Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 33 of 41 Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 37 ... 41  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Окт 04 2020, 18:05

Нови протоколи од Заев и од Филипче – тие ќе отвораат кафеани и ќе лумпуваат, ние ќе седиме дома?

Бараме одговорност од фраерите и од курназите, од тие кои со личен пример поттикнуваат неодговорно и ризично однесување на луѓето, додека пандемијата добива нов замав и опасно го загрозува јавното здравје.

Ах бре, Зоки Зоруле…

Ах бре, Филипче…

Курназишта едни!

Фраеришта!

Пак ќе воведувале, златните они,  вонредна состојба. Ама за сите други, освен за нив и за нивните пајташи и битанги. За нив вонредна состојба никогаш и немало.

Ноќните клубови и кафеаните на нивните другарчиња работат до зори. Малку легално, малку илегално. А локалите на чесните газди мора да ги почитуваат прописите. Да се мачат. И да прават загуби.

Во „фраерските” кафеани и клубови се курчи и се препичуе новата сдсмовска „елита”. Се дефрустрираат. Од напорната битка со критичарите на власта.

Сељачаана збесната!

Простаци неизживеани!

Ах бре, Зоки Зоруле…

Ах бре, Филипче…

Сте се потегнале дури до Кочани да отворите нова кафеана на вашиот градоначалник. Па после се вадите со швалерски финти. Демек, хотелче било објектот. А вие загрижени за  развојот на хотелскиот туризам…

Хахахахахаха!

Баш убав пример им давате на младите. Нацијата од вас учи дека среде пандемија се препорачува седење во кафеани и лумпување по ноќни клубови до зори.

Чукнати во главите ли сте?!

Па вие кацигите не смеете да ги симнувате од главите и кога не сте на мотори!

Човек да помисли, враќате долгови на свои спонзори, на свои поддржувачи, на  сите што ви помогнале да победите на изборите. Незгодно, ама услуга мора да се врати.

Ама не!

Веројатно има и од тоа нешто, но од авион се гледа дека вие уживате во вашите ролји на фраери. Уживате во јавната демонстрација на моќта, на апсолутната власт неограничена ни од институции ни од какви било скрупули.

Ах бре, Зоки Зоруле…

Ах бре, Филипче…

Ах бре, Стево Пендаровски…

Друже Стево, ти ли бараше вонредна состојба? Имаш ли ти нешто да ни кажеш за поведението на нашиот премиер и на нашиот министер за здравство?

Какви се овие нови „протоколи”, претседателе? Вака ли ќе изгледа новата вонредна состојба, за која морало да гласа и опозицијата? А и сите ние да сме ја поддржеле…

Што да поддржиме, ако смеам да прашам? Па не сме сите будали, не сме сите платени кучки, шизофреници и смртоносци од елитата на сдсмовската пропаганда! Немаме сите кациги наместо глави, претседателе.

Нема поддршка за вакви безобразлуци!

Не, додека некој не се засрами и не понесе одговорност – морална, политичка и кривична! – за ова неодговорно поведение.

Бараме одговорност, ама не од било кого! Бараме одговорност од фраерите и од курназите, од тие кои со личен пример поттикнуваат неодговорно и ризично однесување на луѓето, додека пандемијата добива нов замав и опасно го загрозува јавното здравје.

Ако не, нема поддршка за ништо. На народот му се бурбати кога ве гледа вака накурчени и распрдени. Лицемери едни!


https://plusinfo.mk/novi-protokoli-od-zaev-i-od-filipche-tie-e-otvoraat-kafeani-i-e-lumpuvaat-nie-e-sedime-doma/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Окт 10 2020, 10:45

Taceвски: Власта станува тотaлитapна, koга почнува да ти се меша во најинтимните аспекти на животот


Кога власта ќе почне да ти кажува колку гости смееш да поканиш дома, дека мораш да носиш маска надвор дури и ако си сам, оправдувањето дека го бара тоа за јавното здравје зашто е eпидемија, која пак, претходно со месеци не ја есaпи и дозволува бахaналии на плажи, по кафани, по паркови, ни кажува само едно. Дека таа власт полека станува тотaлитaрна, пишува актерот Сашо Тасевски.

Тој истакнува дека власта се почесто се обидува да ги koнтролира и нaјинтимните аспекти од животот на граѓаните.

Тасевски вели дека оваа власт станува многу опacна зашто во себе ја имаат удбaшката подмолноcт со смешкање и свилени ракавици да ги yништуваат животите на луѓето коишто не мислат како нив.


Кога власта ќе почне да ти кажува колку гости смееш да поканиш дома, дека мораш да носиш маска надвор дури и ако си сам, оправдувањето дека го бара тоа за јавното здравје зашто е епидeмија, која, пак, претходно со месеци не ја есaпи и дозволува бaханалии на плажи, по кафани, по паркови, ни кажува само едно. Дека таа власт полека станува тотaлитаpна. Планира да ти се меша во нaјинтимните аспекти на животот. Сака да те меси ко тесто.

Има и други знаци дека СДС му се додворуваат на тотaлитaризмот. Ти кажуваат како да се однесуваш, што смееш, а што не смееш да кажеш, кого смееш, а кого не смееш да kpитикуваш, без волјaта на мнозинството го менуваат личниот опис на државата и народот што ја создал, кажуваат кој смее, а кој не смее да биде кaзнaт за злодeло, кажуваат кој смее, а кој не смее да биде канет на телевизии кои ги купиле.
Утре ќе ви кажуваат кога смеете, а кога не смеете да возите кола или под кои услови ќе се движите надвор или лекувате.

СДС се многу поопacни отколку што беше власта на Груевски зашто ја имаат во себе онаа удбaшка подмолноcт со смешка и во свилени ракавици да ти го уништaт животот. Не случајно нивните клучни луѓе се донесени од разни странски невладини и тинк тенк организации.

Тоа е најшпионckата, нajквислиншката, aнтимaкедонска багрa што некогаш била собрана на ова тло. Обучени да го yништат својот народ. Јаничари просто кажано – пишува Тасевски.

ЛИНК

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Окт 13 2020, 13:53

Навежбани магариња, понижени научници, уништени Македонци – Горан Момироски

Веста за хрватското магаре во Прилеп што добило тренинг вреден 83 илјади евра стана легендарна.

Се претвори во симбол на македонското самопонижување и самоуништување во ситуација кога на доктор му се нуди плата од 15 илјади денари а секое петто дете нема компјутер или интернет да се образува.

Тоа што парите се упатени од институција која ја води кадар на СДСМ а е даден на кадар кој гордо се слика со Заев а чиј брат е кадар на СДСМ во Собранието не ја менува суштината.

Образованието за магарињата е поважно од нашите деца, наставници, лекари и сите македонски научници и уметници заедно.

Македонската држава две години по ред не може или не сака да најде пари за доделување на најпрестижната научна награда „Гоце Делчев“.

За наградата Гоце Делчев членови на комисијата која ја доделува тврдат дека била укината затоа што во периодот кога таа требало да заврши во рацете на професорката Силјановска таа одлучила да се кандидира за претседател и да влезе во политички табор спротивен на актуелната власт.

Но дека тоа не е единствената причина и дека се работи за комбинација од фактори зборува фактот што годинава за прв пат не се доделува ниту втората по вредност државна награда 11 октомври.

За разлика од литоријанските магариња сега ниту еден од македонските научници и уметници, според власта, не заслужуваат тренинг ниту буџет за награда за тоа што го работат или работеле цел живот.


За некои од нив воопшто не ми е жал, покажаа дека можеби имаат знаење но немаат национална одговорност. Со молкот пред глупостите на актуелните власти испратија порака дека воопшто не заслужуваат да добијат награда.

Другите, храбрите и одважните што не молчеа, во исто време се и жртва и причина за укинувањето на државната почест за луѓето кои се вложиле во науката.

Освен “бугарските” причини да се укинат наградите Гоце Делчев и 11 октомври односно обидот да се удоволат тие што тврдат дека сме “Бугари со српска говорна мана” во позадина на оваа приказна има уште нешто многу важно.

Целта меѓу другото е да се уништи авторитетот и дигнитетот на македонскиот научник, целосно да се понижи уметникот, пред се тие што размислуваат со своја глава и не се продаваат за грст бисери.

Да се покаже дека тие што со децении работеле на македонската наука можеби грешеле што не работеле на новата наука, историја пред се.

Владата е свесна дека нема целосна контрола врз изборот на лауреатите, дека некој од нив ќе проговори за штетата што се прави врз македонската национална свест и затоа прави се што може да го уништи слободниот дух.

И затоа ги укинува наградите кои ги имаат сите нормални држави.

За почеток се укинуваат националните награди и се вежбаат магариња.

За крај магарињата ќе ги укинат Македонците и Македонија, процес кој е веќе во тек и кој може да биде запрен само ако се докаже дека не сме сите тренирани магариња.

Линк

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Пет Окт 16 2020, 19:30

Odlicna kolumna od Goran Mihajlovski.

Цел свет одново се затвора, бројките на заболени од ковид-19 растат насекаде, сите држави носат дополнителни рестриктивни мерки за ограничување на ширењето на пандемијата, само во Македонија чекаме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се согласат Собранието да работи онлајн.

На пример, дали ќе се донесат законски измени за задолжително носење маски и на отворено ќе зависи од тоа дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе смислат убедливо објаснување зошто не сакаат да работат онлајн. Децата уште од прво одделение ги научија да учат онлајн секој ден, ама пратеничката Дафина Стојаноска на телевизија кажа: „А што ако пратеникот нема услови од дома да следи онлајн седница?“ Башка што, замислете, ги тераат онлајн да учествуваат на расправа за закони што ним не им се допаѓаат. Пратеничката Стојаноска и тоа го кажа: „Предлагајте закони како што сакаме ние и ќе дискутираме дали да прифатиме да работиме онлајн“. Па уште и полемизира. Вика: „Како може лекарите да одат на работа, и текстилните работнички исто така, а пратениците да работат од дома!?“

Да беше ова нормално време, можеби и ќе се смеевме на изјавите на Стојаноска. Може да замислите како одговорно си ја сфаќа функцијата една пратеничка. И од такви нам ни зависи животот.

Партиската мантра е оваа: „Вие имате тенко мнозинство, ако двајца ви се разболат или одат во изолација, ние ќе ве зафркаваме. Нема да работи Собранието. Нема да носите закони. Заев е мафијаш, Венко да си даде оставка, а во Лајка ќе ги убивате кучињата“.

Прво ги одлагаа изборите за да нема Собрание и функционално владеење за одговорност во коронаризата. Во техничката влада, чекајќи ги изборите, ги блокираа парите од Светска банка за монтажните ковид-центри. Сега ги блокираат здравствените мерки. Синким, закониве што треба да се донесат за спречување на ширење на заразата, СДСМ и ДУИ само за своите гласачи си ги носат. ВМРО-вските гласачи изгледа живеат на некоја друга планета, каде што нема нема коронавирус.

Па откако Собранието нема да може да ги изгласа мерките, ни со физичко присуство, ни онлајн, ќе протестираат зошто не се донесени нови мерки. И ќе прашуваат зошто доцнат монтажните болници? Е па, доцнат. Прашајте си ја дополнителната заменичка-министерка за финансии во техничката Влада Гордана Димитриеска-Кочоска, што не го потпишуваше кредитот од Светска банка за инает на Заев и на Филипче. Ако не ѝ одговара на партијата, баш ни е гајле за граѓаните.

Ништо чудно следниот протест со коли Мицкоски да го организира против Собранието што не носи мерки да се намалат последиците од пандемијата со ковид-19. Против себе. И тоа е можно. Исто како што сега, во расправата за ребаланс на буџетот, велат дека викенд без ДДВ е популистичка мерка на власта. А тие до пред само една недела бараа не еден, туку пет викенди без ДДВ. И се жалеа дека СДСМ им ја украл идејата.

Ако се отворат училиштата за настава, зошто се отвараат, зошто не се учи онлајн. Ако се воведе карантин, зошто се воведува, ако не се воведува, што чека власта, зошто не презема мерки. Ако предвреме се купат вакцини, зошто се трошат пари за вакцина што ја нема, ако нема вакцина кога ќе се појави, зошто Владата не мислела навреме и не купила вакцини…

Не сум Миле. Ама сум контра.

Celata kolumna na sledniot link:

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/mile-kontra/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Окт 16 2020, 19:56

Одговорот е многу едноставен. Пратениците на ВМРО сметаат дека на власт се криминалци кои сакаат да манипулираат со гласањето. Имаме власт која за ништо не се консултира со опозицијата како да победила со 2/3 мнозинство, а не дека одвај составила просто. За онлајн седници потребна е и промена на Уставот кој не дозволува учество на пратеници што не се присутни во Собранието. Инаку во ситуација кога хронично болните одат на работа, не знам зошто би се дозволило Али Ахмети и Мендух Тачи, познати по недоаѓањето на седници, да му дадат на некој картичка, корисничко име, лозинка или друго за пријавување на некој компјутер и да гласаат во нивно име.
Одамна не е закажана седница на Собранието, па лага е дека опозицијата блокирала носење на здравствени мерки. Во врска со кредитот од Светска банка лага е дека го блокирала тогашната заменичка министерка за финансии. За тој кредит нејзин потпис не беше потребен затоа што е договорен порано. Таа не е на функција одамна, а Заев можеше да состави влада и порано ако не заминеше на одмор, дури и ако лагата еве не е лага. Што власт беше ова ако за се во државата е заслужна опозицијата. Ова затоа што нема ништо добро, па контрачетниците на Сорос и Заев да ја фалат власта, па им останува за се да ја обвинуваат опозицијата. И за презадолженоста (над 60%) од БДП и за здравствената криза и за се. Што ќе ни тогаш власт. Доволно е да имаме само опозиција.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Сре Окт 21 2020, 16:31

Обавезно четиво за небањатите на кои по некое чудо им останал грам мозок во главата. Ама да внимаваат да не ги видат у штаб оти Јанушев ќе ги мава со боксови.

Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2716

https://prizma.mk/magarinata-letaat-ama-nisko/?fbclid=IwAR0gB7ptghUKUpXrsQr4I7ZFrFUtcLdlEhNZ_IksGY-pPo7zZXDFCq1FD08

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Окт 21 2020, 17:03

Некој лажеше дека нема да се менува Уставот поради промена на името или дека последните избори се потребни за ефикасна борба против короната. Зацементираниот јазик уште може да биде причина да не ги почнеме преговорите со ЕУ и тоа да не блокира земја со која имаме договор за наводно пријателство. Уставот или починатите (преку 650 по изборите, Бог да ги прости) за некој се помал проблем од магарињата. Чудни критериуми.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пет Окт 30 2020, 19:31

SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Саб Окт 31 2020, 17:32

Mnogu vredno cetivo.

Дали дојде време да се каже – Доста е?!
31.10.2020 09:13 1,179 6 минути читање

Македонија сега е поставена во ситуација да го покаже својот карактер. Доколку отстапи за три чекори, подоцна ќе се бара да отстапи и за десет. Што мислите, што ќе се случува кога во историската комисија ќе доде на ред да се расправа за Втората светска војна, за анектирањето на Вардарска Македонија од тогашната профашистичка влада во Бугарија? Тоа може уште сега јасно да се види, не мора да се гледа во кристална топка. Притисоците нема да се намалуваат, туку ќе се зголемуваат. Ситуацијата е таква – двете земји се во НАТО, но едната е во ЕУ, а другата сака да стане членка на европскиот блок. Едните заблуди треба да се наметнат врз другите заблуди.
Во основа, официјална Софија ја поставува Македонија пред избор што не може да го направи. Затоа што за неа нема избор. Затоа што не може да тргува ниту со идентитетот, историјата, ниту со јазикот и да го прифати бугарскиот наратив. Веројатно доаѓа времето кога треба да се каже – доста е!

https://libertas.mk/dali-do-de-vreme-da-se-kazhe-dosta-e/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Окт 31 2020, 17:45

Мислам дека не требаше ни да се почнува кога педерите како карактери го почнаа продавањето на македонскиот идентитет , тука не мислам на македонците заевисти и тие од етничките малцинства кои за жал не беа солидарни со повеќето стотини илјади свои сограѓани кои не сметаат дека паднале од небо во Македонија или дека вештачки преку ноќ од Бугари ги претворил во Македонци Тито. Факт е дека ако не бевме ние зборот Македонија ќе постоеше само во историјата, а не и во сегашноста и идноната. Не знам ниту дали сега сите цврсто ќе застанеме зад идентитетот што ни беше заеднички, или повторно лидерот на педерите како карактер ќе прифатат дека биле Бугари и ќе се обигат тоа да го наметнат насилно и на Македонците. Пази Бога ти. Бугарите ќе ни дозволеле сами да си го именуваме јазикот као еден од официјалните јазици во Македонија, како да имаат право тие да го именуваат нашиот јазик. За жал сето тоа го правиме за да станеме членки на организации во кои има ненормални држави. Бугарија и Грција, а можеби има и уште некоја.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC Саб Окт 31 2020, 17:54

Хелп, се пореметија небањатите, почнаа пастирот што ги договорил преспанскиот и бугарскиот и тогашното небањато раководство да ги викаат педери како карактер.

_________________
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ БИЛ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ
А НЕ НЕБАЊАТ
PRVOBOREC
PRVOBOREC

Број на мислења : 2459
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Дек 11 2020, 13:50

Кафеавите сахиби меѓу нас и во нас

Од Игор Радев

Ако добро ме држи сеќавањето, првпат тој израз сум го сретнал во едно од прозните дела на Рабиндранат Тагоре, или ако не беше тој, со сигурност стануваше збор за некој друг индиски писател. Со називот „кафеави сахиби“ во Индија под британска власт биле нарекувани оние Индијци, коишто фанатично биле приврзани на Британија, до бесвест љубеле сè што е британско, европејско, „белечко“, до хистерија мразеле сè што е индиско, „азијатско“, „домородно“. Кафеавите сахиби строго се облекувале по европски терк, до комичност ги имитирале манирите на британските господа, меѓу себе си комуницирале на англиски итн… Кафеавите сахиби најчесто произлегувале од рангот на оние Индијци што биле вработени од страна на Британците во нижите ешалони на колонијалната администрација. Инаку, самиот збор „сахиб“ (од арапско потекло што преку персискиот влегол во Индија), во значењето – „стопане“, „господару“, се употребувал во британска Индија како ословување што Британците, а и сите Европејци, очекувале да им биде упатувано од страна на Индијците. Оттука, изразот „кафеав сахиб“ бил смислен како ироничен назив за спомнатата класа на Индијци, којашто изигрувала „Британци“ и „Европејци“ пред своите сонародници. Инаку, придавката „кафеав“ е алузија на тенот на кожата типичен за Индијците, земен како контраст во однос на „вистинските“, то ест, „белите сахиби“. Феноменот на „кафеавото сахибство“ воопшто не претставувал нешто смешно. Кафеавите сахиби ги усвоиле до совршенство британските расистички предрасуди во однос на народот, кому и самите му припаѓале. Чујте сега од устата на еден британски колонијален службеник во Индија за какви предрасуди станува збор. Мортимер Вилер (1890-1976), имено, вака ги гледа и постапува со Индијците: „Тие неправилно јадат, неправилно мислат, неправилно живеат… та веќе сум на мислење дека поскоро станува збор за лошо склопени играчки одошто за луѓе, и сè повеќе сум склон брутално да ги тормозам.“ Токму овој архетипски став на колонизаторот кон колонизираните безрезервно го прифаќаат како свој и кафеавите сахиби, на тој начин претворајќи се во автоколонизатори.

Погодувате, јас овде „кафеавото сахибство“ го земам како именување за појава, која не е ограничена на старите колонијални империи, туку е присутна и денес во многу земји на светот, вклучително и во нашата љубена и презирана Македонија.

Сесовршен и семорален

Читајќи го описот на кафеавите сахиби од Индија, верувам некому од вас му светнало сознанието: „Чекај, па и јас имам сретнато слични луѓе!“ Да, „кафеавите сахиби“ одамна се меѓу нас. Прилично многу ги има во она што се нарекува „невладин сектор“ (иако, судејќи според финансирањето од вакви или онакви странски влади, а напати и од нашата, испаѓа дека тоа е „највладиниот“ сектор во земјава); но досега, чиниш мастило истурено врз хартија, веќе се имаат впиено во речиси сите општествени пори. Тие нè гледаат нас од висина, ние ги гледаме како кој, некој со завист, друг со подбив, а трет со жалење. За нас секое утро сонцето изгрева од една страна на светот, ним им изгрева од спротивната.

Сега за сега, не судете им, обидете се да ги разберете! „Кафеавото сахибство“ кај нас, а и другаде, не може да се сведе на општествена, па дури и психолошка појава. „Кафеавото сахибство“ во основа е (квази-)религиозен феномен. За да сфатите како овој феномен функционира, треба најпрвин да се научите да гледате со очите на „кафеавите сахиби“, да го усвоите, макар и привремено, погледот на „кафеавите сахиби“. Така, пред нивниот (а сега и вашиот) поглед се отвора визијата за семоќниот, сесовршен и семорален Запад, кој поседува монопол да дефинира што е вистинито, добро и убаво, поскоро самиот по својата суштина е вистинитото, доброто и убавото. Следствено, не-Западот може да учествува во вистинитото, доброто и убавото само доколку слепо и беспоговорно го следи Западот во секоја смисла. Но сепак, таквото следење, без разлика колку и да бил вложен труд, никогаш не достигнува совршенството, па со самото тоа и еднаквоста со Западот останува непостижна, бидејќи не-Западот, макар и на миг препуштен сам на себе, неминовно порано или подоцна ја пројавува својата исконска природа како нешто лажно, зло и грдо. Во кратки црти, ова се основните „догми“ на (квази-)религијата на „кафеавите сахиби“ каде било во светот. Тие, нормално, експлицитно не се искажани, но во јавната сфера имплицитно се подразбираат како нешто само по себе очигледно. Извинете, тука и без да сакам принуден сум да се сетам на Г. К. Честертон (1874-1936), кој вели: „Кога човек ќе престане да верува во Бога, тоа не значи дека тој нема да верува во ништо, туку, напротив, ќе почне да верува во сешто.“ „Западот“, така, станува замена за Бога, а неговите „секуларни“, „прогресивни“ поклоници пројавуваат таква непоколеблива и ревносна вера, на којашто секој верник од „обичните“ религии може само искрено да завидува. Верата на „кафеавите сахиби“ не го знае сомнежот на Тома, не била принудена од внатрешната борба помеѓу извесното и неизвесното да крикне – „верувам, помогни му на моето неверие“, не зачекорила во „темната ноќ на душата“ на Хуан де ла Крус (1542-1591). Ним сè им е јасно, сè им е светло, сè им е очигледно. Блазе си им!

Јасно е дека „кафеавите сахиби“ се чувствуваат воедно и најповикани да ја извршуваат службата на „првосвештеници“ на тоа нивно „божество“. Всушност, тие своето место во општеството претежно го гледаат во тоа за нас „смртниците“ да ги толкуваат „сигналите“, коишто Западот ни ги праќа, токму онака како што паганските свештеници од древен Рим ги толкувале сигналите на Јупитер објавени преку летот на птиците врз хоризонтот. Интересен „бог“ е овој Западов, кој како да ни напоменува едно сиже од месопотамската митологија, според кое боговите ги создале луѓето за себе, за да им бидат она што животните се за луѓето. Така и западните инстанци премногу често одбегнуваат да ни соопштат нешто како на луѓе со збор, туку сè така, небаре сме домашни животни, претпочитаат да ни „сигнализираат“.

Раката што дава

Некои можеби ќе се посомневаат во (квази-)религиозната теорија за потеклото на „кафеавото сахибство“. Ќе посочат дека тука има поприземни чинители, од типот на – шушки, девизички, односно, странски грантови. Јас лично не се сложувам со ова мислење. Во таа насока, го направив следниов мисловен експеримент: Имено, доколку на еден „кафеав сахиб“ му биде понуден како извор на материјална егзистенција приход што доаѓа од неговата сопствена земја наместо од странски грантови, па нека биде сумата истоветна како и странскиот грант, а притоа обемот и типот на работни обврски, како и сите придружни услови, да останат совршено исти, кој избор ќе го направи тој? Јас пак сум уверен дека би го претпочитал грантот, односно, изворот на приходи што доаѓа од Запад. Грантот, на тој начин, нема само материјална вредност, туку и симболичка, како нагледна врска на примателот со „божествениот“ Запад. Грантот се претвора во еден вид „реликвија“, исто како кога поклоник на враќање од аџилак ќе понесе со себе некое камче од светите места како доказ дека навистина бил таму, предмет за кој верува дека ја одразува мистичната сила на светињите, а потсвесно го користи и како повод за гордост наспроти оние што никогаш немаат појдено на аџилак. Токму вакво е значењето на странскиот грант за „кафеавите сахиби“. Да живееш од странски грантови те прави да се чувствуваш морално супериорен во однос на оние, кои не живеат од нив.

Добро, не мора и до толку да идеализираме. Секако дека меѓу „кафеавите сахиби“ ќе се најдат и такви, на коишто примарен интерес им е материјалниот. Впрочем, тоа секогаш може да се очекува во ситуации кога „врнат“ незаработени пари. Да се разбереме, грантот не е исто ако некој програмер го продаде својот софтвер во странство, или автор да напише книга што ќе му ја објави странски издавач, или, пак, архитект да пласира свој дизајн надвор од земјата. Иако и на овие приходот им доаѓа од странство, сепак, станува збор за заработени пари, за нормална економска активност. Грантот се нуди како еден вид подарок, значи, нешто првично незаработено, та затоа има повеќе потенцијал да корумпира. Со мито се корумпира поединец, а со грант се корумпира цело општество. Друга последица од влијанието на странски грантови е тоа што ние се лишуваме од „артикулаторска класа“, односно од луѓе, кои умеат да ги артикулираат интересите, стравовите и надежите на разни слоеви од своите сограѓани. Бидејќи егзистенцијата на голем број лица вклучени во уметничкиот, информативниот и интелектуалниот живот сега зависи примарно од грантови, својата лојалност тие во прв ред ја резервираат за „раката“ што го дава грантот, а не за оние сограѓани, со кои би ги сврзувало чувство на блискост или заеднички интерес. Сограѓаните, како последица, стануваат „социјално неми“.

Но сограѓаните умеат да се одмаздат, преку хумор. Така, срочуваат невкусни изрази, од типот – „џубокс интелектуала“, во смисла кој каква паричка ќе вметне, односно грант, таква песна „интелектуалецот“ пее. Едно нешто мене ми било чудно. Обично вработените во невладините организации и „граѓанските активисти“ создаваат имиџ за себе на непоколебливи борци за ваква или онаква високо-морална кауза, а неретко тој нивен сентиментален морализам ги преминува границите на емоционалниот кич. И сепак, досега не ми е познат ниту еден единствен пример некој од нив јавно да има одбиено странски грант од морални побуди. На што мислам? Еве, да речеме – „поради тоа што странската влада, од која потекнува грантот, бомбардирала или извршила инвазија врз некоја земја, поради нејзиниот нечовечен однос кон мигрантите или системскиот расизам, јас и/или нашата организација во знак на протест и морален револт го одбиваме од неа доделениот грант.“ Ова не го зборувам напамет, зашто лично познавам луѓе од други источноевропски земји, кои токму тоа и го имаат сторено – од морални причини одбиле веќе доделен странски грант. Но, нашава Македонија изгледа сака да го потврди заклучокот на Конфуциј. Имено, кога Конфуциј стапил на служба како премиер на неговата родна држава Лу̌, тоа многу ја загрижило соседната држава ‘Чи́, којашто стравувала дека како резултат на реформите, коишто тој ги спроведувал, Лу̌ би станала премногу силна. Оттука, владетелот на ‘Чи́ дошол на генијална идеја. Имено, на својот колега кнезот Тѝнг од Лу̌ му пратил како дипломатски подарок осумдесет заводливи танчарки, кои располагале со (како да се изразам пристојно) видливи и опипливи „квалитети“. Збудален до немајкаде од нив, кнезот Тѝнг целосно си ги занемарил државничките обврски. Разочаран од тоа, Конфуциј поднесува оставка со зборовите: „Досега не сум сретнал некој, којшто повеќе би ја сакал доблеста одошто блудната страст.“ Кога оваа изрека на Конфуциј би ја прилагодиле на нашава сегашница, таа би можела да гласи нешто како: „Досега не сум сретнал некој, којшто би ја љубел доблеста повеќе отколку странски грант.“

Бидејќи тукушто кажаново оддава одреден призвук на безнадежност, колку да ве развеселам решив ad hoc да смислам еден виц: Седат двајца „невладинци“ во канцеларија, и одненадеж од телевизорот што се наоѓа таму доаѓа паничниот глас на една итна вест – „огромен астероид се приближува кон Земјата и за 36 часа ќе удри во нашата планета; научниците проценуваат дека по ударот нема да може да опстои ниту еден познат облик на живот“. Во тој миг едниот „невладинец“ го погледнува другиот и му вели – „а после тоа ќе продолжат да ни пристигнуваат грантови?“

Бело рунтаво опавче

Кој е извор и носител на суверенитетот на нашата држава? Ние велиме дека сме демократија, па би се очекувало изворот на суверенитетот да биде народот. Номинално тоа е така, меѓутоа што гледаме во реалноста? Кого, всушност, на едно колективно психолошко рамниште го сметаме за краен гарант на легитимноста на политичките процеси, на кого се повикуваме како на неоспорен авторитет? На пример, при некое гласање, кога резултатот го сметаме за легитимен? – правилно, тогаш кога „странците“ официјално ќе го признаат. Или во случај некоја јавна личност или цела една група да смета дека е онеправдана или загрозена, на која крајна инстанца се повикува, кои зборови ѝ се последната заштита? – токму така: „За ова ќе бидат известени странските амбасади!“ Оттука, изгледа постои расчекор помеѓу номиналниот носител на суверенитет и оној што во нашите глави реално си го сметаме за суверен. По овој втор критериум, можеби поправилно би било да се наречеме – „ксенократија“ (од грчкото – „ξένος“ /ксе́нос/: „странец“, „туѓинец“), а некој би се осмелил и да допрецизира – „амбасадократија“. Но да бидеме искрени, во дадениов момент Македонија, како, впрочем, и повеќето земји во светот, барем привремено живее во режим на „коронократија“.

Кога ќе кажеме „странец“ во горенаведениот контекст, прво што ни паѓа на ум не е некој Кениец, Малезиец или Грузиец. Јасно, мислиме на друг вид „странци“, таквите што во идеален случај се со вити стави, русокоси, со долгнавести черепи и најсини очиња, тие кои „јадат правилно, мислат правилно и живеат правилно“, то ест, оние кои се сè она што ние не сме, дотаму што ни доаѓа од срам да се скриеме во некоја глувчешка дупка при појавата на тие светлоносни суштества. Овие „странци“ ја претставуваат „меѓународната заедница“, која, пак, се состои… а од кого, впрочем се состои таа „меѓународна заедница“? Од Кина? – не! Од Индија – јок! Од Перу? – никако! Од Русија? – не дај Боже! Значи, само од Западот? А Западот (во класичната дефиниција како Западна Европа плус англосаксонските прекуокеански клонови) претставува…10% од човештвото! Не спорете со мене, пресметав. Значи, секогаш кога ќе кажеме – „мора да ги следиме светските трендови“, „треба да фатиме чекор со човештвото“ итн., под „свет“ и „човештво“ ги подразбираме само тие 10%! А што сме, тогаш, ние останатите 90%? – „подлуѓе“, „недолуѓе“ „лошо склопени играчки“? Ах, колку прониклив се покажа Н. С. Трубецкој (1890-1938), кој во својот есеј од 1920 год. „Европа и човештвото“ укажува дека „човечките примероци“ од тој Запад „отсекогаш биле наивно уверени дека единствено тие се луѓе, та самите себеси се ословуваат со ,човештво‘, својата култура ја нарекуваат ,општочовечка цивилизација‘, а најсетне и сопствениот шовинизам го сметаат за ,космополитизам‘.“ Еве, ова се тие „странци“, пред чии нозе ние (ментално) го положивме нашиот суверенитет.

При една ваква психолошки прифатена „ксенократија“, драгите ни пријатели „кафеавите сахиби“ се во свој елемент, како самопрогласени посредници помеѓу „странците“ и нас „рајата“. Чујте само со какво сладострасно тремоло во гласот некои од нив го изговараат она „р“ во зборот „странец“ – „ние треба да ги слушаме странците“, „пораките што ни ги упатија стрранците беа јасни“, „мора да постапиме како што ни велат стррранците“. Просто ми доаѓа да ги сожалувам сите оние западни дипломати стационирани во Македонија, а и емисарите, коишто привремено ни се во посета. Како добога се справуваат со толку сервилност, додворување и подлизурство? Склон сум дури и да помислам дека после враќањето во нивните земји повеќето од нив мораат да минат барем низ неколку сеанси психотерапија за да се ослободат од душевните последици на таквото искуство. Патем, погодувате веќе на кои специфични „странци“ и на чија „амбасада“ од овој аспект мора да им е најтешко. Гледајќи одредени лица од јавната сфера, коишто во речиси секое свое писмено или вербално обраќање на која било тема, се чувствуваат обврзани да вметнат и некоја ритуална додворувачка фраза за „нашиот најголем пријател“, „единствениот наш партнер“, „гаранторот на нашето постоење“ итн., на човек му доаѓа да помисли дека тие со цел ум веруваат како таму некаде некој трет потсекретар од осмата канцеларија на „севишната амбасада“ нема поважна обврска од тоа внимателно да следи сè што е јавно срочено и изговорено кај нас, па ним да им запишува „позитивни рецки“, врз основа на кои убедени се дека подоцна во животот ќе им се случуваат „убави работи“.

Ајде ова додворување да доаѓаше само од страна на „нижите“ ешалони на политиката и општеството. Но не е така, долго време сме сведоци како дури и повисоките државни инстанци се однесуваат недостоинствено кога се во прашање „странците“. Впрочем, обрнете внимание на типичното телесно држење што наши државни претставници веќе триесетина години го пројавуваат во присуство на некој „западен фактор“. Така, ако седат на иста маса, главата на нашиот претставник инстинктивно е свртена кон „факторот“, со максимум отворени очи и минимум трепкање, махинално климајќи, а изразот на лицето – блажено тап, та следното, коешто го очекуваш, е некаде од задниот дел на телото одненадеж да се појави бело рунтаво опавче, кое неконтролирано ќе почне да мрда, токму како на пудлица, која си го пречекува стопанот што се вратил од работа. Знам дека приказов е карикатурален, меѓутоа и карикатурата како жанр секогаш зема реални телесни и карактерни особини, кои уметнички ги пренагласува со цел да пренесе одредена сатирична порака.

„Кафеавите сахиби“ на која било функција не само што не се срамат, ниту си ја маскираат сервилноста, туку напротив, сопственото чувство за самопочит го извлекуваат токму од демонстративната покорност упатена кон „факторите“. Ова ме потсети на најпотресната сцена (барем за мене) од автобиографијата (1845) на Фредерик Даглас (1818-1895), првиот американски црнечки писател. Тој си го опишува животот како роб на плантажа, та во еден пасус ни раскажува што се случувало кога робови од различни плантажи ќе се сретнеле на бунар или на некое друго место. Во такви пригоди често избивале караници, кои умееле да завршат дури и со тепачки. А можете ли да погодите во врска со што робовите толку жестоко се расправале? Не можете, така? Епа, ќе ви кажам – околу тоа чиј господар е подобар!

Сиренце и мевце

„Кафеавите сахиби“ нè уверуваат дека треба да се помириме со газењето на сопствениот образ и достоинство, зашто наводно тоа бил единствениот начин да се стекне билет за европскиот бал. А мене сè ми се чини дека тие имаат и еден скриен мотив, имено, насетувам како еротски ги возбудува крцкањето на образот под нивните стапала додека маршираат кон Европа. Чекајте, а што ние воопшто очекуваме од таа Европска Унија? Да не се лажеме, „рајата“ во ЕУ членството, пред сè, ја привлекува можноста да побегне од Македонија и да „работи и живее“ таму некаде во Германија, Холандија, Шведска, малку сфаќајќи дека, и да замине, онаму нема да го живее животот на Германец во Германија или Холанѓанец во Холандија, туку животот на источноевропски емигрант во Германија или Холандија, а тоа се два сосема различни живота. Политичките ни елити, од друга страна, во ЕУ членството гледа можност за остварување на фантазијата после маките и искушенијата на домашниот политички живот да ја добијат својата заслужена награда во редовите на бриселската бирократија. Таму да бидат и тие „еврокомесари“, „евроемисари“, „евро-што-уште-не“, како еден вид „политички задгробен живот“ во бриселската висечка рајска градина, „ни на небо, ни на земја, туку така под облака“, каде нема да им здодева дрзок и неблагодарен народ барајќи од нив, замислете, да си ги исполнуваат ветувањата, каде што нема ни „суетни новинари“ да им ја „вадат душата“, каде сè е убаво, сè е нежно, сè се радува…

А знам, сега ќе се обидат да си го покријат срамот со „смоквиниот лист“ на тврдењето дека не, ние не се стремиме да влеземе на балот на ЕУ од некакви таму приземни мотиви, туку станува збор за чиста платонска љубов кон „европските вредности“. Патем, свесни ли се дека самата формулација „европски вредности“ има расистичка конотација? Доколку реално станува збор за вредности од етичка природа со општо важење, тогаш тоа се просто вредности и не може да им се даде никаков географски, цивилизациски или расен атрибут. Да зборуваме за „европски вредности“ во овој контекст е исто толку недоветно, како да зборуваме за „јужноамерикански квадратен корен“ или „африкански закон на гравитација“. Значи, бирајте – ако се европски, тогаш не се вредности, ако се вредности, тогаш не може да бидат европски.

Всушност, целиот тој бал на Европската Унија мене ми наликува на игра на мачка и глушец, каде мачката се „старите“ членки, пред сè Германија, но и Франција, земјите од Бенелукс итн., а глувците се „новите“ членки од Источна Европа. Мачката му фрла на глувчето сиренце, т.е. фамозните европски грантови и фондови, а за возврат добива глувчешко мевце, односно, загарантиран пазар ослободен од конкуренцијата на веќе уништената домашна индустрија, како и евтина работна сила. Балот ќе се растури оној миг кога расходот за „сиренцето“ ќе стане еднаков или поголем од приходот на „мевцето“. Дотогаш ќе тера како до сега. За волја на вистината, има и итри „глувчиња“, како Полска, која си го лапа со сласт сиренцето, ама не дава многу од своето мевце, па се труди да развива сопствена индустрија со полски брендови, одбива да го воведе еврото како национална валута, но притоа умее во својство на „глувче“ за себе да користи други земји, пред сè, Украина.

Не ви треба многу размислување да сфатите дека при оваа игранка „кафеавите сахиби“ во дадена земја стратешки најдобро се позиционирани да го пресретнуваат „сиренцето“. Во врска со ова, се сеќавам дека кога имам гледано анкети снимани во некои од новопримените членки на ЕУ од Југоисточна Европа во врска со придобивките и загубите од членството, луѓето што работат во реалната економија не гледаа некакви особени подобрувања во нивниот живот, а мал број забележале дури и влошување, додека меѓу анкетираните најмногу подобрување во сопствените животи имаат почувствувано административците и… вработените во невладини организации.

Полу и четврт

Сто стапа по туѓ грб не болат, освен ако човек не „страда“ од емпатија. Живеејќи тука во парадигмата на „колонијална демократија“, како што ја нарекува А. А. Зиновјев (1922-2006), во однос на прашањето кој е поспособен за емпатија – „кафеавите сахиби“ или „странците“, интересна паралела можеме да направиме со епохата на „вистинскиот“ колонијализам.

Имено, меѓу претставниците на европските колонијални администрации неретко можеле да се најдат такви, кои пројавувале искрена почит и сострадание кон народот на земјата, каде биле стационирани. На пример, меѓу британските чиновници во колонијална Индија имало и вљубеници во индиската култура, кои критички се однесувале кон злоупотребите на британската власт. Од друга страна, вакво нешто не можело ниту да се замисли кога станувало збор за кафеавите сахиби. Можеби ќе ве изненади, но меѓу основачите на Индискиот Национален Конгрес во 1885 год., организацијата којашто најсетне ќе успее да ја извојува независноста на Индија, имало и Британци, како Алан Октавијан Хјум (1829-1912) и Вилијам Ведербурн (1838-1918). Ете, и кај нас, низ изминативе години се среќавале западни дипломати, коишто после завршувањето на нивните мандати од морално стојалиште умееле да го критикуваат однесувањето на Западот кон Македонија во одредени клучни ситуации. Името на првиот германски амбасадор кај нас Ханс Лотар Штефан веднаш ми паѓа на ум во овој контекст. А домашните „кафеави сахиби“ способни ли се за ваква критичност, или барем троа објективност? Добро де, некој секогаш мора да ја изведува ролјата на „поголем католик и од папата“.

Целиот овој психолошки јазол на кафеавото сахибство маестрално го има разврзано индонезискиот писател Прамудја Ананта Тур (1925-2006) во неговиот роман „Земја на луѓето“ (1980). Дејствието се случува на главниот индонезиски остров Јава за време на холандската колонијална окупац…, пардон, администрација. Улогата на „кафеави сахиби“ таму ја играат припадниците на т.н. Индо класа, односно, Јаванци, кои по своето потекло имале малку „бела“ крв. Тие се најфанатичните заштитници на колонијалното status quo, најревносните застапници на сè холандско и европејско наспроти она јаванското и домородното, коешто показно го презираат. Но притоа, чувствуваат како „вистинските“ белци, „вистинските“ Холанѓани нив реално ги сметаат за „полу-луѓе“, а за возврат, самите ова го компензираат со тоа што се однесуваат кон своите сонародници, кои немале „среќа“ да имаат по некоја капка „бела“ крв, како кон „четврт-луѓе“. Најинтересното е тоа што меѓу Холанѓаните, напротив, имало такви, коишто ментално преоѓале на страната на „домородците“. Така, овде се среќаваме со ликот на професорката Магда Петерс, којашто полека почнува да се поистоветува со своите јавански ученици, и таа нејзина емпатија ја води сè до отворена поддршка на ослободителното движење против колонијалната управа, па властите ја прогласуваат неа за „субверзивен елемент“ и ја депортираат назад во Холандија.

Турбан и доти


Најлесно е да се пишува за некој феномен, кој лично негативно го оценуваш, во трето лице множина, за таму некои – „тие“, за кои мислиш дека со мирна совест можеш да им препишеш „терапија“ составена од потсмев и зајадливост. Меѓутоа, задлабочувајќи се во темата на „кафеавото сахибство“ сè повеќе сфаќав дека тој феномен не е одлика просто на одредени категории луѓе, на кои, природно, сметав дека јас не им припаѓам. Напротив, во нашево заедничко овде и сега изгледа сите веќе сме станале помалку или повеќе „кафеави сахиби“. Така, „кафеавите сахиби“ не се меѓу нас, „кафеавите сахиби“ се во нас! Се присетував како порано ми се случувало при средби со луѓе од понесреќни земји отколку нашава Македонија (има и такви, замислете) да почувствувам некое возбудувачко чувство на морална супериорност врз основа на тоа што во споредба со нив јас некако се чинев „по-западен“, пред нив можев да изигрувам „Запад“. Боже, каква будалаштина! Се срамам до вцрвување од таквото мое издание. Ај, белким Лао Це е во право кога вели: „Да ја препознаеш болеста како болест, значи дека не си веќе болен.“

Конечно, постои ли надеж за кафеавите сахиби меѓу нас, но и во нас самите? Секако дека постои. Надежта има многу имиња, и едно од нив ќе го чуете за миг. Во 1893 год. еден млад индиски адвокат, кој има стекнато правно образование во Лондон, типичен изданок на викторијанскиот академски систем и цврсто убеден во британската цивилизациска супериорност, заминува во Јужна Африка да застапува пред судовите припадници на локалната индиска заедница. Таму има останато повеќе од две децении. За време на својот престој во Јужна Африка овој наш „лабораториски примерок“ на кафеав сахиб се соочува со шокот од дрскиот расизам, тупаницата на неправдата вовлечена во свилена ракавица, циничното лицемерие на оние, кои цел живот ги има идеализирано. Како плод на сето ова… нешто се прекршува во него! Конечно, во 1915 год. тој за првпат после толку години повторно стапнува на индиско тло. Во Јужна Африка заминал надежниот адвокат по име Мохандас (презимето ќе го чуете за некоја секунда) облечен во костум по последна лондонска мода, стегнат во црна вратоврска, „уштиркан и залижан“, како што му доликува на еден кафеав сахиб. На пристаништето во Бомбај, пак, таа 1915-та година сега веќе во бел турбан и лелеаво доти од бродот се симнува „големата душа“ – Махатма Ганди. Она што следи (да се послужиме со клише) влегува во историјата…

Објавено на Плусинфо

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пет Дек 11 2020, 20:45

А бе ти со сиот ум мислиш дека некој ќе ги чита километарските плачки на незгрижените партиски ботови на дпне.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Нед Дек 13 2020, 12:39

Јовановиќ: Заев покажува коалициски потенцијал “едно општество за сите”, а Мицкоски покажува потенцијал “цело општество заложник само за него”
12 декември , 2020


Мицкоски оперира со психијатриски термини кои не ги познава, па прашува дали Заев е “подвоена личност”. Прво, многу е бесрамно и прилично болно обичен машински инжињер да се расфрла со психоанализа и дијагнози; второ, Европа јасно му кажа на Мицкоски (ако знае да чита политички пораки?) дека со шовинизам и автошовинизам на власт не може да дојде.
Настрана се’, денес Заев уште еднаш покажа каде е коалициониот потенцијал. Посветени на реформите, сите коалиции кои се дел од Владата ќе бараат решение со Бугарија.
Заев покажува коалициски потенцијал “едно општество за сите”.
Мицкоски покажува потенцијал “цело општество заложник само за него”.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Дек 13 2020, 13:37

Не знам како тоа нема шовинизам кај Бугарите, а со самото тоа и кај тие што го поддржуваат бугарскиот шовинизам. АКо нема малцинства во Бугарија или во Грција, за кој пенис тогаш бараат гаранции од Македонија дека нема да се грижат за нешто што не постои. Не знам дали се работи за подвоени личности или друг вид на лудило кај тие што говорат за почитување на правото, а вршат притисок врз човековите права, па јас лично но и повеќе стотици илјади Македонци морам да го бранам својот идентитет сам (индивидуално) од македонската влада, од НАТО, од ЕУ и од мнозинството на овој форум. Истото тоа мораат да го прават и Македонците во Грција и Бугарија, со тоа што се под поголем притисок, под кој сака да не стави Заев и во нашата држава.
Кај нас секој политичар може да јаде фекалии колку што сака. И да дава дијагнози и да изигрува историчар. Јас не сум ни психијатар ни машински инженер, туку пензиониран информатичар, но еве ќе напишам дека мислам дека само лудак (мое лаичко мислење) може да бара брусење на шахти, а уште поголем лудак тоа да го изврши. Зошто Бугарија и Грција ако се во право толку многу се плашат од Македонија, земја која не може ни небото да си го чува сама, туку тоа че го прават посочените непријатели на нашиот народ и нашата дрѓжава. Не знам само од кого всушност не бранат или сдамо покажуваат сила.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Дек 13 2020, 15:12

Не знаев за поводот поради кој е коментарот, Тоа било видеото на крајот од веста на следниот линк:

https://expres.mk/videoto-poradi-koe-mickoski-go-nareche-zaev-chovek-so-seriozni-psihichki-problemi/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Сре Дек 16 2020, 21:14

Navreda za kucinjata e ovoj Nenad sto go pisuval ova da go soreduvas so niv. Tie imaat poveke mozok od nego.

Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2302Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2303Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2304

https://expres.mk/vo-kuche-i-vo-zaev-verba-nema-pishuva-nenad-zhivanovski/

Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2305

https://www.kupuvamdomasno.gov.mk/mk/info
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Bosonoga Чет Дек 17 2020, 16:02

Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 983
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Дек 20 2020, 12:43

За полуинтелектуалците од високата средна класа

Интересна колумна на Александар Литовски, историчар и член на комисијата со Бугарија. Исто така и член на СДСМ.
Колумната е објавена во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ


Ништо не е победно и повеќе вредно за презир од нашите елитни малограѓански снобови. Постсоцијалистичката состојба на економска, социјална, образовна и морална инволуција и нарушеност, кај нас произведе безмерно многу ситни души и ограничени мозоци сред новоформираната буржоаска средната класа. Тие се оние полуинтелектуалци околу нас кои со неолибералната мерканталистичка и вулгарна филозофија на живеење и мислење, агресивно го напаѓаат персоналниот идентитет на сите околу нив. Оние болно нарцисоидни безрбетни полжави, кои сопственото банално преживување, или лигаво живеење на ниво на задоволување на основните животински инстинкти, го издигнале во врвна егзистенцијална цел на универзумот.

Нејасен, злобен, површен
Преоптоварени со хиперматеријална култура на Западот, нашите полуинтелектуалци од високата средна клас се индоктринирани со некакви „големи мисли“ произведени од суровиот и антихуман неолиберализам, а кои, всушност, не се ништо друго освен скудоумен комплот од идеолошки догми за американскиот сон и за капиталистичката квазислобода. Наместо вистинољубиво, хумано, јасно, едноставно, доследно и чесно гледање на нештата и настаните, денешниот наш малограѓански полуинтелектуалец од високата средна класа е нејасен, непотребно комплициран, превртлив, раскалашен и злобен во однесувањето и конфузен и површен во мислите и ставовите.

Нашите полуинтелектуалци од високата средна класа спечалиле тук-таму некакво знаење, кое е смеса од површности и искривоколчени сознанија за нештата околу нас и во нас, па редовно одат во крајности и папагалски ги повторуваат фразите и „вистините“ кои лешинарска неоколонијална пропаганда постојано ги произведува преку плиткоумните медиуми, консумирачката култура, подмитената наука, корумпираната религија…

Овие полуинтелектуалци од високата средна класа се самоперцепираат како културна елита, па снобовски меѓусебно се дружат, меѓусебно се самофалат, меѓусебно малограѓански се глодаат и оговараат и меѓусебно се лажат и крадат. Сите в ред се со никакви таленти и знаење, празна свест и мртва совест, ама, многу често, врз основа на семејно добиените наследни богатства и професионални положби, „успеваат“ да се дозбогатат и – дооглупават. Имено, нивната лакомост, исто како и нивната глупост, па таквите особини, заедно со нивната целосно изместена и нарушена аксиолошка скала, многу често, ги водат овие наши „елитни“ сезнајковци во криминал и декаденција. И затоа, нив често можете да ги сретнете во повисоките ешалони на политичките партии. Тука нивната „способност“ за денунцијации и сплеткарења особено доаѓа до израз. Токму тие, често се „најснаодливите“ кои секогаш успеваат. Тие се оние кои редовно во последен момент, успеваат „да го променат дресот“ во кој играат и да го „облечат дресот“ на победникот.

Ментални и морални инвалиди
Секако, цената што ја „плаќаат“ во вид на ползење, коленичење, понижување пред партискиот лидер, или неколкуте врвни партиски функционери, нив воопшто не им смета и не ги загрижува, бидејќи нив единствено ги интересира профитот, а фактот дека за сите други тоа е полтронско губење на достоинството, нив воопшто не им пречи оти тие такво нешто не поседуваат и, сосема нормално, не може да го загубат. Затоа, никој умен не би смеел да биде изненаден што овие празноглавци успеваат да се претворат во „ѕвезди“ на политичката или културната естрада, но секој нормален треба да ги презира и избегнува.

Во време во кое не зафати бела чума, време во кое мнозинството е робовски експлоатирано, во време во кое многумина се рудари по контејнерите или, едвај, врзуваат крај со крај во месецот, во време кога широко е распространета духовна мизерија, во време кога луѓето имаат илјада лица и ги кријат со маски, во време на изразена интелектуална плиткост, во време на клерофашистички вредности, во време на здравствени катаклизми, рамнодушно и немо да се гледаат нашите македонските полуинтелектуалците од високата средна класа е рамно на интелектуално предавство и ментален мазохизам.

Наспроти тоа, човек треба со нив да се бори и гласно за нив да зборува, треба да се обиде да ги разголи овие ментални и морални инвалиди, кои како некаков страшно инвазивен карцином го разјадуваат здравото, креативно и плодоносно, човечко ткиво, а сè со цел да се изолираат во карантин за опасни болести и да се отстрани нивното погубно влијание.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Дек 22 2020, 15:10

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како ја изгубивме историјата заради измешани пликоа за Царовска и Филипче!?

Многу врева се дигна за укинувањето на историјата како посебен предмет од страна социологот Мила Царовска. По фински модел. А всушност се работи за техничка грешка на Заев. Тој во Финска сакал да го прати Филипче, за да види зошто таму имаат само 80 починати од Ковид 19 на милион жители, а ние над 1000. А Царовска требало да оди во САД, каде историјата е на ниво на предмет без кој не се може. Американците можеби не знаат каде е Европа, а за Австралија мислат дека е ориентално јадење, но не може да не ја знаат својата историјата. Е, така и требало да биде – Филипче да научи како да имаме помалку мртви од Ковид во Финска, а Царовска да научи што прави најнапредната земја во светот со историјата.

Арно ама, како што велат, ѓаволот ни ора ни копа. Па така додека Заев зборувал со Порошенко и Грета Тунберг по телефон, хигиеничарката ги измешала пликоата со пораките и авионските карти. Па Филипче отишол во САД и се вратил цел насмеан: „Шефе, види, ги надминавме Американците. Тие имаат 900 мртви на милион жители, ние 1 100.“

Царовска, како што ја дал горниот, исто така дошла окезена: „Шефе, блескаме повеќе од Финска. Тие нешто оставиле од историјата, ние ќе ја укинеме“.

Се разбира, Заев не ја дослушал, туку ја избркал зашто ќе требало два дена да ја слуша додека оваа зборува, зборува, зборува… Погледнал на часовникот, а тој му вели: „Шефе, ако ја оставиш да зборува ќе не фати не 2021, туку 2025…“ И ја избркал. Не дослушал. Оти, каков-таков, сепак е премиер, нема баш толку време… Плус има бизнис човекот. Краставици, канабис…!

После тоа, Царовска даде изјава дека тоа што се прави е за децата да учеле помалку факти, а повеќе да размислувале. Не е јасно меѓутоа како Царовска успеа да го изговори глаголот „размислување“, оти тој баш не е многу познат во одредени опркужувања. Како што не е јасно и како децата повеќе ќе рамислуваат за фактите, ако помалку ги знаат. На пример, има причина зашто Илинденското востание е кренато на 2 август 1903. Ако не го знаете тој факт, како ќе размислувате за тоа што размислувале Илинденците при одредување на датумот?

Од друга страна, на пример, на времето во комунизмот, имаше една професорка по историја која, на прашањето „кога почнала Втората светска војна“, како грешен го сметаше одговорот „1 септември 1939 година“. И велеше: Седи, не знаеш ништо! Зошто, кога во секоја енциклопедија, во секој учебник стои дека Втората светска војна започнала токму на тој датум!?

Затоа што жената бараше да се размислува и да се најде коренот на таа војна која формално навистина започнала на тој датум. Па одговорот требаше да биде дека тој корен лежи во светската економска криза од 1929-1933 г. (Германија е најпогодена од таа криза, наспроти мсилењето дека тоа се САД). А дека коренот на таа криза во Германија е во инфлацијата од 1919-1923, дека коренот на таа инфлација е во договорот од Версај, дека тој договор е последица на Првата светска војна, а дека таа, пак, е последица не на убиството на австроунгарскиот претстолонаследник во Сараево од страна на Гаврило Принцип, туку на доцното формирање на Германија како држава во 19. век поради што таа задоцнила во поделба на колониите во светот. Но, за да дојдеш до сите тие корени на еден настан, мораш да ги познаваш фактите. Фактите за создавањето на германската држава, за почетокот и крајот на Првата светска војна, за тоа кои санкции им биле наметнати на поразените, потоа фактите за големата депресија, за доаѓањето на Хитлер на власт…

И како ќе го постигне ова Царовска? Така што ќе ја спои историјата со географијата. Фино, многу фино. Ама така е тоа кога хигиеничарката ги измешала пликоата.

Патем, дали некој ќе ги учи децата повеќе да размислуваат или помалку, а Царовска на студии по социологија изгледа не научила да размислува ни помалку, ни повеќе, не зависи од тоа дали ќе биде укината историјата како посебен предмет, туку зависи од професорот. И од тоа како е составен учебникот. Ама и ова е факт за кој очигледно, кога Царовска учела, социологија де, образовниот систем не ги учел студентите да размислуваат.

Инаку, учебникот по кој предаваше спомената професорка беше од редот учебници по историја во кои стоеше дека Бугарија ја окупирала Македонија во 1941 година, дека Грција го окупирала егејскиот дел на Македонија во 1912/13 година, тоа беа учебници во кои за Србија не стоеше дека е окупатор на Вардарска Македонија од 1912 до 1941 година зашто бевме братски народи, потоа пишуваше дека Македонија во Букурешт 1913 година е поделена, дека македонскот народ постоел години и векови наназад, значи едно чудо факти кои требаше да се научат. Па потоа за нив да се размислува. На пример, зошто имаме „експерти“ кои на Стево Љубави му рекле дека Гоце е Бугарин, а овој како професор, без да размислува, тој т.н. факт го сфатил како апсолутна вистина.

Ама, пак, од каде ние да знаеме за тоа. Всушност, кога ќе ја чуеш Царовска како зборува, имаш две опции: или да се самоубиеш, само да престане таа мака за вашите уши, или да кажеш – нека биде се’, нека биде и дека Гоце е Бугарин, ама нека е и Грк и Турчин и Албанец во исто време, само нека престане ова мачење. Мачење кое се состои во тоа да ја пуштиш Царовска да зборува, а ти да мораш да ја слушаш. А таа зборува, зборува, зборува…

Во меѓувреме, во главниот град на бугарска Вардарска Македонија, кој сега има две имиња – Скопје и Шкупи – а во иднина веројатно ќе му остане само второво, Катедрата при историја на Филозофскиот факултет во Шкупи, пишала писмо дека потегот на Царовска е скандалозен. Не знам што мислеа курлињата оттаму (што би рекол Димче уставниот, советникот на Катица), кога Заев и неговата тајфа го укинуваа и продаваа Александар и со брусилици го бришеа Сонцето од Кутлеш. Не знам што мислеа кога Заев кажа дека Драги Ѓоргиев и неговите договориле пет личности од историјата по седми век, не знам што мислеа кога нивниот претседател Стево кажа дека Гоце бил Бугарин… И не знам што мислеа кога премолчуваа и премолчуваат дека имаме таква комисија и со Грција и дека и таму им договараат што ни е дозволено, а што не по историјата.

Е, а знаете ли тапчовци каде е роден Гоце? Во Килкис, не во Кукуш. Во Кукуш е роден за Бугарите. За нас е роден во Килкис. А знаете ли дека не смеете на децата да им објасните зошто Грците го запалиле тој Килкис во кој е роден Бугаринот, а не Македонецот Гоце, до темел и дека тој не постои веќе 107 години? Знаете ли дека во таа Македонија немало и нема Македонци, зашто ако имало и ако има Македонци тие се всушност Грци? А ако за Бугарите Кукуш е Кукуш, а за нас е Килкис, тогаш Гоце само по себе му доаѓа дека е Бугарин?

И навистина, што мислевте тогаш? А? Дека нема и вас да ве укинат? Дека некако ќе преживеете, ќе се провлечете? Шутраци, со самиот факт што за вашиот предмет одлучува некоја си нафатирана невладина дистрибутерка на презервативи, и што тоа не ви пречеше додека не ви дојде водата до грло, се чини и не заслужувате повеќе од спојување со географија и со тоа колку тони јаглен произведува Кина секоја година.

Патем, продолжува здружениот поход на удбашите, комуњарите и комитите против Бугарите. Не дека тие не го заслужија ова, но факт е дека ни дел од ова немаше кога Грците не прогласија за три коси црти, кога Стево ни го прогласи Гоце за Бугарин… И одеднаш кога на политичкиот врв на Северна, многу пред нас му беше кажано дека од преговори нема ништо, падна наредба за претставата. Бугарите ни ја фрлија коската за Втората светска војна и за Тито, а ние, лејки какви што не дал Господ почнавме да ја лигавиме. Иако, не е сосема јасно како тоа постојат Македонци во 1941, ако не постојат во 1903, односно ако нивниот водач, човекот за кого Пандо Кљашев вели дека „дошол големиот, најголемиот меѓу големите“ е Бугарин. Како тоа постоеле Македонци во 1941, ако тие во 1903 не биле од Кукуш, туку од Килкис. Ако Илинденско востание не биле кренато во Костур, туку во Касторија. Хммм, чекај, прво, изгледа дека со ова и објавувам војна за територии на Грција, а патем, ако Касторија е грчка, за што кренал востание Чакаларов (се сеќавате на овдешната хајка кога му се поставуваше споменик дека тоа не треба да се прави зашто тој е Бугарин?) За да може грчка Македонија да се ослободи од Османлиите, а тој потоа да ја припои кон Бугарија и така да ја отргне Македонија од својата грчка матица? Се слушате ли?

На сето ова, „комити на батерии“, ни го донесоа на помош и шарениот Дарко Митревски кој само до пред некоја некоја година му се потсмеваше на историското ВМРО, пишуваше дека во време на Букурешкиот договор немало македонски народ и дека „патетична лага на македонската историографија“ е дека во 1913 година соседите не поделиле како гладни волци! Ете со тој Митревски комитите ќе не спасуваат од Бугарија. Истиот тој чија фина душичка во 2017 година се напатила зашто Владо Јовановски бил во „За заедничка Македонија“ и влегол во Собранието на фамозниот „27 април“ одработувајќи така за Груевски. Заедно со Дурловски, со Дамовски, со Бетмен, со Ченто, со Горан… И кога го плукаш Владо, всушност ги плукаш сите нив. Ги плукаш и внуката на Питу Гули која беше говорник на митинзите, внуката на Мисирков – покојната Елена… Ама што ти е гајле. Играш на картата на кратко помнење на народот. И на карта на комити кои имаат комплекс на помала вредност од оние кои што ги колнеа и бараа затвор за тие од „За заедничка Македонија“, за кои се’ од таа 2017 г. беше во главата на вмровците и во главата на Грујо, па за да го бутнат Заев, на тие комити сега им се потребни „шарените“ кои го востоличија истиот тој Заев на власт со цел да го направи сето тоа што денес го прави.

Е, ама така Заев ќе падне кога… Хммм, кога? Еден убав ден. Кога принцот ќе ја бакне Трнорушка и таа ќе се разбуди од сонот. И кога другиот принц ќе ја бакне Снежана, па и таа ќе стане, ќе отиде со него и ќе стане сосетка со Трнорушка. И секое утро, двете заедно ќе си гледаат на кафе. И во шолјите ќе гледаат едно чудо шутраци.

Всушност кога се ќе соберете, ќе видите дека има смисла. Ако ние, како што тврдат Бугарите постоиме од 1944 година, а АСНОМ во таа година е резултат на Втората светска војна, во која во Македонија и Југославија ккао победници излегоа комунистите, тогаш, ја добиваме целата слика. Ние всушност самите одработуваме, самите ги потврдуваме тезите на Бугарите за Македонците како комунистички произход. Тоа е толку едноставно. И се чини, Борисов, Захариева и Каракачанов воопшто не се толку „т’пи, ама упорити“. Се чини дека е токму обратното. Се чини токму тие докажуваат колку сме ние т’пи.

И некако полека станува се појасно дека сета артилерија кон Бугарите почна да се испушта откако на шарената компанија на власт и беше кажано дека за датум ќе почека. И одеднаш, сета молчелива багра, а тука спаѓаат и дузина комити, која наведнато го прими Преспанскиот договор, која молчеше и за Договорот со Бугарија тогаш кога се потпишуваше, сега одеднаш сфати дека Захариева и Каракачанов биле лоши, биле „Бугари“ за две црвени (внимавајте, Бојко во приказната го нема или го има само спорадично, па ако тоа не ви е доволно дека здружените бугарско-бугарско-македонски сили не влечат за нос, тогаш…) биле се’, само не некакви, туку сега, секогаш и во сите времиња – никакви. И дека, кога така стојат работите, Заев цврсто застанува на браникот на татковината. Така, тој и неговите шарени сега херои. Тие го спасуваат идентитетот на Македонија кои ни го загрзуваат Бугарите врз основа на договори кои токму Заев и оној со исушената рака ги потпишаа.

Само едно нешто не е јасно во оваа приказна. Ако Бугарите сега ни го загрозуваат македонскиот идентитет и јазик, тогаш тоа значи дека Заев бил во право кога тврдел дека со Преспанскиот договор тие ни се зачувани и дека тој Преспански договор е добар. Ако пак не се сочувани, ако од Преспа наваму сме три коси црти и ништо повеќе, тогаш што е тоа што загрозуваат Бугарите? Ни ги загрозуваат трите коси црти?

Е, да, можеби има нешто друго. А тоа нешто друго е дека Грците и Бугарите ги имаа поделено улогите. Па Грците ни ја земаа едната рака и едната нога, а ние молчевме. И ракоплескавме со другата рака и нога и со протезите кои Грците ни ги позајмија за да го одработиме ракоплескањето. А Бугарите се обидуваат да ни ги земат другата рака и нога од идентитетот. И прашуваат: Зошто бе мрсници се буните, кога веќе еднаш се согласивте?

А, можеби и не е така. Можеби Грците го нацртаа проектот и удрија темелот, а сега Бугарите се само подизведувачи. Толку е едноставно!

Патем, еве уште еден доказ за ова и за недоветноста и на македонската јавност и на македонското новинарство (се извинувам на исклучоците):

Две-три недели поминаа од онаа прес конференција преку видео врска на Драги Ѓоргиев од северна страна и на Ангел Димитров од бугарска страна. Овој вториов тогаш јасно ни кажа дека нивното инсистирање на бришење на придавката „македонски“ се должи на Преспанскиот договор. Што мислите, кого прашале тие за тоа?

https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-kako-ja-izgubivme-istorijata-zaradi-izmeshani-plikoa-za-carovska-i-filipche/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino Вто Јан 05 2021, 11:28

Super kazano ama koj da razbere.

Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2110

Dino

Број на мислења : 637
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Јан 05 2021, 20:14

Не е употребен дипломатски речнил, но за жал професорката е во право. Ќе искористам овде да напишам за злоупотребата на моите пари од ДУИ, кога државните органи молчат. Не може во министерство да се прави роденденска журка како што направи ДУИ. Министерот Груби и сите други што присуствувале на прославата, а тоа се сите министри од партијата порасната на терористички корен поради злоупотреба на објект на кој газда сум јас и сите даночни обврзници треба да бидат разрешени. Настрана журка со повеќе од 4 присутни и неносење на маски. За жал СДСМ нема храброст да ги казни сторителите.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Вто Јан 05 2021, 20:25

Веќе е покрената постапка, Османи јавно призна дека погрешиле. Престани да лажеш.

Интервјуа и колумни - Page 33 Img_2506
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6597
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Јан 06 2021, 21:38

Работата се тера во аут со злоупотреба на помалиот прекршок, не носењето на маски. Во селото Орман вчера вечер полицијата уапси повеќе лица затоа што биле групирани на отворен простор за Бадник (во време на Вонредна состојба немаше таква забрана за Бајрам). Во случајот со министрите од ДУИ основно прашање е зошто до сега премиерот не ги разреши за повеќе сторени дела. Злоупотреба на имот на граѓаните за приватна, партиска журка пред се. А ќе поминат со 20 евра казна што може од еден тендер без око да му трепне да ги плати и Крсто Мукоски, а да не зборувам за некој од дотичните.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11225
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by SHARENI Пет Јан 08 2021, 11:13

Интервју со Игор Есмеров: ВМРО е безопасно маче во скутот на Мицкоски
08/01/2021 10:50

Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не ги добие, оценува членот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров. Според него, народот не гледа веќе алтернатива во оваа партија на лошите политики на СДСМ, но пратениците и партиските интелектуалци молчат, а членството е тивко и уплашено гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица. ВМРО, вели тој, е како безопасно маче што спие во скутот на Мицкоски, а неговите досегашни политики навестуваат пораз, уште повеќе што партијата има проблем да најде луѓе кои би се кандидирале под нејзиното знаме.

https://nezavisen.mk/esmerov-vmro-e-bezopasno-mache-vo-skutot-na-mickoski/
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 845
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 33 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 33 of 41 Previous  1 ... 18 ... 32, 33, 34 ... 37 ... 41  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот