Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ФИЛАТЕЛИЈА

Go down

ФИЛАТЕЛИЈА  Empty ФИЛАТЕЛИЈА

Пишување by osa Пет Мај 08 2015, 21:36

филателија како хоби ...
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/5/58/%D0%9A%D0%BE%D0%B7%D1%98%D0%B0%D0%BA_%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0.jpg[/img

Хоби - Филателија

Филателијата (собирање поштенски марки) е едно од најстарите и најпочитуваните хобија во светот. Марките имаат пред сѐ историска важност, затоа што секоја марка раскажува приказна за времето во кое е создадена и за луѓето што ја создале.

Цените на марките можат да се движат од десетина денари, па до илјадници долари, во зависност од периодот од кој потекнуваат, преку земјата на потекло, па сѐ до состојбата во која се наоѓаат. Секако, постојат и дополнителни фактори кои ја одредуваат пазарната вредност.

Собирањето марки не е толку тешко како што изгледа на прв поглед. Во моментов постојат многу колекции, со цени за сечиј џеб. Некои од нив се дури со приближно идентична цена како марките кои се во оптег. Научете нешто повеќе за марките и филателијата и можете за кусо време да станете искусен филателист.

Ова хоби не само што е забавно, туку го зголемува познавањето од историјата и географијата. Тоа е одлична можност за запознавање на нови пријатели, но и одлична заедничка активност со Вашите деца. Возбудата од собирањето марки може да биде многу голема, со оглед на тоа што никогаш не знаете која марка следна ќе ја пронајдете.

Собирањето марки е одлично хоби во споредба со некои други, затоа што зафаќа многу малку простор. Потребен Ви е албум за собирање, кој е прилично евтин, и една пинцета за држење на деликатните марки. Можете да започнете со собирање веднаш, одлепувајќи ги марките од поштата што сте ја примиле. Никогаш не фрлајте ги марките што ги имате во повеќе од еден примерок – тие можат да Ви послужат за размена со други луѓе.

Покрај вадењето марки од писмата, можете да набавите марки од специјализираните сајтови на интернет и преку контакт со бројните дилери на марки. Истражете ги каталозите, стапете во контакт со некој поискусен собирач или пак побарајте некоја книга за филателија.

Доколку немате голем буџет на располагање, направете си колекција според земјата на потекло или пак годината во која се испечатени марките - не мора веднаш да одите по најстарите и најретките марки.

Со текот на времето, филателијата ќе Ви донесе повеќе пријатели со истиот интерес. Со нив ќе можете да се дружите и да разменувате марки и идеи, а може да се случи и да налетате на некоја ретка марка која има голема монетарна вредност.

Токму затоа треба да научите деликатно да постапувате со марките. Секогаш одлепувајте ги со пареа, држете ги со пинцета, а оние што Ви изгледаат стари и вредни, заштитете ги во албумот со фолија. Којзнае, кога ќе ја завршите колекцијата можеби ќе откриете дека таа вреди многу повеќе одошто сте мислеле

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16552
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот