СТРУМИЧКА БАКЛАВА
Страна 1 of 1
СТРУМИЧКА БАКЛАВА
Струмичка баклава
Струмичката баклава е сосема различна од било кој друг крај во Македонија. Навидум едноставна, но со единствен вкус кој никогаш нема да го заборавите.
Денес поретко се прави во изворна форма заради променетите услови на живеење.
Баклавата во старо време се подготвувала дома, но печењето било резервирано за познатите фурни во градот.
Се правела во огромни тепсии кои се носеле на фурна, а тепсиите морале да бидат калајдисани.
Секое семејство поседувало такви тепсии со различни големини, или барем една.
Баклавите ги правеле нашите баби и прабаби и наназад до којзнае кои времиња…
Но, дојде време кога жените почнаа да се вработуваат, а и кога почнаа да се продаваат готовите кори кои сменија многу работи…
И тогаш, една мала итрина почна да се применува, се мешаа корите. Ќе се усукаа неколку, оти се нема време и другите ќе бидат од готовите. Се разбира, секогаш кога се можело се сукало и се сука...
Баклавата се правела за Нова година, а кој сакал правел и за Божик, но бидејќи за Бадник се правела сарлиита, се собирале две баклави. Кој како милувал…
Оваа традиционална баклава, сеуште се прави и за свадби при што сите блиски роднини носат своја баклава. Потоа се прави и за пречувување куќа, кога се канат гости за вселување во нов дом.
Денес може и брзински да се направи со готови кори, но саксот или мастик е задолжителен за нашата баклава кој и дава еден необичен, чудесен вкус.
Цел живот ја правам само оваа баклава, сите други, пробани, убави, но си останав верна на оваа убавина...А да, и сарлиита ја правам, но само формата е различна, станува збор за ист вкус...

Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: СТРУМИЧКА БАКЛАВА
Состојки
1 кг кори (доколку не сукате)
350-500 гр ореви
200 гр гриз
150 гр масло за готвење
150 гр маргарин или путер
2 ванили
неколку зрна сакс-мастик
За шербет
1,5 кг шеќер
малку помалку од 1 л вода
1 лимон
1 кг кори (доколку не сукате)
350-500 гр ореви
200 гр гриз
150 гр масло за готвење
150 гр маргарин или путер
2 ванили
неколку зрна сакс-мастик
За шербет
1,5 кг шеќер
малку помалку од 1 л вода
1 лимон
Luxor- Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02
Re: СТРУМИЧКА БАКЛАВА
Подготовка
1. Најпрво ги подготвувате оревите, мора да се сечени долгнавесто и тенко.
2. Гризот се пржи во многу малку зејтин, а во него се додава ванилата и толчениот сакс.
3. Дното на плех бр.32 се мачка зејтин, се редат корите една врз друга. На секоја се става зејтинче и гриз со ванилата и саксот измешани, а на секоја втора или трета и ореви. Долните и горните неколку кори оставете ги без ореви.
4. Сечењето е многу важно, се сечат самси, а во средина овој пат е сечена и до центарот, затоа што ова е мал плех за баклава, таа се прави во огромни тепсии и тогаш средината останува цела ѕвезда. Во овој плех, ѕвездата би одзела многу простор.
5. Полијте ја со растопениот маргарин.
6. Потоа се пече околу еден час, покриена со фолија на почетокот.
7. Кога ќе се излади, се полива со шербет од 1,5 кг шеќер и помалку од 1 кг вода, ванилин шеќер и кругчиња лимон при крај…
Неколку важни напомени, каква треба да биде баклавата
- Баклавата треба да биде “бела”, никако не смее да изгори, таква е нашата баклава, треба да биде златна боја.
– Треба да се “сипа”, е што значи тоа, само струмичани знаат…Тоа значи да биде ропкава, така некако му доаѓа…
– За оние пак кои сакаат помека баклава, треба да се полие пред да биде готов шербетот, значи два пати, а кога ќе почне да се влече како конец од лажицата, или кога ќе се прават меурчиња, тоа значи готов е и се полива остатокот.
- И треба да има сакс, без него, не е струмичка баклавата.
Искрено да си кажам, јас сум од оние кои сакаат мека баклава. Со години, кога ќе налетав на таква на свадби, скокав и велев, е таква ја сакам, мека, и сите ме гледаа чудно…
Знам дека многумина нема да се сложат, но за вкусовите не се дискутира, нели?
Направете ја по ваш вкус, сепак нема никакво строго правило и уживајте во празниците!
Среќна Нова година и Божиќ!

Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|