Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Грујо реши да апси....

3 posters

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Грујо реши да апси.... Empty Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Мај 23 2016, 21:13

Како што спинуваа владините мегафони, и овдешниот форумски шут, навистина Грујо се реши да апси се што на било каков начин е против него. Реши дури и како Сталин, да ги собира во затвор сите оние кои кажувааат вицови за него.

Гордан Калајџиев на информативен разговор во полиција

Гордан Калајџиев, прeтседател на Хелсиншкиот Комитет на Македонија и професор на Правниот факултет на УКИМ, утрово во 9 часот е повикан на информативен разговор во МВР, во врска со негово учество на протест на „шарената револуција“. Поканата за информативен разговор му ја предале полицајци, кои со службено полициско возило го дочекале пред неговиот дом, кога тој со синот се враќал од прошетка низ градот.

И колку да се види, колку сме демократија.....
Како причина за поканата за разговор, буквално стои 'учество во протести'. Учеството во протест не е уставно забранета категорија.

И ево што било побарано од проф. Калајџиев
Полицијата од него барала да идентификува уште 15 други лица кои учествувале во фрлањето боја, а кои се гледале на видео-снимките. Калајџиев тоа го одбил. Според информации на ДВ, меѓу 15-те лица кои се гледале на снимките повеќето биле јавни личности.
Од Калајџиев барале да идентификува 15 лица кои фрлале боја фатени од окото на Чавков, тој одбил

И тука имаме прво еден срдечен поздрав за ДПМНЕ, за повторното ставање во функција на МВРО, и прашање па дали се нормални????

И малце покасно добивме и одговор на тоа прашање:
Paководителот на Мемоар Кафе е повикан на информативен разговор во Беко, претресуван до гола кожа, одземен му е телефонот за да се провери кој ги организирал свирките на Белизе бенд со песни во кои се навредува неговото височество и добил забрана за повторно собирање од тој вид.
Фејсбук статус на Ирена Ристиќ
И Белизе бенд проблем за власта


Апсете, бе ви се може, и по 101 пат повторувам, (се извинувам), денес е гордост да си повикан од полиција на информативен разговор.........да си во притвор...И како што вика народната што било поминало, што ќе биде ќе помине.


Последната промена е направена од defo на Пон Мај 23 2016, 21:15. Мислењето е променето 2 пати.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Мај 23 2016, 21:14

И специјален поздрав до раководството на ДПМНЕ

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Мај 23 2016, 21:24


_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Вто Мај 24 2016, 11:58

Професрот Калајџиев беше повикан во полицијата за да му се врачи мандатен платен налог за прекршок од членот 33 од Законот за јавна чистота во износ од 50 евра во денарска противвредност поради опоганување со боја на јавни површини. Доколку протестираше цивилизирано никој не би го задевал. Казната може да му биде заменета со општествено корисна работа. Изборот е негов. Фарбање, пишување на графити по ѕидови, фрлање на камења и други идиотлаци што ги применуваат разни пубертетлии меѓу кои изгледа е и несозреаниот професор не се дел од дозволениот вид на протести. Тоа можеше да се прогледа низ прсти еднаш, но очигледно е дека некои ментално заболени личности колку повеќе им се попушта толку повеќе се силат, а тоа енаш мора да го пресече власта. За да не мора народот да ја земе правдата во свои раце и да се пресмета со идиотите кои сакаат да офарбаат дел од нашата историја. Тој пред формирањето на СДСМ, односно пред македонските комунисти да си го сменат името и да станат слуги на неофашистите од САД и ЕУ. Па затоа се фарбаат споменици од античкиот период до НОБ како и згради со фасади какви што имаше во Скопје пред земјотресот.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Сре Мај 25 2016, 22:11

Наместо навечер, демонстрантите на „Шарената Револуција“, утрово се собраа пред полициската станица Беко. Причина, поддршка за извршната директорка на Хелсиншкиот Комитет, Уранија Пировска и универзитетската професорка, Мирјана Најчевска, кои беа повикани на информативен разговор за учество на протестите.

Пировска изјави дека признала дека фрлала боја врз институциите, но истакна дека не се чувствува виновна.

Професорката Мирјана Најчевска го бојкотираше распитот, и во знак на револт фрли боја кон полициската станица Беко.

Пировска и Најчевска заработија парични казни во висина од 50 евра поради тоа што за време на протестите на „Шарената револуција“ фрлале боја врз институциите. Казна од 50 евра, пред два дена доби и претседателот на Хелсиншки Комитет Гордан Калајџиев. На информативен разговор е повикан и активистот на движењето „Протестирам“, Замир Мехмети.

Инаку, пред полициската станица Беко полицијата спречи инцидент помеѓу членови на „Протестирам“ и неколку млади момчиња кои носеа транспаренти на кои беа испишани пароли против Најчевска и Пировска.
Денес на ред беше Најчевска и Пироска......Браво за Грујо........Џабе бе брат никој не ти се плаши апси слободно......
Грујо реши да апси.... CjSm7D7WkAEwFvf

После оваа слика во државава се прашувам, постои ли социјален работник, постои ли обвинителство???? МВР(МВРО), слепо ли е.........Очај...

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Чет Мај 26 2016, 13:39

А кој тоа е уапсен? Такво нешто има само во вашиот болен свет во кој живеете. А зошто не се апси види одговор што го дава еден странец во своето интервју ОВДЕ. Нормално би било умоболни опасни по околината да се изолираат не во затвор туку во други установи. Но тоа го посакуваат тие што ги плаќаат идиотите што фарбаат во обид да ни го сервираат Украинското или ИСИЛ сценариото. Освен исламистите на Даеш или украинските фашисти никој друг во цивилизираниот свет не се однесувал како тоа го прават пубертетлиите и идиотите во Скопје.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Чет Мај 26 2016, 18:58

Ајде да напишам и дека има време за апсење. Апсолутна застареност за оштетување на објекти од национално културно значење настапува по најмалку 6 години. Па има време за апсење на криминалците што тоа го прават. И за наплата на штетата. Сите домашни предавници масовно ги плаќаат сметките откако нивниот газда ќе си замине. А тоа може да се случи и со смена на власта во САД. Сигурно е дека вакво идиотско однесување какво што имаме секојдневно на скопските улици не може да помине неказнето.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Гостин Чет Мај 26 2016, 19:04

Какво бре национално културно значење. Обичен кич со кој го затрупавте Скопје за да украдете 600 милиони евра.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Чет Мај 26 2016, 21:06

Не го оспорувам правото да имаш индивидуално мислење но одлучува мнозинството и се почитува законот. Тоа мнозинство од кое побегнавте од избори и на 24 април и на 5 јуни. Изгледа дека Бејли ви нареди да почнете да протестирате цивилизирано, па денес немаше фарбање на објекти. Само што напишавте на улица „Колку чини слободата?“ според насловот на една колумна од Никола Младенов, Бог да го прости. Во која тој напиша „Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници. И тука, нема компромис!“. Реченица многу соодветна за Џорџ Сорос и Бејли кои сакаат луѓе со свиткани кичми, како што во една изјава кажа црпнатиот ви од нива во Муртино ваш лидер.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Гостин Пет Мај 27 2016, 10:36

Koe bre ministerstvo??? Ona preku koe gi ukradovte tie 600 milioni???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Саб Мај 28 2016, 22:25

Teo напиша:Koe bre ministerstvo??? Ona preku koe gi ukradovte tie 600 milioni???
За такво нешто дури ни вашето обвинителство нема воопшто подигнато обвинение, да не зборувам за докажување на суд. Иначе за целиот проект Скопје 2014 не се потрошени толку пари. Иначе ако го следиме налудничавото однесување на соросоидите, што треба да се направи со Глобал во Струмица според тебе?
Патем, никој не е уапсен освен тие што крадеа и уништуваа инвентар во канцеларијата на претседателот на нашата држава.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Гостин Нед Мај 29 2016, 00:06

Sleduva obvinenieto Trendafile...A tvojot pastir kje go krka debelo za krazhbata na tie 600 milioni...I prestani da lazhesh...

„Скопје 2014“ досега проголтал над 560 милиони евра јавни пари

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Пон Мај 30 2016, 20:14

Изгледа дека не си го прочитал текстот или си користел шарени очила од кои ти се завртело во главата. Дури и во текстот што го цитираш нема обвинување за криминал. Не е забрането да се гради. Манипулација е дека сите објекти во центарот на престолнината на Македонија се дел од проектот Скопје 2014. Сите знаеме дека тоа што е направено во најголем дел е одговор на идиотскиот однос на чадорскиот дел од меѓународната заедница кои сакаат да не принудат да си го промениме името и идентитетот. Да имаш со што да размислуваш тешко дека би направил конструкција дека од наводни 560 милиона евра се украдени 600. Што не е можно затоа што има објекти кои постојат и кои сигурно не се бесплатни. Така се крадеше во времето кога СДСМ беше на власт, кога парите не влегуваа во буџетот туку некој си ги делеше во готово.
Проектот Скопје 2014 е прифатен од мнозинството граѓани. Токму затоа и со секое опоганување на објектите и спомениците ви паѓа рејтингот, па и чадорската меѓународна заедница дигна раце од вас како неупотребливи за нивните погани цели.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Мај 30 2016, 21:39

Возачот Џовани и пикапот на Шарена револуција се приведени во полициска станица Пролет во Скопје. Сите пред станица! Да се ослободат ВЕДНАШ!

Сега разбрав, дечки се гледаме, се враќам јас накај центар пак...мора да се стави крај на ова...Срамотилаци............

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Мај 30 2016, 21:43


_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Вто Мај 31 2016, 07:56

Чавков го собра чаталот, и што ќе направиме нов, не е проблем........Абе боја се мие, образ не....Чавков.............Останав вчера на протест до кај 12.30, фини луѓе можеш да запознаеш...........

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Вто Мај 31 2016, 19:14

Грујо реши да апси.... CjyJdo-UoAATn7H
Еве го пленот на Чавков и МВР........Опасно оружје.......

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Вто Мај 31 2016, 19:20

Пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, демонстрантите со овации го поздравија шоферот Џовани, кој вчера до доцна вечерта беше на распит во полициската станица „Пролет“.

Нему му се заканува кривична пријава поради „муницијата” на Шарената револуција, а полицијата го товари дека сторил кривично дело оштетување на туѓи предмети.

Ајде мајка, и кривична кркал....немај гајле Џовани кога ќе се смени власта, ќе биде претопен, воинот на коњ и на негово место ќе биде поставена твоја статуа, како жртва на еден гнасен режим.
А на местото на шмизлите ќе ги поставиме дечките од Левица.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Вто Мај 31 2016, 22:12

Треба да научите еднаш дека не можете да фарбате нешто што е направено со мои пари. Дека тоа е криминал и мора да се казни според законот. Ако Заев е амнестиран за Глобал, не значи дека е амнестиран за се што ќе посака и дека се амнестирани и тие што веруваат дека е црпнат од нива во Муртино, односно сите од неговата секта. Нормални ли се вашите лидери кога мислат со вакво оружје без избори да дојдат на власт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by reiter Вто Мај 31 2016, 22:18

zakon????sto bese toa zakon vo Makedonija??za kogo vazi zakonot za onoj sto prodavase maruli?za onoj sto ukrade kebapcinja?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Вто Мај 31 2016, 22:59

трендафил напиша:Треба да научите еднаш дека не можете да фарбате нешто што е направено со мои пари. Дека тоа е криминал и мора да се казни според законот. Ако Заев е амнестиран за Глобал, не значи дека е амнестиран за се што ќе посака и дека се амнестирани и тие што веруваат дека е црпнат од нива во Муртино, односно сите од неговата секта. Нормални ли се вашите лидери кога мислат со вакво оружје без избори да дојдат на власт.

Биди среќен што е само фарбање...можеше да бидат и опколени со ТНТ и кренати во воздух...Трендо, сфати сами го подгреваат твоите гавази револтот..до сега одев 2-3 пати неделно на протести сега ќе почнам секој ден.....до сега ниту еднаш не сум фрлил на некоја институција со боја, сега ќе фрлам....Пошто едноставно бе ситe граници ги поминавте.........Taка да апсете, оди кажи им во штаб за форумов(сем ако ти самиот не си штапски бот, еден јузер повеќе корисници)..кажи им има еден Дефо, треба да го уапсиме...смета дека Грујо е нечовек, идиот, кој и еба мајка на Македонија.



П.С Ти пишав на друга тема, твоите внуци и правнуци, кога ќе разберат што човек си бил...ќе ти се мочаат на гробот.....е до толку нема да те почитуваат па ти сега мисли му ја...............
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Сре Јун 01 2016, 22:21

Бидејќи Македонија е демократска земја за искажан збор не се апси. Но не можеш да уништуваш објекти изградени со мои пари кога ќе посакаш а да не ја надополниш штетата. Твоето мислење е твое лично мислење, но на крај, на избори победува мислењето за кое ќе се определат повеќе гласачи. Не верувам дека воопшто некој ќе моча на гробот на некој што поддржувал покачување на БДПто за една третина за 10 години, намалување на невработеноста за исто така една третина, што поддржувал изградба на автопатишта, пруги, аеродроми, болници, амбуланти, театри, музеи, спортски сали и стадиони, споменици, фонтани и да не набројувам повеќе.
Иначе со оглед на тоа кои ви се наредбодавачи и газди дури и ми е чудно што до сега не сте дигнале во воздух некој објект во врска со значајни историјски личности или настани. единствена причина што не сте го направиле тоа е затоа што сте свесни дека по таков потег многу брзо би биле тотално елиминирани, па фашизмот уште го фарбате шарено.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Гостин Пет Јун 03 2016, 17:21

трендафил напиша:Бидејќи Македонија е демократска земја за искажан збор не се апси. Но не можеш да уништуваш објекти изградени со мои пари

Bravo Trendafile...Konechno si sfatil deka pastirot te krade...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Пон Јун 27 2016, 22:05

Изгледа дека како слуги на некои западни земји. за кусо време сепак ќе си платите за тоа што го направивте. Се случуваат интересни работи во регионот. Земјите низ кои треба да минува патот на свилата и рускиот гасовод, а се членки на ЕУ, беа против воведување на санкции по предлог од Велика Британија и Германија кон Македонија. Ердоган упати писмо до Путин во кое покајнички се извинува за соборениот руски авион. Србија ги добива првите руски хеликоптери. Очигледно доминацијата на вашите газди е во нагло опаѓање во регионот. Е кога ќе останете без чадорот секој ќе си плати за секое злодело што го направил.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11183
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Јун 27 2016, 22:09

Добро бе после цели 2 дена му реплицираш, и тоа ај шо му реплицираш него и истото што го зборуваше пре 6 недели пак јово на ново.

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3487
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот