Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Грујо реши да апси....

3 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Јун 27 2016, 22:13


_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Пон Јун 27 2016, 22:32

Полицијата вечерва по протестот на Шарената Револуција ги привела активистите Павле Богоевски и Симона Спировска, дознава НОВА.

Приведувањето беше направено со десетина припадници на полицијата и неколку возила околу 21.30 часот. Некои од минувачите реагираа на приведувањето а полицијата ја блокираше и крстосницата кај Тифани.

Активистите се наоѓаат во полициската станица Беко и дел од демонстрантите веќе на социјалните мрежи се организираат за да се упатат кон полициската станица, за да им дадат поддршка.

Ова е второ приведување за Богоевски, кој неодамна беше уапсен и однесен во полициската станица „Пролет“, но кратко потоа беше пуштен.


Апсете ако, си ј покажувте својата слабост. Дека сте немоќни пред ударот кој ви го нанесуваме. Свесни сте дека веќе никој не верува на вашите медиуми. Свесни сте дека ќе ги осетите ќелиите во Идризово, ќе се влечете по судовите.


А во меѓувреме целиот циркуз завршува само со прекршочни пријави.
Ослободени Спировска и Богоевски
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Вто Јун 28 2016, 07:58


_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Вто Јун 28 2016, 21:27

БЕТМЕН ВЕЛИТ: И сега што?


Она што недостигаше кај шарените слободари беше широкоста на поимањето на правдата и слободата. Тотално го исклучија фактот дека „та не се саде тие“, иако се саде тука. Дека во Македонија има и други граѓани кои не се идентификуваат со групата која во бројка од 500-1000 луѓе два месеци низ Скопје се мрсулавеше врз фасади и споменици кои ги детектираа за симбол на нивниот непријател
Два дена после обидот за зџигерувањае на милиот Прометеј од страна на она што некој го нарекува Шарена револуција, „револуционерите“ ги доставија своите барања во новонастанатата ситуација.

Да одиме со ред: Прво, која е новонастанатата ситуација? Океј. Се сеќавате ли на еден ултиматум кој го упатија револуционерите пред две недели? Па одбројуваа денови до моментот кога ќе си ја земат слободата и правдата во свои раце? Ги шараа улиците со бројки кои означуваа денови до ултиматумот, едновремено потсетувајќи дека „ништо веќе нема да е исто“ и дека ќе ја радикализираат интонацијата на нивните протести? Па после, откако ултиматумот дојде, пројде и беше одложен за 2 дена, некако испадна да одбројуваат не само денови по ултиматумот туку и автобуси кои СДСМ ги организираше за да присуствуваат на големиот т.н. граѓански собир, додека „револуционерите“ се спремаа за земање на правдата и слободата во свои раце? Се сеќавате? Одлично.
Ултиматумот помпезно најавуван, како и многу други помпезно најавувани работи во минатото од истиот „центар“, откако имаше неславен крај („дај бе дозволете ни да го урнеме Прометеј, па ќе си идеме“, како што извика еден револуционер кон полицајците) предизвика непријатна декомпресија за луѓето кои некако веројатно очекуваа големо финале на револуцијата, откако претходно си го припишаа кредибилитет на „граѓанство“, во меурот во кој живеат, во стакленото ѕвоно во кое одекнуваат само нивните зборови и добиваат на амплитуда, чувствувајќи дека ете, токму нив, на тие славни сограѓани им се паднала светата обврска да го носат факелот на граѓанските права и слободи во Македонија денес.

Притоа, она што недостигаше кај шарените слободари беше широкоста на поимањето на правдата и слободата. Тотално го исклучија фактот дека „та не се саде тие“, иако се саде тука. Дека во Македонија има и други граѓани кои не се идентификуваат со групата која во бројка од 500-1000 луѓе два месеци низ Скопје се мрсулавеше врз фасади и споменици кои ги детектираа за симбол на нивниот непријател.
Веројатно мислеа дека кога ќе дојде денот за големото финале, автобусите на СДСМ ќе се доволни за да го демонстрираат нивниот сенароден импакт и дека така ќе се легитимираат како она кон што реторички се стремеа 2 месеци - загрижените граѓани на Република Македонија кои правдата решија да си ја земаат во свои раце.

СДСМ веројатно мислеше дека некако ќе им пројде проѕирната приказна дека тие се партија која го слуша гласот на народот, а народот во моментов чудно но вистинито, има исти барања како и најголемата опозициона партија.

Што се случи после денот Д? Иако обично барања после битка доставуваат победниците, во стаклените шарени ѕвона во Македонија денес полесно е да се прогласи победа иако не е извојувана, па да се достават новите барања. Новите услови.
Првите новинарски пера и активисти на СДСМ, во таа за нив траорна декомпресија на разочарување после „пропуштената шанса“ да се падне Прометејот, отворено признаваа дека 95% од масата на протестот била дело токму на опозициската партија. Сепак, тоа не беше причина СДСМ да не го продолжи „пали смо са Марса“ однесувањето и, веројатно утре да одржи прес конференција на која ќе ги поддржи новите барања на шарената завеса од граѓанство зад кое стои централата од Бихаќка.

„Шареното“ граѓанство пак, во налет на, од самите нив креираниот напумпан моментум, посегна не само по „демаскирање“ на т.н. режим, туку и кон физичко рушење на истиот. Во бајковидните планови на „шареното гражданство“, со падот на Прометејот ќе се пратеше менталната скица дека и нарачателот на прометејот паѓа, па ќе беше полесно да се прогласи победа, иако би била „извојувана“ со масовност режирана од партијата која се сокри под сукњата на дел од граѓаните кои мислат дека се единствени во Македонија.

Но домашниот есап на пазар не излегува. Како да се справиме со новата реалност дека револуцијата е демаскирана и дека и за децата од предучилишна возраст е јасно она што јас го трубам од прв ден? Дека анфорчунатли сето ова е дел од мозаикот креиран негде другде според кој ќе се симулира граѓански отпор кој цело време ќе е логистички крепен од партија? Партија која на крај на денот, ќе го собере „кремот“ на победата бидејќи е политичкиот субјект кој ги поддржува граѓаните со кои чудно но вистинито има идентични ставови?
Никако не треба да се справиме. Тие продолжуваат да играат „на тошо“ иако се прочитани - и не се победници. Сега, по најново, „граѓаните“ доставија нови барања (да, да!) во кои бараат од Собранието кое го шлакаа со бои 45 пати изминативе два месеци да престанело со работа сè додека не се вклучат граѓаните (ерго Шарените) во преговарачкиот процес. Демек, легитимитетот е веќе изборен и потврден, сега е време да се валоризира. А изборен е со уништување фасади и други видови деструктивност, а потврден е, нели, со 80 автобуси од надворешноста и сето активно членство на СДСМ од Скопје. И чао. Ќути трај, ќе се правиме „на тошо“.

Секако, не смеам да ја заборавам и онаа група на мене мили граѓани кои искрено и автентично излегле на улица да демонстрираат отпор кон она што ними им пречи, а притоа да не се поведени од партиски агенди, туку од принципи и поимања на права, правда и слобода. Но, тие се поклопени, како што со месеци пишувам, од партиските агенди кои сакаат да узурпираат термини кои не им припаѓаат, како граѓанство, за да се борат декларативно за термини кои не ги разбираат, како права и слободи.
Ако ги разбираа, немаше да бегаат од дебатите организирани од ЕУ на кои требаше да учествува и една друга „група граѓани“ кои се нарекуваат ГДОМ. А бегаа. И немаше да се трудат од петни жили нив да ги сатанизираат како „партиско граѓанство“, а себеси да се прокламираат за единствените носители на суверенитетот во Македонија. Единствените граѓани. Мај ес. Мај вајт охридиан хери ес.

Ако разбираа што се права и слободи, ќе разбереа дека е срамота да го узурпираат терминот. Ќе разбереа дека е срамота да се испраќаат ултиматуми од име на „граѓаните на РМ“. И дека е срамота да бараат вклучување во преговарачки процеси, на кои би биле уште еден чип на масата на СДСМ, што и беше првичниот план.

Ако идат они на маса, ќе идат и ГДОМ. Ќе идам и јас. Што да не. Ако можат они, можат и ГДОМ и јас. За разлика од нив, ГДОМ не го бори легитимитетот со шарени лаги дека се „единствените граѓани на Република Македонија“. Ни јас. За разлика од нив, ГДОМ не уништувал фасади и споменици за кои ќе бара да му се влог со кој треба да седне на маса и да преговара. Не сум фрлал куртони со боја ни јас. За разлика од нив, ГДОМ иако собрал три пати повеќе луѓе, не тепал никого, не се заканувал никому и не бегал од соочување на дебати со нив. За разлика од нив, јас не сум упатувал ултиматуми - сè додека они не почнаа да забораваат каде се, кои се и - колку се.
А граѓани на Македонија сме. Сите, до еден. И имаме еднакви права и слободи. На тоа, секогаш ќе ги потсетувам. Особено кога ќе тргнат пак по Прометејот, најсимболичниот гест од сета „шарена лага“ наречена револуција. Зошто? Прометеј, оној кој го украл „огнот“ од Боговите за да им го даде на луѓето - бил вистински револуционер.

Тие тргнаа да го рушат. Бидејќи - не се како него. Среќа, секогаш има кој да го чува. И симболично и несимболично. Ги поканувам да пробаат пак. Еден ден ќе научат дека не се ништо повеќе ни од мене, ни од тебе. Ко што не сме ни ние повеќе од нив.

Таа територија, на еднаквите права и слободи за кои они декларативно се борат, а се однесуваат поинаку, драстично поинаку... таа територија - ќе им остане неосвоена. Чувана од огнот на Прометеј.

И од мене Smile


ТЕЛЕГРАФ

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by defo Сре Јун 29 2016, 20:05

До тука ниско паднавте бе Трендо, Бетмен од ГолтамСити, ова од Охрид сити да ве брани..Промашен пејач, архитект, моторџија......Го купивте за вработување и диплома од архитектонски факултет.......Грујо реши да апси.... - Page 2 CmHrWpKWYAASkJv

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by трендафил Чет Јун 30 2016, 10:13

Не ме интересира мислењето за Бетмен или било кој друг, туку за тоа што е напишано. Кој и да го напишал. Да не мислиш дека спомениците се направени само од ваши пари, не и од другите граѓани, па имате право да правите со нив што сакате. Дека не сте фашисти што се сметаат единствени на светот. Посебно затоа што Бејли ве поддржува. Зошто бегате од избори ако мислите дека сите граѓани стојат зад вас.
Ајде напиши ми и дали знаеш за случај било каде на светот некој будала да се обидел да го сруши споменикот на Прометеј. Човекот што го украл оганот од боговите и им го предал на луѓето. Дали се сметате за богови па сакате да го казните Прометеј за услугата што им ја направил на обичните луѓе!?

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Грујо реши да апси.... - Page 2 Empty Re: Грујо реши да апси....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот