ELEN
Страна 1 of 1
ELEN
Обичен елен, нарчен и благороден елен, ридски елен или црвен елен (науч. Cervus elaphus) — еден од најголеимте видови од родот на елените (Cervidae). Живее ширум Европа, Кавказ, Мала Азија, Иран, делови од западна и средна Азија. Присутен е и во пределите на венецот Атлас, помеѓу Мароко и Тунис во северозападна Африка, како единствениот вид елен на тој континент. Доведен е и во други краишта, како Австралија, Нов Зеланд, Перу, Уругвај, Чиле и Аргентина.[2][3] Во многу делови од светот, животното се одгледува заради месото (често неисправно наречено „срнешко месо“).
Во Македонија, обичниот елен некогаш бил автохтон на ридските и планинските предели (оттаму и се нарекува „ридски елен“), но постепено исчезнал на највеќето места. Денес е повратен на повеќе места, особено националните паркови и ловните резервати. Покрај ова, примероци од животното можат да се видат во скопската и битолската зоолошка градина.
Животното спаѓа во подредот преживари и има четириделен желудник. Генетските наоди укажуваат на тоа дека обичниот елен всушност претставува видова група (комплекс) наместо единствен вид, иако останува да се види колку вида спаѓаат во истата.[4][5] Сродниот американски лос (вапити) од северна Америка и источна Азија традиционално се смета за подвид на обичниот елен, но поновите истражувања го одвојуваат како посебен вид. Веројатно предеокот на сите црвени елени (вклучувајќи го американскиот лос) потекнува од средна Азија и наликувал на дамчестиот елен (сика).[6]
Иако некогаш обичниот елен бил редок во Европа, никогаш не бил близу изумирање. Денес таму е многу поброен поради напорите за негов повраток и заштита на животната средина, додека пак во други краишта како Северна Африка неговата бројност продолжува да опаѓа.

Teo- Број на мислења : 5093
Join date : 2016-11-25
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот