ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
3 posters
Страна 1 of 1
ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
СЕРИЈА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО СКОПЈЕ
Рано утрово во 6 часот и 58 минути во главниот Скопје и југозападниот дел од Македонија беше почувствуван силен земјотрес, веднаш по него бил почувствуван уште еден послаб.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека двата земјотреси се почувствувани во Скопје и околината.
Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.
Засега нема информации за евентуални штети во близина на епицентарот.
Земјотрес е почувствуван и во јужните делови на Косово, каде што, како и во главниот град, предизвикал вознемиреност кај населението.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Povtorno ushte posilen zemjotres vo Skopje vo 15 chasot i nekoja minutka ...nemam tochni informacii ,snema struja ,seushte nema internet i televiziite ne rabotat ,nema kablovska ...opsht haos ...site izlezeni od svoite domovi ...ednostavno sme otsecheni od svetot ...strashno ...pishuvam od mobilniot internet no nesakam da go trosham mnogu i da prebaruvam dodatni informacii ,sepak toj e ogranichen ...
Последната промена е направена од osa на Пон Сеп 12 2016, 02:55. Мислењето е променето 1 пати
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
СЕ ГРАДИ ВО ЦРНИОТ СЕИЗМИЧКИ ПОЈАС
Евентуален земјотрес во Скопје може да предизвика многу големи оштетувања на објектите во строгиот центар на градот кај Старата железничка станица и Домот на градежници, како и во населбите Карпош 1 и Порта Влае, кои се изградени врз раседно земјиште предупреди Дневник во текст од 2010 година.
Во опасност ќе бидат и повисоките згради во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода, зашто се направени врз почва непогодна за висококатници, тврди професорот во пензија на Градежниот факултет, Апостол Поцески. Професорот, кој на факултетот предаваше статика и нумерички методи, своите тврдења ги заснова врз студијата „Ефектот на почвата од скопскиот земјотрес во 1963 година“. Таа е направена во годините по катастрофата, кога се испитувал составот на земјата во главниот град и нејзиното влијание врз градбите.
Тогашните испитувања чинеле сегашни милијарда долари, а ги финансирале повеќе странски земји и југословенската влада. Се покажало дека целата скопска котлина лежи на чакал, кој некаде е длабок, а некаде многу плиток. Токму таквите разлики во длабочината може да бидат кобни при земјотреси. Студијата на Поцески во која се обработени раседите во Скопје е направена врз основа на овие податоци, а е објавена во едно од најугледните стручни списание во Америка, како и во публикации во земјава.
Процеп длабок 200 метри Испитувањата на почвата покажале дека најголеми оштетувања во земјотресот имале објектите изградени врз голем расед, односно процеп длабок околу 200 метри, кој се протега од населбата Кисела Вода до реката Лепенец. Раседот минува низ делот кај Чешма во Кисела Вода, па преку улицата пред Старата железничка станица продолжува до поранешниот плоштад Слобода кај Домот на градежници.
Оттаму преку улицата Ленинова излегува на „Партизанска“, па кај полициската станица во Карпош 1, преку Порта Влае, завршува кај реката Лепенец. – Скопската котлина е испресечена со многу раседи, но овој е најстрашен бидејќи минува токму низ центарот на градот. Најголемите оштетувања во земјотресот беа по линијата на овој расед, кој е широк десетина метри од двете страни. Не смее да се гради врз него.
Најмногу што може е да има улица, а не згради како што се направени. Дури има и висококатници. Никој претходно, а ни сега, не води сметка дека гради токму по линијата на раседот. Тоа може да биде кобно – вели Поцески. Дека раседот има влијание врз интензитетот на земјотресот докажува и фактот што по катастрофата на релативно мала површина на која тогаш се простирало Скопје имало сосема спротивни оштетувања на градбите. Односно, во одредени делови на градот штетите биле незначителни, а во други имало целосно урнати згради.
Имало и примери каде што градбите на една страна од улицата биле комплетно урнати, додека на спротивната немале никакво оштетување. Таквиот парадокс стручњаците го објасниле со специфичниот ефект на почвата, односно длабочината на чакалот. Таму каде што почвата била слаба и имала дебел слој чакал на површината, интензитетот на земјотресот бил поголем. Градете во Тафталиџе Токму поради различната почва, Поцески објаснува на кои места е посигурно да се градат повисоки згради. – Низ цело Тафталиџе немаше никакви урнатини бидејќи населбата е изградена врз плиток чакал и тврда подлога – конгломерат. Затоа предлагав, ако веќе се градат висококатници во Скопје, да се градат на потегот од сегашен „Веро“ во Тафталиџе, Капиштец, па речиси до Водно.
Наспроти тоа, повисоки згради не смее да има кај Поликлиниката „Букурешт“. Таму има висококатница изградена кратко време пред земјотресот чиј преден столб делумно се урна, најмногу поради составот на земјиштето. Во критичниот појас влегува и делот од Градски ѕид кај полициската станица „Беко“, како и околу Универзалната сала бидејќи е многу блиску до линијата на раседот. Не е препорачливо да се прават населби со високи згради во Железара и Кисела Вода.
Чакалот во Аеродром и Ново Лисиче и денеска тоне, поради што таму не треба да се градат згради повисоки од осум ката – објаснува Поцески.
За сигурноста на населбите во Топаанско Поле, Бутел, Чаир нема многу информации, зашто овие делови не се испитувале многу по земјотресот. Не се правеле ни испитувања во Момин Поток и Зајчев Рид, за каде е планирано да се градат големи населби. Сепак, Поцевски смета дека ни таму не смеат да се градат висококатници, бидејќи носивоста на почвата е помала. Професорот е револтиран бидејќи стручната јавност знае за испитувањата и резултатите од студијата, но не презема ништо за да го спречи градењето во критичните зони. – Детаљно се знае каква е почвата низ Скопје и не мора да се прават нови испитувања. Затоа во сите нови урбанистички решенија мора да се земат предвид.
Стручната јавност знае за испитувањата и за студијата, но намерно ги премолчува бидејќи веројатноста да се случи некоја нова катастрофа во скоро време е мала. Но, ова што се прави со градбите во Скопје е злосторство кон идните генерации. Нова катастрофа може да се случи за 100 години, ама луѓето сега не размислуваат за тоа бидејќи се чини далеку. Какви се овие луѓе што градат, не мислејќи на идните генерации? – прашува Поцески. СТОКАТНИЦИТЕ СЕ БЕСМИСЛИЦА Идеите за изградба на стокатници кај хотелот „Холидеј ин“ и во населбата Аеродром е бесмислица, смета Поцески. Според најавите, Владата планира да изгради три стокатници спроти хотелот во центарот на Скопје, а предвидена е и една од 125 ката во населбата Аеродром. На истата локација ќе се градат и три станбени згради од по 33 ката.
– Бесмислица е во Скопје да се градат стокатници и други високи згради. Почвата не може да издржи такво нешто. Друг проблем е што поради составот на земјиштето, станарите на овие згради многу посилно ќе ги чувствуваат земјотресите, дури и тие оддалечени 1.000 километри од Скопје – смета Поцески. #
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3560
Join date : 2015-01-13
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Страшна работа. Одамна е познато дека скопскиот регион е трустно подрачје. Искрено сум среќен што последиците се минимални и што нема човечки жртви. Исто така се надевам дека членовите на форумот од Скопје се здрави и не претрпеле никакви материјални штети.
Гостин- Гостин
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Јас сум бар ок....кај мене во населба ништо сериозно......
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3560
Join date : 2015-01-13
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Povtorno zemjotres vo Skopje vo 11 casot i 15 minuti so intenzitet od 2,9 stepeni spored rihter .....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Епа тресе цел ден..У ПМФ, веќе трет за еден ден....што е многу многу е......
_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo- Број на мислења : 3560
Join date : 2015-01-13
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
I jas toa vikam defo .. Umrev od strav...shto e mnogu e mnogu . .
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Има место за страв – не знаеме како се градело последните 20 години
15.09.2016 10:48
Општество / Јавни Простори
Teo Блажевски
Професор, д-р Михаил Гаревски за ТВ Нова даде изјава во врска со стабилноста на објектите во Скопје и околу чувството на загрозеност кај граѓаните, која ја оценуваме како недоследна:
Нема место за паника и од друг аспект, бидејќи – секогаш кога зборувам, зборувам за зградите кои што се градени после земјотресот (од 1963), а не пред земјотресот, пред земјотресот иако се дел од нив санирани се поповредливи – Значи сите овие други згради кои што се проектирани по сеизмички прописи, сите тие згради многу лесно ќе го понесат Скопскиот земјотрес (се мисли на магнитуда од 6.1, како во 1963), повторно зборам од аспект на носивата, главната конструкција…
[Извор: ТВ Нова, (од 1:44 – 2:15, мин.), Датум: 12.09.2016]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Изјавата на директорот на Институтот за сеизмологија и земјотресно инженерство, проф. д-р Михаил Гаревски е можеби вистинита ако се однесува на зградите проектирани по сеизмички прописи, но токму поради тоа е и недоследна, од едноставна причина што не е познат фактот колку од изградените објекти во Скопје по земјотресот од 1963 година, се проектирани и изградени според вакви стандарди. Оттука, недоследно е да се говори дека се е во ред, ако на јавноста не ѝ е познат тој факт.
Впрочем, самиот Гаревски, неколку пати во свои изјави во јавноста во последните години ја прави таа фина дистинкција за периодот од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век, па сè до пред две години, кога со измена во Законот за градење се внесе строга обврска за почитување и спроведување на проверката на асезимичноста на објектите.
После скопскиот земјотрес на ниво на град Скопје, имаше препорака да не кажам и закон, сите објекти да дојдат во Институтот на ревизија. Но, некаде кон крајот на 80-те почетокот на 90-те таа регулатива некако исчезна...
Во моментов објектите кои се градат во Македонија се перфектни, и токму поради оваа ригорозна контрола којашто ја нема во овој регион, мислам дека градиме најсигурна градба во целиот регион, да не кажам и во Европа. Во филозофијата на проектирањето е зградата, да не смее да падне, односно да нема жртви, а оштетувања ќе има за некој катастрофален земјотрес. Значи сите овие новите објекти, во последните две години бидејќи правиме контроли, ми се чини дека скопскиот земјотрес ќе го издржат буквално на шала (Интервју на Гаревски за Агенциијата Марил).
ПРОФЕСОРИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – ИЗМИНАТИТЕ 20 ГОДИНИ ИМА ОТСТАПКИ
Јавноста, особено во Скопје, е сведок што се случувало овие дваесетина и кусур години „законска пауза“ на дел од стандардите за градба за која зборува професор Гаревски. Таа тоа постојано го гледа онаму каде што има дивоградби, онаму каде што е неприродно претрупано (Дебар Маало и Централното градско подрачје плус подножјето на Водно) и во колективните станбени објекти каде што граѓаните постојано се жалат дека сопствениците на становите често вршат внатрешни реконструкции, а куќниот совет, т.е станарите не знаат дали се урива некој важен потпорен ѕид или дел од греда што ја држи конструкцијата.
Професорот од Градежниот факултет при УКИМ, д-р- Горан Марковски, кој што е и претседател на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, неколку пати во изминатите години предупредуваше и прашуваше дали „сме го заборавиле земјотресот од 1963“:
Иако се знае дека квалитетните конструкции се единствената гаранција за заштита од влијанијата што дејствуваат врз објектите, меѓу кои спаѓаат и оние од земјотресите, кои во Македонија ги имало и ќе ги има, за жал, сведоци сме на чести архитектонско-инженерски авантури врз постојните и новите градби, на конструкции со грешки во нивниот генетски код, на употреба на материјали со непроверен квалитет, на вградено незнаење, аматеризам, шпекулативност. Преокупирани единствено со урбанистичкиот аспект на градењето (кота на венец, габарит, катност, површина на изграденост, паркирање и др.) дозволивме „никнување“ на голем број на т.н. конструкторски дивоградби, чие постоење претставува непосредна опасност за безбедноста на граѓаните (Колумна во „Дневник“ од 2010).
Две години подоцна, во 2012 во воведникот на стручното списание „Пресинг“, Марковски е уште подециден:
Објектите со генетски грешки во конструктивниот систем бодат очи, застрашуваат, предупредуваат, разочаруваат, влеваат недоверба. Во струката, во општеството, во системот, во нас. Неподносливата леснотија со која сé почесто се применува, за сеизмички активни подрачја непрепорачливиот, безгредов систем на градба, бескрупулозните, нестручни, насилни и храбри (од незнаење) адаптации на станбениот и деловниот простор, објектите со колосални димензии опасно надвиснати над стрмни падини, доградбите и надградбите, а понекогаш и доградби на надградбите на постојните трошни згради и сличните градителски авантури, стануваат наше секојдневие. За жал, поголем дел од нив иницирани и формално одобрени од страна на надлежните институции. Од оние кои се задолжени за спротивното. За гаранција на квалитетот.
Слично предупредување дава и професор Мирослав Грчев, исто така од Градежниот факултет, кој, за волја на вистината, како поранешен градоначалник на Центар беше обвинуван во јавноста и од политичкиот противник ВМРО ДПМНЕ, за почетокот на урбанистичкиот хаос во Дебар Маало:
…Колку овие добри сознанија од науката потоа се применуваат во целиот процес на изградба, од планирањето до изградбата, тука немам толку добри зборови, тука постои токму обратната тенецнија…нарочно со независноста почна декапацитирање на институциите на државата…сега тие институции на државата се практично во служба на коруптивното градење, на погрешното градење, на непочитување на сите овие стандарди…(24 Анализа, 12.09.2016, некаде од 11-12 минута).
Во истата анализа и Грчев и професор Вера Чејковска, раководител на Сеизмолошката лабораторија при Природно-математичкиот факултет на УКИМ, предупредија дека во изминатите дваесетина години не се води сметка ниту за мапите со составот на земјиштето во Скопје, при правење на генералниот и на деталните урбанистички планови од страна на државните и општинските органи, пред сè, поради партизацијата и депорофесионализацијата, и интересите на профит и на капиталот.(од 78 до 80 минута)
ЗАКОН ЗА ГРАДБА МЕНУВАН 20 ПАТИ ЗА 10 ГОДИНИ!
Впрочем, еден факт многу зборува за тоа дали треба да постои страв или паника кај луѓето од апсект на тоа дали нивните објекти на живеење се безбедни од земјотреси. Оваа материја како што е познато се уредува со Закон за градење. Како што напоменуваат стручните лица, вклучувајќи го и Гаревски и Марковски, делови од тој закон и прописите или правилниците како подзаконски прописи во врска со сеизмичноста, исчезнале некаде кон крајот на осумдесетите, а Република Македонија со до 2005 година нема напишано нов, прилагоден на новите услови Закон за градба. Првиот документ е донесен во 2005 година.
Дури во 2005 се донесува првиот Закон за градењето во независна Македонија, иако уште десетина години претходно беше изготвен квалитетен текст. Меѓу последните во Европа се формира Комората на овластени архитекти и инженери, преку која им се издаваат овластувања на учесниците во градбата со кои се потврдува нивната острученост за изведување одредени дејствија во процесот на градење…(проф. Марковски, колумна од 2010 во Дневник)
Она што јавноста треба да го знае е дека ова е законот кој најчесто е менуван во последните 10 години, за од 2009 да биде донесен нов, а потоа, по потреба е кроен и прекројуван, понекогаш и по неколку пати годишно од страна на парламентарното мнозинство. Впрочем, скриншот подолу од веб страната parvo.org.mk, говори сам по себе:
Правниците толкуваат дека пречестите измени на законите се основа на правната несигурност во државата. Ако е така, таа се одразува и на несигурноста на граѓаните, во смисла дали се применуваат стандардите и нормите или дали намерно се отстрануваат и од законот за потребите на профитот на приватниот капитал.
Секако, со сигурност се знае дека барем една од измените, онаа од 2013 година, со која се носи обврската за задолжителна проверка на асеизмичноста на сите објекти со бруто површина од над 300 квадрати од страна на стручно-научна институција (ИЗИИС), е корисна и влијае на севкупната безбедност на граѓаните.
Поради аргументите искажани погоре од стручните лица, изјавата на професор Гаревски дека нема место за паника за објектите градени по 1963 година, ја оценуваме како недоследна, од едноставен аспект што не знаеме колку од тие објекти градени до 1990 до 2013, се градени според асеизмични стандарди. Впрочем, ќе повториме, самиот Гаревски го вели тоа и при други, постари изјави во јавноста:
Колку старите згради би издржале посилен земјотрес?
– Ние гарантиираме за новите згради што се градат од оваа година па натаму (Интервју на Гаревски за „Вечер’ во 2014 г.)
Оценил: Teo Блажевски
http://okno.mk/node/58614

strasmo bese ama ko ke poglednes maqlku ne rzazdrma od ucmaenosyt.
Гостин- Гостин
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
tebe bre delta ti treba zemjotres za da te razdvizi ....
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16563
Join date : 2015-01-11
Re: ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ
Мислам дека
и на останатите
од форумов добро
им дојде земјотресот
да ги освести .
и на останатите
од форумов добро
им дојде земјотресот
да ги освести .
Kalinda- Број на мислења : 495
Join date : 2015-02-28
Similar topics
» ЗЕМЈОТРЕС ВО ....
» ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА
» МАСАКАР ВО СКОПЈЕ
» НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ
» Скопје колапс.....
» ЗЕМЈОТРЕС ВО ГРЦИЈА
» МАСАКАР ВО СКОПЈЕ
» НЕВРЕМЕ ВО СКОПЈЕ
» Скопје колапс.....
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|