ЖИВОТНИ
Страна 1 of 8
Страна 1 of 8 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
ЖИВОТНИ
Не се само мачките и кучињата животни. Во оваа тема ќе постираме се за животните за кои нема отворена посебна тема.
Интересни факти за ајкулите кои веројатно не сте ги знаеле
Морскиот свет е помалку истражуван од вселената, но затоа знаеме по нешто за „владетелите“ на морските длабочини – ајкулите.
Оваа недела на Discovery channel се одржува 'Shark Week'. По 28-ми пат, цела недела им се посветува на ајкулите, што е најдолга програма на кабелска телевизија досега.
Ајкулите нè фасцинираат од различни причини, но веројатно најмногу затоа што нè привлекува непознатото од морските длабочини. Дури, според некои проценки, помалку сме ги истражиле океаните од вселената. Геолозите и океанографите направиле мапи на сите океани, но во резолуција од пет километри, што значи дека поголемата површина под морето е неистражена, додека вселената е истражена многу подетално.
Можеби токму затоа им се „обраќаме“ на ајкулите, кои владеат со длабочините за да можеме нешто да дознаеме нешто повеќе за областите низ кои пливаат без проблем, за разлика од луѓето.
Ви претставуваме 10 вистинити и многу интересни факти за ајкулите:
1. Пловат низ морето на ист начин на кој авионите се движат на небото
Опашката на ајкулата прави водата да протече над нејзините перки, како што пропелерот создава струење на воздухот преку крилата на авионот. Нивните фамозни грбни перки им овозможуваат дополнителна стабилност.
2. Повеќето видови нема да се удават ако престанат да се движат
Користејќи ги мускулите околу устата, древните ајкули можеле да испумпуваат вода преку шкргите за да можат да апсорбираат кислород. Современите ајкули често дишат различно, користејќи прилично брзи пливачки движења за да ја натераат водата да помине низ нивните шкрги. Кога сакаат да запрат и да се одморат, им се враќаат методите на дишење поврзани со мускулите, кои не бараат движење.
Иако, постојат неколку видови ајкули кои немаат доволно цврсти мускули за да можат да му се вратат на овој древен метод на дишење. Научниците ги проучувале како тие земаат паузи, иако останува мистерија како се справуваат со толку силен пад на кислород.
3. Немаат кариес
Неколку видови ајкули имаат заби премачкани со флуор, што им помага да останат силни и без кариес.
4. Нивниот мозок е меѓу најголемите меѓу рибите
Обично замислуваме дека ајкулите се осамени ловци кои лутаат во пространоста на океанот, но многу од нив се социјални суштества кои патуваат во група и имаат воспоставена хиерархија.
5. Можат да го откријат пленот врз основа на неговото чукање на срцето
Ајкулите можат да го следат електричниот импулс поврзан со отчукување на срцето преку ситни пори кои се сместени на нивните „носови“ и се викаат Лорензиниеви ампули.
6. Не им се допаѓа вкусот на човечко месо
Ако случајно имате таква „среќа“ да ве касне ајкула, знајте дека мала е шансата да се врати по репете, затоа што ќе сфати дека вие баш и не сте вкусен морски цицач.
7. Имате поголеми шанси да ве касне друг човек, отколку ајкула
А, уште помала е шансата да умрете од нејзиното каснување. Секоја година се пријавуваат од 30 до 50 напади од ајкули, а само 5 до 10 се со фатален исход. Па така, иако е мала шансата да ве касне ајкула, уште помала е шансата да умрете поради тоа.
8. Скривалиштата на гоблин ајкулите се сместени предлабоко, за луѓето да можат да ги истражат
Розовите гоблин ајкули живеат по должината на континенталните подводни морски гребени кои можат да бидат сместени и на длабочина од повеќе од сто метри.
9. Најголемата позната кит ајкула била подолга од куќа на четири ката
Кит ајкулите се најголемите видови на риба. Најголемата била подолга од 12 метри и тешка 21.318 килограми.
10. Блиску се до истребување
Околу 20-30% од видовите на ајкули се блиску до истребување, повеќето затоа што случајно страдаат во риболов.
http://tocka.com.mk/8/164828/interesni-fakti-za-ajkulite-koi-verojatno-ne-ste-gi-znaele
Гостин- Гостин
Re: ЖИВОТНИ
Интересни факти за тигрите.
Тигарот е една од најголемите и единствена мачка со риги. Слично на човекот, отпечатоците на шепите кај секој тигар се различни. Главно ловат елени и диви свињи, но тигарот може да совлада многу поголем плен како што се малите слонови и носорози. За разлика од другите мачки тигарот обожава вода и често се капе.
Тигарот е една од најголемите и единствена мачка со риги. Слично на човекот, отпечатоците на шепите кај секој тигар се различни. Главно ловат елени и диви свињи, но тигарот може да совлада многу поголем плен како што се малите слонови и носорози. За разлика од другите мачки тигарот обожава вода и често се капе.
Гостин- Гостин
Страна 1 of 8 • 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8
Страна 1 of 8
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот