Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

МАСЛИНКИ

3 posters

Go down

МАСЛИНКИ  Empty МАСЛИНКИ

Пишување by osa Пет Јун 26 2015, 10:08

Верувам дека многумина консумирате маслинки ...затоа ке ви откријам една тајна ,како маслинките да ви бидат уште повкусни ....пригответе ги на следниот начин - маслинките измијте ги со топла вода ,ставете ги во тенџере и прелијте ги со ладна вода па ставете ги да се варат на огин околу десет минути да вријат. додека они да зовријат ,ставете во чиста тегла зејтин обичен. Околу една третина да ја наполните теглата со зејтин и откако ке повријат маслинките ги тргате од огин и со лажица ги ставате маслинките топли во теглата ...кога ке ја наполните теглата до горе со масинки ,ако не е прелиена со зејтинот ,дополнете со течноста во која се вареа маслинките ,теглата не ја затворајте, само ставете го капакот и чекајте да се оладат природно ,потоа затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер .Вака подготвени маслинките се многу повкусни .
п.с. кога ке ги изедете маслинките не го фрлајте зејтинот во истиот зејтин може да ставите маслинки неколку пати се додека зејтинот е во добра состојба и не мириса лошо ,само може да го дополните со зејтин или од водата во која се вареле ...
добар апетит .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

МАСЛИНКИ  Empty Re: МАСЛИНКИ

Пишување by osa Вто Дек 15 2015, 22:25

Јадете маслинки за подобро здравје

Знаевте ли дека маслинките имаат многу придобивки и дека тие можат значително да ви го подобрат здравјето? И да, тие се едни од оние здрави намирници кои се навистина вкусни за јадење.
Создадовме листа во која ќе можете да ги видите повеќето придобивки од маслинките.

- Го елиминираат вишокот холестерол во крвта

- Го контролираат крвниот притисок

- Тие се извор на хранливи влакна, како алтернатива за овошјето и зеленчукот

- Тие се извор на витамин Е

- Делуваат како антиоксиданс

- Ги намалуваат ефектите за одредени болести како што се Алцхајмеровата болест, бениген и малиген тумор, вклучувајќи ги и проширените вени

- Го превенира згрутчувањето на крвта кое води до миокардичен прелом или тромбоза на вени

- Ја штити мембраната на клетките од болести како што е канцерот

- Одлична заштита против анемија

- Ја зголемуваат плодноста и го подобруваат репродуктивниот систем
- Играат важна улога во подобрувањето на имунолошкиот систем, особено за време на оксидирање

- Претставуваат голем афродизијак

- Богати се со минерали како што се натриум, калиум, магнезиум, железо, фосфор и јод

- Го обезбедуваат организмот со потребните витамини и амино киселини

- Содржат олеинска киселина, која многу добро влијае врз заштита на срцето 

- Содржат полифенол, природна хемиска супстанца која го намалува стресот во мозокот, но со секојдневно консумирање и ја подобрува меморијата за 25%. 

- Една мала шолја содржи 4.4мг железо

- Консумирањето маслинки го забавува процесот на стареење и брчките излегуваат подоцна, токму поради олеинската киселина, која ја прави кожата нежна и здрава
 Околу 10 маслинки пред јадење, ќе ви го намалува апетитот за 20%. Ова е поради масните киселини кои се содржат во маслинките и го забавуваат дигестивниот процес, но и го стимулираат хормонот кој испраќа пораки до мозокот дека стомакот не е веќе празен.

- И не само тоа, исто така маслинките помагаат вашето тело да стимулира продукција на адипонектин, хемиска состојка која ги намалува мастите 5 часа по консумирањето.
Доколку овие совети ве убедија дека маслинките се навистина многу здрави за јадење, тогаш правец во продавница и земете ги најубавите маслинки и нека бидат на вашата маса за секој оброк!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

МАСЛИНКИ  Empty Re: МАСЛИНКИ

Пишување by reiter Сре Дек 16 2015, 08:04

е,околу регулирање на крвниот притисок малку ми е сомнително...ако се јадат во поголема количина го креваат притисокот затоа што се солени..

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

МАСЛИНКИ  Empty Re: МАСЛИНКИ

Пишување by Kalinda Пет Јан 22 2016, 02:03

Нема такви медицински докази!
сепак се работи за намирница
која е здрава ,и можеби
маслиновиот зејтин
спречува да се покачи
притисокот од соленото .
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

МАСЛИНКИ  Empty Re: МАСЛИНКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот