Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

3 posters

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Окт 06 2023, 22:53

Branko Trickovski
Омилени · 4 ч. ·
Во срцето те носиме
Македонците ја носеле Македонија во срцето.
Не заебавај!
Нема погрозно ружење на љубовта.
Тие зурли, тапани и срцедрапателни песни.
За морињата и планините што Македонецот ќе ги мине за да биде со неа, за деловите што пак ќе ги залепи како вазна од времето на династијата Минг.
Македонците се најсилни кога се собираат на куп, на некој митинг, фестивал на пивото или прасето, за да можат меѓу себе да си разменуваат знаци на таа љубив која тоа не е.
Повеќе искрена љубов има кај фудбалерот кој го стиска грбот на клубот или репрезентацијата на својот дрес.
Луѓето демонстрираат нешто што од нив се очекува или тие мислат дека се очекува, а не љубов.
Во срцето не носат ништо.
Освен омраза.
Кон Европа, кон Албанците, кон мислата, кон разумот и паметта, кон визијата, кон знаењето, кон убавината, кон пристојноста, кон културата.
Конечно, кон себе и кон Македонија.
Така се убиваат.
Систематски.
Македонија нема да умре како цивилизација туку како грешка на историјата, на природата и на еволуцијата.
Какво срце, какво место, каква Македонија.
Неподносливо позерство проследено со агресија и омраза кон се што е над проливот со кој ја усмрдуваат земјата.
Можно ли е такво општество, таква држава и таква нација?
Можни се, се разбира, има надворешни фактори кои ќе ја држат оградата на тој резерват поради геополитички и други интереси, но ако внатре не се сменат работите, нема ништо, се ќе пукне.
И тоа не смени какви што луѓето очекуваат, демек некој да им обезбеди подобар живот, туку само услови во кои тие самите ќе со ги обезбедат тие благодети.
Јас мислам дека Македонија ги носи Македонците на грб.
Понекогаш им тура пластична кеса на главата и ги задушува.
Ги става на ушка кога минува под надвозник кој ќе му ја откине главата на Македонецот или ќе му ја набие меѓу рамењата.
Не ги умира, само ги онемоќува да ја ебат.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Окт 09 2023, 16:07

Branko Trickovski
Омилени · 3 ч. ·
Со вмро у курац- напред!
Велат дека вмро ќе го признае и Договорот меѓу Глигоров и Аџиќ како и Договорот од Букурешт и Санстефанскиот договор, Договорот за пријателство со Бугарија и за стратегиско партнерство со САД, Договорот од Јајце и Договорот од Прохор Пчињски, Брест-литовскиот договор, Еворпскиот договор за преговарачката рамка со Северна Македонија, всушност ќе се трансформира од инсталација за тероризирање на Македонија и на Европа во Агенција за признавање на меѓународни договори и за дупење на обичниот човек кој во неговата академија е во напредната фаза на оглупавување, во последните делови на здравиот разум.
Со вмро у курац- напред!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Сре Окт 11 2023, 15:06

Branko Trickovski
Омилени · 2 ч. ·
Мицко на преглед
Кога Жмицко бара предвремени избори час поскоро тој заборава дека со истото образложение, демек, дека Македонија е уништена од ненародната власт на сдсм и дуи, тоа го бара седум години.
Што значи дека или бил будала пред седум години или е будала сега.
Или бил будала и тогаш и сега.
Секој доктор по општа медицина на прв поглед ќе оцени дека е тешко болен, дека нема контакт со стварноста и дека е повеќе психопат отколку социопат, но ги има особините и на двете категории пациенти.
Кога бара предвремени избори час поскоро во земјата што ја масакрираше неговата партија и тој лично, прави неверојатен перформанс кој може да се спореди само со измисленото барање на Исмаил Ханиех час поскоро да се одржат предвремени избори во Израел по кои Хамас ќе формира влада бидејки сам ќе има двотретинско мнозинство.
Штетата што врз Македонија ја направи вмро е поголема од штетите што сите балкански влади и партии ја направиле врз своите држави и народи во последните 150 години.
Имаш ли ти претстава за тоа злосторство!?
По се што вмро и направи на Македонија ти не можеш да бидеш премиер ни со стотретинско мнозинство затоа што во тој случај Македонија ќе ја нема.
Слушај го Хер Флик: не ги лажете граѓаните, кажете дека историскиот пораз на вмро е готова работа и крај!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Нед Окт 15 2023, 01:40

Branko Trickovski
Омилени · 15 ч. ·
Главата горе
Сузан Сонтаг викаше: исправи го грбот, крени ја главата и пичи низ животот, не дозволувај некој вморон да те фрли во очај, фрли го ти него, не го еби ни под разно, ќе фатиш тешка болест и со десет тројани при едно влегување во неговата јебозовна внатрешност.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Окт 16 2023, 14:16

Branko Trickovski
Омилени · 3 ч. ·
Вмро во Третата светска војна
Го прашале Мицкота дали вмро-дпмне ќе
учествува во Третата светска војна.
Да-рекол лидерот- мораме да ја избришеме Македонија од картата на нациите и државите!
Сигурно и голема прослава ќе направите?
Да, после тоа на сите ќе ви направиме гламурозни свадби како Сашењка за својот џуниор.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Окт 26 2023, 22:13

Branko Trickovski
Омилени · 49 мин. ·
Дочек на третата светска војна
Офаманаман организира дочек на Третата светска војна во Будимпешта во хотел со десет ѕвезички и три месечинки.
Агенцијата успеа до дојде до господинот Мицко и да го праша каде тој ќе је чека Третата светска војна.
-Нема да ја чекаме, господине Тричко, ние ќе ја предизвикаме и ќе победиме-ни рече Миц Ком Јунг и додаде едно интересно прашање:
-А кај ќе ја чекате вие?
-Па, ние ќе ја чекаме во домашшна атмосфера-му рековме- со најмилите, малку телевизија, малку сарма, домашно вино, ако даде господ некое новогодишно интервју на лидерот на вмро-дпмне и толку, со тоа што сме решени дека ако победи во Третата светска војна, ќе го ебеме, а ако не победи пак ќе му го начукаме.
Јас да сум Мицко би одбрал да ја загубиме Третата светска војна, но не би сакале да се мешаме во изборот на ингениозниот лидер.
Како ќе реши така ќе биде.
Тоа е!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Вто Ное 07 2023, 14:35

Branko Trickovski
Омилени · 54 мин. ·
Константин филозоф и Тричковски бозаџијата
Му честитам на Ферид Мухиќ на наградата “Константин филозоф”, но морам да забележам дека Кирил можеби бил центафор во Барселона, но флозоф не бил сигурно. Еквивалент на таа награда би била наградата “Тричковски бозаџијата”. Прв носител може да биде Кикифрики или Фрикикики, тоа оставам да го реши Комисијата на чело со Христијан гајдаџијата.
Хахаха!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Ное 16 2023, 12:47

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Изолација
Добро, знае ли некој кога ќе влеземе во изолација.
Можеби за Фрајдеј, со 70 отсто попуст?
Дајте да се одлепиме од овој неправеден свет кој сака да ни го уништи идентитетот.
Македонецот без идентитет е како свиња без сало, а касапите од Европа сакаат на живо да не одерат и ошурат, демек, без да не колат.
Во Изолација, со вмро-напред!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Ное 16 2023, 21:39

Branko Trickovski
Омилени · 1 д. ·
Македонскиот тројански коњ
Македонскиот тројански коњ го изградија Македонците. И во него напикаа само вморони. Се патриот до патриота. Кои македонските тројанци ги пуштија да им ја разорат државата оти биле заклучиле дека не ја бива.
Легендата вели дека и Тројанскиот тројански коњ го изградиле Македонци кои во тоа време саделе тутун на источниот брег на Егејот. И во него напикале воини од Задграничниот комитет на вмро во Троја.
Еве и еден нововековен пример за моќта на оваа организација: Да пуштеа Израелците една чета вморони во Газа, палестинската енклава ќе беше разорена без ракети, тенкови и војска.
Од внатре.
Како Македонија.
Исмаил Хание ќе седнеше на некоја ракета и ќе одлеташе кај господ кога ќе му покажеа слика на Силјановска во најголемата џамија во Газа или од Кикифрики како пишува дека Газа ќе го загуби идентитетот ако влезе во Европската унија под Израелски диктат.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Ное 20 2023, 00:34

Branko Trickovski
Омилени · 11 ч. ·
Омраза
Говорот на омраза стана банална фраза.
Како е се што е важно.
Талентот да ги банализираме сериозните работи а од баналните да правиме корејски прашања, е имаментен на македонскиот менталитет, филозофија и на способност со глупави имитации на светските пробиви на мислата и саморазбирањето, да правиме селски панаѓури на бесмислата.
Говорот на омразата односно тоа што некому така му се чини, со чесни исклучоци. тука е згоден повод да се земе збор и низ лесно или малку потешко просерување да се укаже на своето присуство во јавниот живот.
Додека вистинската омраза се третира како аспект на политичкиот плурализам.
Борбата пак против таквите состојби и гледања инстантно се објавува како говор на омраза.
Вмро-дпмне, да речеме, не е само говор на омраза. Тие се омраза. По дефиниција.
И кај другите јавни субјекти има говор на омраза, но кај овие говњари, говорот на омраза и омразата како таква е камен темелник на нивната конституција.
Тие се не само омраза и говор на омразата туку и појава на омразата, крст на омразата, црква и вера на омразата што ја шират како што се шири африканската чума кај свињите.
Тие се омразителна појава.
Заразни се.
Или треба да ги избегнувате или да ги турите во некаков кагантен.
Имаат зградурина во која можете да ги напикате сите.
Хахаха!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Дек 07 2023, 02:46

Branko Trickovski
Омилени · 8 ч. ·
Прашањето на адвокатите
Највозбудливо ќе биде кога адвокатската котерија ќе го преземе случајот Палчо и веднаш ќе открие дека нивниот клиент има тахикардија која може фатално да заврши за осомничениот ако не биде итно преместен во соба со поглед на Коњот со воин, односно во “Мериот”, натурлих. Од внатрешни извори Офаманаман дознава дека според адвокатите најдобри услови за таков исцелителен поглед дава претседателскиот апартман кој се води под број 313. Ако тоа не помине ќе пријават дека има колитис, или заушки, вошки, дека е нервно растроен и, на крајот, дека за време на престојот во Турција останал труден и дека е сосема неадекватно плодот да го носи во влажна ќелија полна со лебарки и стаорци. Ако на ултразвук се покаже дека во утробата на Палчо расте курлесто Македонче патриотче, ќе бараат последните седум месеци од бременоста нивниот клиент да ги помине во некоја истакната клиника во странство, заедно со породот, се разбира. Потоа најмалку три години Палчо и Македончето патриотче ќе мора да поминат во удобни домашни услови пред да може Палчо да биде спремен за фер судење. Се рзгледува и опцијата Палчо да биде прогласен за непресметлив односно луд и да се бара да биде сместен во некоја болница во еднокреветна соба со голем телевизор и поглед на море. Дури на крај ќе дојде трговијата со компромитирачки материјали кои Палчо ги чува на три танкери во дојранското пристаниште.
Кој сето тоа ќе го плати?
Палчо, се разбира, со мала помош на своите пријатели, Кикифрики сигурно ќе му даде сто илјади евра минимум, плус канта масна црвена боја од пет литри да му го покрие срамот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Дек 15 2023, 12:45

Branko Trickovski
Омилени · 47 мин. ·
Меланхолија
Сакам вакво време: ситен дождец, сиво небо, пријатна температура, малку ненормална за средината на декември.
Удира на меланхолија. Тоа е чувство што се раѓа во моментите кога парчиња од минатото ќе ве потсетат што се не сте направиле или сте направиле погрешно и ќе се сретнат со сегашноста што ви ја бистри свеста дека времето што ви преостанува е кусо, а вашата немоќ долга и голема.
Тоа средба на промашувањата во животниот бијатлон и недостигот на куршуми за нов обид да ја погодите целта, на некој чуден начин се изразува како смирување и пријатно чувство. Не како разочарување и мака. Некои велат дека тоа го регулира хемијата на организмот, а други дека исчезнувањето на надежите го смирува стариот човек како младиот после секс и тој е спремен да се задоволи со цигара.
Или пиво.
Хахаха.
Ситни капки ги покриваат стаклата на мојата “Дита”.
Како шифершајбна без бришачи.
Куче со жолта маркичка на десното увце тргнува по мене со доверба дека ќе го однесам на место кај што има храна.
И малку љубов.
И го однесов до првиот дуќан во кој купив виршли на кило.
Да не се прејаде- така си помислив и му фрлив три парчиња за таа реда.
Додека песот ја носеше виршлата на некоја своја маса за ручање, се сетив дека на времето им раскажував на ќерките дека во прегходниот живот сум бил куче во некое село во Прованса.
И дека сум јадел суви виршли.
Брикети крикети хахаха!
Стигнав во кафето и порачав кафе и “Корона”. Со сол на грлото и лимета.
Зјапав низ оросениот џам кон ливадата, цврцкав од пивото и го пишував ова текстче, ослободен од сите надежи и задачи.
Освен од порачката да купам леб,
Бел леб за жена ми и интегрален леб со чија за мене.
Да купиме некој пакет сардини и месен нарезок, ми рече сопругата, да се спремиме за изолацијата.
Не, и реков, ќе се јадеме меѓу себе!
Хахаха!
Убаво вика Лазо: Лајф ис гуд!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Дек 15 2023, 16:18

Branko Trickovski
Омилени  · 1 ч.  ·
Како не ослободувале!?
Вака било, драги пријатели:
Влегува четата на пиперката, кромидот или марулата во селото.
Јадат, пијат ждерат, ебат, собираат револуционерен данок и бегат во шумата пред аскерот кој тргнал да ги испотепа откако дежурниот кодош им ги јавил координатите на македонските ебачи.
Но, бидејќи борците за слобода на селото и на сиот македонски народ киднале, аскерот, што да прави, да не му е качувањето по ридот за џабе, ја продолжува нивната гозба, значи, пијат, ждерат и ебат, земаат по некоја мома за пашата и за султанот и селото го палат.
Во нашите читанки ова е опишано како ѕверства на османлиите и подвиг на четниците.
Да ти пукнат сите жили, не само пичните.
Пред триесет години тие чети влегоа во селото Македонија. Ждерат, пијат и ебат, се е исто само што го нема аскерот да ги отера во шумата бар да знаеме дека не ебе окупаторот.
Хахаха!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Нед Дек 24 2023, 13:02

Комити на сплав
Туристичката агенција Офаманаман организира бесплатен дочек на Новата година на три сплава на Дунав во Белград. Само за вморони. Ол инклузив. Со се капење. Само за давење е нужна доплата од пет евра+ транспортни трошоци на посмртните останки во износ од 10.000 евра со сандак од махагониј или 2.000 евра во пластична кеса. Пред да се удават гостите ќе ги забавува Аца Трети Македонски. Повелете, местата се ограничени

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by Spiridon Пон Дек 25 2023, 10:53

Car e Tricko.

Spiridon

Број на мислења : 26
Join date : 2023-07-27

osa likes this post

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Сре Дек 27 2023, 22:36

Spiridon напиша:Car e Tricko.
car na pishaniot zbor ...sarkazam koj voodushevuva...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Дек 28 2023, 00:16

Branko Trickovski
Омилени · 5 ч. ·
Компас за чувствителни носеви
Бомбардони е компас за чувствителни носеви. Овој на графикава е од архивот “Роже Виола” во Париз.
Кај нас вмороните го носат на своите газови. Свеченото откривање ќе се случи ако прдоњите од опозицијата во април и мај го преземат кормилото на нашето кајче.
Македонците ќе имаат органски апарат за совршена навигација. Секогаш ќе се движат во правецот од кај што доаѓа смрдеата и така ќе стигнат до брегот кај што ќе можат својот односно нашиот брод да го врзат за големиот кур на Историјата.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Јан 04 2024, 15:28

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Евтаназија
Не можам повеќе да го поднесувам страдањето на Македонците.
Европа ги убива, Бугарија ги убива, воздухот ги убива, предавиниците ги убиваат, името ги убива, рамката ги убива, историјата ги прави решето, власта ги убива…
Тоа се неверојатни страдања.
Можеби треба да размислиме за евтаназија на болните единки.
На сметка на државата, се разбира.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Саб Јан 06 2024, 13:46

Branko Trickovski
Омилени · 16 ч. ·
Исус ќе го контролира небото
Од 7 јануари контролата на летањето и уземјувањето ќе ја преземе господинот Исус. Отецот и Светиот дух заклучиле дека човеците можат да го контролираат летањето ама не можат да се контролираат себе си.
Жал ми падна за Христос.
Уште таа мака му требаше!?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Нед Јан 07 2024, 17:40

Branko Trickovski
Омилени · 5 ч. ·
Исус ќе не посети друг пат
Исус го откажал летот за Македонија поради случувањата во Контролата на летањето. Упатените велат дека тоа му е изговор затоа што на Богочовекот не му треба никаква контрола. Тој е конгрола на се, меѓу другото и на летањето и на уземјувањето.
Други велат дека е лут што не сме ги пуштиле Бугарите во Уставот.
Рекол дека не ги отфрла будалите, но дека со нив ќе се позанимава подоцна.
Како и да е, среќен Божик, драги пријатели.
Исус сака кога првиот плач ќе му го прекине пупката на Богородица и убава доза на хумор од Македонија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Чет Јан 18 2024, 00:57

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Линч
Македонија е изложена на линч, драги пријатели. Ја каменува кој како ќе стигне. Седум години. Од два милиони души секој трет секое утро зема камен и ја мава у глава. Ако го сметаме само полнолетното насление, триоца од пет души се среќни кога ќе ја погодат у чело. Како пирамидата од празни конзерви грашок на селските панаѓури, само со топки од партали. Маваат вморони, неутрони и други серотрони, нивни ботови, професори, академици, новинарски проститути и проститутки и други тутурутки. Останатите граѓани го посматраат тоа каменување на сиромашката држава и викаат: леле, леле, леле!Што значи дека и тие учествуваат во линчот, но не маваат со камења туку со морални згрозувања од најдолен вид.
Тоа се вика автошивинизам кој е ментално модифициран феномен. Во партиските и медиумските лаборатории на вмро и нивните надворешни сервисери.
Обаче, камења снемува, ентузијазмот на линчувачите опаѓа, уморни се и не дофрлаат веќе до главата на жртвата, нови идеи немат, ботовите никој беќе не ги ебе, ниту членивите на Извршниот ломитет на Злото, кого веќе боли курот што рекол Мицко или најголемите умови Мисајловски и Дибекот. Ниту славниот женски оркестар веќе нккој не го ебе. Што да се каже за таканаречените новинари и новинарки од разноразни кукавички гнезда, од некакви институти и лаборатории за хемофилтрација на глупоста. Чиста глупост. Македонија е целата исчукана, има тешки, докторите велат, дури и повреди опасни по живот, но ќе преживее. За рзлика од каменувачите кои, нормално, ќе умрат.
Затоа што е посилна од злото. Вмро ќе загуби, а тие ако сакаат да продолжат да маваат, ќе треба да си ги сечат јајцата.
Или главите.
Што ќе биде најмала штета за нив.
Само Кикифрики нема да има што да си отсече.
Хахаха!
Глупаци злобни!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Саб Фед 03 2024, 00:24

Branko Trickovski
Омилени · 11 ч. ·
Стрест-тест
Го положив стрест-тестот кај д-р Василева со +10.
Ми понуди жената да бидам изложбен експонат на здравоста во ординацијата.
Еве, господа, вака изгледа нормален и здрав човек.
Ја слушам како им вели на новите пациенти.
Но, како да го поминам стрест-тестот во Клиниката за стресови на доктор Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ ви стои на располагање.
Така пишува на светлечката реклама и на телевизиските кајрони.
Никој не може да ве стресе како стресаторите од нашата стресителна инсталација.
Без уставни промени интеграцијата во Европската унија можела да трае и сто години.
Вика доктор Христијан.
И јас почнувам да се стресувам како младо девојче под искусен манијак.
Не треба да го прашуваме: Па, зошто ги блокираше тие промени, бе, докторе?!
Затоа што одговорот е во тие сто години.
Вмро беше против за да се отвори тој простор од сто години самотија во кои тие имаат гаранции дека интеграцијата на Македонија и Македонија како таква, ќе пропаднат односно нивната мисија ќе биде успешна.
Второ, леснотијата со која тој зборува за времето покажува дека нема нормален однос кон таа клучна вредност и критериум. За сто години може и вмро да го снема и Бугарија и Македонија и Европската унија и Русија и човекот и планетата Земја или макар животот на оваа вселенска лепотица.
Со таква леснотија за така важни работи може да зборува само болен или луд човек.
Особено затоа што само до пред еден месец имаше можност тие сто години да ги скрати на четири.
Бугарскиот диктат и слични тралалајки може да си ги набута во ушите ако не му се полни со ушна смола или, ако таму не ги собира, може да проба да ги стави во својот шупак со помош на најновите модели лубриканти, масло за мотор со вискозитет 15/45 и рачки од метла за метење на историското ѓубре.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Саб Фед 03 2024, 16:44

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Пушење на идентитетот
Од 12 февруари од државава ќе можат да излезат и да се вратат само Северџаните, Македонците од класата вмронити, ќе виткаат џоинт од исушениот идентитет и ќе уживаат во бавноста на времето и во вечноста на Македонија. Со Кифот, дериват на идентитетот, сличен на дериватот на канабисот, им се растоочува мозокот, одлутуваат, забораваат што некој рекол минут пред тоа (неќеме ЕУ-сакаме ЕУ), тешко ги следат подолгите приказни или шеги, послабо реагираат на други луѓе, не ги антиципираат реакциите на луѓето, ете, драги мои, тоа ве чека, ако дојде некој да ве ебе, вие се смеете и му викате: шоооо меее чччччеешшшашш ппо ггааазззоот беееее, јассс сум ввв мроооо кога ќќќе дојјјдддеме на властттт ситтте ќќќе ве стррррееламеее, капишшши…
Македонија ќе умре дрогирана.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Сре Фед 14 2024, 22:22

Branko Trickovski
Омилени · 4 ч. ·
Денеска решив да се цитирам самиот себе
Бифтеци
Каква е разликата меѓу бифтеците Строганоф и Трајаноф?
Строганоф се динстани парчиња говедско месо во сос од павлака, додека Трајаноф е свински бифтек во сос од политичка помија.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Фед 23 2024, 12:43

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Мртва стража
Како пијана комошка сум. Ненаспан. Каков може да биде човек кој цела ноќ ја поминал на мртва стража пред националните интереси на својата татковина. Мораме да бидеме будни, тоа е. Ако непријателот не спие, не можеме да спиеме и ние. Односно можеме, ама тоа не е одговорно и патриотско однесување. Непријателот има шанси на изборите. Затоа што е внатрешен, револуционерен и подмолен. Прост и амбициозен. Најлошата и најопасната комбинација. Тогаш Македонците се еуфорични и зафатени со натурална размена на гласовите за пари и илузии. И урда за петок. Ако тогаш не ни го начука и не не обеси на црвените линии на нашата одбрана, Македонија ќе остане вечна. Северна, ама вечна.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 2 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 3 Previous  1, 2, 3  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот