ПИТОМ КОСТЕН - РЕШАВАЊЕ НА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО ПАРАЗИТОИД
2 posters
Страна 1 of 1
ПИТОМ КОСТЕН - РЕШАВАЊЕ НА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО ПАРАЗИТОИД
Костенот во нашата земја го има на повеќето локации каде змејиштето и климата дале услови тој да се одгледува плантажно но и како самоникло растение... Слободно може да се рече дека Македонија нема организирано производство на питомиот костен иако има одлични природни услови за тоа. Костениовите стебла обично се самоникци на необработени земјишта ,шуми,ливади и селски меѓи а квалитетот на плодот (зрното) се оставил на случајноста т.е. костенот го разнасуваат птиците и глодарите на различни локации ,ретко се насадуваат одбрани,проверени насади кои претходно биле под третман на калемење.
Природното станиште на питомиот костен е на кисела почва , додека на базна можат да се постигнат одредени резултати ако домаќинот на калемот е цер.
Питом костен(Castanea sativa)
Сега нема да говориме за хранливите и другите вредности на костенот, но ќе се задржиме на болестиоте со кои е соочено ова растение. Многу години наназад на ова растение е положено на тешка и заразна болест рак на костеновата кора предизвикана од габичката Cryphonectria (Endothia) parasitica поради која костенот постепено го снемува од нашите шуми.Поточно, ако е нападнат од оваа болест,костенот едноставно се суши!Види фото!
Костен заболен од рак на кората
Постојат неколку типови на рак на костенот : површински, длабински и класифицирачки рак.
Површинскиот рак се одликува со ратавост на кората а стеблото на местото на заразата здебелено. Активниот рак пшредизвикува надолжни пукнатини,отворени рани и жолто-браон жаришта на плодни тела на заразната габичка.
Хемискиот третман за сузбивање на болеста е скап и нееконоимичен но и еколошки штетно. Борбта треба да се води со счење на заболените стебла, со одсечување на заразените грнки или гранчиња пропратено со постојан назор за навремена реакција.
Тинтната болест е една од најразорните болести на питомиот костен Castanea sativa. Предизвикува гнилеж на кореновиот систем ,вратот на коренот и трлеж на малдите но и на израснатите стебла на костенот. Причинителите ( P. megasperma, P. cryptogea, P. syringae, P. cambivora, P. citricola, P. cactorum i P. cinnamomi) живеат во земја ,ги напаѓаат слабите стебла преку коренот но напаѓаат и здрави стебла( не само костен ,но на списокот на оваа болест се и други билки).
Тинтна болест
На израсните стебла симптомите на оваа болест се манифестираат на листовите кои се клоротични и поситни, крошната проредена, а несозреаните плодови остануваат да висат на стеблото и после одпаѓање на листовите. По одстранување на кората убаво се гледаат темни наркози н на вратот на коренот и стеблото како да биле под влијание на пламен. Најповеќе се заразува коренот. Напролет и во есен стеблата произведуваат црн ексудат чии дамки се видливи на тлото од заразеното дрво. На младите стебла боласта може да се види и без одстранување на кората како вдлабнатинки и слабо напукнати зони на базата од стеблото. На болните млади растенија доаѓа до предвремено брзо или постепено венеење на листовите. На главниот корен се развива голема наркоза која се развива и на бочните корени се до неколку сантиметри од стеблото. Оваа болест е регидтрирана и во Македонија.
Покрај тинтната болест ,исто така многу штетна е „Sudden Oak Death” или „брзо умирање на дабот“ а причинител е уште една fitoftora P. ramorum.
Костенова оса
Оваа болест исто така прави големи штети во приносите,но исто така го ослабува дрвото поради кое тоа е помалку отпрно на други болести. Штетите од болеста се повеќеслојни: губиток во растењето што индирекно ги намалува приносите поради намалување на капацитетот на асимилацијата на болниот и смален лист , загуба во цветови(што исто така важно во производството на мед) и значително намалување на костеновите плодови.
Причинител на болеста е костеновата оса шушкарка. Насловот на оваа тема е наменет за оваа болест . Непријателот на оваа болест е природен празит кој потекнува од Кина и е единствен паразит на костеновата оса шушкарка и со сигурност се знае дека напаѓа само еден домаќин - осата шушкарка. Јапонците докажале дека овој паратозоид (Torymus sinensis ) е одличен,безбеден и ефикасен во сузбивање на болеста.
Torymus sinensis
Присуство на шушарка
Корист од внесување на врстата на нашето поднебје како исклучително корисен инсект и користење на овој паразитоид и единствено биолошко средство за сузбивање на инвазивната костенова оса шушкарка (која ги намалува приносите до 40%) многукратно ги надминува еколошките ризици до кои би мошело да се дојде поради евентуалното и досега никогаш научно докажана хибридизација на T. sinensis со автохтони видови на паразитоиди. Со биолошка сузбивање се сака да се намали густината на популацијата на штетниците а со тоа и на штетите на новата инвазивна врста која интензивно се шири во новото станиште и прави економски и еколошки штети.Ова биолошко сузбивање на една многу опака болест е започната во шумарството на Хрватска, подолго време во Италија ... и крајно е време да се спроведе и во Р Македонија.
Веритес- Број на мислења : 36
Join date : 2015-09-27
Re: ПИТОМ КОСТЕН - РЕШАВАЊЕ НА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО ПАРАЗИТОИД
Baranjeto treba da bide poddrzhano bez ogled na politichkite previranja...Ova ne smee da se ispolitizira...
И сопствениците на костени бараат субвенции
Големи површини на костеновата шума на Шарпланинскиот масив се заболени од рак на кората кој ги суши дрвјата.
Најкритична е состојбата на планинското подрачје кое припаѓа под Општина Теарце, каде е под знак прашалник опстанокот на костеновото дрвo, предупредуваат познавачите на приликите.
Од Институтот за одржлив и регионален развој Бела Виста, велат дека заштитата на костенот е непоходна. Неговиот голем корен помага во спречување на ерозивни процеси, кои се се позачестени а во костеновата шума живеат и голем број на разновидни птици и цицачи.
Жителите од Шарпланинските села, велат дека во минатотот егзистирале од плодот на костеновото дрво, кое за жал полека исчезнува.
Од Бела Виста тврдат дека проблемот може да се надмине. Најпрвин треба сопствениците на површини со костеново дрво, да ги остранат стеблата заболени од рак а потоа да засадат нови насади со костен.
Од институтот најавуваат дека ќе поднесат предлог иницијатива до собранието, овие активности финасиски да ги подржат властите.
Поради ваквата состојба и степенот на заканите од ракот, во нашето законодавство, костенот е прогласен за редок вид дрво во шума.
Гостин- Гостин
Re: ПИТОМ КОСТЕН - РЕШАВАЊЕ НА ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО ПАРАЗИТОИД
јас не сум поддржала ништо околу костенот....грешка си (ова си знае тој на кого му е наменета пораката ..нели гостин?)
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Similar topics
» МПЦ - решавање на статусот
» ГОЛЕМ Е МЕСИ
» ГОЛЕМ ПОЖАР - ИЗГОРЕ ФАБРИКА ЗА МЕБЕЛ
» ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК ,ЖЕЛБИТЕ СЕ ИСПОЛНУВААТ
» Експлозија и голем пожар кај фабриката „Треска“
» ГОЛЕМ Е МЕСИ
» ГОЛЕМ ПОЖАР - ИЗГОРЕ ФАБРИКА ЗА МЕБЕЛ
» ДЕНЕС Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК ,ЖЕЛБИТЕ СЕ ИСПОЛНУВААТ
» Експлозија и голем пожар кај фабриката „Треска“
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|