Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Цвеќе

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Go down

Цвеќе Empty Цвеќе

Пишување by Гостин Пет Фед 27 2015, 23:51

За почеток бегонија.

Се сее дома, од декември до февруари, на температура од 20 до 22°С и тоа во растресита хумусна почва со рН 5,5 – 5,6, а бидејќи бегониите им припаѓаат на сортите што ‘ртат на светлина, семките не се покриваат со земја туку само лесно се притискаат. Ваквите садови се поставуваат во суви и светли простории заштитени од провев. Во случај кога зимските денови се темни мора да се вклучи дополнително светло, кое ќе биде поставено на оддалеченост од 60 см. По 3 недели температурата треба да се спушти на 18°С. По 6 до 7 недели се избираат цврсти израстоци и на температура од 17 до 18°С се расадуваат на почва со супстрат и понатаму се расадуваат сè додека не постигнат доволно силни корења. За тоа време треба да има 16 см. Кој не сака да се занимава со ова може да набави готови расади на бегонии. Тие се расадуваат во средината на мај на растојание од 20 до 25 см во почви богати со хранливи состојки. Местото каде што се одгледуваат треба секогаш да е сончево, а во сувите денови мораат дополнително и доволно да се залеваат.

Цвеќе Hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_3

Цвеќе Hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_4

Цвеќе Hortikultura.mk_begonija_kralica_na_enterierot_5

http://hortikultura.mk/begonija-kralica-na-eksterierot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Саб Фед 28 2015, 12:34

ИНДИСКИ ЈОРГОВАН

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_1-705x360

Индискиот јоргован (Lagerstroemia indica) претставува декоративно дрво, односно жбун, а посебно се истакнува со своите цветови. Води потекло од Индија и Кина, а се простира дури до Австралија. Во зависност од желбата и начинот на одгледување, индискиот јоргован може да се одгледува во вид на жбун или како помало дрво, што се лесно постигнува со поткастрување.
Индискиот јоргован може да се одгледува како самостојно растение (солитер), во групи или дрвореди, додека пак ниските форми може да се одгледуваат на тераси – најчесто на Медитеранот може да се види ваква слика. Многу е едноставен за одржување.

http://hortikultura.mk/wp-content/uploads/2014/12/hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_2.jpg

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_3

Во природата достигнува висина до 8 метри, додека пак на нашето поднебје не достигнува повеќе од 3-4 метри. Поради својата отпорност на ниски температури, може да го насадите и во градината. Доколку го посадите во саксија ќе цвета многу малку. Цветовите, по кои е препознатлив, може да бидат бели, црвени, виолетови или розеви. Групирани се во вид на помали букети.
Цвета во текот на летото и есента (јуни-октомври). После цветањето, се создават плодови/чаури, кои на гранките остануваат до следната пролет. Покрај неверојатно декоративните цветови, бојата на стеблото е исто така доаѓа до израз со своите прошарани црвено-кафеави линии.

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_4

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_5

Индискиот јоргован бара сончеви позиции, по можност во текот на целиот ден. Во лето залевањето со вода треба да биде редовно, но умерено. Ова правило важи доколку почвата е добро дренирана, односно да не ја задржува водата. Составот на земјиштето не е толку битен, меѓутоа почвата треба да биде неутрална до благо кисела. Се препорачува прихранување за да се добие обилно цветање. Поткаструвањето е особено битно, бидејќи цветовите се формираат на гранки од тековната година, така да пред почетокот на вегетацијата треба да се отстранат слабите и непотребни гранки. Се размножува со семе или резници. Семето пред сеидба се потопува во вода 24 часа, а потоа се сее на длабочина колку пречникот на семето. Константна влажност и температура од околу 24°С се идеални услови за одгледување. Се размножува со полудрвенети резници во текот на летото и есента.

Внесете некоја новина во вашата градина или тераса и уживајте во боите на цветовите !!!

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_6

Цвеќе Hortikultura.mk_indiski_jorgovan_lagerstroemia_7

http://hortikultura.mk/indiski-jorgovan/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Нед Мар 01 2015, 15:59

Еве нешто и за петунијата.

ПЕТУНИЈА – ОМИЛЕНО БАЛКОНСКО ЦВЕЌЕ


Петунијата е сезонско цвеќе, едно од најраспространетите цветни видови во летниот период, посебно на балконите како саксиско цвеќе, но и во дворот. Доколку уживате во цвеќето, вистинско време е да ја подготвите вашата тераса за петунија. Ова цвеќе е чувствително на дожд, но и покрај тоа, поради прекрасните шарени бои на цветовите шири добро расположение.

Достапни се во разни бои, со единечни или двојни цветови, шарени, еднобојни, а некои од нив даваат и прекрасен мирис. Цветаат во текот на целото лето. Петинијата се сеe во хумус, во саксии со големина 7 до 9 см и корито од 40 см на растојание од 15 см помеѓу растение

Цвеќе Hortikultura.mk_petunija-2-1024x706

Во оние области каде што климата е студена и влажна може да се сади петунијата “мултифлора”, која се карактеризира со мали  цветови, а сортата “лавандна бура” успешно се развива и цвета во влажни региони и тоа со големи и бујни цветови. Оваа билка цвета густо и тоа со височина од 30 см. Виолетовите цветови стојат широко отворени од мај до ноември и тоа со широчина од 9 см.

Исто така, отпорна на време и наменета за украсување балкони, висечки саксии или за во цветни килими е сортата Fortunia puple wave пурпурно-виолетови цветови со пречник од 6 см. Цврста и нискорастечка со средно силен раст е сортата Fortunia rosy wave, која цвета со интензивни темно-розови цветови.

Петуниите се сеат во период од февруари до март во садови за расад во песокливо хумусна почва на температура од 20 до 22 степена. Семките не треба да се покријат со земја или, пак, да се чуваат во влага. Никулците се јавуваат за околу 3 недели и тогаш температурата може да се супушти на 17 °С. По 4 недели од сеењето се пробираат, се ставаат во садови со 9 см земја и се култивираат на температураод 14 °С.

Можат да се пресадуваат кон средината на мај на сончево место на површина 30 х 40 см на пропустлива почва, која не е многу наѓубрена. При суша мора да се залеваат обилно и тоа секој ден. Овенатите цветови треба веднаш да се отстранат.

http://hortikultura.mk/omileno-balkonsko-cveke-petunija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Вто Мар 03 2015, 19:18

Eve edna interesna sorta na sobno cvekje...

ВОСОЧЕН ЦВЕТ ВО ДОМОТ

hЦвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_1-705x360

Хојата (Hoya carnosa) или уште позната како восочен цвет, потекнува од Источна Индија, Јужна Кина и Бурма. Тоа е ползечко растение кое достига 5 метри должина. Листовите се темнозелени и со сребренобели пеги и се доста декоративни, меѓутоа цветот е права атракција.
Цветот по боја е жолтеникав или бледо розев. Во средината на цветот има 5 месести жлезди кои имаат бледо розева или црвена боја. Хојата се качува по ѕид или некоја потпора. Може да цвета во било кое време на летото, меѓутоа воглавно цвета во јуни, а потоа повторно и во септември. Цветните дршки на овенатите цветови не треба да се откинуваат, бидејќи од нив излегуваат нови цветови. Тие испуштаат медоносна течност со која цветот пријатно мириса.

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_2

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_3

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_4

Расте на светли места, но не на директно сонце. Хојата поднесува температура од 10°С зимно време, а летно време 24°С. Во лето се полева еднаш неделно, а во зима еднаш во две недели. Листовите се прскаат со млака вода секои 14 дена. Не поднесува поткастрување. Се размножува со резници кои се земаат од врвот на стеблото и се ставаат во земја помешана со песок и тресет. На резот се става хормонски прашок, резницата се става под пластична кеса со неколку дупчиња на неа на температура од 21°С.

Хојата најдобро цвета доколку е малку „стеснета“ во саксија и затоа немојте да ја пресадувате секоја година. Исто така, новата саксија треба да биде само за еден број поголема од претходната саксија при пресадување. Ако и обезбедите доволно светлина, хојата ќе ви возврати со атрактивни цветови во облик на падобран.

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_5

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_6

Цвеќе Hortikultura.mk_1_hoja_hoya_carnosa_7

http://hortikultura.mk/vosocen-cvet-vo-domot/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Сре Мар 11 2015, 14:05

ПЕРУНИКА – Магичен цвет

Цвеќе Hortikultura.mk_iris_perunika_1-705x360

Перуниката (лат. Iris) спаѓа во групата на луковичести растенија, но се одгледуваат и како повеќегодишни зелјести растенија. Потекнува од Медитеранот, Средниот Исток и од Северна Африка, од каде што се проширила низ цела Европа, освен на крајниот север. Позната е од времето на старите Египќани, каде што се употребувала за правење на мириси. Домашното име го добила по словенскиот бог Перун. Се верува дека на местото каде ќе удри гром расте перуниката со исклучително привлечни и прекрасни бои. Има повеќе вариетети и многу сорти кои се употребуваат во хортикултурата.

Цвеќе Hortikultura.mk_iris_perunika_2

Расте со самоникнување на каменити и суви места, доста сончеви. Најчесто се среќаваат низ домашни дворови како украсно растение. Расте од 30-100 cm. Листот на билката има облик на меч, а цветот е многу убав и може да биде во нијанси од плава до пурпурна боја, може да биде и потполно бел, но и жолт (барска перуника).

Цветовите се развиваат на врвот од стеблото и ги има, најчесто, по три цвета. Тие се составени од 6 цветни листови распоредени во два реда од кои надворешните се свиткани, а внатрешните прави. Цветовите имаат пријатна миризба. Цвета од мај до јули. Во сенка не цвета.

Цвеќе Hortikultura.mk_iris_perunika_5

Перуниката расте на различни типови на почва, но за одгледување бара среднолесна и плодна почва, со нормална влажност и киселост pH 5-7. Не е погодна тешка, многу кисела и влажна почва.
Нејзиното размножување е со помош на расад, со делење на изданоци и со делење на ризомот. Почнува со сеење на семето во рана пролет, но е потребно 3 до 8 години за да процвета и да се развие квалитетен ризом. Се применува само за селектирање на нови украсни сорти. Делење на изданците и на ризомот е најчест начин на размножување. Изданоците и ризомот се издвојуваат од старите засади во есен, по вадењето на ризомот. Прво се издвојуваат вршните изданоци и ситните ризоми и се чуваат до садењето.

Луковиците треба да се садат на длабочина во почвата 2 пати поголема од висината на самата луковица.

Цвеќе Hortikultura.mk_iris_perunika_6

Постојат околу 300 различни видови на на ирис, меѓу кои најпознати се: iris germanica, iris pseudacorus, iris louisiana и iris hollandica.
Зборот ирис со јазикот на цвеќето симболизира елоквентност. Во зависност од нивната боја, ирисите пренесуваат различни пораки. Пурпурниот ирис е симбол на мудрост и ласкање. Син ирис симболизира вера и надеж. Жолт ирис симболизира страст, додека бел ирис симболизира невиност. Ирисот како подарок може да се искористи за да се пренесат многу емоции. Денес најчеста употреба има во козметичката и индустријата за парфеми.

Како режан цвет ирисот важи за прекрасен детаљ за ентериери…

http://hortikultura.mk/perunika-magicen-cvet/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Нед Мар 15 2015, 09:26

ЦИКЛАМА – Симбол на искреност, љубов и среќа

Според одредени верувања, циклама е цвеќе – симбол на искреност, длабока љубов, сигурност и среќа. На местата каде таа е поставена и се одгледува нема недоразбирања и зло туку баш напротив, компромис и разбирање, бидејќи според одредени древни верувања таа претставува симбол на смиреност и хармонија.

Цвеќе Hortikultura.mk_ciklama_cyclamen_3

Цикламата (лат. Cyclamen) е повеќегодишно растение – едно од најпопуларните зимски собни растенија. Во однос на условите за одгледување на овој вид на цвеќе особено нагласуваме дека цикламата најдобро успева во студена просторија која не е премногу затоплена. Во периодот на мирување во времето на пресадување, потребно да ја поставиме во просторија која не е премногу топла, но и да не се поставува на места каде може да заледи или да биде поставено изложена на ниски температури.

Цвета од почетокот на есента до касна пролет. Цветовите на овој вид растение се со широк спектар на бои: бела, розова, црвена, виолетова или пак во две комбинации. Специфичната убавина на ова растение особено ја красат листовите во специфичен облик, особено облик на срце.
Постојат неколку видови на циклама: ниски (џуџе) циклами, малку поголеми и циклама со средна и стандардна големина која расте до 30 cm висина.

Без разлика каков вид ќе одберете, секој од различните видови опстојува на ниски температури до 5 степени. Не се препорачува да се поставува во просторија која е затоплена и со сув воздух, бидејќи лисјата брзо ќе овенат.
Препорачуваме да се чува во простории кои не се грејат, каде што температурата е помеѓу 10 и 15 степени. За овој вид на растение потребно е изложеност на светлина, но не се препорачува директна изложеност на сончеви зраци. Најсоодветно е да се постави до прозорец или во ходник кои се наоѓаат на северната или источната страна.
Вистинските љубители на ова цвеќе успеваат со својата грижа и вложен труд при одгледувањето да и овозможат на цикламата повторно цветање и во текот на следната година.

Цвеќе Hortikultura.mk_ciklama_cyclamen_8

Доколку е добро негувана, цикламата може да цвета сè до месец март во тековната година. За периодот до март потребно е да се врши наводнување, да се отстранат цветовите кои се суви и да се врши дополнително хранење, но се препорачува само еднаш во текот на неделата.
Во текот на пролетта цикламата го запира својот раст и престанува со развојот на нови цветови. Кога цвета обилно тогаш цветовите и се помали. Потоа следи период на мирување во кој не се наводнува и не е потребно дополнително хранење бидејќи треба да се почека да сите листови се исушат во целост и да се отстранат за да може после повторно да цветаат. Во текот на месец мај може да се постави на балконот или во градината. Во средината на летото кога ќе почнат да се развиваат нови лисја тогаш е потребно да се овозможи пресадување на растението. Кога ќе се изврши пресадување повторно треба да се постави на светло место и да се врши редовно наводнување.
Доколку се придржувате кон советите, овој вид на растение може да опстои и да цвета и неколку години редоследно.

Цвеќе Hortikultura.mk_ciklama_cyclamen_10

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Вто Мар 17 2015, 18:41

Ерика – спас од зимска меланхолија!

Ериката претставува украсна есенска убавица која обожава ладно време. Претставува зимзелено растение со потекло од Африка и во зависност од видот на растението, можат да опстојат во услови на студ и ниски температури. Дознајте кој вид може да се одгледува во вашата градина, а кој во домот.

Садниците за овој вид на украсни растенија се со задоволителна цена и се сѐ популарни за одгледување за добивање на прекрасен изглед на градината. Ги има во повеќе нијанси – розева, виолетова и бела. Покрај тоа што се користат како декоративни билки имаат и лековито својство и се користат за лечење на депресија и меланхолија.

Цвеќе Hortikultura.mk_erica_4

Ерика gracilis (розеви цветови) и Ерика hiemalis (розеви и бели цветови) се собни растенија. Оптималната температура во која можат да опстојат е од 5 до 15°С. Идеално место каде можат да се постават е зимската градина или затворен балкон, но секако не во близина на радијатор или извор на топлина. Видови како Erica carnea и mooretown ruby се отпорни на ладно и можат да цветаат и во услови на снег и мраз.

Во летниот период задолжително е редовно секојдневно наводнување, додека пак за во есен и зима се препорачува повремено наводнување. После прецветувањето треба да се поткастри – да се отстранат свенатите цветни гранки. Особено е важно дека земјата никогаш не треба да биде сува. За размножување на ова растение се препорачува летниот период, особено месец август. Доколку ги садите во градината, препорачливо е да ги насадите садниците во групи на растојание од 20 cm и преку нив да поставите мулч.

http://hortikultura.mk/wp-content/uploads/2014/12/hortikultura.mk_erica_7.jpg

http://hortikultura.mk/erica-spas-od-zimska-melanholija/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Сре Мар 18 2015, 18:31

Nephrolepis – папрат како собно растение

Посебен вид на растение од групата на Polypodiaceae папрати е токму папрат од родот Nephrolepis. Се карактеризира со особено убав облик, со широки лисја кои наликуваат на растение – грмушка. Често, овој вид на папрат се одгледува и како собно растение поради тоа што е најсоодветно да се одгледува во домашни услови, бидејќи може да опстои и во помалку осветлени места, но може да биде изложено и на поголема светлина. Постојат околу 40 видови на папрат од родот Nephrolepis, кои потекнуваат од тропските области на Азија, Африка, Централна Америка и Западна Индија.

Цвеќе Hortikultura.mk_nephrolepis_paprat_3

Листовите на овој вид папрат можат да достигнат и до 1 метар и затоа и се нарекува и кралица на дождовните шуми. Листовите се со светло зелена боја, во вид на триаголник или со брановидна форма. Листовите од видот на Nephrolepis exaltata Bostoniensis, познат како Бостонски папрат се карактеризираат со должина од 90 до 120 см. Кај видот Nephrolepis exaltata Whitmannii листовите се сосема мали. Специфичен вид на папрат е Nephrolepis exaltata Tiger, чии листови се со бледo зелена или жолта боја.

Цвеќе Hortikultura.mk_nephrolepis_paprat_5


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Вто Мар 31 2015, 18:49

Агератум (lat. Ageratum)

Цвеќе Ageratum

Ова едногодишно растение има срцевидни светлозелени листови, покриени со нежни влакненца и бушави мaли цветчиња кои може да бидат бели, сини и розови. Цвета од мај до доцна есен. Овенатите цветови треба редовно да се отстрануваат за да се продолжи времето на цветање.

Расте како грмушка до 30 cm во височина, освен видот Blue bouqet кој расте до 50 cm. Може да се сади во градината или во саксии, во хумусна земја. Треба да се сади на сончево место или во лесна полусенка, на место заштитено од ветар. Бара многу влага и затоа во лето треба секојдневно да се полева.

Посадете го во `ртилиште во февруари или март, а младите растенија пресадете ги надвор кога ќе помине опасноста од мразеви.

http://www.sezadomot.com.mk/napis994.htm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Пет Апр 03 2015, 14:32

Фикус (лат. Ficus elastica). На македонски, хорхе паљурски...(не можев да се спречам)...Цвеќе Smiley-laughing021

Цвеќе Fikus

Родот фикус има многу видови, а веројатно најпознато растение од овој род е смоквата. Но и домашниот фикус е многу познат и се сретнува во многу домови. Најчесто го сретнуваме видот “elastica”, но и вариететите “robusta” (со зелени кожести листови) и “tricolor” (со шарени листови). Интересен е и видот “lyrata” чии листови се зелени со изразено жолти лисни жили и личат на виолина. Фикусот расте прилично брзо, така да мора да му обезбедите доволно простор.

Најдобри услови за одгледување се многу светло и умерена температура. Ако се наоѓа на место со малку светлина, ќе расте побавно.

Полевајте го еднаш седмично во зима, а во лето два пати. Не дозволувајте да остане вода во подлошката. По петнаесетина минути истурете го вишокот вода. Ова е особено важно да го правите додека е растението младо, бидејќи може брзо да угине.

Прихранувајте го во летниот период два пати месечно.

Растението се расадува додека е младо. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно тргнете го горниот слој земја, и заменете го со нов.

Додека е растението младо пожелно е да ставите стап до стеблото, за да има потпора додека расте.

Ако сакате да ја ограничите висината, режете ги листовите на врвот. Овие резници може да ги користите за размножување. Едноставно ставете ги во земја, или пак прво во вода, а откако ќе излезат коренчиња во земја. Може да се размножи и од изданок од стеблото. Тоа е всушност дел долг околу 10 см со еден лист.

Кога растението старее, долните листови најчесто отпаѓаат. Ако ова се случи на младо растение, тоа значи дека премногу го залевате. Ако листовите што отпаднале имаат кафени флеки, значи дека му е преладно.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Саб Апр 04 2015, 14:36

ЗУМБУЛ Цвеќе Z

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Саб Апр 04 2015, 15:07

еве корисни совети за Зумбулот -
Ова луковичесто растение веројатно секој го знае. Потекнува од Мала Азија, а во Европа е познато уште од XVI век. Се разликуваат два основни видови: римски зумбул (lat. Hyacinthus orientalis albulus) кој има ретко распоредени цветови на стеблото, има интензивен мирис и може да биде во бела, виолетова или сино-виолетова боја, и холандски зумбул (lat. Hyacinthus orientalis) кој има густо збиени цветови во бела, крем, розова, црвена и виолетова боја.

Се сади најчесто во градината, во текот на есента. Треба да се насади на длабочина од околу 15 cm. При садењето внимавајте добро да ја притеснете луковицата во земјата за да не остане воздух кој би можел да предизвика скапување. Растојанието меѓу луковиците би требало да биде од 15-20 cm. Посадете ги на сончево место во земја богата со одлежан компост или тресет. 

Цвеќе Zumbul1Кога ќе заврши периодот на цветање и листовите природно ќе овенат (не ги сечете претходно бидејќи луковицата преку нив се храни) најдобро е да ги извадите луковиците и да ги чувате на суво, ладно и мрачно место. Би било најдобро ако сте во можност да ги закопате во сув тресет или песок. Ако луковицата остане закопана во градината нема да смрзне, но следната година цветовите нема да бидат толку богати.

Постојат и луковици кои се специјално третирани за да може да цветаат и во затворен простор. Се продаваат веќе посадени, но ако купите луковица и сами ја насадите треба врвот да и ѕирка од земјата 1-2 cm. Чувајте го растението на светло и по можност ладно место за да се продолжи периодот на цветање. Полевајте го умерено и не дозволувајте земјата потполно да се исуши. За жал ваквите луковици нема повторно да цветаат следната година во домот, па најдобро е да ги посадите во градината во есен.

Кога купувате луковици, внимавајте да се цврсти и да не се згмечени или некако поинаку оштетени.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Нед Апр 05 2015, 17:19

Gledajte kakvi cvekjinja najdov...Znae nekoj shto se ovie...

Цвеќе Narcissus-thalia-white-daffodil-1383691639_bЦвеќе 51kIDThI-iL._SX425_Цвеќе 800px-White_narcissusЦвеќе DETA-6451

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Нед Апр 05 2015, 23:50

Teo напиша:Gledajte kakvi cvekjinja najdov...Znae nekoj shto se ovie...

Цвеќе Narcissus-thalia-white-daffodil-1383691639_b
Цвеќе 51kIDThI-iL._SX425_Цвеќе 800px-White_narcissusЦвеќе DETA-6451
da toa se eden vid beli radi !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Саб Апр 11 2015, 22:17

Газанија - Раскошно и многу отпорно цвеќе

Цвеќе Gazanija1

Пишува: м-р Томе Тимов

Газанијата е извонредно декоративно цвеќе кое се сади во големи леи во густ насад каде што изгледа многу атрактивно. Цветот е во полн развој само при директна сончева светлина. Многу е важно газанијата да биде изложена на сонце и заштитена од ветер. Во летниот период ова растение не бара многу вода и е отпорно на суша. Најпогодни за негово одгледување се лесно песокливи почви кои се добро дренирани.

Размножување

Семето на газанијата се сее кон крајот на зимата или во почетокот на пролетта во мешавина од тресет и песок, каде што при температура од 20 Целзиусови степени ќе изрти во период од две недели. Потоа се пренесува во пластеник или стакленик со оптимална температура од 24 степени, со цел да се добијат што поздрави и поразвиени растенија. Растенијата во полна зрелост можат да се размножат со резници доцна во летото или во почетокот на есента. Произведените растенија се држат во текот на зимата во топли леи затоа што не поднесуваат ниски температури, а во мај се садат на растојание од 30 до 40 сантиметри.

Болести и штетници

Растенијата треба редовно да се контролираат за навремено да се реагира ако се појават штетници како што се растителните вошки и трипсот за кои треба да се применуваат инсектициди.

Од болестите може да се појави трулеж на долниот дел на стеблото или коренот и пегавост на листовите што е карактеристика за одгледувањето во стакленици каде што има преголема влажност. Инаку, ова растение е многу отпорно на болести и може да се препорача за одгледување на почетници.

http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=763:gazanija-raskoshno-i-mnogu-otporno-cvekje&catid=67:cvekjarstvo&Itemid=139

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Вто Апр 14 2015, 21:20

Целозија (lat. Celosia)

Цвеќе Celosia1

Целозијата е нежно едногодишно растение кое со своите цветови ги краси градините. Потекнува од топлите краеви на Азија и Африка, а разликуваме два основни вида.

Celosia Plumosa има цвет кој наликува на перјаница и често ова растение го нарекуваат лисичина опашка. Високо е 20-60 cm, а класестите цветови може да бидат бели, жолти, портокалови, розови или црвени..

Celosia Cristata има цвет кој е збиен, цврст, брановиден и го нарекуваат петлова кикиришка. Може да порасне и до 1 метар, а интересно е што стеблото и лисните жили на растенијата со поинтензивни бои (црвена, виолетова) се обоени како цветовите..

Цвеќе Celosia2

Двата вида треба да се посадат на сончево место во богата со хумус почва и редовно да се залеваат. Почнуваат да цветаат во јули и цветаат до крајот на есента. Петловата кикиришка може да се користи и како режано цвеќе, а погодна е и за во суви аранжмани. При сушењето цветовите треба да се свртени надолу, а се сушат под сенка на отворено или добро проветрено место..

Целозиите се многу осетливи на мраз, па на отворено се садат дури кога ќе помине опасноста од замрзнување. Во март може да ги посадите на затворено, а во средината на мај младите растенија да ги пресадите во градината.

http://www.sezadomot.com.mk/napis1004.htm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Пет Апр 17 2015, 22:19

Каранфил (lat. Dianthus)

Цвеќе Karanfil1

Каранфилот е цвет кој е добро познат. Видовите кои се купуваат како режено цвеќе се одгледуваат во стаклени градини, но има и видови кои се одгледуваат во градината, во сандачиња или саксии. За ова растение знаеле и старите Грци и го нарекувале божествен цвет. Името Dianthus потекнува од грчките зборови dios – бог и anthos – цвет.

На ливадите растат самоници од Dianthus deltoides. Во градината го одгледуваме кинескиот каранфил Dianthus chinensis кој е висок околу 40 cm и има еднослојни мирисни цветови и може да биде во разни бои. Обично се сее во април директно на местото каде сакате да расте. Турскиот каранфил Dianthus barbatus има густо наредени цветни главички кои може да бидат еднобојни или шарени. Висок е до 60 cm и постои едногодишен и двогодишен вид, па во зависност од видот треба да се прилагоди сеењето. Најдобро успева на сончево место, во земја кое не е кисела и со добра дренажа.

Цвеќе Karanfil2

Меѓу најпопуларните трајни каранфили е Dianthus allwodi. Расте многу брзо и цвета постојано од јуни до септември. Го има во голем спектар од бои, а може да се посади и во сандачиња на сончево место. Се размножува со резници кои лесно се закоренуваат.

Каранфилите со големи цветови кои ги ставаме во вазна одгледани се од еден американски градинар. Пред да ги ставите во вода отстранете ги листовите кои би дошле во допир со водата и засечете го стеблото косо, 1 cm под зглобот.

За одгледување во градината може да го користите вариететот Everest кој има малку поголеми цветови или Rosea со розови цветови.

http://www.sezadomot.com.mk/napis847.htm

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Саб Jул 18 2015, 11:56

Aj da vidime koj kakvo cveke saka..........

Какво цвеќе сакаат хороскопските знаци?

Ако при изборот на цвеќе се двоумите какво би и се допаднало на вашата драга, прашајте го хороскопот. Астролозите тврдат дека секој знак има омилено цвеќе.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-1

Овен
Овните се импулсивни, полни со енергија и амбиции. Сакаат предизвици. Нивни бои се портокалова, црвена и жолта. Цвеќе кое го сакаат е орхидеjа, љубичици, јоргован. Тоа се диви, дрски, огнени, а истовремено нежни цветови. Цвет кој ја одржува енергијата кај овните е полскиот афион. Ги сакаат цикламите и шафранот, бидејќи се пробиваат низ сите пречки за да ја навестат пролетта. Овните ќе бидат задоволни ако им подарите лилјан или лалиња, симболи на убавина и силни емоции.

Бик
Бикот знае да го извлече најдоброто од секое ново искуство. Слободен е и стабилен. Сака зелена, розова и светло сина боја. Цвеќе кое најмногу го сака е афион, див лилјан и јоргован Романтичната природа на овој знак и неговата префинетост за убавото, подеднакво добро може да се изрази и со букет ружи. Одберете розови ружи, бидејќи таа боја ја ублажува биковата тврдоглавост. Бидејќи многу ја сакаат природата, биковите обожаваат и полско цвеќе, божур и ѓурѓовденче. Биковите сакаат големи, тркалезни цветови како герберот.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-6

Близнаци
Близнаците добро се адаптираат кон се што е ново. Спектар на омилени бои им се: жолта, бела и сина. Маргаритките одговараат на нивниот темперамент. Веселиот нарав на близнаците одлично се сложува со ливадските цвеќиња. Совршен подарок е мало букетче од камилица. Бидејќи ја обожаваат жолтата боја, ги сакаат и нарцисите. Близнаците не се многу вешти во одржување градина, но сепак знаат да одгледаат по некој корен перуника, бидејќи тоа е цвет кој носи добри вести, а близнаците секогаш се полни знаење и информации.

Рак
Ракот е лојален и топол знак. Заради својата природна дипломатија и емотивност го прави животот на оние околу себе пријатен. Сака бела, сребрена и зелена боја. Омилено цвеќе му се ружите, јасмин и гарденија. Цвеќето не ракот му причинува среќа. Подарете му бели ружи, кои симболизираат чистина и го смируваат лабилното расположение на ракот. Особено ги сака дивите ружи со ситни цветови. Прозорците на раковите се украсени со љубичици како симбол на скромност и тајна љубов. Во своите градини сакаат да одгледуваат стебла со јаболки, крушки и сливи или сите други овошки кои имаат бели цветови.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-2

Лав
И покрај желбата да доминира, лавот е романтичен и нежен. Боите кои ги сака се жолта, портокалова и црвена. Купете му цвет од сончоглед за да го израдувате, гладиоли или лупинес. Добар избор се и гардениите и цикламите, ако се луксузно спакувани. На оваа листа можат да се најдат и орхидеите, невенот и хортензијата. Од дрвја сака палми, орев и маслиново дрво.

Девица
Овој навидум смирен знак сака секогаш да знае на што е и да држи контрола над ситуацијата. На нивниот хипер – осетлив нервен систем одлично одговараат убави цветни аранжмани. Најдобрите градинари на светот се родени во овој знак и ти е сакаат косено сено, камелии, нарциси, бадемов цвет и цвет од вишна. На своите тераси имаат фикуси и сардели, а го сакаат мирисот на јоргованите.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-5

Вага
Вагите се познати по нивната пребирливост, големи естети се, имаат истенчен вкус и големи барања. Уживаат во нијансите на сината, зелената, сивата и розова боја, како и во силните тонови на жолта и црвена боја. Нивно цвеќе се бледо розовите ружи, хризантеми, ириси и бледи гербери. Кога се заљубени овие знаци сакаат силни мириси. Овој знак ќе го израдувате со букет бамбуси или лалиња.

Скорпија
Скорпиите се познати по своите моќи и нагласени страсти. Ако поклонувате цвеќе на скорпии,нека биде тоа гербери, божур, црвени ружи, кактус, гардении, огромни букети хризантеми и диви каранфили. Скорпијата може да ја препознаете и по нејзината градина во која има хибискус, орев и зимзелени дрвца.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-4

Стрелец
Стрелците се дарежливи, со отворено срце и големи индивидуалци. Ако одбирате цвеќе за нив, нека биде тоа нешто префинето, бидејќи тие тежнеат кон совршенство. Полн погодок за огнените стрелци се големи цветни аранжмани како филадендрон или бонсаи дрвце. Ги сакаат билките кои носат среќа во домот. Од мирисите, најмногу сакаат мирис на праска, црешов цвет и цикорија. Љубители се и на полско цвеќе и љубичици.

Јарец
Интровертните јарци сакаат класични, елегантни, децентни мириси кои им одговараат на нивната рафинирана и елегантна природа. На ист начин одбираат и бои и сакаат дискретни тонови на кафена, сина, зелена и жолта боја. Омилени цветови му се бршлен,дрво на животот, камелии, магнолија, јоргован, јасмин и ружи. Нивното внимание ќе го добиете ако им подарите голем, раскошен букет.

Цвеќе Kakvo-cvekje-sakaat-horoskopskite-znaci-3

Водолија
Водолиите се уникатни во се, боеми, бунтовници, креативци со бројни интереси. Ретко се случува да купат ружи или да ги одгледуваат дома. Сакаат гладиоли, лалиња, орхидеи, папрат, ирис и кали. Бидејќи сакаат да експериментираат во животот, истото го прават и при избор на цвеќе. Ако сакате да ги изненадите најдете некој цвет добиен со вкрстување на две сорти. Добар избор за водолиите се бамбус, кактус и нарцис.

Риби
Шармот на таинствените риби, никого не остава рамнодушен. Му одговараат заводливи, мирисни ноти, длабоки како и нивниот внатрешен живот. Омилено цвеќе им е калина, љубичица, ирис, багрем, липов цвет и орхидеи. Овие знаци обожаваат цвеќе и сакаат да одгледуваат собни сорти во својот дом. Обожаваат црвени и розови ружи, а мириси кои ги опуштаат се мирис на бергам, јасмин, љубичици, темјан и босилек. Добар избор за рибите се и големите папрати со зелено лисје или букет од полско цвеќе во кој преовладува сина боја.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Пон Окт 05 2015, 22:23

Билка за која се верува дека носи среќа во домот

Цвеќе Bilka-za-koja-se-veruva-deka-nosi-sreka-vo-domot-naslovna-1140x746

Фенг шуи филозофијата верува дека оваа билка го поттикнува протокот на позитивна енергија во домот.

Иако билката “Домашна среќа“ на прв поглед изгледа како мов, ова растение го красат ситни, густи и округли зелени листови. Тоа расте во вид на мала грмушка. И најдобро од се нема некои големи побарувања кога станува збор за неговото одржување.

Негата на домашната среќа се состои од неколку правила.

Бара сончева светлина но без директно изложување на јаки сончеви зраци. Убаво ќе напредува на места каде има блага сенка, па ако ја држите во домот, изберете место на внатрешниот прозор кое гледа на север.

Цвеќе Bilka-za-koja-se-veruva-deka-nosi-sreka-vo-domot-01

Најдобро вирее на температура од 10 до 24 степени.

Треба редовно да ја полевате со вода, но не премногу за коренот да не скапе. И не ги полевајте листовите туку само земјата

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Сре Окт 21 2015, 18:54

Во секој поединечен случај треба посебно да се одлучи кои растенија ќе се одгледуваат. Многу убави ефекти може да се постигнат и со еден вид или сорта, како и со разни комбинации. На пример, портокаловите “мињон георгини” со сини лобелии од предната страна, мушкатли-пеларгонии во комбинација со аргуратум, петунии, тегерес, аспарагус спренгер и други. Овие растенија цутат приближно во исто време и многу добро се надополнуваат со својата боја и раст.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Сре Окт 21 2015, 18:59

Во градовите балконите и терасите често претставуваат единствено место каде што може да се одгледува цвеќе на отворен простор. Балконите и прозорците со цвеќето претставуваат исклучителен украс и за дворовите и за улиците. Таа мала “градина” може да стане гордост и радост на станарите, а воедно и убава слика за сите минувачи и соседи. Цвеќе Cvekje_na_balkon2
Растенијата на терасите, прозорците или на оградите имаат отежнати услови на раст. Изложени се на силни ветрови и сонце, чие пак дејство е засилено од близината на ѕидовите и прозорските стакла. Затоа треба да се изберат сорти на цвеќе кои не се многу чувствителни и кои се отпорни на ветар и сонце. Освен ова, треба да се познаваат и основните животни услови на одредени видови на растенија и да се води сметка на кое место се поставени. 

Многу важно е да се знае на која страна на светот се свртени прозорците и балконите. Некои видови не поднесуваат силна сенка, па така во сенка или воопшто не цутат или пак цутат многу слабо. На други пак им пречи силното сонце. Затоа, при садењето и негата на овие растенија треба да им се посвети посебно внимание. 

Доколку прозорците се наоѓаат во приземје или на првиот кат и блиску до улицата може да се одберат цвеќиња со нежни бои и поситни цветови и листови. Доколку сакате да ги украсите прозорците или балконите на трет, четврт или петтиот кат од зградата, кои се прилично оддалечени од улицата, треба да се одберат растенија со поживи бои, со покрупни цветови и листови, како и растенија чии стебла не стојат исправено, туку “паѓаат”. На тој начин, цвеќето ќе постигне најдобар ефектот кај минувачите кои набљудуваат од поголема далечина. 

Во секој поединечен случај треба посебно да се одлучи кои растенија ќе се одгледуваат. Многу убави ефекти може да се постигнат и со еден вид или сорта, како и со разни комбинации. На пример, портокаловите “мињон георгини” со сини лобелии од предната страна, мушкатли-пеларгонии во комбинација со аргуратум, петунии, тегерес, аспарагус спренгер и други. Овие растенија цутат приближно во исто време и многу добро се надополнуваат со својата боја и раст. 

Цвеќе Cvekje_na_balkon4
Доколку имате желба и можност, може многу порано да посадите цвеќе кое рано цути, па подоцна да се заменат прецветаните растенија со други едногодишни растенија. 
http://www.sezadomot.com.mk/Novi_sodrzini_%2005.11/cvekje_na_balkon1.jpg

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by osa Сре Окт 21 2015, 19:02

еве усхте за цвекињата ....За рано цутење може успешно да се одгледуваат разни видови на цвеќе со луковици како што се: крокуси, лалиња, зумбули, нарциси. 

Изборот на едногодишни растенија е многу поголем отколку што вообичаено се мисли. Покрај пеларгонијата и петунијата кои веќе се испробани за оваа намена, има уште многу видови со кои може да се постигне шаренило и да се внесе промена: астер (убава ката), агератум, лобелија, цинија, вербена, целозија, салвија (пламенче) и многу други. 

Цвеќе Cvekje_na_balkon6
Доколку сакаме да се заштитиме од сонцето и непожелните погледи, може да засадиме ползавци. За оваа намена најдобри се ладолеж, италијански грав, мирислива граорка, кобеа, маурандија со ѕвонести цветови, бршленот...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Саб Мар 12 2016, 18:06

ЕПИПРЕМНУМ АУРЕУМ (EPIPREMNUM AUREUM)

Епипремнум ауреум (Epipremnum aureum) или уште  е брзо растечко, влекачко растение, идеално за одгледување во собни услови. Доколку правилно се одгледува може да достигне и 20 метри должина.

Листовите се вечнозелени облик на срце, а бојата зависи од видот. На „Marble Queen“ листовите се со бали шари, а на „Golden Pothos“ жолто - зелени до златесто. Достигнуваат должина до 10 см.

Често се сретнува во трговските центри, канцелариите, домовите. Карактеристично е тоа што ги абсорбира штетните материи од воздухот, вклучително формалдехидот и бензенот, а испушта кислород.

Цвеќе Epipremnum%20aureum%202

Ова тропско растение има потреба од многу вода и влажен воздух. Се полева 1-2 неделно во зависност од температурите. Растението не трпи температура помала од 10°C, а најдобро вирее од 18-30°C. За нејзино одгледување во соби, најдобро е да биде поставено на посветлите места, за да не ги изгуби убавите шари кои ги има. Се размножува со резници. За подобро разгранување се препорачува и шишање во текот на пролетта. Според „ASPCA“ ова растение е токсично за мачките, кучињата и децата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Пон Мар 21 2016, 14:29

ВРИЗЕА (VRIESEA SPLENDENS)

Цвеќе Vriesea%20splendens2Цвеќе Vriesea_splendens

Вризејата (Vriesea splendens) потекнува од семејството на „Bromeliaceae“. Родот вклучува околу 190 оригинални видови.

Најчесто се сретнува во тропските предели и тоа областите на Бразилија.

Лисјата се остри и долги кои достигнувват височина до 30-40 см. Цвета од февруари до јуни, со црвени прицветни листови, достигнувајќи 60-70 см.

Ова растение има потреба од многу светлина, а најпожелна температура во текот на зимата е над 15 степени. Има потреба од висока воздушна влажност, а воедно во текот на летото се полева почесто. Се ѓубри еднас месечно со торф или изгниени листови. Доколку ја одгледувате во саксија, може да ја пресадувате во поголема на секои 2-3 години.

http://gradina.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=540:vrizeja-vriseja-rastenie&catid=97&Itemid=501

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Гостин Пон Мај 30 2016, 11:03

14 работи кои сите љубители на лалињата треба да ги знаат

Немаат карактеристичен опоен мирис, но лалињата речиси секогаш успеваат да ви предизвикаат насмевка на лицето.

Ако сте љубител на ова прекрасно цвеќе кое се шири низ полињата на Холандија, тогаш треба да знаете неколку работи:

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Цвеќе Empty Re: Цвеќе

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот