Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

3 posters

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Нед Фед 25 2024, 00:03

Branko Trickovski
Омилени · 3 ч. ·
Не е неопходно Македонецот да има г’з за да му дојде од дупето во главата.
Доволно е да има глава!
Со приклучок на природна или вештачка интелигенција.
И најмалку три дена да е чист од вмро!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Вто Фед 27 2024, 20:54

Branko Trickovski
Омилени · 43 мин. ·
“Јас сум Македонија бе, пичка ви лепа материна, а вие сте бели црви врз мртвото тело на татковината.”
Пишува: Бранко Тричковски
Почна да ми се развлекува времето. Денот никако да помине. До пред некој месец беше обратно: денот ми минуваше пред да го завршам утринското мочање и да направам свиткана кајгана од три јајца и малку беровско сирење за појадок. Не знам од кај доаѓа овој бесмислен збор. Доручек ми е многу поадекватен израз.
Мислев дека на луѓето на мои години времето бргу им тече за да ги спои со смртта и да го ослободат местото за нови луѓе. И да не дочекаат вмро да им ги одредува правилата. Македонец под земја е подобра опција од Македонец под вмро.
Така мислев дека изгледаат природните правила, но како што реков, како тргнале работите во последно време, никогаш нема да умрам, а за вмро не ми е гајле, всушност ме били курот од тие шуги на патетичниот македонизам, но ми е мака. Поточно мачно ми е. Не за мене, за луѓето, за изминативе 80 години. За многу добри, паметни, талентирани и посветени луѓе не само на професиите со кои се занимаваа туку и на личните и општествениот живот во кој создаваа амбиент во кој вредеше и беше убаво да се живее.
И на многу настани, проекти, објекти…на културата и уметноста која ги обележуваше нашите животи.
Се сеќавам на една колумна од пред сто години кога во насловот го парафразирав Томас Ман од неговата расправа со нацистите: “Јас сум Македонија бе, пичка ви лепа материна, а вие сте бели црви врз мртвото тело на татковината.”
Пцовката во насливот не е безобразие туку единствено покритие на чувствата кои се раѓаат во средбата со амбициозната глупост на новите патриоти на патолошкото македонство.
Го пофторувам насливот со се пцовката за да се одредам кон денешнава ситуација.
И тоа јас. Јас кој сум познат по дефицитот на патриотизам според толковниот речник на ману и бабскиот комитлак од Пирин планина, просто не знам што е тоа, банално ми е кога ми објаснуваат дека тоа е љубов кон својата држава, но јас ниту кај најголемите патриоти, особено кај нив, не можам да видам никаква љубов, само глупост, просташтво и омраза. И дека, всушност, секој ден ја ебат. Тоа, додуша може да се поврзе со љубовта, но кај нив тој чин е толку груб или насилен, што веднаш се гледа дека нема никаква врска со љубов кон Македонија.
Читам дебели книги, но не по ред, туку од кај што ќе ја отворам книгата терам десетина- дваесет страници, па правам чај од врболила за простатата, па се враќам на уште дестина страници.
Слушам музика.
Имам супер систем и неограничен избор.
На пладне одам да пазарам нешто, па ќе испијам една конзерва пиво на клупите во паркот и ќе напишам некое статусче на фејсбук. Немам пари за кафани, а и амбиентот и вревата од некои маси и гости или прегласната и лоша музика ми
пречат.
Истиот ритуал го пофторувам и навечер околу седум. Па се враќам дома, гледам нешто на телевизијата, некој филм, ама ми фали концентрација за да догледам нешто што не е ептен добро. Сношти го гледав “Професорот и лудакот” со Мел Гибсон и Шон Пен, вистинска приказна за создавањето на Оксфордскиот речник. Филмот е многу добар и приказната е привлечна, ама мене особено ме инпресионираше Пен и ме натера да се прашам каков е тој глумец што пред камера може да глуми лудило поуверливо од лудилото на најголемиот лудак. Неверојатно.
Македонски телевизии не гледам, па, може има дваесет години. Ништо. Се информирам посредно за таа злосторничка фела и нејзините отровни подвизи. Тие ја дехуманизираат Македонија третирајки ги луѓето како глувци и стаорци, а и гостите и водителите и водителките и директорите им се со вмровско крзно и антимакедонски опашки.
И така, драги мои, времето се рзвлекува толку бавно што ми паѓа мило кога часовникот и телефонот ќе ми соопштат дека моето време за спиење е во 22.30. Јас ќе го пробијам тој термин за поливина час занимавајки се околу музичкиот систем и потоа одам да се одморам од неработа.
Како и секој чесен Македонец.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Мар 04 2024, 22:03


Branko Trickovski
Омилени · 6 ч. ·
Волнени накурници со корпа за ташаците
Може ли некој да ми каже или да ми нацрта како изгледа националното достоинство. На целата нација и на секој човек посебно. Да речеме на Тричковски.
Како можам да знам дали сум без достоинство или сум достоинствен Македонец?
Кај плачипичестите Македонци од сортата јабучар вмороничар, вклучувајки ја тука и нивната кандидатка за претседателка, развојот се смета за губење на достоинството.
Секој развој, во секој поглед, во секој сектор.
Достоинството е алхемиски производ што се чува во трезорот на партијата.
Еве ќе ви кажам еден пример, ако веќе никој не сака мене да ми каже ништо во врска со достоинството;инаку тоа е единствената тема на вмро во текот на целата транзиција, за време на илегалата во комунистичкото време, за време на предвоените свињарии итн. Само беа притаени за време на бугарскито режимски присуство во Македонија.
При што ништо повеќе не го загрозуваше и не го загрозува достоинството на македонскиот човек од неговата вморонска одбрана.
Значи, дали формирањето на Република Македонија претставувала катастрофа за достоинството на народот кој во повеќе од две третини остана надвор од границите на новата држава. И на третината која везе ама не беше во состојба да ги прежали другите две третини.
Од аспект на вмро, сигурно-да и затоа вмро сака да го врати тоа достоинство со уништување на предметот кој ги предизвика тие драстични и капитални повреди на гордоста на македонскиот народ.
Во крајна линија тоа значи дека ќе се бара не само поништување на Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Преговарачката рамка и Рамковниот договор туку и договорот од АСНОМ.
Како извор на сета национална драма и усрано достоинство.
Тоа е толку логично, не.
Достоинството не го повредува само “ненародната власт на сдсм и дуи”, туку државата како таква!
Ете, драги пријатели, како парадната љубов кон Македонија, испразнета од секаква содржина, води кон нејзиниот неславен крај.
Кон самоубиство со предозирање со љубов и грижа за достоинството.
Надвор од Европа и од светот.
Нова Каледонија на Балканот.
Накурници, дајте ни накурници од волна, со корпа за ташаците.
Тоа е најоптимистичката варијанта ако остатокот од Македонија не собере сила да се ослободи од оваа тешка несреќа, тргајки ја не само нејзината актуелна појавност во ликот на вмро-дпмне и Гоца, туку и нејзините длабоки корени. Или ќе чекаме тоа да го стори генералната вештачка интелигенција.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Вто Мар 05 2024, 01:32

Branko Trickovski
Омилени · 8 ч. ·
Мечки
На Тодорица или Свети Стефан, од селта ќе се симнеа во Свети Николе мечка врзана за метален синџир и нејзиниот газда со тарабука или некое даире. Мечката ќе се кренеше на задните нозе и ќе удреше еден мечкин танц, народот фрлаше по некој динар во шеширот на мечкаџината, повеќе се веселеше отколку што се фрапираше, но никој не навиваше мечката да се пушти на слобода.
Знам дека ќе звучи навредливо, но мене оваа со вмро и Гордана ме потсетува на таква приредба за широките народни маси.
Силјановска не е мечка, тоа е сигурно и видливо на прв поглед, но е некоја ѕверка која кандисала или ја истренирале да ја водат по панаѓурите и селските слави да ја забавува публиката со концептот за Македонија во кој сите ќе се ослободат од понижувачкото европејство и ќе се претворат во мечки на вмро.
Тоа не е само претполитичка програма со злоупотреба на животните, тоа е срамен и тажен спектакл во кој Македонецот се појавува како мало путинче кое му се заканува на Западот дека ќе ги урене основите на кои нашето мече мисли дека почива неговата пониженост.
Напреднатиот процес на омечкување на Македонија го покажуваат сите кандидати за претседател на Македонија.
Не е неопходно да бидат избрани за да се констатира тој трагичен и тажен развој на една питома и културна, и покрај се, нација.
Пендаровски за сите нив заедно и за секого посебно е како дипломец на Ecole Normale Superieure, Дук од Македонија, Јоркшир и Овче поле, кит, рис, член на Светската политичка академија, хипопотам, шах, реис, архиепископ, монах, Роберт Дауни Џуниор и Џорџ Клуни заедно…
И сега овие со даириња и тарабуки ќе се натпреварувале со него за претседател на државата?!
Па тоа е непристојно дури и од страната на мечките и нивните газди.
Тоа е како јас да појдам да се тепам со Мекгрегор во пентаграмот на смртта.
Може на Тумба во Куманово да се направи фестивал на мечките со музика или без музика и тоа би било супер за сите и за мечките и за мечкарите и за публиката.
Максо, Гордана, Гордана посебно со стомачниот танц и со исфрлање на колковите, Ванковска со црвените усни и црните шишки на посебна платформа да може да се види и од задните редови…
Држете се до своите шатори, бе, другарки и другари, дами и господа, не се бркајте во работи за кои не сте скроени.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пет Мар 22 2024, 22:05

Branko Trickovski
Омилени · 4 ч. ·
И БиХ отиде во Европа
Европската унија почнува преговори со Босна и Херцеговина.
Дали слушате и разбирате, дир Македонки и Македонци!?
Да?
Не?
Освен тоа, утврдено е дека бидејки во Парагвај нема идиотска организација каква што е вмро-домне може да се формира преговарачка рамка и за таа латиноамериканска земја.
Ние ќе гласаме за вмро.
Кој ги ебе и Европа и светот.
Највише ќе ги ебат Горанчо, Младенчо и другите медиумски ебачи а по нив ќе дојде комитлакот да игра долга магарица.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Саб Мар 23 2024, 20:40

Branko Trickovski
Омилени  · 1 ч.  ·
Мицко на мостот кај Таор
На мостот меѓу Таор и Орешани стоеше човек со очигледна намера да се фрли во Вардар.
Ми се виде како Мицко.
Му викнав: не скокај, бе, плитко е, глава ќе скршиш.
А тој ја сврте главата и преку рамото ми одговори: Шо те боле куро за мене!
Не бев сигурен дали е Мицко или некој друг Христијан, но по овој одговор станав речиси сигурен дека беше Христијан.
Не знам дали успеа да скокне  затоа што како, да ме проколна,, почна да ме боли курот и морав да отидам по студено пиво во Орешани, најдобар лек за болки во пределот на меѓуножјето.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Мај 06 2024, 00:16

Branko Trickovski
Омилени · 1 д. ·
Што ми кажа Мишел Сер
“Кажи ми во кое друштво односно покрај кого живееш и јас ќе ти кажам кој си; опиши ми го својот двојник, својот ангел-чувар, својот паразит и јас ќе проникнам во твојот идентитет.”
Ми вика Мишел Сер.
Викам: “Јас сум во Знам за наша Македонија и во Македонија повторно горда и повторно наша, моите ангели-чувари се Максо, Мицко и Гордана, чисти паразити…”
“Ааааа, Тричко”, ми вика Сер, “ако не ме заебаваш, ти мора да си будала!”

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by osa Пон Мај 06 2024, 12:06

Branko Trickovski
Омилени · 1 ч. ·
Јаболко и говно
Пред себе на масата ставам јаболка. Потоа себе се ставам во таа јаболка.
Каков мир!
На простиот народ ова му е така банално.
И јаболката и мирот и тој самиот.
И затоа, наместо да прави така како што правел Анри Мишо, тој на масата пред себе го става вмро, а потоа себе си се става во тоа вмро.
Какво говно!
Така би коментирал Мишо.
Во негово отсуство овластен сум јас да го напишам коментарот.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16526
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол  - Page 3 Empty Re: ОБЈАВИТЕ НА БРАНКО ТРИЧКОВСКИ -политиката од друг агол

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 3 Previous  1, 2, 3

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот