Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:22

На другата тема ги ставивме печурките кои се наоѓаат во Македонија и можат да се јадат. ред е да дадеме и некои рецепти за нивното готвење.

Преземено од:

https://moirecepti.mk/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:24

Крем супа со печурки и зеленчук

Состојки
50 грама путер
100 грама грашок
100 грама морков
100 грама компир
150 грама маринирани печурки
100 грама карфиол
1 жолчка
1 павлака
пола китка магдонос
3 чешниња лук
2 коцки за супа
1,5 литри вода
по вкус сол, мешан сув зачин, црн мелен пипер

Навистина убава крем супа која брзо и едноставно се приготвува. Повторно ја ископав од ризницата на мајка ми. Сеуште ни е меѓу омилените и редовно си ја спремаме.

Чекор 1
Морковот, печурките и магдоносот се сецкаат. Компирот се ренда. Карфиолот се двои на мали делчиња.

Чекор 2
Се става путерот да се растопи и се пропржуваат печурките. Потоа се додаваат грашокот, морковот и компирот исто така малку да се пропржат. Се додава водата, коцките за супа, зачините и карфиолот.

Чекор 3
Кога супата ќе биде речиси готова, се мати жолчката со вилушка и се меша со павлаката. Полека се додаваат на супата. Потоа се додава магдоносот и лукот кој во меѓувреме сте го истолчиле.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:25

Свинско со печурки и бело вино

Состојки
1кг. свинско месо(може и бело пилешко месо)
500гр. печурки
2 кромидки
3 моркова
200гр. чаден свински бут
1 чаша бело вино
500мл. неутрална павлака
оригано,бибер,м.зачин и магданос

Еве мој предлог за вкусна тава,идеална за оние кои ќе решат новата година да ја пречекаат во домашна атмосфера со најблиските.
Подготовка.
Месото од навечер го накиснуваме во вода колку да го покрие,сипете го виното,ставете ги кромитките.Утредента досипете вода околу половина литар и почнете полека да динстате на тивок огин.На половина варење додадете ги морковите и продолжете со варење,проверувајте го месото да не се превари.
Кога месото е сварено сипете го во земјена тава,морковите иситнете ги на кругови,кромидот испасирајте го.Во тава за пржење ставете го ситно исецканиот бут и пропржете,потоа додадете ги печурките па морковите пржете неколку минути.Во тавата додадете ја неутралната павлака да прокрчка две минути и целата смеса сипете ја во земјената тава.Пред печење додадете ги зачините и половина вода во која се вареше месото.Печете на 220 степени половина час со капак и уште петнаесетина минути без капак

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:25

Селско со соја, печурки и доматен сос (посно)

Состојки
200 гр соја
1/2 кг печурки
500 мл доматен сос
3 глави кромид
зачини сол, мешан сув зачин, црн пипер, ловоров лист, оригано и магданос

Сојата се вари, се цеди од водата што ја впила и се сецка на мали коцки.
Кромидот се сецка и се става да се запржи малку, потоа се додаваат печурките и се запржуваат заедно со кромидот. Се додава сојата и таа се запржува заедно со кромидот и печурките и се додава доматниот сос, се остава да се крчка. Се зачинува со сол, мешан сув зачин, црн пипер, ловоров лист, оригано и магданос. Кога ќе се згусти сето тоа се трга од оган.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:26

Ролат со шампињони и пилешко филе

Состојки
за тесто
400 гр. брашно
100 мл. масло
1/2 пециво
20 гр. свеж квасец
1 мала лажица сол
1 мала лажица шеќер
200 мл. млака вода
1 јајце
сусам, лен
за фил
1 главица кромид кокар (средна големина)
150 гр. маринирани шампињони
1 свеж морков (средна големина)
200 гр. чадено пилешко филе
50 гр. кашкавал
1 јајце
црн пипер, сув зачин, масло

Рецептот за овој ролат беше со готови кори и свежи пилешки гради, а јас го изменив и го направив со тесто и чадено пилешко филе.

1. Најпрвин го ставив квасецот да стаса со малку млака вода, 1 лајче шеќер
и 2 лајчиња брашно.

2. Веднаш потоа ги ставив печурките, кромидот и морковот (исечкан на најситни коцкички) малку да се динстаат и при крајот додадов црн пипер и сув зачин.
Откако подизлади во смесата ставив 1 јајце и добро го измешав.

3. Кога е стасан квасецот се замесува тесто со сите состојки, дотурајќи брашно по потреба додека се добие меко тесто што не лепи. Се остава да нарасне на топло.

4. Откако ќе нарасне тестото, со окалгија се размесува кора во правоаголна форма колку што може потанка. Се става филот со печурки, кромид, морков и јајце. Врз него се реди пилешкото филе исечено на поголеми кришки, а врз филето се распоредува кашкавалот (во ленти или рендан).

5. Краевите од кората се виткаат на внатре за да не испадне филот и потоа се витка во ролат.

6. Се остава да стаса додека да нарасе малку и пред печење се мачка со 1 јајце, се наросува сусам, лен и се печи на 200 степени околу 30 минути. После печењето се покрива со крпа, се сечи подизладено.

Ролатот има интересен вкус добиен од комбинацијата на кромидот, печурките и чаденото филе, а и стопениот кашкавал.
Ако се прави со свежи пилешки гради потребно да се исечат на танки шницли, да се посоли и за подобар вкус да се премачка со сенф, а ако се користат готови кори, треба да се ставаат 5-6 кори една врз друга, секоја намачкана со масло, а останатата постапка е иста. Во комбинација со павлака одговара одлично.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:27

Мусака со шампињони и буковка

Состојки
3 средни компири
1 главица компир
2-3 чешниња лук
1 морков
5-6 шампињони
5-6 парчиња буковка
1 шоља бел ориз
2 јајца
2 лажици павлака

Целиот зеленчук сосе печурките ги сецкам ситно и ги ставам во тава за пржење, ги пржам на маслиново и на путер, но на појак оган за да не пуштат печурките вода. Путерот нема да дозволи да изгори кромидот. И да пушти вода, што мене ми се случува понекогаш, пуштете појако и ќе испари. Зеленчукот убаво да се испржи и се додава оризот, цело време се пржи без сол и без зачини, солта ќе ја извади водата и од печурките, но и од другиот зеленчук. Откако ќе се испржи се додаваат зачините, јас додадов сосем малку сол, мешан сув зачин, шарена сол, шарен бибер, коријандер и микс за мелено месо кој го имам купено во Истанбул, ама дава неверојатен мирис на ваквите јадења кои се без месо, а треба да имаат месо. Во тавата се редат компири сечени на кругови и се истура филот, се покрива со уште еден ред компири, исто ко класичната мусака. Се залева со топла вода и се става во рерна додека да испари добар дел од водата. Водата да не изврие цела бидејќи јадењето ќе биде суво, нека има малку течности. Се матат јајцата со павлаката и се полева врз испечената мусака и се враќа да се допече уште сосем малку, да се зацрви јајцето и павлаката.

Една малку поинаква мусака која се почесто е на нашето мени, долго време не сум направила со месо. Би напоменала, шампињоните не ги мијте, бришете ги со крпа намокрена малку со топла вода, а буковката попарете ја со врела вода или доколку сте скептични само зоврете ја со морска сол.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:28

Пржени домашно маринирани печурки

Состојки
500 гр ситни печурки шампињони
5-6 лажици маслиново масло
3 лажици бел оцет
1/2 главица ситно сечкан лук
1 главица ситно сечкан кромид
1 лажичка оригано
1 лажичка мајчина душичка
1/2 лажичка сол
1 лажичка бибер во зрно

1. Печурките ги миеме и ги ставаме во вода што врие да се обарат околу 8-10 минути. Ги цедиме и ги оставаме да се изладат.
2. Во меѓувреме сите состојки, ги ставаме во тегла, ја затвораме теглата и ги промешуваме да се соединат.
3. Ги додаваме печурките, ја затвораме теглата, лесно ја протресуваме и ја оставаме во фрижидер и до 2-3 дена за да се спојат вкусовите.

Доколку сакате можете да ги послужите и вака маринирани, со тоа што треба да ги извадите од фрижидер 10 мин. пред да ги служите.
Јас ги сакам пропржени, па затоа ги истурам во загреана тава и неколку минути ги пропржувам, без да им ставам некакви додатоци.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:30

Буковка во сос од кисело млеко (може и посно)

Состојки
500гр буковка-печурки
100гр путер
1 лажица брашно
200мл кисело млеко
1 лажица сенф
1 лажица зачин
1 лажица сув босилок
1/2 чешне лук

Печурките се мијат под млаз вода и се оставаат да се исцедат. Откако ќе се исцедат убаво се бришат со салфетка и се ставаат во тава на оган во која претходно има загреано путер. Убаво се пржат од двете страни.
Во маснотијата од печурките се додава брашното и се запржува. Се додава киселото млеко, ловоровиот лист, зачините и се остава да проврие 2-3 минути. По потреба може да се додаде малку водичка. Сосот се покира со капак и се остава 5 минути покриен да се спојат зачините. Може да се користи како прилог кон печење или пак како самостоен оброк. За тие што постат мкекото може да се замени со вода.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:31

Ќофтиња од печурки со сос (посно)

За ќофтињата
500 гр свежи печурки шампињони
1 главица кромид
1 лажичка бибер
1 лажица мешан сув зачин
6-7 лажици брашно
6-7 лажици лебни трошки
2 лажички пециво
1 лажица сушен магдонос
За сос
4-5 кисели краставички
5 лажици посен мајонез
1 лажичка сенф
бибер, копар, сол по вкус
масло за пржење на ќофтињата

Ова беше нашиот неделен појадок, вкусен и лесен за подготовка, а воедно и посен.

Печурките и исчистениот кромид ги сечкаме на ситно во сечко или со нож. Ги додаваме останатите состојки и мешаме додека да добиеме смеса од која ќе формираме ќофтиња. Ги формираме и ги пржиме во загреано масло.

За сосот, краставичките ги сечкаме на ситно и ги промешуваме со останатите состојки.

Забелешка
Кога ќе ја правите смесата за ќофтиња калкулирајте со брашното и лебните трошки за да добиете мека смеса, ама од која може помеѓу дланките да формирате ќофте.
Можете да користите свеж магдонос, јас немав во моментот па ставив сушен.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:32

Пица со кромид и печурки - ундиета, ЈХ ден (посно)

Состојки
Тесто
500 гр брашно
300мл вода
малку сол (прстофат)
1 мало лажиче шеќер
20 гр свеж квасец (половина коцка) или мало лажиче сув
Фил
2 -3 главици кромид
свежи печурки количина по желба
по потреба/желба кашкавал (посен за посна варијанта)
За посипување
сув босилек или оригано

Идеја за јагленохидратен ден од унидета. Да не речете само јас ќе бидам згоднушанка на лето =))

Од состојките за тесто замесете убаво меко и малку лепливо тесто. Оставете го да стаса и повторно премесете го или промешајте со дрвена лажица. Со намастени дланки или дланки натопени во вода, тестото распределете го по тавата во која што сакате да печете. Почнете до средината и со прстите притискајте кон краевите.

Во сад со малку масло пропржете го кромидот речиси да карамелизира. Додадете ги сецканите свежи печурки и пропржете ги заедно. Оваа постапка не ја прескокнувајте. Феноменален вкус дава пржениот кромид на пицата.
Нарендајте го кашкавалот и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 15-20 мин.
Кога ќе биде испечена, наросете на пицата суво оригано или босилек и послужете ја топла.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:33

Ориз со печурки, кромид и морков - ундиета, скробен ден (посно)

Состојки
1 шоља ориз
2 главици кромид
300 гр печурки, пожелно свежи
1-2 парчиња морков
3 шољи вода
по вкус/по потреба масло за пропржување
сол, бибер, мешан зачин по желба

Идеја за скробниот ден на ундиета. Посно јадење кое можете да си го приготвите и ако не сте на диета. Здраво и вкусно.

Во длабок сад ставете малку масло само на дното да се загрее. Додадете го сецканиот кромид, пропржете го да испари водата. Додадете ги сецканите печурки и пропржете ги и нив. Количината на печурките можете да си ја прилагодите според вашиот вкус. Јас многу сакам печурки, па ставив поголема количина.
Додадете го и морковот изрендан на ситната страна на рендето, промешајте убаво и додаете го и оризот. Нека пропржи се заедно кратко време и додадете ја водата. Зачинете по вкус.
Покријте со капак и нека се вари. Од време на време промешувајте да не загори.

Доколку не сакате масло можете комплетно да го изоставите. Јас го имам приготвувано повеќе пати во длабокиот сад со рачки на Делимано и без масло не лепи воопшто. Само нека е убаво загреано тавчето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:33

Пилешко со печурки и кромид - ундиета, протеински ден

Состојки
400-500 гр маринирани пилешки гради
свежи печурки количина по желба
1-2 главици кромид
зачини по желба и вкус (сол, бибер, кари, мешан сув зачин)

Сочно пилешко, приготвено за многу кратко време. Се разбира дека е вкусно, какво е тоа прашање? =))

Во длабок сад (јас го користам длабокиот сад со рачки на Делимано) ставете малку масло. Ставете ги печурките, кромидот и пилешкото месо исецкани на парчиња со големина по желба. Промешајте и затворете со капак.
Промешувајте од време на време во текот на готвењето.
Пилешкото е маринирано, меко, нема да му треба долго време да се готви.
Оставете го да биде сочно по ваша желба. За овој рецепт не ги пропржувам посебно печурките и кромидот, токму вака ги приготвувам. Посебноста на рецептот е во сочноста.

За да заштедам на време месото го сецкам на коцки веднаш кога ќе го купам. Го делам по денови и секоја количина ја замрзнувам во кесе. Го замрзнувам сплескано, за веднаш да можам да го истурам во тавче кога ќе дојде ред за спремање.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:34

Паштета од печурки и ореви

Состојки
250 гр свежи шампињони
30 гр ореви
1 варено јајце
1/2 мала главица кромид
2 чешнина лук
по прстофат мајоран и мајчина душичка
70 гр путер
2-3 лажици масло
1 лажица крем сирење
по вкус сол и бибер
За послужување
по потреба леб
по потреба младо зелено кромидче

Печурките исчистете ги, измијте ги и исечете ги на ливчиња.
Во тава со маслото пропржете го кромидот и лукот ситно исецкани, малку колку да пуштат мирис. Потоа додајте ги печурките, мајоранот, мајчината душичка, солта и биберот. Оставете ги да се пржат 10-на минути на среден оган додека водата испари што е пуштаат печурките. Тргнете ги на страна и оставете ги да оладат.
Откако ќе оладат ставете ги во блендер и додајте ги останатите состојки, оревите,путерот, јајцето, крем сирењето и блендирајте додека се добие изедначена мазна смеса. Пробајте и ако е потребно додајте сол по вкус.
Добиената паштета ставете ја во соодветен сад и покриена оставете ја во фрижидер најмалку 1 саат да се олади. Потоа послужете ја намачкана на леб и посипана со сецкано младо кромидче.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Гостин Пет Сеп 25 2015, 18:34

Мусака од тиквички и печурки (посно)

Состојки
300 гр свежи печурки-шампињони
за полнење
100 гр горгонзола
50 гр рендан млечен кашкавал-ајдамер
1 голема лажица пармезан
неколку свежи листови босилек
по потреба путер исецен на мали коцки
малку сол и бибер ( по вкус

Пред некоја недела добив на подарок италијански кувар и парче убава горгонзола баш од Рим. Искрено секогаш сум имала предрасуди спрема овие сирења се додека не го пробав ова. Јадевме без здив додека снема во чиниите и заклучивме дека сите убави јадења се всушност многу едноставни. Подготовката за овие полнети печурки е следна

Најпрво вклучете ја рерната на масимална температура (250-300 степени)
1. На измиените печурки отсранете им ги рачките. Горните делови од печурките ставете ги во сад за печење.

2. Рачките исечкајте ги на ситни коцки. На загреана тава со малку путер ставете ги коцките-печурки малку да се пропржат додека не им испари водата. Додадете ја и горгонзолата и лажица пармезан. Почекајте филот убаво да се соедини и тргнете ја тавата од оган. Додадете малку свеж босилек, бибер и ако сакате малку сол. Со лажица ставете од филот во секоја печурка. Од горе нанесете рендан кашкавал-ајдамер и парченца путер.

3. Печете на максимална темература во загреана рерна 5-10 мин односно додека не заруменат печурките.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ Empty Re: РЕЦЕПТИ СО ПЕЧУРКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот