Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

IN MEMORIAM

+16
трендафил
misterija
Albatros
Dino
Bosonoga
TRAJCHE
Teo
Luxor
Simulant
tmoro
reiter
osa
Broz
sofmak
Фири
Hamad bim Khalifa
20 posters

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 10:39

ПРЕД 36 ГОДИНИ ПОЧИНА ЈОСИП БРОЗ - ТИТО

IN MEMORIAM - Page 2 447500FBCD946F45821A843067275BD3

Јосип Броз - Тито неприкосновениот лидер на СФР Југославија почина на денешен ден пред 36 години.

Тито беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни во тоа време западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.

Триесет и пет години по смртта на Тито се` уште има спротивни мислења за неговата улога и дело.

За едни тој е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз-Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана.

Погребан е во Куќата на цвеќето на Дедиње во Белград. Неговиот гроб досега го посетиле над 20 милиони луѓе.

http://grid.mk/read/news/512417644/11405871/pred-36-godini-pochina-josip-broz-tito

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Гостин Сре Мај 04 2016, 10:40

Сто и тринаесет години од смртта на Гоце Делчев

IN MEMORIAM - Page 2 %d0%b3%d0%be%d1%86%d0%b5%20%d0%b4%d0%b5%d0%bb%d1%87%d0%b5%d0%b2(2)

Македонија денеска одбележува 113 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите.

Делчев е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска на денешен ден во 1903 година во селото Баница, Серско.

Неговите посмртни останки првин се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.


http://plusinfo.mk/vest/68583/sto-i-trinaeset-godini-od-smrtta-na-goce-delcev

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Гостин Саб Јун 04 2016, 09:29

Почина најголемата боксерска легенда Мухамед Али

IN MEMORIAM - Page 2 Mohamed-ali1-615x400

Утрово, почина една од најголемите боксерски легенди во историјата на овој спорт, Мухамед Али. Како што пренесе Би-би-си, а повикувајќи се на портпарол на семејството, Али по претходното хоспитализирање, денеска починал на 74-годишна возраст.

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, еден од најпознатите спортисти во светот, почина во болница во градот Феникс, Аризона, откако беше примен во четвртокот. Тој страдаше од респираторна болест, состојба  комплицирана од Паркинсонова болест.

Во едно од неговите последни интервјуа на прашањето како тој би сакал да биде запаметен, Мухамед Али ќе каже:

„Како човек кој никогаш не го продал својот народ, но ако тоа е премногу, тогаш само добар боксер. Нема да ми пречи ако не се спомене колку бев убав”.

Погребот на Мухамед Али ќе се одржи во родниот град на Луисвил, Кентаки Али.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Гостин Пет Јун 10 2016, 00:14

Почина легендарниот Дарко Марковиќ

IN MEMORIAM - Page 2 Dar_mar

По тешко и долго боледување, вечерва почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер.

Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер. Во 1966 година дипломира архитектура, а во 1972 година специјализира анимиран филм во Загреб, под менторство на оскаровецот Душан Вукотиќ.

Професионалната кариера како карикатурист ја започнал 1960 година, работејќи за повеќе весници и списанија во Македонија и во поранешна Југославија. Од 1966 до 1975 година работи како главен уредник на хумористично-сатиричното списание „Остен“ и како директор на Светската галерија на карикатури во Скопје.

Со филм активно се занимава од 1975, кога се вработува во „Вардар филм“, отворајќи го студиото за анимиран филм. Од 1978 работи како слободен уметник, а во 1983 е назначен за професор на Факултетот за уметност во Скопје по предметот Анимиран филм. Во истиот период работи како главен уредник на културно-уметничката програма во Телевизија Скопје. Од 1988 до 1995 живее и работи во Лондон. Во 1995 се враќа во Македонија.

За своите карикатури и анимирани филмови, има добиено преку триесет награди и признанија.

Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Циркус“ (1979) и други.

Автор е на стриповите со популарниот јунак Пецко.

Времето на положувањето на посмртните останки на Дарко Марковиќ ќе биде дополнително соопштено.


http://plusinfo.mk/vest/74121/pocina-legendarniot-darko-markovikj

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Гостин Вто Окт 04 2016, 18:41

Замина легендарната пејачка: Почина Љупка Димитровска

По кратка и тешка болест, синоќа почина Љупка Димитровска, познатата македонска пејачка на забавна музика.

Нејзиниот прв албум под името „Љупка“ е објавен во 1975 година, по што следеше долга и успешна кариера со голем број на албуми и синглови.

Љупка Димитровска беше позната во цела поранешна Југославија, а голема популарност имаше и во Чехословачка и Германија.

Голем дел од нејзините хитови ги напиша Никица Калоѓера со кој се венчаше во 1968 година. А многу од песните ги изведе во дует со Ивица Шерфези.

Димитровска учествуваше на Југовизија во 1970 година со песната Бај,бај со која го освои 6 место. Родена е на 25 јули 1946 година во Скопје, а до својата смрт живееше и работеше во Загреб.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by osa Вто Окт 04 2016, 19:37

sekoja ches kolega ,se shto e NAJAKTUELNO vednash go imame na "melnica"....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Нед Ное 27 2016, 20:13

ЖАЛНА ВЕСТ: Утрово почина познатиот македонски новинар и водител

IN MEMORIAM - Page 2 Redzep-pampur

Водителот кој беше препознатлив по својата насмевка и по неговиот ведар дух, човекот со чии прилози пораснаа голем број генерации во првите години од осамостојувањето на Македонија, големиот Реџеп Пампур, починал утрово во својот дом, во сон, објави Телеграф.мк.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by osa Нед Дек 11 2016, 10:50

Тажна вест - почина Есма Реџепова Теодосиевски објавиа медиумите ....

Почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова

IN MEMORIAM - Page 2 Esma-630x472

По кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина кралицата на ромската музика Есма Реџепова Теодосиевска.

Таа во својот живот има одгледано 47 деца и одржано голем број хуманитарни акции, а денеска ја изгуби битката со болеста.

Годинава, поточно во мај, беше промовирана нејзината монографија.

Таа беше музички активна 55 години. Учествуваше на врвни музички фестивали и манифестации низ светот. Есма беше вистински музички амбасадор на Македонија во светот.

За време на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска има остварено повеќе од 12.000 солистички концерти во Република Македонија и надвор од неа. Во дискографијата на Есма Реџепова-Теодосиевска се наведени 15 албуми за домашни и странски продуцентски куќи, а оствари соработка и со еминентни музички светски имиња.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 10:37

Почина писателот Мето Јовановски, основач на Хелсиншкиот комитет за човекови права

IN MEMORIAM - Page 2 Meto(1)

Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер, почина денеска на 88-годишна возраст.

Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и беше прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.

Мето Јовановски ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино.

http://plusinfo.mk/vest/99686/pocina-pisatelot-meto-jovanovski-osnovac-na-helsinshkiot-komitet-za-covekovi-prava
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Саб Дек 24 2016, 10:39

Почина стјуардесата на ЈАТ што во 1972 единствена преживеа пад на авион од 10 километри

IN MEMORIAM - Page 2 Vesna(3)

Почина Весна Вуловиќ, стјуардеса од времето на поранешна Југославија која преживеа пад на авион од висина од 10.000 метри и на која лично Пол Макартни и врачи нагарада за Гинисов рекорд.

Според српските медиуми, телото на Вуловиќ го пронашле пријатели во нејзиниот стан, а причината за смртта не била утврдена, но било очигледно дека е почината пред неколку дена.

Авионската несреќа во која учествуваше Вуловиќ се случила во 1972 година, над Чехословачка. Авионот од типот „ДЦ-9“ на авиокомпанијата на поранешна Југославија паднал поради експлозија на бомба над местото Српска Каменица во северна Чешка, близу границата со Источна Германија.

Весна Вуловиќ преживеала бидејќи била врзана за своето седиште во задниот дел на авионот кој што после експлозијата, останал споен со тоалетите и паднал на планина покриена со снег. Тогаш 22-годишната стјуардеса при несреќата се здобила со фрактури на черепот и скршеници на двете нозе, а имала повреди и на пршлени.

Вуловиќ проодила после неколку месеци, по повеќе операции и продолжила да работи за ЈАТ, но не како стјуардеса, туку на шалтер.

Стјуардесата прими и награда за Гинисов рекорд од Пол Макартни, а подоцна стана херој во Југославија.

http://www.plusinfo.mk/vest/99687/pocina-stjuardesata-na-jat-shto-vo-1972-edinstvena-prezivea-pad-na-avion-od-10-kilometri
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Teo Пон Дек 26 2016, 17:44

Светот се збогуваше од поп легендата Џорџ Мајкл

Светот занеме откако трескавично се огласи веста дека еден од најголемите музички светски звезди си отиде засекогаш. Тивко и неочекувано неговото срце престана да чука и тој повеќе не се разбуди.

IN MEMORIAM - Page 2 150797

Џорџ Мајкл роден како Георгиос Киријакос Панајоту во 1963 ,британски музичар, пејач, текстописец и продуцент со грчко потекло се издигна помеѓу славните во 1980-тите кога го оформи поп-дуото “Wham!” (Вем!).

Само неговата прва соло песна “Careless Whisper” продаде околу осум милиони копии низ цел свет, првиот соло албум “Fait во 25 милиони копии,а продадени се повеќе од сто милиони албуми до 2010 година, низ целиот свет.
Неговата 30 годишна кариера е исполнета со многу значајни награди од кои два пати за Најдобар Британски Машки Изведувач, 4 награди за МТВ Видео МУзички Награди, 4 Ајвор Новело награди, 3 Американски Музички Награди, и 2 Греми.

Во 2004 година од Радио Академијата беше именуван за најслушан пејач на Британското радио во периодот помеѓу 1984 и 2004 година. Во 2005 год. излезе документарниот филм “A Different Story” која го содржи неговиот приватен живот и неговата професионална кариера. После 15 години,беше одржана турнеата 25 Live која содржеше 3 индивидуални турнеи во период од 3 год.

Џорџ Мајкл беше пионер и ја постави патеката за прифаќањето на ЛГБТИ луѓето, дури и пред јавно да каже дека е геј со песната „Freedom.

Но, не беше отсекогаш така,тој ја криеше својата секуaлност со години, се до 98-мата по еден инцидент откако беше уапсен во Лос Анџелес за сексуален акт во јавноста,тој тогаш го потврди инцидентот и го отслика во своето музичко видео за песната „Outside.
Џорџ Мајкл беше активист за човекови права, еднаквост и борба против сиромаштија.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Нед Фед 26 2017, 10:55

На денешен ден во трагична несреќа загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски.

13 години од смртта на претседателот Борис Трајковски

IN MEMORIAM - Page 2 Boris-Trajkovski-Dnevnik-1-670x437

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 13 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани, пишува МИА.

Годишнината од смртта на претседателот Трајковски ќе биде одбележана и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

На барање на Македонија, со поддршка од европратеникот Андреас Грос, по собирањето на дополнителните докази од страна на македонското МВР беше отворена нова истрага во јануари 2013 година која ја водеше Кулиќ.

Во првиот извештај како директна причина за падот на „кингерот“ се наведени „процедурални грешки во приодот за слетување, по висина и по место, на аеродромот во Мостар, на контролиран лет“. Во вториот се наведени и системските пропусти, а е објавен и транскриптот од црната кутија односно целиот разговор меѓу пилотите и разговорот со контролата на летање.

Седум постапки во текот на летот од страна на пилотите и пет системски грешки на надлежни институции во Македонија и во Босна и Херцеговина се причините за уривање на „кингерот“, стои во новиот извештај што го презентираше Кулиќ.

Македонската страна во целост ги прифаќа наводите со дополнителни предлози кои се однесуваат на ВОР системот, самата процедура, барањето и спасувањето по падот на кингерот и формулацијата за пловидбеноста на воздухопловот. Но, за македонската страна е нејасно зошто е пренасочена локацијата каде да се бара авионот, иако Кулиќ вели дека контролорот на летање знаел каде е урнат авионот.

Сотир Костов, македонски претставник во Комисијата, изрази задоволство како е сработен извештајот во воздухопловниот дел, но рече дека во целост не се согласува со обесчестувањето на РМ во 2004 година на која и е скриена вистината за падот на „кингерот“.

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.


http://novatv.mk/13-godini-od-smrtta-na-pretsedatelot-boris-trajkovski/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Нед Мар 12 2017, 18:39

Почина Вања Лазарова

IN MEMORIAM - Page 2 158313

На 86-годишна возраст во Скопје, почина доајенката на македонската народна музика Вања Лазарова – Димитрова. Лазарова беше родена на 27 април 1930 во с. Страцин, Кратовско.

Извесно време работеше во Операта при МНТ, а била членка и на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“. Има испеано стотина македонски изворни народни песни, од кои најголемиот дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има настапувано на голем број концерти на повеќе континенти. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета II и премиерот Винстон Черчил. Посебен придонес има во соработката со групата „Анастасија“ при создавањето на музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Нејзиниот вокал е особено податлив за синтезите во етномузиката.


http://24vesti.com.mk/pochina-vanja-lazarova
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Пет Jул 21 2017, 22:06

Почина српскиот пејач Предраг Гојковиќ – Цуне

IN MEMORIAM - Page 2 Cune-s

http://plusinfo.mk/vest/121131/pocina-srpskiot-pejac-predrag-gojkovikj-%E2%80%93-cune
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by osa Вто Дек 05 2017, 23:50

МАКЕДОНИЈА
Почина Томислав Чокревски
на декември 5, 2017
Денеска во Скопје почина професор д-р Томислав Чокревски, универзитетски професор и поранешен министер за внатрешни работи.

Чокревски беше министер во периодот од почетокот на 1996 до крајот на 1998 година.

Во Домот на АРМ утре во 13 часот ќе се одржи комеморативна седница.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by TRAJCHE Сре Дек 06 2017, 17:19

gospod da go prosti ,se nadevam se sekavate na ovoj minister
TRAJCHE
TRAJCHE

Број на мислења : 682
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Teo Пон Јан 01 2018, 18:04

NA DENESHEN DEN 01 - 01- 2012 GODINA POCHINA PRVIOT PRETSEDATEL NA NEZAVISNA REPUBLIKA MAKEDONIJA GOSPODINOT KIRO GLIGOROV.

IN MEMORIAM - Page 2 %D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%BE-%D0%93%D0%BB%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by osa Нед Jул 29 2018, 13:05

ЗАМИНА ЧОВЕКОТ КОЈ УМИРАШE ДВА ПАТИ
Се изнамачи со тоа ракот и на 71 годишна возраст почина Оливер Драгојевиќ, чудесното далматинско грло кое со нас го сподели едно од најфасцинантните зреења на кои сме сведочеле, во музичка и гласовна смисла. Џони Кеш, Шабан Бајрамовиќ, Оливер Драгојевиќ. Без каков трилинг неповторливи старки останавме!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16516
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Bosonoga Нед Jул 29 2018, 17:59

neka pochiva vo mir ,a nie ke se sekavame na nego preku negovite dela
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 981
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Нед Jул 29 2018, 19:16

ЗБОГУМ МАЕСТРО. ЌЕ ПРОДОЛЖИШ ДА ЖИВЕЕШ ВО ПЕСНИТЕ.

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Teo Нед Jул 29 2018, 20:17

R.I.P.



U malen je zivija mistu
i bija siromaj je pravi
a jema je dusu on cistu
i mijardu sunca u glavi

Brez solda je dosa iz svita
vas tanak i upala lica
i gleda je iz svog sufita
i zivija san i ka tica
Antonio, Antonio, Antonio, Antonio

U malen je zivija mistu
uz makinju, libre i biskot
napisa na jednen je listu
Servantes Saavedra, Don Kihot

Iz Cileja taki je dosa
ka tuzni hidalgo brez maca
i sanja je kako bi prosa
kroz zivot a da se ne maca
Antonio, Antonio, Antonio, Antonio

U malen je zivija mistu
razumija nikor ga nije
jer malo je taki na svitu
ca zivedu da in se smije

A bija je pisnicke duse
i umitnik cudnega kova
svi okrenu kako in puse
on zivi u fibri od snova
Antonio, Antonio, Antonio, Antonio
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Dino Пон Jул 30 2018, 12:54

Bog da go prosti bese i dobar peac i dobar covek.

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Albatros Чет Aвг 16 2018, 18:05

Areta Frenklin ne e poveke megu nas.

Кралицата на соул музиката, Арета Френклин почина денеска на 76 годишна возраст.Френклин почина дома од рак на панкреас. Таа стана првата жена чие име влезе во Куќата на славните во рокенролот, а нејзините песни и денес, по повеќе децении од објавувањето привлекуваат бројна публика. Френклин, која е ќерка на свештеник, во својата кариера доби 18 Греми награди и околу 25 златни плочи.


Albatros

Број на мислења : 823
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Luxor Саб Aвг 25 2018, 16:39

Починал Ванчо петрушевски, еден од најдобрите македонски артисти. Нека почива во мир.

IN MEMORIAM - Page 2 Vanco-Petrusevski-36ugptavvlclnyu4kki8lc

Почина актерот Ванчо Петрушевски

Актерот и еден од доајените на македонското глумиште Ванчо Петрушевски почина денеска. Според се уште непотврдени информации Петрушевски најверојатно починал од струен удар.

Настанот се случил денес, во Орешани, а полициските екипи моментало биле присутни на увид на самото место. Од МВР велат дека сеуште не можат да откриваат детали, бидејќи увидот е во тек.

Веста дека познатиот глумец трагично го изгубил животот ја потврди неговиот колега и директор на Драмскиот театар, актерот Сашо Тасевски.

„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме“, напиша Тасевски на фејсбук.

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април, 1951 година во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје” од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Добитник е на бројни престижни награди и признанија за својата дејност.

https://telma.com.mk/pochina-akterot-vancho-petrushevski/

Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by misterija Саб Aвг 25 2018, 16:58

Neka mu e lesna zemja..nie postarite gi pamtime, nego i brat mu kako Didi i Dadi...

_________________
Не излегувам на референдум Razz
misterija
misterija

Број на мислења : 468
Join date : 2016-12-30

Вратете се на почетокот Go down

IN MEMORIAM - Page 2 Empty Re: IN MEMORIAM

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот