СУДСТВОТО КАЈ НАС

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by osa on Чет Мај 25, 2017 6:02 pm

Аневски без потребната поддршка од мнозинството25 МАЈ
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски ги доби првите сигнали односно губењето на мнозинството членови во Советот. Ова се случи откако во отсуство на доволен број обвинители, Советот не успеа да го помине дневниот ред на кој се очекуваше да се одлучува кој ќе раководи со Вишото јавно обвинителство на Скопје. Аневски истакна дека членовите не го поддржале дневниот ред со образложение дека до формирање на новата влада не може да се именуваат нови обвинители.

На претседателката на Вишото Јавно Обвинители на Скопје, Гордана Гешковска ù заврши мандатот на 16 мај. За продолжување потребно е двотретинско мнозинство гласови. Вишото Обвинителство на Скопје не е единствениот орган кој е без претседател. Аневски вели дека долгиот постизборен период ја отежнал работата во одредени обвинителства.

Околу именувањето на новиот претседател на Вишото Јавно Обвинителство на Скопје, Алсат М претходно од релевантни извори дозна дека на позицијата на Гешковска, со интервенција на обвинителот Марко Зврлевски имало обид да се именува шефицата на неговиот кабинет, Бисера Лазаревска. Но, сценариото не завршува со тоа. Зврлевски предвидел во случај ако Лазаревска не биде прифатена од членовите на Советот, на нејзино место да дојде поранешниот адвокат Весна Јовановска.

Моментално, со Вишото Јавно Обвинителство- Скопје раководи Јован Цветановски, заменикот на Гордана Гешковска, која пак уште шест месеци ќе ја врши задачата, но нема право да зема нови предмети. Гешковска ги истражува настаните на 27 април во Собрание додека претходно за јавноста стана позната како обвинителка во случаите „Монструм“, против сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски, како и за смртта на новинарот Никола Младенов.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Чет Мај 25, 2017 7:54 pm

Интересна конструкција на Алсат М. Точно е тоа дека нема 2/3 мнозинство затоа што поради лошиот изборен закон кој ја блокира државата од распишувањето на избори до избор на нова влада, што кај нас трае веќе повеќе од една година поради двократното одложување на изборите со лажни обвиненија за фантомски гласачи кои не се потврдија. Да се надеваме дека Заев ќе формира влада па работите да се одблокираат. Ако Алијансата на Албанците, со 35 илјади гласови добие како што се шпекулира две министерски места, не знам колку ќе бараат Албанците од СДСМ. ДУИ веројатно ќе ги задржи постоечките места со можност за промена на еден до два ресори. Да не е човек во кожата на Заев.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2694
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Сре Јун 07, 2017 7:29 pm

Денеска Советот на обвинители ја одржа својата седница и си ја заврши работата што беше блокирана со идиотскиот изборен закон што го наметнаа странците и домашните предавници. Интересно е што амнестираниот криминалец и осомничен за повеќе кривични дела Зоран Заев бара разрешување на државниот обвинител со политичка оценка, без да се наведе што тоа не направил или направил погрешно обвинителот. Изгледа како најголемо зло му сметаат дека е виновен што за неколку месеци без да ги има копиите од разговорите не покренал ниту едно обвинение против политичките противници на евроатлантската банда и нивните домашни слуги. Да потсетам дека на социјалдемократското јавно обвинителство на Катица Јанева му требаше многу подолго време за истото, а ги имаше на располагање сите материјали кои Заев ги криеше претходно.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2694
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by PRVOBOREC on Пет Јун 09, 2017 6:55 pm

Добро бе ти глуп си или лоботомијата у жолтата куќа била стопроцентно успешна. Ако јавниот обвинител го бира парламрнтот а не советот на јавни обвинители тогаш како можеш да тресеш глупости дека разрешувањето било со политичка оценка.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Нед Јун 11, 2017 9:33 am

Во барањето за разрешување не е спомената ниту една единствена конкретна грешка на Зврлевски.

П.С.: Знам дека си фашист и дека ги мразиш сите што не мислат како тебе, но не мислиш ли дека се понижуваш самиот себе си со говорот на омраза што го користиш. Излегува дека не си способен да му одговориш со факти на некој што нема мозок. Како би му одговорил на некој што има?

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2694
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by luxor on Нед Јун 11, 2017 11:34 am

Зврле има толку многу грешки што полесно би било да се наброи што не згрешил.
avatar
luxor

Број на мислења : 3189
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by PRVOBOREC on Нед Јун 11, 2017 12:12 pm

трендафил напиша:Во барањето за разрешување не е спомената ниту една единствена конкретна грешка на Зврлевски.

П.С.: Знам дека си фашист и дека ги мразиш сите што не мислат како тебе, но не мислиш ли дека се понижуваш самиот себе си со говорот на омраза што го користиш. Излегува дека не си способен да му одговориш со факти на некој што нема мозок. Како би му одговорил на некој што има?

Тие што имаа мозок досега сфатија. А кај лоботомираните небањати како тебе фактите ништо не помагаат.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by трендафил on Нед Јун 11, 2017 3:45 pm

Немој да ми продаваш муда ѕа бубрези дека Албанците се 100% со цел мозок, а мнозинството Македонци се лоботомирани и небањати.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2694
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: СУДСТВОТО КАЈ НАС

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот