Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Избори 2024

+10
alienmk
Voda
Gustav
PRVOBOREC
TRAJCHE
Spiridon
osa
defo
Luxor
трендафил
14 posters

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Сре Мај 08 2024, 21:05

Избори 2024 - Page 5 Micko10

Ај договорете се.....Трендо во партија сте за ЕУ или не.

Изгледа ќе да сте.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by alienmk Сре Мај 08 2024, 21:13

Predvreme go proglasija maksimco za treta politicka sila. Zasega Levica gazi.

alienmk

Број на мислења : 418
Join date : 2018-11-22

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Чет Мај 09 2024, 10:31

Им честитам на победата на ДПМНЕ.  Па да видиме што ќе направат. Мицко вцера малце Груевистички звучеше со најавата на странска инвестиција. Ама ајде.

СДСМ, испадна дека она што го зборував бев во право, дозволија СЈО да се растури, не спроведоа правна држава за сите да биде иста. Сите да ги имаме правата и обврските. Дозволија мешетарење на разно разни странски агентури во државава. Дозволија ликови од рангот на Боки 13 да ни ја кројат судбината. Пошто дебелиов давај-газ, два пати во очи на изборен молк оди кај некоја си пропалица Стефан Лазаров, кој влече публика до 27 години,  и помогна во креирањето на резултатите, бар кај Љевиц.

Апасиев: Ја кутнавме црвената буржоазија што беше наш детски сон уште од транзицијата на под 20 пратеника


Тој вели дека друга значајна победа е дека го преполовиле проектот на ЗНАМ на половина од претседателските избори.


Е види....Љевиц и сега.

Од друга страна, па Стефчо вика (ваљда декларативно) апсолутна власт на ДПМНЕ не е на арно. Кога му беше лошо е прашањето??? Пред или после од ко му го опна Мијалков???

OК, сега нема да зависиме од Албанците. Добро нема да зависиме. Ама џабе ви сета таа демагогија, која оди накај војна, конфликти и слични ставри. Кога ние имаме нефункционална држава, поткрепена само на собирање гласови за избори. И се дур е така ќе си тонеме.



и за крај.....Левичари научете ја песнава



_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by Luxor Чет Мај 09 2024, 13:22

Максим е Тито од 2006. Така и ќе заврши. СДСМ потфрлија, премногу се потпираа на стравот од груевизмот и беа претерано сервилни кон странците. Зависноста од ДУИ беше врвот на лошото владеење. Требаше да учат од Груевски кога и како со предвремени избори се справува со таква зависност, се спасува влада во слободен пад и се спрема терен за исполнување на очекувањата на тие што ги гласале. За Левица засега може да се каже дека цврсто се држат на зацртаното за собирање гласови. Можна грешка е влез во власта, ако ја направат сигурно пропаѓаат. ДУИ ќе се обидат да опструираат на сите можни начини ако не влезат во власта. Сепак не е исклучен распад на ВЛЕН и уште еднаш ДУИ да се покаже единствениот претставник на албанците. Ќе биде добро внимателно да се следат реакциите на  западните пријатели, посебно на тие што со своите дејства практично му го трасираа патот до победата на ВРО ДПНЕ и Мицкоски. Во секој случај не чекаат интересни времиња.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Чет Мај 09 2024, 13:39

Luxor се те сфаќам, и си 102,5% во право. Ама измеѓу Знам и Љевиц, Љевиц ми е полош. Т.е не ги сакам ама ич.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Luxor likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Чет Мај 09 2024, 20:40

СДСМ требаше да биде водечка партија во власта, а не слуга на терористичката ДУИ и на евроатлантската меѓународна банда која садистички се изживува со Македонија од почетокот на нашата самостојност. ВМРО победи затоа што го издржа притисокот на САД и ЕУ и не помогна во спроведувањето на идиотските услови за почеток на преговорите со ЕУ. Веројатно во иднина ќе треба да бараме од лидерите на САД и ЕУ да разговараат со психијатар пред да упатат некакво барање кон Македонија, затоа што голем број од нивните одлуки во врска со Македонците се сомнителни од ментална гледна точка.
Дека нешто не е во ред со изборниот закон се гледа од тоа што СДСМ има повеќе гласови од ДУИ, но има еден пратеник помалку. Исто и Левица има повеќе гласови од ЗНАМ, а имаат ист број на пратеници. За прв пат во Македонија се случува да победи претседателски кандидат од партија што не е на власт. Поточно кажано од партија што нема поддршка од албанската партија на власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by Luxor Пет Мај 10 2024, 12:35

defo напиша:Luxor се те сфаќам, и си 102,5% во право. Ама измеѓу Знам и Љевиц, Љевиц ми е полош. Т.е не ги сакам ама ич.

Не ги сакам ни јас, ама стратегијата за собирање гласови засега им е успешна. Во секоја држава и кај секој народ постојат луѓе со крајнодесничарски, па дури и фашистички определби. Апасиев јава на тој бран од национал шовинизам кој се покажа доста силен дури и во ЕУ.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

osa and defo like this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Пет Мај 10 2024, 20:23

За мене постојат демократски и диктаторски режими. Македонците во Македонија беа под двојна диктатура. И од актуелната власт и од странците. Левица беше дел од тие што бараа бугарските клубови да немаат имиња на поддржувачи на Хитлер, што би рекле на фашисти Под притисок на јавноста, откако клубовите беа отворени владата се сети да забрани величење на фашизмот, а бугарите се одлучија да ги укинат наместо да им стават нормални имиња. Претходната власт брусеше споменици и го исфрлаше зборот фашистички од спомениците на жртвите на фашизмот во Втората светска војна. Го брусеа и етничкиот симбол на македонскиот народ од шахти, нешто невидено до сега на светот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Пет Мај 10 2024, 20:42

А Тодор Александров е????
Убиец на Јане Сандански.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Саб Мај 11 2024, 18:41

За жал такви биле времињата кога се ликвидирале сите во кои во некој момент постоел сомнеѓ дека направиле нешто. Јане Сандански на пример е одговорен за убиството на Борис Сарафов. Постои нели мислата дека револуцијата ги јаде своите деца. Како што ДИО и СДСМ ги изедоа децата на т.н. Шарена револуција. Практично македонскиот народ ги изеде евроатлантските шарени револуционери со мало доцнење.
ВМРО-ДПМНЕ ги почитува сите што се бореле за Македонија. На СДСМ изгледа дека поради власт подраги му беа терористите од УЧК на кои им го порепуштоја владеењето со Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Нед Мај 12 2024, 12:53

Избори 2024 - Page 5 Screen13

Се „Македонец“ до „Македонец“!!!!


И научи ја песнава........


_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Нед Мај 12 2024, 16:47

Ајде по којзнае кој пат да напишам повторно дека Тодор Александров бил на чело на ВМРО кога е потпишан Мајскиот манифест. Договор кој како финале и довел до формирање на македонска држава. Ако чекавме признавање од западните, наводно демократски земји веројатно ќе бевме во позиција на Курдите или Палестинците.
Пред Мајскиот манифест Тодор Александров го потпишал Проектот за разбирање помеѓу ВМРО и Советската влада. Еве го неговиот текст.

Внатрешната македонска револуционерна организација, која то ги претставува Македонците што се борат за самоопределување, политичка слобода, самоуправување и возможно најголема социјална правда – има за цел:

Обединувањето на Македонија, распарчена меѓу Бугарија, Србија и Грција во 1913 год. – во една политичка единица, која како последица на тоа ќе биде рамноправен член на една Балканска федерација или бар во првата своја етапа – на една Југословенска федерација.

За постигање на таа своја цел ВМРО смета:

а) на своите борбени сили;

б) на секоја држава, какво и да било најзиното уредување, чиишто интереси се совпаѓаат со идеалите на ВМРО, и в) на сите општествени организации, кои што ратуваат за национално самоопределување, човечки правдини и слободи и траен мир во светот.

Поаѓајќи от тие свои начела, ВМРО, земајќи уверување од официјалните петиции на Руската советска република, дека таа ќе содејствува за ослободувањето на потиснатите народи, го прифаќа следниот споразум со Руската советска република:

1. ВМРО се задолжува да работи заедно со другите револуционерни организации на Балканот за федерализирање на балканските држави во нивните етнички граници, чиишто добро разбрани политички и економски интереси се совпаѓаат со тие на РСР. 2. Руската советска република ја признава ВМРО како единствена претставничка на суверената воља на Македонија. 3. ВМРО и РСР ќе одржуваат врска преку свои редовни полномошници, кои што ќе имаат својство на дипломатски и воени претставници. 4. Двете страни, запазувајќи ја својата самостојност и својата внатрешна и надворешна политика, можат да преземаат конкретни заемни акции, при општа согласност, според политичките околности. 5. ВМРО со благодарност би ја прифатила материјалната, дипломатската и морална поткрепа на РСР.

Член на Централниот комитет на ВМРО: Т. Александров


Ако овој документ е контроверзен, не знам што се Преспанскиот и Договорот за пријателство со Бугарија и што е идеолошкиот татко на овие договори Зоран Заев и неговиот наследник Димитар Ковачевски?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Нед Мај 12 2024, 17:25

Шо да се мачи некој, сами си се шиткаме на Бугарите.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Нед Мај 12 2024, 18:58

Таман работа ако се откажеме од секој Македонец што Бугарите го сметаат за Бугарин. Треба да се откажеме и од самите себе си. Бугарите и мене ме сметаат за Бугарин, што е гнасна лага. Сите живи и починати Македонци ги сметаат за Бугари. Ја слушам пораката на Бојко Борисов денес дека во Бугарија нема ни во иднина да има премиер што нема да работи во интерес на Бугарија. Малку ме збунува тоа што не гледам каков е бугарскиот интерес да лажат дека јас сум Бугарин и со тоа да ги кршат моите човекови права, но можам да констатирам дека ние имавме таква несреќа два премиера по ред да работат за туѓи наместо за македонски интереси. Не разбирам ни кој е интересот на ЕУ Бугарија да им биде членка, а нас (Не само нас туку и Србија на пример) да не понижуваат и да не тераат да бараме друго решение, кое за среќа веќе го има. Можеби без да сакаат Бугарите, Грците и целата евроатлантска меѓународна банда ни прават услуга, по на време да пристапиме кон новиот светски поредок. Ако биде подобро во ЕУ, не сум видовит па да тврдам, ќе знаеме дека не сме таму затоа што имаме непријатели и кои се тие земји и кој ги поддржува.
Да потсетам дека до 1990 година СДСМ не водеше во комунизам, не во НАТО и во ЕУ, а сега тоа никој не го спомнува.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by defo Нед Мај 12 2024, 19:17

А ти утре во автобус кај матичната, а после си знаеш..... Избори 2024 - Page 5 1f600 Избори 2024 - Page 5 1f600 Избори 2024 - Page 5 1f600 Избори 2024 - Page 5 1f600

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by трендафил Нед Мај 12 2024, 20:30

Ако не ми требаше психијатар во времето кога на власт беа ДИУ и СДСМ, сега кога е јасно дека мнозинството Македонци мисли за најважните работи исто како мене, сигурно не ми треба. Можеби на психијатар треба да одат автошовинистите (македонците што го мразат сопствениот народ). Тие што ја напаѓаат Претседателката на Македонија затоа што го користеше историското име за нашата земја. За употребата на името Македонија во член 7 став 5 од Преспанскиот договор пишува: „Ниту една одредба од оваа Спогодба нема цел на кој било начин да ја поткопа, измени или да влијае на употребата од страна на граѓаните на двете Страни“ Што значи дека граѓаните на Македонија може да си користат Македонија во меѓусебна комуникација. И Претседателката и пратениците се граѓани на Македонија, па може да го користат и тој термин без додавки. Сите знаеме на што се мисли и дека Гордана не е претседателка и на окупираните делови од Македонија. Колку што гледам не реагираше ни СДСМ. Реагираа само тие што ја мразат Македонија и Македонците. ДУИ, Грците и Бугарите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Избори 2024 - Page 5 Empty Re: Избори 2024

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 5 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот