Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

URMI

Go down

URMI Empty URMI

Пишување by Гостин Саб Jул 04 2015, 10:53

Кинеска урма – ново овошје во Македонија

Дали е можно да се одгледува урма во Македонија, е прашање кое земјоделските производители често го поставуваат. Урмата е растение кое има скромни потреби и едно од најродните. Најраните и најмоќни цивилизации (Сумер, Месопотамија, Асирија, Хетит) не знаеле за глад, благодарение на хранливите состојки на урмата. Со 5 урми дневно, издржливите Туарези и денес поминуваат стотици километри пустинска земја. Меѓутоа, урмата им припаѓа на палмите кои се осетливи на ниски зимски температури и доколку се спуштат под 0 С, растенијата воопшто не прородуваат. Дали решението е во користењето пластеници, траншеи, во загревањето на почвата, и увозот на плодови од земјите со поблага клима? Не.
Во природата постои непишано правило, посебно кај овошните култури, да создава растенија со сличен квалитет на плодовите од ботаничките и еколошки далечните видови и родови. Овошното растеније Zizyphus jujube mill се карактеризира со еднакви вкусови карактеристики на плодот како урмата и затоа, е наречено “кинеска урма”. Според потеклото спаѓа во суптропските овошни видови, меѓутоа според некои карактеристики – отпорност на ниски зимски температури под – 30 С, доцен почеток на вегетацијата (почетокот на мај) и кусата вегетација (шест месеци), може да се класифицира и во континентални овошни видови. Потекнува од северозападните планински, семиаридни подрачја на Кина, каде е дефинирана нејзината легендарна прилагодливост кон надворешните услови. Кинеската урма е опишана во древните Веди, а спомената е и во Хомеровата “Одисеја” како основна храна за племето Лотофаги .
Карактеристики на кинеската урма
Кинеската урма претставува листопадно, дрвенесто овошно растение со максимална висина 7-12 метри и ширина на круната до 5 метри. Тоа е бавнорастечко растение (пречникот на стеблото кај 10- годишни растенија е 10-13 сантиметри), со силно развиен коренов систем. Цветовите и плодовите на кинеската урма се формираат на специјални, таканаречени плодни гранчиња, кои опаѓаат на крајот на вегетацијата. Цветовите даваат изобилство на нектар од кој се добива висококвалитетен мед, од типот на мед од чалија со која, ботанички, е сродна. Медот од кинеската урма, според повеќе експерти, има многу поубав мирис од чалијата. Цветањето кај кинеската урма трае од 35 до 55 дена (од средината на јуни до првата поло- вина на август). Кинеската урма дава многу цветови, групирани во соцветија, кои се формираат во пазувите на речиси секој лист на растението. Кале- мените растенија прородуваат уште во првата година, 7-9 годишните растенија раѓаат 10-15 килограми по стебло, а максималната родност кај возрасните растенија достигнува до 60 килограми по стебло.
Растението не бара интензивна нега, но е потребно редовно наводнување и ѓубрење со арско ѓубриво, со што се добиваат надпросечни приноси. Растојанието на садење е 4 х 3 метри, а површината во насадот најдобро е да се одржува како црн угар (не трпи подкултури). Препорачливо е наводнувањето да се врши по систем “капка по капка”. Треба да се избегнуваат варовити почви со рН повисока од 8. Досега е евидентиран само еден штетник Царпониа везувиана (црвливост на плодовите) кој напаѓа на секои 7-8 години и анулира со едно прскање.
Плодовите од кинеската урма по вкусот и конзистенцијата се слични на плодовите од вистинската урма (од Иран), но по хемискиот состав претставуваат вистинска бомба од биоактивни соединенија. Тие имаат повеќе протеини, фосфор, калциум, каротини и витамин С отколку јаболкото и портокалот. Свежите плодови имаат енергетска вредност до 20,9 Кcal/100 грама плод. Содржи до 500 мг/100 грама витамин С, 1,5 мг/100 грама витамин А, висока содржина на витамини Б, највисока содржина од овошните видови на рутин, висока содржина на јод и железо. Кинеската урма е побогата со минерални материи од кој било друг коскест овошен вид. Содржи висока концентрација на шеќери до 30%, растворливи суви материи до 40% итн.
Интересна е особено содржината на витаминот С во плодовите кој е во врзан термостабилен облик т.н. “аскорбиген” и затоа преработките од плодовите кинеска урма (сокови, компоти, мармелади и друго) имаат редовно висока содржина (150-200 мг/100 грама производ) на витамин С. Во Кина ја додаваат во овошните сокови од други видови заради вкусот, но и заради природниот витамин С, кој е наедно и природен конзерванс.
Предности на овошното растение
•          зрее од крајот на август до средината на ноември и во овој период го збогатува асортиманот со плодови на пазарот;
•          поради доцниот почеток на вегетација и цветањето (мај-јуни), не мрзне од пролетни мразеви и редовно и обилно плодоноси;
Лековити својства
Плодовите од кинеската урма имаат и лековити својства. Тие го подмладуваат телото, го забрзуваат метаболизмот, го зајакнуваат срцето и го забавуваат процесот на стареење. Поради високото ниво на витамини и хранливи материи, козметичката индустрија се повеќе користи урма (плодови, семки, листови (2% витамин С), како состојки на природните козметички производи. Со богатството од калциум, протеини и витамини (С, В1, В2, А), чудото од овошје, прави чуда не само внатре во човечкиот организам, туку репаративните нутриенти и даваат природна влажност, ја хранат и ја штитат кожата. Плодовите од кинеската урма ги регенерираат клетките, ја зголемуваат еластичноста и цврстината на кожата. Производите, повеќе типови сапуни и шампони,се користат за нега на кожата и косата, но претежно (22 производа) за нега на кожата.
Услови за ширење на кинеската урма
Кај нас, поточно во Јавната научна установа “Земјоделски институт” во Скопје. је, одвреме – навреме се произведуваат ограничено количество садници,поради слабата побарувачка и техничката неразработеност на процесот и покрај тоа што постојат научни основи за многу поголемо производство од оваа интересна овошна култура во перспектива. Во Европа е малку застапена во платажните насади, како и во расадничкото производство. Во Кина, до 2003 година, површините под урма изнесувале еден милион хектари со вкуп- на продукција од околу 2-3 милиони тони свежи плодови. Повеќе од половина од насадите се под 4-годишна старост. За одгледување на оваа интересна култура кај нас постојат идеални природни услови. Потребен е (за оваа, како и за другите овошни култури за кои постојат компаративни предности во нашата држава) поголем интерес од преработувачката индустрија која треба да престане со користење скапа увозна суровина, како и соодветна аграрна политика слична на онаа во Кина, со што ќе се создадат услови за подигнување овошни плантажни насади и вработување на голем број млади луѓе.
•          калемените садници почнуваат со плодоносење во првата или во втората година по садењето;
•          отпорна е на зимски мразеви под – 30 0С. Според отпорноста на суша е слична на бадемот;
•          поради едноставното одгледување, погодна е за подигнување на производни насади и како егзотично растение во дворовите;
Препораки
Покрај сите предности што ги поседува ова овошно растение, се карактеризира и со слабости, пред се, краткотрајноста на свежите плодови од само 4-5 дена, по што доаѓа до дехидрирање и губење на вкусовите квалитети, односно стануваат неприкпадни за свежа консумација. Затоа, ширењето на кинеската урма е тесно поврзано географски со реони каде има иницијална преработувачка индустрија која ќе опфати ланец “од нива до трпеза” (а не како нашава која се сведува речиси само на препакување на производи). Во Кина, 30% од продукцијата се мрзнува, 25% се суши, од остатокот се прават сокови, компоти, мармелади, екстракција на витамин С, брашно за кондиторската индустрија итн. Со други зборови, во Македонија, доколку плодовите од кинеската урма се наменети за свежа употреба се препорачува подигнување на мали насади за задоволување на потребите на локалните пазари, бидејќи, сега засега, не постои интерес од индустријата за откуп на поголеми количини плодови.
Меѓутоа, копа се има предвид способноста, упорноста и интелипенцијата на нашиот земјоделец, се е можно. На пример, пред десетина подини, актинидијата-киви и јапонското јаболко претставуваа украсни растенија во научните орпанизации и во дворовите на трповските патници. Денес, масовно се подипнуваат насади од овие култури кои по освојуваат пазарот и доминираат со квалитетот пред увозните, без никаква државна стратепија за ширење или субвенционирање и понатамошна, веќе банална, незаинтересираност на преработувачката индустрија. Затоа препорачуваме (бидејќи се работи за медоносно растение, на пример), без полем ризик, да се подипнуваат помали насади кои ќе имаат повеќенаменска природа, а не само продукција на плодови за свежа консумација, како и внимателно следење на односите на пазарот.
•          плодоноси на новоформираните растечки гранчиња во вегетацијата поради што нема или се спроведува редуцирано режење за ограничување на круната;
•          плодовите се групирани по 7 до 12, во гроздови, на издвоени плодни гранчиња поради што се овозможува лесна и брза берба.
Д-р Длександар С. Марковски ЈНУ Земјоделски институт, Скопје

http://agroalternativa.info/kineska-urma-novo-ovoshje-vo-makedonija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

URMI Empty Re: URMI

Пишување by kiBik Нед Jул 05 2015, 16:58

Шо е бе урма?
Фурма???
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

URMI Empty Re: URMI

Пишување by Гостин Нед Jул 05 2015, 17:03

Не знам како ја викате вие на бугарски. Овошје е, и обично кај нас во продажба се наоѓа сушена.
Familija: Palmaceae
Latinskо име: Phoenix dactylifera L.

URMI Urmi2  URMI %D1%83%D1%80%D0%BC%D0%B8

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

URMI Empty Re: URMI

Пишување by kiBik Нед Jул 05 2015, 17:17

Ахам. Фурма. Фала!
kiBik
kiBik

Број на мислења : 2537
Join date : 2015-01-16

Вратете се на почетокот Go down

URMI Empty Re: URMI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот