Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

PIJALOCI

2 posters

Go down

PIJALOCI Empty PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:30

Микс на вино и овошје: Студена сангрија за жешки денови

PIJALOCI 559f05b4-112c-47e2-9aff-2936fc85c8ec-Sangria-Rezept-Lazy-Girls-Drink-vitalmag5

Сангријата е типичен шпански и португалски пијалок .Обично содржи вино, парчиња овошје, засладувач и малку бренди. Основата на пијалокот е вино. Може да се користи црвено или бело според сезоната и желбата.Задолжително е да се стави овошје, а варијациите ги креирате во зависност од сезоната.

Може да експериментирате со портокали, лимони, праски, малини, дињи, боровинки, ананас , јаболка, киви, манго, грозје и други. Како засладувачи можете да искористите мед, шеќер, шеќерен сируп или сок од портокал. Наместо бренди може да се додаде „севен ап“. Сангријата може да се остави да отстои неколку минути до неколку дена. Освен тоа, може да се сервира и како топол пијалок.

Гледајќи во етимологијата на зборот, вредно е да се споменеме дека “сангрија” доаѓа од шпанскиот збор за крв – sangre . Тоа е така, бидејќи главно сангријата се прави со црвено вино. Се сервира во бокал со соодветна лажица или коктел стапче, кој ќе ја олесни распределбата на овошјето при полнење.

Во некои области се произведува специјално младо вино, кое се користи за сангрија. Тоа е многу слатко, со заситени овошни вкусови и помек вкус. Овој пијалок е одличен начин да се разладите во текот на летото и да се загреете во зима.

По долго истражување низ интернет просторот сопревме на неколку рецепти кои изгледаат доста интересни за подготовка во летните месеци. Белите вина кои се препорачуваат се „Совињон Бланк”, „Ризлинг”, „Шардоне”.

Опција 1:

Сорта на вино “Пино гриџо”,
1/2 чаши свеж сок од јаболко
1 чаша минерална вода
1/2 чаша ракија со ѓумбир,
9 сечени јаболка и круши
Мед

Опција 2:

шише црвено вино по избор
1/2 чаша минерална вода,
3 лажици шеќер (или мед),
20 мл “Калвадос” или друг јаболков ликер
Парчелимон, праски и јаболка во голем бокал
Ставете во чашите по неколку свежи малини

Опција 3:

бело вино – 1,5 л
шеќер – 1/2 чаши
вотка – 60 – 80 мл
лимони
портокали
јаболка
ананас
цреши – конзерва коктел со сок
нане – 4 – 5 листови свежи


http://emagazin.mk/vesti/vest/10956?title=miks-na-vino-i-ovoshje-studena-sangrija-za-zheshki-denovi#sthash.LkS1N20t.dpuf

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Пет Окт 07 2016, 09:53

Модерни правила за уживање во виното

Времето заладува и почнува да се чувствува мирисот на есента. А токму ова време е незамисливо без добро црвено вино. Без разлика кое повеќе го преферирате, виното нуди посебен шмек во кој треба да се ужива според одредени „правила“.

Но, со оглед на трендовите кои брзо се менуваат, така и трендовите за вино полека се менуваат. Што треба да знаете за оваа есен да го консумирате на помодерен начин?

PIJALOCI Vino39

Не се плашете да го ставите црното вино во фрижидер

Идејата за послужување црно вино на собна температура едноставно застарела. Во ред е кога виното се чува на 15°С, но кога е премногу топло, не е вкусно. Вистина е дека кога има повисока температура е поживо и има подобар вкус, но ако е претопло го губи вкусот.

И белото вино не треба да го замрзнувате

Да, правило е дека белото вино треба да биде ладно, но не треба да претерате. Само поевтините вина или оние со низок квалитет треба да се доста ладни. Сепак ако пиете некое фино бело вино, температурата може да биде еднаква како и кај црното вино.

Пијте го во чаша за коњак

Не секогаш, но ако сакате виното добро да го промешате во чаша и да го испиете како професионалец, во ресторанот слободно прашајте дали може да ви го послужат во чаша за коњак.

Не замислувајте дека го знаете точниот вкус на вашето омилено вино

На пример, може да заклучите како вашиот Pinot има невообичаен вкус и да почнете да му приговарате на келнерот поради тоа, но причината за различниот вкус е и земјата на потекло, бидејќи одгледувањето на исто грозје во Америка, Франција и Македонија не може да биде исто.

Инсталирајте апликации за вина на мобилниот телефон

Да, денес постојат апликации за апсолутно сè, па така и за вино. Истите може да ви помогнат при изборот на вино за пријателите, за тоа кое вино одговара со одредена храна, каде да најдете ретки вина...

Немојте да мислите дека храната која одговара со вашето вино мора да биде вообичаена

Добрата храна и доброто вино секогаш одат заедно, па заповедите како што се „црно вино со бифтек“ или „бело вино со риба“ всушност и немаат смисла. Многу готвачи се колнат дека постојат превкусни црни вина кои одговараат со риба и бели кои беспрекорно се консумираат со месо, па слободно пробајте ги овие комбинации.

Не ги отфрлајте локалните вина

Кога ќе видите дека не е произведено во некој познат вински регион, веднаш знаете дека не е убаво, нели? Не треба да ги потценувате вината, бидејќи некои вина на пример направени во најдобрите региони во Франција, едноставно не се убави.

http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/1098540/index.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:44

10 чудни факти за виното што сигурно не сте ги знаеле

Сигурно веќе ви се познати придобивките што ги овозможува виното. Имено, тој е омилен пијалак на многумина, но, сигурни сме дека постојат некои работи во врска со него што не сте ги знаеле. Па, наредниот пат кога ќе пиете вино со вашите пријатели, направете ја атмосферата поинтересна така што ќе ги споделите овие чудни факти…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:44

1. Не се сите вина вегетаријански. Некои поминуваат низ процес на филтрирање кој користи животински непланирани производи, како што е желатинот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:44

2. Постои Кит-кет чоколадо од вино. Но, може да се најде само во Јапонија и на Амазон.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:45

3. Италија од неодамна има бесплатна, 24-часовна фонтана од која тече вино.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:45

4. „Пиењето во нечија чест“ датира од античка Грција. Тогаш домаќинот требало да ја испие првата чаша вино, за да им покаже на гостите дека нема намера да ги затруе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:45

5. Наздравувањето започнало во античкиот Рим. Односно, кога римјаните ставале парче печен леб во секоја чаша за да ја ублажат прекумерната киселост.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:45

6. Најстарото шише од вино е навистина старо. Поточно, тоа датира од 325 година од новата ера и е изложено во музеј во Шпајер, Германија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:45

7. Хамурабиевиот законик (од 1800 година пред нашата ера), имал закон во врска со виното. Лажните продавачи на вино требало да бидат казнети со давење во реката.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:46

8. Жените се подобри дегустатори на вино. Бидејќи дегустацијата има голема врска со мирисот, жените (особено оние кои се во репродуктивниот период) подобро можат да идентификуваат, но и да направат разлика помеѓу одредени миризби во однос на мажите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:46

9. Не сите вина стануваат подобри со текот на годините. Всушност, 90 проценти од вината би требало да се консумираат во рок од една година по производството.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Саб Окт 22 2016, 21:46

10. Постои страв од вино и се нарекува оенофобија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Гостин Пет Ное 04 2016, 12:11

Како да направите топло чоколадо со црвено вино

PIJALOCI Img-2647-1477946203

Да, топло чоколадо со вино постои, и е неверојатно лесно да се направи. Освен тоа, ќе бидете изненадени колку е вкусно. Еве го рецептот за овој нов кулинарски хит, а во продолжение погледнете го и видеото доколку нешто не ви е јасно. Smile

Рецепт

* 1 ипол шолја млеко
* 1 шолја црвено вино
* 1/3 (третина) шолја парчиња црно чоколадо
* Мини маршмелоу (по желба)
* Шлаг (по желба)

Упатство за подготовка

1. Стопете го заедно млекото и парчињата чоколадо
2. Додадете го црвеното вино и постојано мешајте
3. Ставете ја смесата во шолја, украсете ја по желба со маршмелоу и    шлаг, и уживајте!


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Нед Дек 25 2016, 22:35

Варено вино

Состојки
1,5 литар црвено вино
0,5 литар вода
200 гр. темен шеќер Дарк Мусковадо (или обичен шеќер)
100 мл. мед
50 мл. рум
1 портокал
1 мандарина
1 лимон
1 кесичка ванилин шеќер
2 стапчиња + 1 лажица цимет
5-6 семки кардамон
5-6 зрна пимент (олспајс,најгвирц)
10 каранфилчиња
5 парчиња ѕвездест анис
пола лажиче црн пипер (незадолжително, по вкус)
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Нед Дек 25 2016, 22:36

Уште еден придонес кон развеселување на празниците со добра храна, а и добар пијалок кој оди во пакет. Рецептот не е непознат, напротив. Ова е мојата верзија која се изроди по неколкугодишна еволуција на постоечките општопознати рецепти и начин на приготвување.
Оваа година целта ми беше да ги интензивирам вкусовите на сите состојки кои ги додавам во виното.

Најпрво да појаснам како се водам според некои мои непишани правила во врска со количината на вино, вода и шеќер и соодносот помеѓу нив.
На литар течност ставам 100 грама шеќер. На ¾ вино оди ¼ вода, значи 750 мл вино и 250 мл вода. Секогаш се водам според ова, независно колкава количина приготвувам.

Кафеавиот шеќер се става во тенџере и на појак оган чекаме полека да започне со топење. Потоа веднаш ја намалуваме температурата за да не изгори шеќерот. Нема потреба да ја растопувате целата количина, невозможно е. Доволно е еден дел да се карамелизира и да се зајакне вкусот.
Доколку користите обичен бел шеќер, оставете го да се растопи целиот без мешање.
- Тука веднаш сакам да нагласам дека темниот (дарк мусковадо) шеќер не се однесува како обичниот бел и му треба малку повеќе време за да отпочне со топење. Бидете трпеливи.

Во карамелот налеваме врела вода и ги ставаме сите зачини. Семките кардамон ги гмечам пред додавање. Мешаме се дури не се растопи шеќерот и вриеме кратко, околу 5 минути максимум на посилен оган.

Откако ќе помине ова време го налеваме виното и во него го ставаме овошјето исечено на пола. Убаво промешуваме, го затвараме тенџерето со капак и на умерен оган, со повремено мешање, го оставаме виното да вари. Значи не смее да врие. Ако ви излегува пареа наоколу, намалете ја температурата. Оваа фаза е околу половина час. Најдобар показател за тоа до кога да варите е кората од овошјето. Кога ќе прими боја од виното и кога површината на плодовите ќе изгледа како раскубана, го исклучуваме огнот. Погледнете во сликите.

Го оставаме виното да се подолади, не го откриваме. Потоа целиот сок од овошјето го цедиме во виното и ги додаваме румот и медот. Мешаме се дури не се растопи медот целосно.

Вака спреманото вино го процедуваме и собираме во шишиња.

Нас толку ни е вкусно што понекогаш го пиеме и така без загревање.

На здравје!

http://moirecepti.mk/post/%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%be-%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%be-2
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Пет Фед 03 2017, 10:30

Домашно амарето

Направете вкусен домашен алкохолен пијалак со кој можете да ги збогатите коктелите или слатките.

PIJALOCI Alkohol-pixa
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Пет Фед 03 2017, 10:31

Состојки:

1 чаша вода

2 чаши вотка

250 бел шеќер

100 гр кафеав шеќер

2 лажици екстракт од бадеми

2 лажици екстракт од ванила
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Пет Фед 03 2017, 10:31

Начин на подготовка:

Измешајте ја водата со бел и кафеав шеќер и загревајте додека не почне да врие и шеќерот не се растопи. Тогаш тргнете го садот од рингла и оставете да се излади 10 минути.

Во слатката вода додајте вотка, екстракт од бадеми и екстракт од ванила.

Подготвената напивка ставете ја во стаклено шише.

http://grid.mk/read/news/514071893/12698986/domashno-amareto
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 19:14

Пијалоци од банана за слабеење

Бананата обилува со калиум кој помага при отстранување на вишокот на вода од организмот, а една банана содржи дури 450 gr на овој елемент.
Освен тоа природниот шеќер фруктоза, сахароза и глукоза се одличен извор на енергија за нашето тело, па со конзумирање банана ја лаже гладта.
Бананата ја користиме во диетални пијалоци како база на која додаваме природни масти како семките, шумски овошја и спанаќ кој измаѓу останатите му даваат на нашето тело витамини и минерали.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 19:14

1. Банана пијалок со семки. Состојки: 1 портокал, 1 банана, 2 чајни ќесички сирутка, 2 чајни ќесички семки.

Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 19:15

2. Банана со шумски плодови. Состојки: 1 банана, 1 шолја шумски плодови (боровница, малина, брусница), 1 чајна лажица мед, 1 чајна лажица изрендан ѓумбир, половина шолја млака вода.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 19:15

3. Банана пијалок со спанаќ. Состојки: 1 банана, 200 gr измиен свеж спанаќ, половина шолја light јогурт, третина шолја овесни снегулки, 1 чајна лажица мед.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Teo Пон Фед 20 2017, 19:15

Припремата на овие пијалоци се еднакви за сите врсти, потребно е само состојките да ги ставите во блендер и да ги измиксате. Овие диетални, но пред се здрави пијалоци можете да ги конзумирате како меѓуоброк или како вечера, иако е најдобарефект на телото ќе има за доручек наутро бидејки тогаш организмот најдобро апсорбира и ги препознава состојките кои во овој случај прави инвазија на вашите масни наслаги наталожени околу колкот.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Luxor Вто Јун 06 2017, 10:29

Пијалок со кој ќе спиете подолго

На состанокот “Experimental Biology 2014” се претставени резултатите од најновото истражување според кое пиењето на сокот од кисели вишни два пати во денот, може да се продолжи сонот по час и половина секоја ноќ.
Надгледувани се седум постари особи со несоница, кои морале да пијат два ипол децилитра Montmorency сок од кисели вишни два пати во денот во текот на две седмици. По тоа следеле две седмици без сок, за на крајот последните две седмици конзумирале плацебо. Во споредба со плацебото, додека го пиеле испитаниците сокот спиеле во просек по 84 минути повеќе секоја ноќ.
Сокот од вишни е инаку познат како природен извор на мелатонин – хормон кој влијае на циклусот на спиење и будење, тврди Френк Гринвеј коавторот на истажувањето.
Гринвеј проценува дека третина од постари Американцеи кои се над 65 години патат од несоница. Тој смета дека сокот од кисели вишни е сигурен начин да се подобри квалитетот на сонот отколку да конзумираат таблети.
Доколку не сте обожавател на вишни, пробајте киви бидејки конзумацијата на киви 1 час пред легнување исто така го продолжува времето на спиење за 13 % и исто тка го намалило месечарењето по седум дневна редовна конзумација.

http://mama365.mk/%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%BF%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B3%D0%BE/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

PIJALOCI Empty Re: PIJALOCI

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот