека дуњата може да помине со 3 - 5 прскања во текот на годината. Цветот на дуњата може да биде корисен за пчелна паша и делува украсно. Од дуњата се создаваат слабобујни подлоги за круши.

Опис на некои сорти на дуња
    Од единствениот вид на обична дуња Cydonia vulgaris има диви, полудиви и питоми форми. Од овие форми настанале полупитомите и питомите сорти што имаат различен хабитус на овошките, различни форми и големини на плодот. Досега се опишани само околу пеесетина сорти на дуњи. Според формата на плодот, формата на круната и бојата на листот сите сорти на дуњи се поделени во 5 групи и тоа: Сорти со крушовидна форма (вариетет Pyriformis), Сорти со јаболчеста форма (вариетет Maliformis), Сорти со издолжено ребрасти плодови и крупни листови (Lusitanica), Сорти со пирамидален пораст на круните (Pyramidalis) и Сорти со балузлави и шарени листови (Mormorata).

Врањска дуња

Dunja Dunja2%20x200
 
Врањска дуња е српска сорта која најмногу е проширена во сливот по долината на реката Морава. Кај народот често се именува и под името дуњез или дуњзи. Плодот е многу крупен, од 400 до 1500 гр, со крушовидна форма односно издолжено трбушесто. Површината на плодот е нерамна. Покожуцата е со лимунеста боја или златно жолтеникава, мовлеста, нежна и ароматична. Месото е жолто, пријатно, ароматично, сочно, слатко накисело и со доста каменести клетки. По месото се смета за многу слабо квалитетна сорта. Плодовите се берат прикрај на месец октомври. Во плодочувалиштата брзо се губи мирисот и сочноста, почнува да потемнува прво од внатрешноста а потоа и кон периферијата. Бргу се губат и киселините па така после месец декември плодот го губи освежителниот фкус. Овошката е со широка круна, крупен листот, широк со малку јајчеста форма, интензивно зелен и набрчкан во вид на бранови. На опачината е изразито мовлест. Доколку се одгледува во сушни услови оваа сорта дава плодови со многу каменести клетки.

Лесковачка дуња
 
Dunja Dunja3%20x200
Лесковачка дуња е како и врањската дуња српска сорта која најмногу е раширена во сливот на реката Морава, значително помалку во однос на врањската дуња. Плодот е крупен, од 300 до 500 гр, но ако прероди тогаш плодовите остануваат многу поситни. По форма плодовите се тркалести или малку издолжени односно повеќе имаат јаболчеста форма. Љушпата е лимонеста или златно жолта, мазна и ароматична. Месото е бело со жолта нијанса, сочно накисело со пријатна арома и има помалку каменести клетки во однос на врањската дуња. Засега се смета за најквалитетна сорта на дуњи. Листовите се ситни, темно зелени. Плодовите се берат во месец октомври.

Португалска дуња

Dunja Dunja4%20x200
 
Португалската дуња потекнува од Португалија. По форма е многу слична со српската врањска дуња. Плодовите и се крупни од 400 до 800 гр. Оваа сорта има крушковидна форма на плодовите со широки ребра, а со слабо изразен врат или е без него. Лушпата е со лимонесто или златно жолта боја, ретко р’ѓеста кон дршката и има жолтеникава мов. Месото е бледожолто, сочно, слабо рпкаво, со крупни каменести клетки и со добар квалитет.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот