Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бугари, Македонско Бугарско прашање....

+6
zozoti
PRVOBOREC
Nebula
трендафил
Luxor
defo
10 posters

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 27 2020, 16:35

Многу се чувствувам глупаво кога на македонски форум мора да докажувам дека постојат Македонци од века, како и сите други народи на светот. Не верувам дека изродот од Муртино знае дека на денешен ден, 27 ноември 1890 година, балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил првата докторска дисертација за македонскиот јазик на тогашниот Дерптски универзитет (денес „Тарту“) во Естонија. Во тоа време Тито, за кој група ненормални од Бугарија и Македонија тврдат дека вештачки ги создал Македонците не бил уште роден. Мајка му не била ни бремена со него. Чудно како „генијалецот“ од Муртино, најпаметниот чоивек во СДСМ, не е во состојба да разбере толку едноставна работа.

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B8-%D1%82%D1%80%D0%B8%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D1%81/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Пет Ное 27 2020, 17:00

Човеков повлече нога, ајде сега сите патриоти од вро дпне да го следат примерот. И да не бараат оправдувања од типот "ние тоа од економски причини". По цена на животот човеков го докажува својот патриотизам. Можете и вие дпне патриотите да живеете со македонска плата како 2 милиони други граѓани.

Иако европскиот пасош сега му е и повеќе од потребен за побрзо и полесно да добие ново срце како европски државјанин  бидејќи е на список за трансплантација Јолески сепак го направи овој потег без да размислува на последиците.



https://24.mk/details/struzhanec-go-vrati-bugarskiot-pasosh
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Ное 27 2020, 20:06

Тажно е кога некој поради сопственото здравје или пари за опстанок мора да земе пасош на непријателска земја.
Се извинувам што ќе се вратам на првиот докторат за македонскиот јазик од 1890 година и тврдењата дека нацијата е вештачки створена во комплет со јазикот од човек што тогаш уште не бил роден ниту мајка му била бремена со него. Дали нормален човек може да тврди нешто такво, затоа што не верувам дека советниците на Борисов и Заев им се дибеци па не им е познат овој факт.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Ное 28 2020, 11:05

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 330

На фотографијата стојат според следбениците на муртинецот бугарските администратори, а според мене бугарските фашистички војници. На земја се положени одсечените глави на борците за ослободување на Македонија од бугарското фашистичко ропство, македонските партизани, а според муртинецот терористите противници на бугарската администрација. Чуден начин на администрирање, со сечење глави.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Ное 28 2020, 19:21

Владата тврди дека нема да се менува идентитетот и јазикот. Така беше и со договорот со Грција, а со него ми избришаа неколку илјади години историја која од генерација на генерација ќе се заборава и со самото тоа ќе се брише. До сега е избришана нашата историја до 19 век и сега се преговара за бришењата во 20 век. За мене тоа е прескапа цена за влез во ЕУ. Тоа е како да треба да купам фрижидер и да ми бараат 100 илјади евра, пошто нели мора да имам таков апарат. Па не морам. Ќе јадам по ресторани или ќе ми доставуваат тазе спремена храна дома. Никогаш не треба да се потклекнува пред било кои уцени затоа што секој следен уценувач бара повеќе.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Ное 28 2020, 19:54

Вили Брант, тогаш германски канцелар се поклони пред споменикот на жртвите на фашизмот во Варшава во 1970 година и така почна помирувањето на Германија со тогаш источниот блок. Кај нас Бугарија наместо да се извини за злосторствата направени во Македонија со уцени сака да изнуди да признаеме дека тие не биле фашистички окупатор туку администратори. Ќе си помисли човек дека уште се фашисти, Бог да чува. Можно е и Заев да ги тресеше глупостите во интервјутро во договор со брат му Борисов за да може да ги почнеме преговорите, но никој не знае дали Борисов ќе остане на власт во Бугарија по пролетните избори, а не се знае ни дали нема да падне Заев пред почетокот на преговорите ако до нив дојде. За жал важно е кога ќе завршат преговорите и евентуално ќе станеме членка на ЕУ, а не само да ги почнеме.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by defo Нед Ное 29 2020, 12:38

Што пишал Рикер, шо и кажал на момата од Пазарџик?

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3495
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Нед Ное 29 2020, 13:05

Рикер пишал дека Бугарија нема поддршка од САД, барем не од оваа администрација што е во заминување. Реално Бугарија нема поддршка од никого, за разлика од Грција која ја имаше поддршката од целата евроатлантска меѓународна банда. Македонија ја имаше и поддршката од САД за членство во НАТО од администрацијата на Џорџ Буш, исто така во заминување, на самитот во Букурешт во 2008 година. Да се надеваме дека историјата нема да се повтори. Бугарија со овој потег ја урива целат стратегија на западот за Балканот. Не само Бугарија туку и Македонија со полтронскиот однос кон источниот сосед.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пон Ное 30 2020, 20:10

Институтот за национална историја јавно побара политичарите (што би рекле диктаторот) да не им се меше во работата.

„Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат детерминирани исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на каков било начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на какви било политички влијанија!“, се вели во реакцијата на институцијата раководена од Драги Ѓорѓиев, копретседател од македонска страна на Мешовитата комисија со Бугарија за историски и образовни прашања.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Вто Дек 01 2020, 17:41

Само во опозициското лудило може да се нарече диктатор личноста на која институтот слободно и се обраќа и бара да не им се меша во работата. Нешто слично се случи и кога обвинителството го отфрли сведочењето на истата личност и не ја смени квалификацијата на обвинението за организаторите на 27 април. Затоа лечете се додека е време, ако воопшто има лек за лудило предизвикано од три и пол годишно дремење и перспектива за уште четири години препелкање во опозиција.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Вто Дек 01 2020, 18:53

Глумењето демократија не е демократија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Сре Дек 02 2020, 13:48

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Levski-i-makedonija

Во објаснувањето под сликата изгледа има грешка. Според најновите сознанија што ни ги наметнува Заев и неговите слуги тие лево, што поздравуваат со крената рака, во стилот хајл Хитлер не се бугарски фашисти, туку администратори. Се работи, според Заев, за администраторски оиздрав. При тоа не одрекувам дека понекогаш администрацијата кај нас не се однесува кон граѓаните фашистички, но тоа е изгледа остаток од времето на бугарската според мене окупација, според Македонците вљубени во тоа северна пред Македонија администрација.
Да не некое дете на форумов не знае, се работи за фотографија од легендарниот натпревар помеќу Левски од Софија и Македонија од Скопје, во 1943 година, опишан во филмот Трето полувреме, што не е почеток на окупацијата, па соред Заев Бугарите во тоа време биле антифашисти.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Чет Дек 03 2020, 22:11

МПЦ-ОА, МАНУ и УКИМ со меморандум за почитување на волјата на македонскиот народ. Еве го текстот на документот наречен Македонски манифест:

Во овие судбински денови за европската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на Македонската академија на науките и уметностите, на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, изразувајќи ја нашата загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција, ги повикуваме, и охрабруваме претседателот на македонската држава, Собранието на Републиката, претседателот на Владата, печатените и електронските медиуми, научните, културните и уметничките институции и здруженија, соодветните министерства за образование и наука, за култура и за надворешни работи, собраниските и вонсобраниските политички партии, како и сите граѓани на Македонија:

– преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинството на македонскиот народ;

– да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет;

– да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности;

– да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто :

а) македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови);

б) македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните традиции, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за припадноста на одреден географски и историски простор;

в) споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам;

г) историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка, повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклучително и на Републиката.

Имајќи ги предвид овие сознанија, ние, во име на врвните институции што ги претставуваме, категорично апелираме:

– процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите,

– да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за правото на самоопределување и за човековите права и слободи;

– да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност;

– да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските институции, и

– да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.

Претседател на Македонската академија на науките и уметностите,
академик Љупчо Коцарев

Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима,
Стефан

Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје,
проф. д-р Никола Јанкуловски

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Дек 05 2020, 11:47

– Во меѓународна комуникација не може да се каже македонската Влада, туку може да се каже Владата на Северна Македонија. Употребата на македонското, македонската, Mакедонецот, македонските или слично не е спорно, но проблем е и кога зборувате за македонските учебници, зборувате за македонската историја, кога зборувате за Македонски Брод. Значи они инсистираат да стои историјата на Република Северна Македонија и секаде да стои така, рече Заев во интервјуто за Канал 77.
Што да кажам, ниту нашиот премиер, ниту неговите бугарски партнери изгледа не се нормални. Дали Македонски Брод ќе треба да се вика Брод на Северна Македонија. Господ памет да му даде. Ако нема македонска историја ниту сега ниту во иднина, кога сегашноста ќе стане историја, нема ни македонски идентитет. И после поддржувачите на т.н. Северна Македонија се лутат кога некој ќе ги нарече северџани.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Дек 05 2020, 13:16

Група бугарски интелектуалци смета дека Бугарија бара едната страна да изврши политичко самоубиство. Суштината е добронамерна, но вистината не е дека Македонците сакаат да се самоубијат, туку дека една друга група што го ноци нашето име во етнички смисол, во политички заевисти, сака да ги убие Македонците како народ и во сегашно и во минато и во идно време.

https://plusinfo.mk/bugarski-intelektualci-bez-odlaga-e-da-se-odobri-pochetokot-na-pregovorite/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Luxor Саб Дек 05 2020, 15:36

Лагата дека некакви заевисти сакаат да ги убијат македонците сигурно е напишана во настап на опозициско лудило. Затоа што точно Заев и неговата партија ги сочуваа јазикот и идентитетот и во преспанскиит и во договорот со бугарите. Инаку немаше сега бугарите што да бараат ако грците претходно ја завршиле работата. Сепак признавам дека има лудаци кои себе се нарекуваат северџани и се припадници на криминалното здружение на лудите дпне оФци кои соработуваат со надворешни непријателски сили со цел да ги уништат македонците бидејки на друг начин не можат да дојдат на власт.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6594
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Albatros Саб Дек 05 2020, 16:17

Nekoj mu zalepil nekolku vospitni na ovoj.

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Img_2097

Albatros

Број на мислења : 823
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Саб Дек 05 2020, 16:57

На ниту еден споменик во Македонија не пишува дека злосторството го извршил бугарскиот народ, туку е прецизирано дека тоа го сториле бугарските фашисти. Ајде пак да кажам дека не знам од каде му е мувата на капата и на Каракачанов , но и на Заев и неговите следбеници. Никој не става знак на еднаквост помешу бугарските фашисти и бугарскиот народ. Како што во иднина кога ќе се поставуваат спомен плочи и  споменици на жртвите на сегашната власт ќе пишува дека се жртви на СДСМ, а не на целиот македонски народ. Јас немам никаква врска со осудувањето за тероризам на луѓе што протестираа и не направија никакво насилство.
И бугарската власт и бугарофилите во Македонија молчат за тоа што соработник на бугарската академија, платен со државни пари изјави дека „Македонизмот не е само идеологија туку психичко пореметување на цело општество, на цел еден народ,“. Што би рекле дека сите Македонци, и обични и северни, се лудаци.

https://expres.mk/chlen-na-ban-makedonizmot-e-psihichka-bolest-na-celo-opshtestvo-na-cel-narod/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Сре Дек 09 2020, 21:14

Бугарија приреди реприза на тоа што го направи Грција и веројатно очекува реприза ид Заев за решавање на проблемот. Грците ја прекршија Времената спогодба Бугарија Договорот за наводно пријателство. Грците (и домашните предавници) за антиквизација на Македонците, сега непријателот зборува за македонизација на Бугари. Веќе и тие што гласаа на референдумот за Северна Македонија и еден куп бришења на постарата македонска историја веројатно ќе почнат да се прашуваат за кој пенис го направија тоа.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Чет Дек 10 2020, 18:14

Не знам што бараме во сојуз во кој членува Бугарија. Во Првата светска војна беа сојузници со Германија и Австро-Унгарија кои ја загубија војната. Втората земја се распадна. Во Втората светска војна со Германија и Италија кои истотака загубија. По војната беа сојузници со СССР и дел од Варшавскиот договор на воен план. И двете работи се распаднаа и веќе се историја.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Albatros Чет Дек 10 2020, 20:23

Еврејската заедница во Македонија бара од актуелните бугарските власти да се извинат за улогата на Царството Бугарија во холокаустот
10.12.2020 18:36

https://telma.com.mk/2020/12/10/еврејската-заедница-во-македонија-ба/

Albatros

Број на мислења : 823
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Пет Дек 11 2020, 09:46

Според Борисов и тие околу него (вклучувајќи го тука и нашиот премиер Зоран Заев со неговото друштво) бугарските фашисти биле администратори, па само го администрирале геноцидот врз Евреите во Македонија. Не сум психијатар па не го пишувам тоа што следи од медицинска, туку од човечка гледна точка. Не знам дали се работи за будала што верува во приказните дека немало окупација на Македонија или дека татко ми, дедо ми и другите мои предци биле Бугари или само нашол будала на кого му веруваат други будали во Македонија и максимално го користи тоа. Според Заев Борисов активно учествувал и во составувањето на Преспанскиот договор, после кој не му се исуши раката на тој што го потпиша, според клетвата од неговиот татко, туку почна да се суши Преспанското Езеро. Ба крајот од веста на линкот што следи има и видео.

https://expres.mk/borisov-pregovaral-so-cipras-kako-za-svoja-zemja-makedonija-video/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Nebula Нед Дек 13 2020, 12:31

Kako ponagase ovoj blesaviov, so zakani za prakanje vojska vo Makedonija?

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Img_2121

Nebula

Број на мислења : 951
Join date : 2018-08-04

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Нед Дек 13 2020, 13:01


Во интервју за БНР, бугарскиот историчаро Воин Божинов, член на Институтот за историски истражувања при БАН, меѓу другото вели:
„Во моментов во Република Македонија владее антибугарска хистерија, што покажува дека македонизмот не е само идеологија, туку и ментално отстапување …“ Што би рекле дека сме будали, јас веројатно повеќе затоа што се индентификувам и со идентитетот на заевистите, за кои во моментов не знам кога почнува во периодот од доаѓањето на Словените до прогласувањето на независност на Република Македонија и со се што станало пред тоа до праисторијата на македонска почва во нашата држава и надвор од неа. Вклучувајќи ги и Македонците и припадници на други народи што живееле пријателски како соседи во Македонија, а подоцна се иселиле во евроазија и прекуокеанските земји. Имам и дел глобалистички идентитет во кој влегуваат Лед Зепелин, Дип Парпл, Пинк Флојд, Реј Чарлс, Достоевски, Хемингвеј и да не набројувам затоа што списокот е голем.
Треба да се причекаме уште некое време Господ да им даде памет или на Бугарите или на европјаните (кои сега на пример и доделија на Бугарија 1,5 милијарди евра од своите фондови, а на грција и дадоа најмалку 330 милијарди ). Не знам од каде е стравот од Македонците во Грција и Бугарија. Немаме сили да си ги вратиме окупираните територии ниту воено ниту тоа го дозволува актуелното меѓународно право.

https://expres.mk/buchkovski-ja-napushti-sofija-so-podvitkana-opashka-veli-bugarski-istorichar/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by трендафил Нед Дек 13 2020, 19:45

Не е ли чудно што Бугарите го слават Тодор Александров, човекот што преговараше со Коминтерната и е тој што го има договорено Мајскиот манифест, со што Коминтерната станува прва меѓународна организација што званично признава македонска нација. Не сум психијатар, но ќе напишам дека мислам дека тоа е шизофренија. Школски пример.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11196
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бугари, Македонско Бугарско прашање.... - Page 2 Empty Re: Бугари, Македонско Бугарско прашање....

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 4 Previous  1, 2, 3, 4  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот