Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 41 of 41 Previous  1 ... 22 ... 39, 40, 41

Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Дек 13 2023, 19:36

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Тие што по улици ги влечеа коските на Тамара, на Мартин, на децата од Смиљковско… сега обвинуваат за политиканство во убиството на Вања и Панче! Немате срам?

Дарко ЈАНЕВСКИ

Не знам како не им е срам. Како немаат барем грам достоинство во себе, малку образ на лицето, малку почит кон овој народ. Па, така, најпрво Оливер Спасовски, а потоа и цел СДС на Северна почна да обвинува дека случајот со Вања и Панче бил политички злоупотребуван и дека изјавите на опозицијата во врска со овој случај „се најдолен вид на политиканство кои ги преземаат екстремно десничарските кругови и со кои уште еднаш ги убиваат жртвите“.

Па уште велат:

„Додека цела Македонија жали, а институциите целосно го расветлија случајот, ДПМНЕ сакаат да профитираат врз трагедија и човечките жртви. Кај ДПМНЕ и Мицкоски нема грам човечност. Имаат изопачена потреба за политизација на жртви“.

Така, дојдовме до тоа дека опозицијата уште еднаш го убива жртвите, наспроти успешната полиција која го разрешила случајот. Откако претходно цела недела не можеше да најде што се случило и каде е Панче Жежовски, случај што водеше кон убиството на Вања. И до тоа дека кај ДПМНЕ немало ниту грам човечност и имале изопачена потреба за политизација на жртвите.

Човек ги чита овие соопштенија на комуњарите и не му се верува. СДСМ најде да заборува за срам и отсуството на морал. За „најдолен вид на политиканство“ и за „ изопачена потреба за политизација на жртвите“ зборуваат тие кои на власт дојдоа врз гробот на малата Тамара (а, „министерот Смрт“ потоа им стана сојузник). Кои што несреќата на Никола Младенов ја претворија во убиство, кои ја злопоутребија смртта на Мартин Нешковски, иако Јанкуловска експресно го реши случајот, а токму нивниот Заев се ракуваше со убиецот, кои ги лажеа родителите и целата македонска јавност за четирите деца и рибарот од Смиљковско Езеро и кои тврдеа дека тероризмот во Дива Населба е наместен случај за вмровците да останат на власт.

Погледајте ги снимките од „бомбите“. Таму се Заев, Шеќеринска, Спасовски и цела комуњарска братија која денес обвинува за политиканство во убиството на Вања и Панче, за кое, да биде иронијата поголема, е осомничен нивен екс претседател на скопската организација, а кој според Алескандар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ е полициски проект со посебна задача од 2018 година па наваму.

И тие, кои го ископаа коските на Тамара, ги расфрлаа и ги влечеа по скопските улици (дали заборавивте дека во тој случај немаше обвинети откако пучистите дојдода на власт?), кои газеа врз се уште топлите трупови на децата од Смиљковско, ги лажеа родителите на децата и целата јавност дека вистината допрва ќе се откриела, тие кои дури и го повторија случајот преку една срамна одлука на Врховниот суд, а под водство на Чарлиевиот ангел, Фатиме Фетаи која денес служи за потсмев на целото Јавно обвинителство како член на едно рекетарска дружина каква што беше СЈО, во кое како од шала си делеле бонуси по стотина илјади евра, тие кои ги погазија специјалците кои загинаа во Куманово, тие, истите тие луѓе, без грам чувство, денес ве гледаат во очи и ви велат дека други правеле политиканство од еден од најгрозоморните случаи во историјата на Македонија. Кој веројатно делумно ќе бил спречен ако на време се откриеше судбината на Жежовски (но имавме Самит на ОБСЕ, нели, па кој има време при тоа да се занимава со некој старец кој исчезнал) и случај до кој веројатно воопшто немало ни да дојде да не беше целата игранка со создавање полициски проекти при предавството на Република Македонија и нејзиното преименување во Северна откако претходно беше извршен добро организиран пуч.

А токму за целите на тој пуч, беа извадени коските на Тамара, на Мартин, на децата од Смиљковско. Стоеја на прес конференции со тие коски, оддаваа минута почит, се влечеа по улиците на Скопје, го бојадисуваа градот, ја користеа смртта на овие деца, ја користеа трагедијата на нивните семејства, ги користеа чувствата на јавноста и нејзината сензитивност кон трагичната судбина на сите тие деца, само и само за да дојдат на власт и да ја исполнат нарачката за преименување на државата, а за возврат да украдат се што може да се украде од оваа земја.

И тие денес обвинуваат за политиканство, ве гледаат во очи и ве прават глупави. Ви праќаат порака дека тие се добрите, а оние другите се лошите. Дека тие се Џон Вејн, а опозицијата ја игра улогата на лошите Индијанци. Ве гледаат во очи и ви се потсмеваат. Се обидуваат да се претстават како професионалцаи на кои треба да им го дадете гласот на претстојните избори, наспроти оние другите кои, видете ви се молам, правеле политиканство само затоа што Бубевски и Спасовски имаа една прес конфереција која да не беше трагичен случајот, ќе беше оквалификувана како комична, безвредна и катастрофална. Очајно слаба која не даде одговор на низа клучни прашања.

Засега, за среќа не го обвинуваат народот за политиканство бидејќи поставува прашања. А тие се истите: зошто некој би убил киднапирано девојче ако преку него сакал да дојде до пари? Зошто експресно не бил решен случајот со Жежовски? Како тоа неговото возило безбедно се шетало по скопските улици? Кој лудак би користел возило од исчезнат човек со тело на малолетно девојче во багажникот, ризикувајќи спосема случајно да биде сопрен од сообраќајна полиција? И да не редиме понатаму. Ама сето ова било политиканство. Жити се!

Така што, после се ова, дури и да се последни на светот, СДС, Спасовски и нивните медиумски тапанари немаат никакво, ама апсолутно никакво право било кого да обвинуваат за политизирање на овој случај. Посебно што допрва треба да следи и одговорност што воопшто ова се случило, бидејќи постојат дузина докази дека осомничените извршители, ако овде постоеше правна држава, одамна не ќе беа во можност да го сторат тоа што го сторија. Така што, што би рекле Англичаните, shut the fuck up, затоа што вие немате образ, немате морал, немате достоинство, немате право да зборувате за тоа дека смрта на Вања и Панче не треба да се политизира. Напротив, секое делче од мозаикот на овој случај треба да се политизира се додека не се дојде до целата вистината. Додека не се склопат сите коцки на мозаикот, зашто тоа е и задача на опозицијата. Да ги лови грешките на власта и да ни ги соопштува. А обидите за нејзино замолкнување, како и обидите да се замолкне јавноста со вакви квалификации, е, токму тие обиди, се најдолен вид на политиканство!

https://denesen.mk/kolumna-na-janevski-tie-shto-po-ulici-gi-vlechea-koskite-na-tamara-na-martin-na-decata-od-smiljkovsko-sega-obvinuvaat-za-politikanstvo-vo-ubistvoto-na-vanja-i-panche-nemate-sram/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Дек 16 2023, 20:02

Украинскиот е руски дијалект на бугарскиот јазик
Од Александар Русјаков

Сите возбудени на темата Украина и Европска Унија. Ајде и јас… не, нема шанса да се возбудам. Напротив, ги загубив сите пристојни зборови кога станува збор за ЕУ. Она што ми остана не е за кажување дури и меѓу редови. Седам така и размислувам (само седиш, Русјаков, само седиш, ми доаѓа гласот на Трендо) и не знам како да почнам, кога ете го оној проклет циник, редовен потстанар на мојата потсвест, пали цигара во фотелјата на гротескната стварност и ми вели: „Многу си глуп бе, човек, ЕУ воопшто не отвори пристапни преговори со Украина, туку со Русија, ама не смее гласно да го каже тоа. Размисли, тикво, која Украина започнува пристапни преговори? Украина со Крим, Донбас и Запорожје или без нив?“ Навистина, штом завршат пристапните преговори кога Украина, демек, ќе ги затвори сите поглавја, дали Крим, Донбас и Запорожје ќе влезат во ЕУ? Оти ако влезат тие региони, значи и Русија станува членка. А дотогаш, којзнае, може Русите уште некој регион ќе внесат во Унијата. Ненормална работа.

Украина во ЕУ. Добија датум, еј, тој влажен неостварлив сон за нордистанците, а од скоро и за Албанците. Седам така и не размислувам, оти убаво ми е да бидам глуп и веднаш ми се редат прашања. Испорача ли ЕУ лисабонска декларација за Украинците? Нешто во стилот, можете кај нас, ама мора да си го смените името, не може да поседувате ексклузивитет на тоа име бидејќи и во Хрватска има регион Краина. А? Имаше такво нешто? А Грците се заканија ли со вето додека Украина не смени име? Се јавија ли грчки политичари и историчари да кажат дека името Украина е украдено од старогрчкиот регион „Умајчина“, прататковината на Хелените од која тие дошле на Балканот? А Бугарија? Побара ли од Украина да ги внесе Бугарите во устав, оти нели е познато дека Украинците се Бугари, а украинскиот е руски дијалект на бугарскиот јазик. Патем, нели Украина и Бугарија делат заедничка историја? Па, на сите ни е јасно дека и двете држави беа создадени (на бугарски: измислени) од Руската Империја. А заедничко чествување празници како Денот на администраторите, кога заеднички се приклучија на германската администрација? Или личности. На пример, Олга Кириленко. Беше Бонд-девојка, а сите знаеме дека Џејмс Бонд е син на славниот бугарски таен агент Јанко Флемингов. Ништо, а?


Хм, Украина еден ден, за години од сега, ќе влезе во Европската Унија, освен ако… освен ако таа Унија сè уште постои, но поважно, ако војната со Русија не заврши, а знаеме дека Западот и понатаму инсистира таа да продолжи, прашање е дали Украина ќе влезе во ЕУ со Украинци или без нив? Оти, нели, Западот ќе ја води војната со Русија до последниот Украинец. Простете на гадост, но јас мислам дека Западот, односно САД и ЕУ баш таква ја сакаат Украина… без Украинци. А ха, голема, убава, плодна и богата, а Украинците сепак малку личат на Руси, секако се Словени, инаку народ крајно бљак за нежните западни вредности.
Да, да, знам дека ќе ме обвините за ширење лажни вести, говор на омраза и слични налудничави форми за ограничување на слободата на мислење, но пред нас се факти што водат натаму.

САД и ЕУ организираа и поддржаа насилна промена на власта во Киев преку омилената им обоена револуција (во Нордистан од шарениот гуру и нобеловец наречена револуција на шуто и рогато) и не беа тука само сендвичите на Вики Нуланд а.к.а ФакОфЕУ, туку беа донесени снајперисти што пукаа и по шарени и на полицајци. За тоа имаме потврда во телефонски разговор на естонски министер (не му памтам име) и Кетрин Ештон (бившата Урсула), кој пак разговор брзо-брзо го снема во фреквенциите на исчезнатиот малезиски авион, кој потоа, демек, го бараа. Како и да е, власта се смени, па започна малтретирање на руското малцинство со методи што имаа нацистички призвук и во 2014 година започна војната во Донбас, каде што Украинците убија 15.000 цивили. Следуваше потпишување на мировните договори Минск 1 и 2, за кои Ангела Меркел мртва ладна ни кажа дека биле само за купување време за да ја вооружат Украина за војна со Русија. И почна војната, ама и не одеше така како што си замислија Украинците, па затоа потпишаа договор со Русите во Истанбул, кој реално им одговараше, затоа што ем завршуваше крвопролевањето, ем кај Русите останува само Крим за разлика од сегашната состојба. Но, тој договор беше спречен, поништен, фрлен во ѓубре затоа што Зеленски така го поучија Борис Џонсон, кој сега некаде се кревељи по лондонските пабови, и мадам Урсула, која процени дека Русија е на колена, се тепа со лопати, нема чипови за војни, па раштрафува миксери, пегли, вибратори и… и така умреа половина милион Украинци. Но Западот не застана тука. Не само што ги туркаше Украинците во лошо смислена, тактички промашена, самоубиствена контраофанзива туку и кога тоа стана очигледно, продолжи да ги вооружува и да ги испраќа во сигурна смрт. А еве сега, одеднаш, САД и ЕУ сè погласно најавуваат дека пари и оружје веќе нема, ама истовремено не сакаат договор со Русија, па Украинците продолжуваат да си играат глинени гулаби за отстрел. Кажете ми сега дека не сакаат Украина без Украинци?

И одеднаш Украина, среде војна, со загубена четвртина територија, страшно корумпирана и без опозиција, со нацистичко однесување спрема Руси, Роми, хомосексуалци, започнува преговори со ЕУ. Еди Рама ќе излезе во право, дека тука треба малку да се касапиме меѓу себе за да почнеме преговори. Ова гадно лицемерство на западноевропската политика не сакам да го коментирам, оти прстиве ми отекоа на таа тема. За нордистанците (некогаш Македонци) што упорно сакаат да одат каде што брутално ги силуваат ми здодеа да пишувам, тоа го припишувам на колективна безумност, иста како онаа кај Украинците, која доведе до тоа Украина да остане без форма, а Македонија без суштина. А вие останете така, шоуто на безграничната безумност секако ќе продолжи, за Украина ама ич веќе не ми е гајле, тука, во Нордистан, политичари, аналитичари и новинари, сите до еден, демек еврофили, ќе си ја маваат главата околу двојните европски аршини, ама секако умилкувајќи ѝ се на евровавилонската лицемерна (политички коректно) комерцијална сексуална работничка, евроскептиците како мене ќе бидат прогласувани за рубља-патриоти, оти мора нешто да се просере. Тажно е само што толку се навикнавме на оваа ненормална состојба што крајот, не на историјата, туку на цивилизацијата, ќе го доживееме како досадна реклама среде 127-та епизода на бесмислена сапуница.

https://novamakedonija.com.mk/pecateno-izdanie/ukrainskiot-e-ruski-dijalekt-na-bugarskiot-jazik/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Spiridon Нед Дек 17 2023, 10:35

Odlicen osvrt na kvazi neutralnoto novinarstvo vodeno pred se od licni a ne javni interesi. Osven za Katerina istoto vazi i za Goran i nekoi drugi samonareceni neutralni novinari koi se prodavaat za daj sta das na ednite ili drugite koj poveke ponudi.

https://racin.mk/analizi/zavereni-zabludi-i-netochni-ili-tendencziozni-tvrdena/

Spiridon

Број на мислења : 26
Join date : 2023-07-27

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Дек 18 2023, 20:18

Spiridon напиша:Odlicen osvrt na kvazi neutralnoto novinarstvo vodeno pred se od licni a ne javni interesi. Osven za Katerina istoto vazi i za Goran i nekoi drugi samonareceni neutralni novinari koi se prodavaat za daj sta das na ednite ili drugite koj poveke ponudi.

https://racin.mk/analizi/zavereni-zabludi-i-netochni-ili-tendencziozni-tvrdena/
Не сум сигурен ниту дека авторот на цитираната колумна е независен или е платеник на евроатлантската меѓународна банда. На крајот од текстот пишува дека вршел функција Извршен директор на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, што значо дека го плаќале странци. На Македонија кога насилно и беше променето името, спротивно на волјата на граѓаните и кога се откажа од два милениума од својата историја со политичка одлука, а не со историски докази и беше ветено дека тоа ќе биде последно според мене понижување. Има одлуку на ЕУ (за кои имаат гласано и Бугарија, но и Франција, дека откако ќе го решиме проблемот со Грција ќе ги почнеме преговорите. Не би рекол дека во Молдавија владее мир. И таму се кршат човековите права на Русите кои се мнозинство во Приднестовље (дел од Молдавија) Инаку и Украина и Молдавија беа републики од СССР, за кои на крајот од студената војна е договорено да бидат неутрални, а не дел од колективниот запад.
Инаку и во Македонија очигледно опаѓа поддршката на колонизаторите, па опаѓа и поддршката на ЕУ. Барем според анкетата правена во ноември, пред последниот самит на ЕУ на кој Украина и Молдавија отвораат преговори, а Македонија не. Сега веројатно поддршката е дополнително падната.

https://plusinfo.mk/samo-eden-od-chetvorica-e-za-ustavnite-izmeni-drastichno-opadnala-poddrshkata-za-eu-polovina-od-mladite-se-protiv-chlenstvo/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Вто Дек 19 2023, 21:51

КАФЕТО НА ОРБАН

Најстрашно е што наместо да направи саглам држава, власта нѐ доведе до дереџе иднината на државата да ни зависи од некоја промена на Устав за некоја замислена иднина во ЕУ.

1 Значи, Украина што е во војна со Русија и Молдавија што нема контрола на целата територија може да почне безусловни преговори со ЕУ, ама Македонија без Бугари во Устав не може. Не дека им завидувам на Украинците и на Молдавците. Скраја било. Фино ни е нам вака, со закочени преговори, само нека нема војна.

Ама, што убава порака испрати Европската унија до македонската јавност: Кога ве теравме да го смените името, ве излажавме дека ќе ги почнете преговорите. Ама не сме ви ние криви што ни верувавте. А уште помалку сме ви криви дека имате власт што најпонизно прифати услов за почеток на преговори да биде нешто за што не беше сигурна дека ќе го исполни – уште една промена на Устав. Па сега уште и ни викаат: Сами си го поставивте условот. Подобра преговарачка рамка нема да добиете. Вашата власт си ја потпиша.

И така е. Значи, можело да се изгласа едногласна одлука и кога некоја земја се заканува со вето. Ете, овој пат во Брисел можело Шолц да му каже на Орбан, ај сега оди ти надвор да пиеш кафе, за другите 26 земји  едногласно да изгласаме преговори за Украина. Ама нашиве власти никому не дадоа шанса да му каже на Радев да излезе да испие кафе. Сами побрзаа да си се зафркнат со понижување. Леле, леле, немој да ни се налутат Бугарите. Леле, леле, немој да го навредиме Макрон. А дома што нѐ изналутија, баш им беше гајле. А дома што нѐ изнавредија, баш им беше гајле. Сите што им викаа уште од првиот ден дека францускиот предлог едноставно е  неспроведлив, беа обележани како антиевропејци.

Не ни е ЕУ виновна што си имаме власт што се фати за тоа што мислеше дека ќе  ѝ биде најлесна работа – ќе збориме за ЕУ, ќе ветуваме ЕУ иднина, ќе си раскажуваме бајки по трибини, ќе се сликаме во Брисел, ќе поткупуваме пратеници, ќе оцрнуваме противници, а за потешката работа не ни мислела да се фати. На пример, да се бори против корупција. Не само што не се фати. Туку далдиса од крадење.

Власта играше само на картата на ЕУ и внесувањето на Бугарите во Уставот. И сега? Што правиме? Седум години поминаа и уште не се освестени дека ја пропуштија шансата што им ја дадовме да направат нормална држава. Додека зборуваа за европски вредности мислеа само на европските пари и пресметуваа провизии. И ај сега, ќе бараме непријатели. Мрачни сили.

Им дадовме седум години од нашите животи да направат саглам држава која нема да зависи од тоа дали Бугарија ќе стави вето, или не. Најстрашно е што нѐ доведоа до дереџе иднината на државата да ни зависи од некоја промена на Устав за некоја замислена иднина во ЕУ.

А тоа што во Брисел од 2005 година ни кажуваат гачки дека дали ќе нѐ примеле во ЕУ зависело само од нас, нека им го раскажуваат на овие поновиве ЕУ кандидатки, додека уште ги држи ентузијазмот. Дали ќе нѐ примат во ЕУ не зависи од нас. Зависи од 27 земји со 27 интереси. Среќа што Велика Британија излезе од ЕУ, инаку ќе беа 28. Ама, дали ќе направиме нормална држава зависи од нас. Држава во која ќе се цени чесност, способност, држава која дава еднакви можности за секого, без разлика на етничка, партиска или непартиска припадност и држава која неселективно казнува за криминал и корупција. Само тоа треба.

ЕУ си ја заврши работата со кафето на Орбан. Нашата власт дома не си ја заврши работата.

2 Искрено, по 30 години мечтаење за ЕУ, пишувања за ЕУ и разочарувања од ЕУ, мене ЕУ веќе не ме загрижува. Вистинската грижа ми е како политичарите не си ги сфаќаат сериозно граѓаните.  Што ќе биде темата на изборите напролет? Европски фронт, наспроти руски фронт? Едните ќе зборуваат за мрачни сили, другите за предавници?

Тоа е обично продавање магла. Бегање од вистинската тема. А вистинската тема е дијагноза – епидемија на корупција, како што ја даде американската амбасадорка Анџела Агелер.

Димензиите на таа епидимија станаа животозагрозувачки за државата. Тоа го покажува и последниот случај со уривањето во Старата скопска чаршија, од злосторничко здружение создадено за уништување културно наследство за пари. Не се тоа обични партиски војници, лепачи на плакати унапредени во референти за што и да е, ставени само за да земаат плата и да му бидат лојални на лидерот. Тоа се луѓе со професија. Осомничени се еден сегашен и тројца бивши директори на институции. И тоа не на било кои институции, туку на Конзерваторски центар, Управа за заштита на културното наследство, Катастар и Претпријатието за државен деловен и станбен имот. Ние сме им давале плата да ни го заштитат културното наследство. А тие за екстра профит, го уништувале културното наследство.

Власта наместо да ја заузда епидемијата, уште и ја разгори со промените на Кривичниот законик со кој се намалија казните на функционерите и побрзо им застаруваат делата. А сега во Собранието е предложен и нов закон за уште едно легализирање на сите, ама баш на сите дивоградби во последните 11 години.

Оваа епидемија на корупција добива размери на зомби апокалипса.

3 Во земја што е пред зомби апокалипса од корупција, има и бизарни примери на демократија.

Дванаесет дена пред да ја убие 14-годишната Вања, Љупчо Палевски-Палчо како претседател на неговата партија Десна поднел иницијатива во Собранието за некаков си референдум. На иницијативата се потпишани и двајца сопартијци што се во притвор како соучесници во убиствата за кои е осомничен Палчо.

Пратениците ќе расправаат за иницијатавата на Палчо на 22 декември. И така, правилото „Сѐ по закон, шефе“ сврти цел круг.

https://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/kafeto-na-orban/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Gustav Сре Дек 20 2023, 13:44

Zizek e kompleksen, pa koj razbral, razbral.

https://nezavisen.mk/novite-koreni-na-antisemitizmot/

Gustav

Број на мислења : 12
Join date : 2023-11-16

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Дек 25 2023, 20:05

Многу чудна колумна на Благојче Атанасоски на порталот Фтонтлајн на Џабир Дерала, странски платеник, наводно раководител на невладина организација која кога е СДСМ на власт изгледа е владина. Во колумната дотичниот тврди дека американците го убиле претседателот Борис Трајковски и дека исто сценарио му спремаат на политичарот со најголема поддршка во Македонија, Христијан Мицкоски. Колумнистот иако колумната е објавена вчера, до овој момент уште не е повикан пред надлежните органи да даде изјава и во врска со тврдењето за американски атентат врз нашиот претседател и за обидот да се заплаши лидерот на опозицијата. Патрм се лаже и дека САД на крајот секогаш победуваат, па наводно победиле и во Виетнам или Авганистан, на пример. На порталот вообичаено се пропагира дека Македонија треба да се однесува дека е колонија на колективниот запад, односно дека секпгаш треба да биде со свиткана кичма. Нема реакција ниту од амбасадата на САД, но тоа веројатно е во стилот, мани ги - будала.


Руски рулет за Мицкоски


Пишува: БЛАГОЈЧЕ АТАНАСОСКИ

Недипломатските изјави на американската  амбасадорка кај нас, г-ѓа Ангела Агелер, но и директните изјави на високите претставници на американската администрација, задолжена за Западниот Балкан, но и поширокото подрачје на евроазискиот континент, без  задолжителната  фина дипломатска обланда, со која во стилот на „ти кажувам ќерко, сети се снао“, постојано укажувале на тоа што нашите политички  елити   треба  да направат , особено во сферата  на надворешната политика , за да биде усогласена со таа на највисоките стратешки интереси на Американците, ни укажува   само на едно: дека на ним веќе им е преку глава од нас и дека шумарот е тука , за да ја прекине „играта“ која ја игра лидерот на нашата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, имено докторот даскал Христијан  Мицкоски.

Најпросто  објаснето со неколку реченици, станува збор за борба на Американците со српското влијание овде (како екстензија на руското), и тие таа борба немилосрдно и бескрупулозно  ќе ја водат до крај , макар да треба пак да  пребаруваме  тела на паднати авиони крај Мостар, колку и морбидно да звучи, но таа е реалноста.

Американците губат битки, но војната, на крајот – секогаш ја добиваат!

Политичката  криза во соседна Бугарија, де факто претставуваше борба до истребување на американското со руското влијание во оваа наша соседна земја, битка која беше фаталистичка до крај. За во моментов, да победат Американците, односно да се спроведуваат нивните интереси  таму, но се наполно свесни, дека Бугарија и покрај тоа што е полноправна членка на Европската унија и НАТО, како поранешна  комунистичка држава-членка на Варшавскиот пакт, подружница на советски Кремљ на Балканот, метастазираните руски нагазни мини во безбедносно – разузнавачкиот, политичко-полицискиот живот на бугарската политичка и општествена сцена, и тоа како се силни.

Како што кај нас се силни, тие на подземен Белград, како наследство  во мираз од поранешната заедничка федеративна држава , под чиј команден центар бевме формално-правно до 1991, а во реалноста и до ден денеска, цели 32 години по прогласувањето на независноста на Македонија. Напросто: неизгласувањето на уставните измени за влез на Бугарите во Уставот, како услов без кој не се може да се продолжат ефективно и ефикасно  европреговарачките поглавја, и Македонија после 18 години застој конечно да тргне напред во интегративниот процес, не е бранење на македонскиот национален интерес, туку одбрана на српскиот свет во државата, како специфична карактеристика на рускиот таков, овде и на Балканот.

Постојано во своите фејбук писанија, тоа, поранешните пратеници во македонскиот парламент Ивон Величковски и Никица Корубин, го елаборираат со хируршка прецизност, го портретираат  повеќе од три децении,  дека поставените марионети на подземен и надземен  Белград кај нас во политичките партии, безбедносно-разузнавачките служби  особено, но и во академските сфери, бизнис-олигархијата најизразено, во медиумскиот сектор и да не збориме, се всушност „држава во држава“, и токму таа „држава“ не кочи нас како граѓани и општество, Македонија како земја, да направи еволутивна европска промена и да зачекори кон ЕУ, со надеж дека еден ден ќе постане нејзина полноправна земја членка.

Мене ми е навистина жал и тажно, што опозициската  ДПМНЕ, цели  33 години, од нејзиното основање како антијугословенска и антисрпска партија, која го рушеше условно кажано комунизмот кај нас, стана идеолошка карикатура, во рацете на тој подземен и олигархиски  Белград.

И на Будимпешта, командувана од Москва.

Партијата која се гордее дека е славна наследничка на историската страв и трепет за Србија, српскиот крал и двор, организација од крајот на 19-тиот и првата половина на 20-тиот век, денес е инструмент во рацете на српскиот официјален двор. И на патетичниот, нарцисоиден, со дијагноза на психички растроена подвоена личност „крал“ таму! На кој му прават официјални пречеци на годишнините од Зебрњак или од Брегалничката битка. Но тоа е веќе тема за поширока елаборација и стручна медицинска анализа за кое треба повеќе време и простор од една обична колумна.

Ќе се извлечеме ли од српско-рускиот свет!?

Да се сосредоточиме на актуелниов даден политички миг и моментум, кој го пропуштаме. Јас навистина не знам, ниту ме интересира дали лидерот на опозицијата е навистина луд ( психијатриски), пијан или дрогиран, или двете заедно, но човекот е навистина нетокму ако мисли дека со противењето на Американците за  изгласување на уставните измени има светла животна или политичка иднина.

Примерот од неговиот претходник, кој е избеган  како најголема птичка под кошула и кукавица на бреговите на реката  Дунав, во Будимпешта.  може да му послужи како своевиден егземплар што го чека, ако оди против  нив. Во најмала рака. Да не се стигне до паднати авиони крај Мостар. Бог да  чува. И да не даде!

Но тоа е реалноста, и тоа се состојбите за секој кој се обидел да оди против интересите на тие кои од своите даночни  обврзници  истуриле стотици милиони евра во капацитетите на нашите институции на системот, надевајќи се дека ќе ги направат модерни, функционални и европски. За „нашиве“ да ги направат криминални, корумпирани, со српско-руска засмрденост на тотално распаѓање и крахирање.

Е, не иде тоа така!

https://frontline.mk/2023/12/24/ruski-rulet-za-mickoski/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јан 12 2024, 14:16

ЛОШ ПРЕМИЕР, УШТЕ ПОЛОШ ПАРТИСКИ ЛИДЕР Што остава зад себе Димитар Ковачевски

Ако треба да се подвлече линија под двегодишното работење на Владата на Ковачевски, таа несомнено ќе биде со црвена боја – како знак на неисполнетите ветувања и огромното разочарување кај граѓаните – пишува Крамарска во анализа за Дојче веле.

Корупција, колапс на судството, избегнување на начелото за солидарност кое е заштитен знак на социјалдемократијата, замрен политички дијалог, хроничен недостиг на учебници во образованието за време на наставниот процес, комплетна партизација на институциите – е политичкиот „тестамент“ кој ќе го остави Владата на премиерот Димитар Ковачевски која за дваесетина денови ќе ѝ отстапи место на техничката влада што ќе ја предводи собранискиот спикер Талат Џафери, пишува Соња Крамарска во анализа за Дојче веле.

Ако треба да се подвлече линија под двегодишното работење на Владата на Ковачевски, таа несомнено ќе биде со црвена боја – како знак на неисполнетите ветувања и огромното разочарување кај граѓаните. Заминувањето на оваа влада (иако најголемиот дел министри остануваат) ќе означи и крај на ерата на владеењето на СДСМ која дојде на власт во 2017 година на крилата на граѓанскиот активизам против режимот на конзервативната влада на Груевски, давајќи огромни ветувања пред граѓаните, од кои најголемиот дел останаа неисполнети.

Младиот и полетен Ковачевски претставувајќи ја владината програма на стартот на својот премиерски мандат на 15 јануари 2022 година, настапи со голем ентузијазам.

„Имаме ретка можност и шанса во период од 2,5 години без изборни потреси, кои секогаш за политичарите најчесто се неоправдано историски, а за граѓаните секогаш оправдано трауматични, да се посветиме на реалните проблеми и животот на граѓаните. Да се посветиме на економијата, на платите и пензиите, на поддршка на компаниите, на енергетскиот развој и на зголемување на вработеноста“, рече тој.

Но во реалноста се случи спротивното. Платите и пензиите се изгубија во високите плати кои легнаа на контото на функционерите, далеку заостанувајќи зад сумите кои си ги додели власта со помош на Уставниот суд. Па така, во време на СДСМ која во јадрото на својата партиска филозофија ја има солидарноста и работничките права, се случи историски расчекор во платите на граѓаните и на нивните „слуги“ – политичарите, па така платата на премиерот изнесува 160.000 денари, на претседателот на државата 165 илјади денари, а просечната плата во државата е 38.000 денари.

Како илустрација дека Владата го згази принципот на солидарност се податоците дека во ноември 8.273 вработени земале од 1 денар до 20.174 денари плата, 26.537 вработени земале плата во висина од 20.175 денари, или 34.810 лица земале минимална плата или под минималец. Вкупно 324.674 лица на сметките добиле нето-плата во износ од 20.176 до 37.875 денари. Она што е загрижувачки е дека речиси 90 илјади вработени земаат минимална плата. Тоа практично значи дека една третина од граѓаните живеат со околу 600 денари на ден.

Ветувањата останаа на хартија

Следното важно ветување што го даде Ковачевски на тој 15 јануари 2022 година беше: „Мора подобро и поефикасно да испорачаме резултати во борбата против криминалот и корупцијата, во ефикасноста на администрацијата која мора да се намали и професионализира, во креирањето на модерен здравствен систем, во образованието на младите. Наша обврска е да не дозвилиме младите да бараат авионска карта за надвор, туку да стекнат знаења и работа дома“.

Но и тоа ветување остана само на хартија. Македонија се соочува со епидемија на корупција – неодамна ќе констатира американската амбасадорка во земјава кажувајќи го она што стана јавна тајна. Институциите за 2022 година исполниле само 10 отсто од активностите за борба против корупцијата предвидени со националната стратегија, за разлика од 2021 кога тоа изнесувало 20 отсто, односно регистриран е пад по доаѓањето на владата на Ковачевски. Државната администрација ниту стана помала ниту поефикасна, туку обратно. Стенка под товарот на партизацијата.

Премиерот вети и удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5 %, на 5% просечен раст. Но реалноста беше поинаква. Според податоците на Министерството за финансии и Народната банка Македонија 2023 година ја заврши со раст на економијата од околу 2 проценти.

Не изостанаа ветувања ни за изградба на патна инфраструктура. „Продолжуваме со изградба на автопатот Кичево – Охрид и Скопје – Блаце. Во план е отпочнување на целосна надградба на автопатот Тетово – Гостивар, како и уште четири автопатски делници. Планирана е тековна реконструкција и изградба на локални патишта во должина од преку 1000 километри во 36 општини“, рече Ковачевски на стартот на својот премиерски мандат. Сите знаеме како неславно заврши изградбата на автопатот Кичево-Охрид за која крајниот рок беше декември 2023 година.

Ковачевски во својата политичка наивност или неопитност даде и ветување околу тоа како ќе раководи со коалицијата во неговиот кабинет. „Не сакам и нема да ги делам министрите на ‘наши’ или ‘ваши’, туку на способни и неспособни, на чесни и нечесни, на работливи и неработливи, на одговорни и неодговорни. За првите секогаш ќе има место и ќе имаат поддршка, за вторите во Владата и институциите нема и ќе нема место“, рече Ковачевски.

Но денес кога се прави резиме на неговата влада пред нејзиното заминување, впечаток кој преовладува е дека политички неискусниот шеф на Владата беше проголтан од старите „џомби“ и тој беше бројот 2 во власта, а лидерот на ДУИ Али Ахмети бројот 1. Ковачевски се повлече пред аферите „Соравија“, тендери од МНР на финансиери на ДУИ, изборот на нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и партиското насилство во М-НАВ, заштитата на судијата кој помогна да застари случајот со масовното прислушување во кој беше обвинет Сашо Мијалков.

Нем посматрач на катастрофата

Бескрајните судења за сообраќајните несреќи крај Ласкарци и во Бугарија, како и пресудата за изгорената модуларна болница во Тетово, случувањата на Клиниката за Онкологија, измените на Кривичниот законик кои ги срушија сето она за кое се бореше СДСМ во Шарената револуција, се исто така настани кои го обликуваа јавното мислење против Владата. Ковачевски, наместо вокален борец за спроведување на владината програма стана нем посматрач на катастрофата.

Инфериорноста на социјалдемократската екипа на „Илинденска“ пред екипата на Мала Речица се смета и за една од причините за корупцискиот бум и падот на судството. Впечатокот дека СДСМ е втора виолина на ДУИ го девалвираше рејтингот на некогашната македонска левица до тој степен што посматрачите на македонската политика веќе се прашуваат што ќе остане од СДСМ по изборите. Или поточно по поразот на изборите.

Ковачевски имаше доволно маневарски простор без ДУИ да неутрализира дел од јавното незадоволство, но се чинеше дека му недостасуваа храброст и искуство во раководење со сложен систем како што е коалициска влада. Можеше да поентира со намалување на функционерските плати како што вети, но тој тоа го одлагаше додека не стана јасно дека нема да се случи. Исто така и не застана зад своето ветување дека ќе ги испита платите во владините агенции, компании и управни одбори од каде бескрупулозно се пљачка буџетот на легален начин. Можеше да застане и поцврсто зад М-НАВ кога изборите се веќе на прагот а со тоа и неговата задача да се бори за интересите на неговата партија а не на ДУИ. Конечно, тој ја пропушти шансата и за култивирање на политичкиот дијалог пропаѓајќи во јазот меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и правејќи го невозможен договорот со десницата да испорача гласови за уставните измени за продолжување на преговорите со ЕУ. За тоа вината ја дели со неговиот ривал Христијан Мицкоски кој остана на тврдите позиции, но несомнено е дека не беа исцрпени сите средства за договор ако постоеше политичка волја и вештина за управување со политички дијалог во услови на партиска поделеност, која постоела и ќе постои, но и процесите мора да се водат поконструктивно.

Ковачевски не успеа ниту како партиски лидер бидејќи во СДСМ се водат фракционерски борби кои експлодираат сега кога треба да се номинира кандидат за претседател. Поради тоа СДСМ која се нарекува себеси проевропска партија, спротивно на европските практики сѐ уште нема кандидат за претседателските избори кои ќе се одржат во април. Со Ковачевски од Владата заминува и Оливер Спасовски вечниот министер за внатрешни работи, негов ривал и пријател, што води кон нови неизвесности во внатрепартиски односи во СДСМ.

https://plusinfo.mk/losh-premier-ushte-polosh-partiski-lider-shto-ostava-zad-sebe-dimitar-kovachevski/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јан 12 2024, 14:24

Изненаѓени и увреѓени

Шојиќите од ДУИ уверуваат дека во оваа земја помалку ќе се краде и ќе има помалку корупција, партизација и кошкање на непослушните тогаш кога ЕУ ќе ги деблокира преговорите со Македонија. Пред тоа – не бива.

Од Бранко Героски

Изјавата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп изгледа сериозно ги извади од патики асовите на ДУИ.

Неговата директна порака до лидерот Али Ахмети, искажана во разгвор со него во четири очи, дека „по две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар“, ги вознемири првите луѓе на оваа партија.

Веројатно поради општата перцепција дека во овие две години ДУИ е најголем виновник за тој пад. А и поради фактот дека Коп сфатил кој е газда во оваа куќа и со кого треба да разговара за вакви чувствителни работи. Тоа секако не е премиерот во заминување Димитар Ковачевски, кого дури и министрите Фатмири не го есапат за сериозен партнер – ја напуштаат говорницата кога има непријатни прашања (Битиќи), го караат да не држи предавања (Меџити), или му сугерираат што да каже за да не се збуни („како и до сега“, Али Ахмети).

Со својата прецизна и остра изјава, амбасадорот на Холандија упати уште една порака до ДУИ – дел од западните земји знаат кои се главните Шојиќи во оваа земја!

Не е случајно тоа што прв, изненаѓен и увреѓен, изјавата на Коп ја критикуваше шефот на дипломатијата Бујар Османи. Тој се обиде да го искара холандскиот амбасадор, велејќи му дека „блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможноста за постигнување европски стандард за владеење на правото“.

Во комичната, бoжем филозофска расправа за тоа кој е постар, кокошката или јајцето, Османи застана на тезата дека „не можеме да постигнеме европски стандард на владеење на правото без процес на преговори и тие два процеса се меѓусебно поврзани – блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможноста за постигнување на тој европски стандард“.

Народски кажано, Шојиќите уверуваат дека во оваа земја помалку ќе се краде и ќе има помалку корупција, партизација и кошкање на непослушните тогаш кога ЕУ ќе ги деблокира преговорите со Македонија. Пред тоа – не бива.

На Бујар Османи, од разбирливи причини, му е незгодно да каже кој главниот виновник што ЕУ ги блокираше преговорите со Македонија. Тој и оној јадник Бојан Маричиќ останаа последните труби на пропагандата за европската фатаморгана за Македонија, за „иднината“ што ја загрозувале македонската опозиција, руската пропаганда, српскиот свет, хибридните закани, вештачката интелигенција и сите други локалнио и глобални зла на човепштвото, кои нашле уточиште баш во малата Македонија.

Но, во остра полемика со Коп, за вистинските причини за блокадата на ЕУ ќе проговори вицепрмиерот Артан Груби. Ако е прецизно цитиран во медиумите, Груби рекол:

„Се надевам да има сериозна реакција и за Бугарија, за неправедните условувања кон Република Македонија и за блокирањето на европскиот пат од страна на земја-членка на Европската Унија. И се надевам дека ќе има реакција и за непринципиелните барања од нашите соседи во однос на нашата европска и евроатлантска иднина. Моравме да смениме Устав, моравме да го смениме уставното име за да се зачлениме во НАТО, сега мора да ги вметнеме со техничка измена на Уставот и бугарската заедница и други заедници, само за да се зачлениме во Европската Унија. И ниту една друга земја членка нема вакви условувања“.

Аууу! Каква „комитска“ изјава!

Неправедени условувања од ЕУ, непринципиелни барања од Бугарија, сме морале да го смениме Уставот, сме морале да смениме име, сега пак мора да го менуваме Уставот…

Да не станал Артан Груби во меѓувреме војвода?!

Но почекајте, тоа не е сѐ!

Еве што уште кажува Груби:

„Токму господинот амбасадор (мисли на Коп – м.з.) беше еден од најголемите поддржувачи на Катица Јанева и на Специјалното јавно обнвинителство, којашто заврши со милион и пол евра во кеш, заврши во затвор, со пресуда којашто му пресуди така неславно на СЈО, коешто, нели, го измисливме како институција за да ги решава сите злосторства кои произлегуваат од страна на прислушуваните материјали“.

Војводата Груби не кажува, ама се подразбира, нели, дека холандскиот амбасадор не беше единствениот поддржувач на Катица Јанева и на СЈО. Најголеми поддржувачи беа Американците на чело со амбасадорот Џес Бејли. А неспорно е тоа дека Јанева и СЈО самите се избламираа и се искомпромитираа со рекет и со други нелегални активности. За што има правосилна пресуда со затворска казна за Јанева.

Како и да е, јас би ги потпишал овие зборови на Артан Груби, но само под услов да одговори јавно на неколку прашања:

Зошто Али Ахмети и ДУИ не се спротивставија на непринципоиелните барања на Бугарија и на неправедните условувања од страна на ЕУ кон Македонија?

Не сакам да бидам индискретен, но ќе го потсетам Артана дека за оваа работа јас со него и со Али Ахмети разговаравме во Мала Речица уште пред да почне бугарската офанзива на непринципиелни и непријателски притисоци врз Македонија. Можеби Груби се сеќава што ми рекоа тој и Ахмети во таа прилика…

Зошто Бујар Османи ги поткопа позициите на Македонија во спорот со Бугарија, утврдени со собраниската резолуција во 2021 година?

Зошто Бујар Османи и ДУИ две години ги убедуваат Македонците да потклекнат пред непринципиелните бугарски барања? Дека без тоа не сме можеле да преговараме и да одиме напред…

Зошто ДУИ и Али Ахмети енергично го поддржуваа СЈО на чело со Катица Јанева и тогаш кога знаеја дека со злоупотребата на приослушуваните разговори се врши целосна комприомитација на правниот систем и на владеењетоа на правото, што подоцна се потврди со низа укинати судски пресуди, а потоа и со застарени случаи?

Зошто ДУИ и Али Ахмети молчеа за злоделата на Катица Јанева?

Конечно и најважно, мора ли Македонија навистина прво да ги почне преговорите со ЕУ, а потоа да стави крај на корупцијата и на неправото, како што тврди Бујар Османи? Мене таа теза ми изгледа троа недугава…

Пораката на холандскиот амбасадор е јасна и гласна – со вакво ниво на корупција и неправо, Македонија нема шанси да стане членки на Европската Унија.

Нема да ни помогне дури и тоа сите Македонци уште утре да се пишеме Бугари.

Затоа, господо од ДУИ, да не глумиме сега изненаѓени и увреѓени.

После изборите за овие работи, се надевам, ќе водиме малку посериозен муабет…

https://plusinfo.mk/iznena-eni-i-uvre-eni/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Јан 13 2024, 15:01

Војната е цивилизација


Од Александар Русјаков

Се разбудив, петок наутро, уште не стигнав до половина кафе и цигара кога интернетот ми откри дека во 2024 влегуваме, како што доликува на времето што го живееме…, со нова војна. САД и сојузниците го нападнаа Јемен. На Хутите сега ќе им се случат Ирак, Авганистан, Либија, Сирија и Газа одеднаш, иако секогаш постои можност, ако слезат долу на копно, на сојузниците да им се случат Сајгон и Кабул.
За разлика од грозната и нецивилизирана војна што Русија ја води против Украина, оваа нова касапница ќе биде прекрасна, со благопријатен мирис, исполнета со цивилизациски западни вредности, а со секој убиен цивил, поблизу се стига до демократија и слобода, кои кутрите Јеменци, сега засега ги немаат, па затоа и треба да им паднат од небо. Се разбира дека сите западни политичари и медиуми, вклучувајќи ги и оние од Нордистан, ќе ги извадат на маса сите оправдувања колку оваа војна е оправдана терапија за подобрување на здравјето на јеменскиот народ, оти вообичаено смртта е најдобар лек.
Да, да, знам дека Хутите први почнаа. Сакајќи и практично да покажат солидарност со Палестинците, ги напаѓаа западните танкери и трговски бродови што пловат од или кон Израел. Не им беше тоа многу паметно, но на Јенките не им требаа ни два месеца за да кренат бомбардери и да започнат со својата нова воена рапсодија. За разлика од нив, Русија шест години се објаснуваше со Украина и западната моќ, пред да започне со својата воена операција. Од крвавиот „Мајдан“ инсцениран од Запад каде што нивни платеници снајперисти пукаа по народ и полиција, додека Нуланд раздаваше за покој на убиената логика, преку нацистичкиот закон за забрана на рускиот јазик, како и нацистичките баталјони на чело на украинската армија, кои убија 15.000 рускозборувачки Украинци во побунетиот Донбас, сосе потпишаните договори Минск 1 и 2 за кои Меркел кажа дека биле обично фолирање за добивање време во кое тие ќе ја вооружат Украина за војна со Русија, до ова последното, одбивањето на Зеленски за мировно решение на конфликтот затоа што така му рекол оној психотичен британски кловн Борис Џонсон (сигурно далечен роднина на кловнот од „Тоа“ на Стивен Кинг), со што украинскиот алфа-пенис пијанист се согласи Западот да ја брани Украина до последниот Украинец. Но, се разбира, ниту некој сака да се занимава со факти, ниту некому му треба логика, затоа што однапред е познат наративот дека сè што прави Русија е зло, а сè што спроведува западната моќ е праведно, оправдано и цивилизирано и тука нема помош за оние што го прифатиле овој начин на размислување, односно начинот што им е наметнат како да размислуваат.
Да поставам едно морбидно прашање на кое не ме интересира ничиј одговор. Што е пооправдано, да почнеш војна поради насилна смрт на 15.000 цивили или поради спречувањето пловидба на десетина трговски бродови и танкери? Политички коректниот одговор е јасен, оние 15.000 цивили заслужија смрт затоа што се побунија против легитимно избраната власт по крвава обоена револуција наметната од цивилизираниот Запад, како што Хутите заслужуваат смрт затоа што се мешаат во економско-воената идила на западната моќ напаѓајќи ги нивните бродови.

Оние муабети од типот, секоја војна е одвратна и нецивилизирана, колку и да звучат точно, бесмислени се. Писмото, културата, научните достигнувања воопшто не се главните карактеристики на нашата цивилизација, туку војната, таа е нашиот заштитен знак како човештво. Писмото го имаме за да шириме хистерија и пропаганда против оние што треба воено да се уништат, културата на различните од нас, особено ако не ја разбираме, гадно нè нервира и најдобро е преку војна да им ја наметнеме нашата, а науката најмногу е во служба на воената индустрија. Тоа сме ние, тоа е нашата цивилизација и како стареам, сè повеќе сфаќам дека војната е таа што логично треба да ја заврши нашата приказна.
Туку каде е Нордистан во оваа света воена коалиција против лошите нецивилизирани Хути? Зарем нордистанските моќни трговски лаѓи, кои со фрлено сидро пловат кон блескавата иднина што чека на пристаништето во Брисел, не се изложени на опасност? Секако дека се, само што во Нордистан, пред секој важен чекор се прават длабоки анализи, кои треба да доведат до мудри решенија и практични одлуки. Па така, сега властите се во длабоки размисли дали Јемен е навистина држава или е позната англоамериканска потврдна зборовна конструкција, која гласи „Је, мен!“, и дали Хутите стварно се народ или измислени сојузници на Дарт Вејдер во потрага по Лук Скајвокер. Понатаму, се прават консултации со експерти од Министерството за образование, се отвораат уште неиспечатени учебници по географија за да се види дали Јемен се граничи со Монт Еверест во близината на Месечината или со Монте Карло, главниот град на Монтевидео чиј лидер е грофот Монте Кристо, оти од географската положба зависи каква воена операција да се спроведе. Тука се вклучува и историската комисија за да утврди дали Јеменците се Бугари што крадат грчка историја, а кога сме кај Грција, сигурно и претседателот на Нордистан треба да ја праша грчката претседателка какво мислење да изгради во однос на ова горчливо прашање што го вознемирува трговско-поморскиот свет.


Ама па не е само Јемен. Сериозни држави како Нордистан дејствуваат одеднаш на неколку полиња. Освен што ги фрли на колена Русите, а на Израел му даде поддршка во однос на екологијата преку етничко чистење на Газа како познат загадувач на западните вредности, Нордистан има и домашни обврски. Ако глупиот Исток има мудреци што одат да се поклонат пред некој Младенец што потоа ќе зборува бесмислици како „Сврти го другиот образ“ и „Не суди, зашто и тебе ќе ти се суди“ обидувајќи се да им ги одземе на цивилизираните двете најголеми задоволства, да се тепаат и обвинуваат меѓусебно, така нордистанците ги чекаат вистинските мудреци што доаѓаат од Запад на кои секогаш им се поклонуваат. Иако тие западни мудреци понекогаш знаат да донесат тешки филозофски дилеми. Како сега. Само што американскиот мудрец им порача на нордистанците да не купуваат ништо од еден сомнителен лик, оти тој самиот ни кола не би купил од него, дојде холандскиот мудрец и го посочи блескавиот европски фронт како проблем што продава расипани коли, па го крши од мавање купувачот кого потоа го апси полицијата зашто овој ги испровоцирал со своето постоење. Оваа дилема секако ќе ја реши третиот мудрец, кој, кај и да е, ќе дојде директно од Брисел за да објасни дека сеедно од кого купувате кола, таа мора да има бугарски таблици.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/vojnata-e-civilizacija/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Јан 13 2024, 15:14

Постизборно сценарио на ДУИ за опстанок на власта по секоја цена


Ивица Боцевски

Се подготвува ли ДУИ да ја оспори демократската волја на македонските граѓани? „Дамоклов меч“ над мајските избори ќе биде постизборното однесување на Демократската унија за интеграција. „Сигналите за рано предупредување“ укажуваат на паника во редовите на интегративците, која се одликува со враќање кон најтврдиот етнички национализам, засилени изблици на насилство (случајот „М-НАВ“) и конфузни изјави од челниците на оваа партија. Како и кај сите балкански противници на демократијата, така и кај ДУИ и кај нејзиниот лидер, Али Ахмети, забележлив е обидот да се исцрта редовниот политички процес како некаква епска битка на силите на доброто и злото. Во нивниот случај се зрачат две такви пораки дека ДУИ води митски борби, една за „внатрешна употреба“, а втората за меѓународната заедница. Кон македонските Албанци пораката на ДУИ е дека тие се гарант за Охридскиот рамковен договор и за стремежот за рамноправност на делот од албанскиот народ во Македонија. Нормално, ниту еден политички чинител во Македонија не ги оспорува постулатите дека земјата е устроена како мултиетничко општество, со посебни приспособувања за јазичните права, со нагласена верска толеранција и така натаму, но ДУИ смета дека сè уште има месо во оваа тема и дека тоа преплашување на македонските Албанци може да ѝ донесе дополнителни гласови. За нивна жал (и нагласена паника), нештата во Македонија се променети, израснати се цели генерации што ги уживаат сите права, уделот на Албанците во државната администрација веќе ги надминува и договорените бројки со принципот на „правична и соодветна застапеност“, а политиката замина во друга насока. Актуелно, во Македонија најдискриминирана група се Албанците што не се членови на ДУИ и тие посочуваат на „парадржавата на ДУИ“ како на проблем, а не како решение за нивна интеграција и влез во општествените текови. Исто така, не би било лошо некој да му го подари на Али Ахмети романот „Есента на патријархот“ од големиот Габриел Гарсија Маркес. Не би било лошо тој да го прочита ова ремек-делот на светската книжевност, па да ја избегне судбината на главниот протагонист и да си ја спаси својата историска ролја.
Втората порака на ДУИ е кон меѓународната заедница. Тие за себе велат дека се некаков пламен бранител на САД, НАТО и ЕУ во Македонија од „злите сили“ и од „корозивниот ефект“ на непријателските глобални закани. Фрчат етикети на сите страни дека нивните политички противници се проруски, прокинески, протурски, просаудиски, провакви или проонакви. Зошто ДУИ се напнува со сите сетила да оцени дали оваа порака стигнала до клучните меѓународни партнери на Македонија? Одговорот е едноставен… Од ДУИ се уплашени дека нивната предност на анкетите може да се стопи до изборите, па да им падне цената во постизборниот коалициски пазар. Како коцкар што е во паника, тие сè ставаат на картата „меѓународната заедница“ и се надеваат на реприза на епизодата од 2006 до 2008 година кога нивните закани дека се фактор за дестабилизација на Македонија доведоа до Мајскиот договор, во кој се колнеа додека не го прекршија и изгазија како небитно парче хартија. Обидот да се претстави типична балканска политичка борба во геостратегиски димензии не е ништо ново на Балканот. Многубројни тукашни самодршци својот опстанок на власта го правдаа со евроатлантските и европските интеграции, со неопходноста токму тие да го држат државното кормило за да се спречат геополитички авантури на нивните земји. За жал, долго време балканските автократи имаа публика за овие небулози, како кај дипломатиите во Вашингтон и во Брисел така и кај тамошните мненски водители, академска заедница, аналитичари, новинари и сите други членови на надворешнополитички оркестри и придружни вокали.

ДУИ секојдневно свечено се колне дека државата нема да застрани од евроатлантскиот и од европскиот пат, не затоа што се толкави атлантисти и еврофедералисти, туку затоа што не веруваат дека ќе победат на изборите, ја чувствуваат желбата на македонските Албанци (и на сите граѓани на Македонија) за промена и тоа ги паничи. „Власт и душа најтешко се испуштаат“ вели познатата балканска чаршиска досетка.
Но откако ќе ги отфрлиме епските и митските приказни на ДУИ се поставува прашањето што ги мачи. И тука одговорот е многу директен – кое било од двете сценарија да се оствари, ДУИ ќе мора повторно да се сведе на политичка партија во Македонија, само една од многуте, и да ја разгради својата парадржава, создадена заради политичката слабост на СДСМ по 2006 година, а особено како цена испорачана кон СДСМ за поддршка на недемократските и стратегиски разорните потези по 2017 година.
Да ги разгледаме двете сценарија за ДУИ во постизборниот период. Доколку тие се изборат за убедлива победа во албанскиот блок, тогаш ќе биде логично да влезат во постизборна коалиција со актуелната опозиција. Преговорите ќе бидат долги, тешки и мачни, поради многу причини. ВМРО-ДПМНЕ сè уште добро ги помни и лекциите од 2006 до 2008 година, кои кулминираа со Мајскиот договор, а особено неговото прекршување од 2017 година. Тогаш ДУИ и Али Ахмети покажаа дека не си стојат до зборот и ја скршија сета мачно градена доверба од 2008 до 2017 година. ДУИ, со леснотијата со која стапи во коалиција со СДСМ во 2017 година, се покажа како непринципиелен партнер во кој не може да се има доверба, спротивно на грижливо градената слика за себе на Али Ахмети во јавноста сиве овие години. Друг поголем проблем за Али Ахмети ќе биде внатрешниот проблем во самата негова партија. Ако актуелните анкети се покажат како точни, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе има трипати повеќе гласови од ДУИ, па тоа ќе го определи и размерот на политички позиции во идната власт. Во тој случај Али Ахмети ќе треба машки да седне и да се соочи до добра половина од неговите функционери и да ги информира дека за нив нема место во извршната власт. Тој шок дополнително ќе ја раздрма и онака кревката ДУИ, која уште не закрепнала од излачувањето на Демократското движење на Изет Меџити, но и од жестокиот пораз на изборите за Советот на Општина Тетово од 2022 година. Позитивно за Македонија е тоа што Али Ахмети во тој случај самиот ќе мора да ја демонтира парадржавата на ДУИ.


Второто сценарио, кое исто така е можно да се оствари, би бил изборен пораз на ДУИ или нерешен резултат со обединетата албанска опозиција. Секако дека ВМРО-ДПМНЕ во тој случај нема воопшто ни да размислува со кого да стапи во коалиција. Трите партии од обединетиот албански опозициски блок тогаш ќе мора да погледнат и надвор од своите партиски структури и да изберат и непартиски професионалци за првата легитимна влада без ДУИ по 2006 година. Огромен дел од Албанците, вработени во државната управа, ќе побрзаат да се ослободат од баластот и стегите наречени „парадржавата на ДУИ“ и ќе ги прекратат и онака непосакуваните врски со оваа партија. За Али Ахмети ќе биде полесно да им каже на сите свои сопартијци дека сите заедно одат во опозиција, но иако тој ќе се обиде грчевито да се бори за да опстане „парадржавата на ДУИ“ сепак немоќно ќе набљудува како спонтано се професионализираат и департизираат клучните инструменти на неговото дотогашно владеење. Дури и да го преживее ДУИ опозицискиот период, кога повторно ќе се врати во Владата ќе биде само една од партиите, но не и „парадржавата“.
Оттука македонската демократија ќе биде пред сериозен тест на 8 мај, но и потоа. Реториката на ДУИ сериозно укажува дека оваа партија ќе се обиде по секоја цена да остане на власт, независно од демократскиот глас на македонските граѓани. За нив влогот е опстанокот на „парадржавата на ДУИ“ и одбивањето повторно да се сведат на обична македонска политичка партија, чија судбина е препуштена на демократскиот избор на граѓаните. Не вреди да се апелира на совеста на Али Ахмети и на раководството на ДУИ. Тие се сега со стеснета визија, иако емитуваат семоќ знаат дека се ранета ѕверка и дека допрва претстои разградувањето на нивната „парадржава“, но одбиваат да се соочат со реалноста и јасно покажуваат дека нема да се воздржат да ги користат сите лостови на акумулираната моќ – институционални и неинституционални. Од СДСМ нема да бидат сојузници на демократските сили во оваа битка затоа што тие до толку станаа зависни од Али Ахмети што повеќе наликуваат на некаква толерирана внатрепартиска фракција на ДУИ отколку на некогашната „државотворна партија“. Пред целата македонска опозиција, но и пред граѓанскиот сектор, академската заедница и интелектуалците стои сериозен предизвик да се осуети ова чудовишно сценарио за постизборен политички инженеринг и газење на демократската волја на македонскиот граѓанин.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/postizborno-scenario-na-dui-za-opstanok-na-vlasta-po-sekoja-cena/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јан 19 2024, 16:38

Проблемот со пасошите се решава со една нота!


Нема никаква потреба некој со некого да разговара, да убедува или да моли. Тоа би било само наше ново непотребно понижување. И, што? Претседателот, или премиерот, или МНР, ќе се јават на своите хомолози во Атина, ќе им објаснат кој е проблемот, а тие, што можат да им одговорат или ветат? Апсолутно ништо. Никој нема такви овластувања. Само, ќе им се чудат на паметот и на неписменоста.

Од Ристо Никовски


Важноста на личните документи, особено на пасошите, со право, го вознемири целото општество, иако е тоа лесно решливо. Ако се знае како. За личните карти е тоа делумно завршено, ама не целосно. Затоа, МНР, Османи, едноставно, со дипломатска нота, треба да ја извести Атина дека Македонија не успеа, и нема можности, да ја реализира обврската од договорот од Нивици, за промена на личните документи на граѓаните, во предвидениот рок. Заради vis maior (виша сила), присилена е тој рок да го продолжи за одреден период.

Нашата обврска останува, ама до кога ќе трае тој рок, ќе бидат дополнително известени бидејќи е во прашање огромен број на документи.

Толку, ништо повеќе. Со исто таква нота ги известивме дека договорот е ратификуван во Собранието, дека променет е Уставот… Значи, конкретна таква пракса веќе има и околу овој договор. Сега, ќе им соопштиме и нешто што нема да им биде баш по волја! Со тој чекор, ќе продолжат да важат и личните карти, како и до сега.

Нема никаква потреба некој со некого да разговара, да убедува или да моли. Тоа би било само наше ново непотребно понижување. И, што? Претседателот, или премиерот, или МНР, ќе се јават на своите хомолози во Атина, ќе им објаснат кој е проблемот, а тие, што можат да им одговорат или ветат? Апсолутно ништо. Никој нема такви овластувања. Само, ќе им се чудат на паметот и на неписменоста.

Предложениот начин е регуларна дипломатска постапка и пракса. Апсолутно е соодветна и за овој случај. Арно ама, само за тие што знаат. Грција, пак, нема право, ниту простор, на никаков приговор. Нема никаква основа за такво нешто, бидејќи не се откажуваме од понизната согласност за роковите, ниту предлагаме промена на договорот, иако и тоа ќе треба да следува, еден убав ден.

Информацијата можат да ја примат само на знаење. А, ако се осмелат да тропаат глупости, со некаква реакција, што не би требало да се случи, треба само да се прашаат – а, што спроведовте вие од вашите малу бројни или никакви обврски, од за нас катастрофалниот договор? До каде стигнавте, на пример, со трите протоколи, коишто мораше одамна да ги ратификува вашиот Парламент? До – никаде. Има и други прашања, ама и ова е доста.

Би било многу попаметно на Грција да ѝ се предложи рокот за документите, од пет, да се продолжи на 10 години, ама тоа е покомплицирано. Во таков случај, потребна би била и нивна согласност, а според овој предлог – не е.

Неспорен факт е дека државата, значи оваа власт, не успеа да ги исполни прифатените понижувачки клаузули од договорот (член 1, точка 8, 9 и 10) за неразумно предвремено менување на личните документи на граѓаните. И, сега е во тесен ќорсокак. Изборот им е – или да ги остават сопствените граѓани во немилост и хаос, што би било крајно безумно, или проблемот да го решат на професионален, и единствено можен начин. Впрочем, тука нема никаков избор, ниту потреба од нешто такво, туку само одговорно, државничко однесување, според расположивите механизми.

Државите се формирани за да се грижат за своите граѓани. Да им обезбедат услови за безбедно и функционално исполнување на нивните обврски, на задоволство и добро бит на сите. Оваа наша Македонија, меѓутоа, очигледно е исклучок од сѐ што е нормално. Дека е тоа точно, примерите се секојдневни и запрепастувачки. Онкологија, М-нав, Бехтел и Енка… Крај нема, и сѐ е јасно.

Со наметнатиот рок за важност на личните документи, намерно или не, што и не е важно, власта масовно ги малтретира граѓаните, без да бара решение. Прво и главно, потпишаа катастрофален и предавнички договор со Грција, со којшто прифатија дека ние не сме Македонци туку дека такви – некакви, ама никакви и измислени, имало во Грција. Второ, надвор од умот, со истиот тој поразителен и срамен договор, за којшто ќе мораат и кривично да одговараат, прифатија граѓаните пред време да мораат да ги менуваат и сите свои важечки документи! Во нереален рок, изваден од левиот џеб и, што е можеби уште поголема будалштина – на лична сметка на граѓаните! Некого го тераш да мора да го смени личниот документ, заради твоја глупост, и за тоа да мора да плати!? Бидете сигурно дека вакво нешто немало ниту во пусто турско.

Без личните документи, луѓето не можат да битисуваат. Им требаат, за сѐ нешто. И, во мизеријава во којашто живее најголем дел од населението, им ставаш уште клинец, не трн, во нога! Барем малку акал да имаа овие од власта! За турканиците нема да зборуваме бидејќи сите сте ги виделе на телевизиите.

Сите ние имаме свои обврски коишто, без соодветен документ, не е можно да ги реализираме. Особено, тоа важи за пасошите. Луѓето сега масовно патуваат, што е за поздравување. Многу фамилии се поделени, со нивни членови коишто живеат и работаат во странство. Без пасоши, им ја ограничуваш слободата на движење, што е противуставно! Јавно се кажа дека уште најмалку 1.300.000 лица треба да ги променат пасошите што, во дадените услови, не е возможно да се заврши ниту за година дена.

Имаме министер за надворешни работи, Бујар Османи, којшто не ги разбира работите. Не е директно поврзан со проблемот, бидејќи формациски тој е на МВР, ама има и негова нагласена обврска. И, место тој да бара решение, се заканува – „Не се надевајте дека по пропишаниот рок ќе можете да ги користите досегашните патни исправи“! Неверојатно, ама вистинито.

Може ли на човекот да не му е јасно дека надвор од земјата, а тоа е токму неговиот ресор, има барем 100 илјади лица (бројка извадена од ракав, којашто може да биде и двојно и повеќе поголема, ама и помала)?! Од три земји, лично ми се јавија за совет што да прават? Сите тие, по 12 февруари, ќе останат без својот основен документ – пасошот! Во странство, тие ќе бидат апатриди, без своја татковина. Дали со тоа им се дава можност да бараат азил, со објаснување дека нивната држава се откажала од нив? Ни треба ли ново понижување на Македонија? Звучи смешно, ама е жалосно.

И, што да прават тие луѓе? Во огромен број држави немаме свои ДКП, за да го решаваат случајот. И кај што ги имаме, тоа ќе е или ќе може да биде огромна обврска, ама и голем трошок. Непотребен. Прво, ретко каде можат да извадат нови пасоши. Второ, нашите граѓани можат да бидат оддалечени илјада километри од нашата дипломатска мисија, и ако е таа во истата држава! Да не зборуваме каде што ја нема. Во САД, Бразил, Нигерија… Во Кина, Русија.. може да бидат и две и повеќе илјади километри далеку! Тоа се огромни трошоци.

Ги оставаме луѓето во невозможна ситуација – ако сакаат да се вратат дома, за да добијат патен лист, ќе мораат да ги бараат нашите ДКП. Впрочем, без важечки пасош, не можат да борават ниту во другите држави! Какви се незамисливи глупости прави оваа држава (?)! Не само во последно време!

Според „Вечер“, од 11/2024, Османи рекол – „Речиси невозможна мисија е пасошите да важат по 12 февруари. Преземените обврски од договорот со Грција, мора да се исполнат“!

За кого навива тој? За Грција? Рекол и останал жив. Навикнат е на тоа. Ова не му е прв пат да навива за нашите душмани а против интересите на Македонија и на Македонците. Овој пат, меѓутоа, е и против неговите Албанци, коишто се во странство, со важечки пасоши. На тоа, веројатно, не се сетил. Ќе бил повнимателен! Ова е само нов доказ дека човекот има туѓи приоритети, и работи за нивните интереси.

Во меѓувреме, премиерот и претседателот си префрлаа еден на друг, чија задача е да се реши проблемот. Де, кој требало да се чуе со кого во Атина, де… Видовме дека Османи се сретнал со грчката амбасадорка… Глупост до будалштина, и така без крај. А, всушност, проблемот е – на МНР, и на Османи и, што е најважно, може да се реши и со обична дипломатска нота. Оваа мизерна, и за секога од нас навредлива турлитава, е резултат на катастрофален и предавнички договор со Грција, од Нивици, потпишан од тогашниот МНР. Основата на проблемот е дипломатска, а надлежен за тоа е ресорот на Османи.

Истовремено, како што изгледа, и како што треба да биде, по логиката на нештата – до сега, никој не го известил светот дека нашите пасоши, со старото име, ќе важат само до 12 февруари 2024. Ако е така, такво нешто не е регистрирано на пасошките контроли, на ниту една граница. Ниту ќе биде, ако не бараме ние. Тоа го има само во нашиот закон и никаде на друго место. Договорот од Нивици е билатерален, а не мултилатерален, и ги обврзува само двете земји потписнички. Никој друг. И во договорот нема дека мораме да го известиме светот дека пасошите со старото име важат до 12 февруари!

Ако не го известиме светот за рокот, нашите пасоши, со вистинското име, ќе важат насекаде, освен во земјава! За Гинис, нели?

За нас, пак, законот треба привремено да се суспендира, или да се преземе некоја друга соодветна мерка. Така, проблемот ќе биде и дома решен. Сѐ е просто во животот, ако се знае.

По многу што, Македонија не личи на држава бидејќи ништо не е како што треба.

https://plusinfo.mk/problemot-so-pasoshite-se-reshava-so-edna-nota/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Јан 24 2024, 19:31

Македонците нови Евреи во Европа


Од Ефтим Клетников

Веднаш ми забележуваш, драг читателу, дека сум тавтолог, дека имам колумна со истиот наслов објавена пред два-тринаесет години во „Дневник“. Да. Се согласувам. Но не станува збор за тавтологија, туку за варијација на иста тема: европскиот фашизам кон нас Македонците, кој по аналогија на нашиот идентитетски геноцид од страна на бриселските политидиоти нè истретира како Хитлер Евреите во логорите на смртта. А и понатаму нè третира така откако нè стави во гробница во Преспа 2018. Тоа беше европската грчка гробница стокмена за нас, а сега се копа пак со лопатите на нашите квислинзи во владата и европската бугарска гробница.
Туку одиме конкретно. Оваа колумна, драг читателу, во овој антрополошки правец на подготвување смрт на еден цел народ од страна на моќните колонизаторски нации на Западот ја мотивира нацифашистичкиот инцидент на Европското ракометно првенство на натпреварот меѓу Македонија и Германија во Берлин. Имено, тука на македонските навивачи на влезот од ракометната арена им беше одземено знамето со шеснаесетзрачното сонце, архетипски симбол на македонската душа уште од античко време. Знамето со кое Александар стигнал до Индија на исток и до египетските пирамиди и Халдеја на југ. Така, во Берлин на Македонците им беше одземена со знамето-архетип и душата. Со него како знак на препознавање за нивно ништење, тие се обележани слично како Евреите со Давидовата ѕвезда од страна на Хитлер во Втората светска војна.
Тоа што се случи во Берлин е со еден збор, драг читателу, гнасен цивилизациски скандал. Македонците се гонат како ѕверови во оваа безбожна цивилизација, безмалку слично како што ги гонеше во античко време христијаните Нерон во Рим, чиј легитимен наследник според цивилизациска суровост денес е колонијалистичка Европа. Берлинскиот нацифаши настан (џабе Гоце го разбираше светот како поле за културен натпревар меѓу народите) е телескопскиот микроплан на сликата за која станува збор. Но постојат и многу микроситуации и слики за новиот европски фашизам кон нас, кој почнувајќи од 1913 година наваму се повторува во циклуси. Една таква микрослика и микроситуација пак со шеснаесетзрачното знаме, драг читателу, што ми испловува во свеста има интимен, семеен карактер. Неа ја споделувам сега со тебе затоа што таа силно коинцидира со нацифаши настанот во Берлин и се однесува на нашата колективна болка и трагедија. Конкретно, анегдотата е поврзана со син ми Филип, кој во гимназија учеше германски јазик и по завршувањето како вљубеник во германската поезија, култура и филозофија одлучи да студира медиевалистика на Универзитетот во Бамберг, еден од најдобрите во Европа за тоа подрачје. Нормално, за да ја добие стипендијата тој мораше да го помине приемниот испит во вид на специјално интервју во германската амбасада во Скопје.

И што се случи? Филип отиде на испитот со багажот на својот интелект, но (потоа испадна за малер) и со својата сина платнена торбичка на која беше аплицирано шеснаесетзрачното сонце од Кутлеш. И налета на карпа. Госпоѓата испрашувачка, аташе за култура во германската амбасада по оној стручен дел што Филип одлично го минал, запнала за апликацијата на знамето на торбичката, симболот што ѝ се учинил страшен. Според сè, да бил кукестиот германски крст, кој сè уште лежи како талог во германската психа, можеби и ќе ја преминел препреката Филип, кој на прашањето на аташерката што ќе му е тоа знаме, тој убаво ѝ одговорил дека тоа е архетипскиот национален симбол со кој се поистоветува идентитетски така како што се поистоветуваат Германците со нивното знаме. (Тука, по берлинскиот нацифаши настан на Европското ракометно првенство, драг читателу, воленс-ноленс се прашувам: кое.) Исходот од испитот во амбасадата, разбирливо, завршува негативно по Филип. Поради знамето не ја добива стипендијата за студии во Бамберг. Но тој како што е дијамантска карпа во карактерот е упорен. Презимува една зима и следната година повторно се пријавува за стипендијата во германската амбасада. И пак со сината торбичка и шеснаесетзрачното сонце аплицирано на неа. Тоа некој би го нарекол, драг читателу, храброст, а јас го нарекувам карактер или генетски код втиснат од Господ. Но сега во пликот Филип носи препорака од неговиот професор по германистика на скопскиот универзитет Петар Рау, инаку страсно вљубен во Македонија, небаре во минатиот живот бил Македонец, и тивок борец за македонските права. Во препораката професорот Рау, покрај неговото изјаснување за интелектуалниот капацитет на кандидатот за бамбершката стипендија, ја подвлекол и неговата карактерна доблест, за на крајот да ѝ сугерира на комисијата за проверка дека треба да стои настрана од некои провокации што не се во согласност со критериумите на стипендијата. Едноставно со тоа дал на знаење дека е запознаен со неправдата што му е нанесена на кандидатот поради знамето.


Така, Филип ја добива праведно стипендијата и заминува во Бамберг, каде што по четири години ги завршува студиите по медијавелистика со одличен успех, а потоа со одличен успех на германски го одбранува и својот магистерски труд. Потоа направи „грешка“, благодарение и на нас родителите, си дојде како родољуб во Татковината и тука удри во ѕид. Виде: и глувчешките дупки дури беа исполнети со мамини и татини синови и разни партиски типови од врвот до најдолниот ешалон. Неколку години нормално разочарување, а потоа отиде како предавач и докторанд на Универзитетот во Јуџин-Орегон во Америка. Излезе дека тука не вреди, но некој дури од зад Океанот оддалеку ја прочита неговата вредност.
Доволно. Го раширивме полето на контекстот и со нашето политбирократско и политидиотско мочуриште во кое се уништени здравата флора и фауна, а има место само за бишките и жабите што виреат задоволно од калта како нивна природна состојба. Па, и со знамето од Кутлеш што е за здравите Македонци архетип на нивната душа, тетовиран од Господ знак на нивната колективна ДНК, зарем можеме да очекуваме од нашите квислиншки политичари во владата и власта, од сите заевоковачепендаровци (да ги оставиме настрана црните двоорлести глави на Бујар, Али и компанија; нив ги болат, како што би рекол Ковачевски на англиски, буолсите за македонскиот идентитет) да реагираат за бруталниот цивилизациски идентитет на Ороспијата во Берлин. Како ќе го сторат тоа кога и самите им го забрануваат тоа сонце на неизродените како нив Македонци? Како? Па, тие наместо да реагираат на берлинскиот нацифаши настан, него веројатно го земаат како потврда на својата демек европска политика. Оти тие ја знаат само Европа на Урсула фон дер Лајен со екстремно светла облека и темна душа, на Олаф Шолц, Макрон, Јоханес Хан со неговите „балкански методи“ и сличните несреќни европски пробисвети што го тероризираат со некоја во секој случај глупава политпедагогија Западен Балкан (глупаво именуван така од нив), што е сега нивна и американска колонија.
И пак отидовме во бескрајниот контекст по повод берлинскиот настан со македонското знаме, драг читателу. Но сè се вклопува во средишната линија на темата, на понижувањето на помалите и послабите од страна на големите и моќните. Во случајот западните колонизаторски нации. Македонците се сега најмногу на удар, оти во Европа, која се фали пред целиот свет со својата „демократија“ и „хуманизам“, се случува идентитетски геноцид само врз еден народ во неа, врз македонскиот. И примерот со одземањето на генеричкото македонско знаме од македонските навивачи на Европското ракометно првенство во Берлин го потврдува тоа, дека тоа е како што мисли Европа (Западна за да нема забуна) за неа безимен народ, народ на идентитетски мртовци без сопствена генеза и културно-цивилизациски печат. А тоа, всушност, ако се свесни бриселските политичари, ја деградира Европа како цивилизација. Но во случајот со македонското генеричко знаме сега индикативно е што тоа сепак се вееше на натпревари во другите европски земји.

Сега Германија е првиот драстичен случај на негово брутално одземање од македонските навивачи, што е еднакво на корнење на нивното срце. А тоа е многу индикативно, драг читателу. Воленс-ноленс тука мора да се запрашаме дали со тој чин не се буди пак, како што би рекол Јунг, темната сенка во германската душа, која во Втората светска војна исплови на површина со знамето со кукест крст. Потоа, дали потсвесно Германците не го поистоветија македонското шеснаесетзрачно сонце со него, иако тоа не е симбол на злото туку на светлината и обединување на светот без ропство, космополитскиот проект на Александар Македонски, кој го присвојуваат Грците како свој? Многу, до бескрај дали. Оти, пак, ако Германците потсвесно го препознале по некоја аналогија кукестиот крст во него, може и немало него да им го одземат на македонските навивачи. Да. Тука има Гордиев јазол, кој тешко ќе се одврзе освен да се пресече со меч, како што го сторил веќе тоа еднаш Александар Македонски, кого вавилонската блудница од Брисел иако е Македонец го смета за Грк, еден од најголемите, но и најглупави парадокси, надвор од секоја логика, на западната мефистофелска цивилизација.
Ултрацрвено. Крај, драг читателу. Должни сме да му се извиниме на весникот ако пак претеравме со просторот. Тоа ни е мана. Само уште да ја завршиме колумната со некој слоган како поента на сè што е кажано напред. А тука мислам нема простор за двоумење: „Смрт на фашизмот, слобода на народот“. Господине Шолц, дали ви се допаѓа паролата?

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/makedoncite-novi-evrei-vo-evropa/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Фед 17 2024, 17:01

УЛОГАТА НА ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ (По повод 110 години од раѓањето)


Силен е впечатокот дека македонската историја се’ уште нема расчистени, дефинитивни и прецизни оценки за неговата улога во современа Македонија. Ако е така, за тоа нема оправдување. Поминаа веќе 23 години од неговата смрт, и многу повеќе откако не беше политички активен.

Историјата на македонскиот народ, и неговата судбина, исклучително биле тешки, исполнети со маки и страдања. Малку народи во светот имале такво минато. Задржувајќи се на последните неколку векови, со право може да се оцени дека Македонците биле жртва на интересите на големите сили, а неговите соседи биле алатки за реализација. Тоа воопшто не ги негира и нивните сопствени апетити, и историски синдроми, во однос на Македонија и Македонците.

Како последица на тие и такви прилики, на различни, измешани и преклопени туѓи интереси, традиционално се создавале длабоки поделби во македонското национално ткиво. Преку девизата – подели и владеј, тоа била и една од главните цели на туѓите влијанија. Така било и пред 100, 200 и повеќе години, така е и денес. Странските фактори ги игнорирале Македонците, обидувајќи се да ги разнебитат, што било причина да се наметне и „македонското прашање“.

Во македонската историја речиси и да нема личности коишто, на еден или друг начин, не се контроверзни. Причините за тоа се бројни, почнувајќи од условите во коишто тие живееле и работеле. Во туѓи држави и под окупации, без никакви национални права, постојано биле изложени на безбројни опасности и огромни притисоци, закани и уцени да се одродат и работаат за душманите.

Токму затоа, секоја личност треба да ја цениме и вреднуваме во времето и во условите во коишто делувала. Се’ друго е погрешно, та дури и чиста злоупотреба. Паралелно, нашите великани мораме да ги браниме и од нападите и присвојувањата на соседите.

Овие постулати се многу јасни, ама не ги разбираат и бројни сегашни македонски политичари, коишто се на врвот во државата ама, во никој случај, не се и – врвни! На пример, претседателот, С. Пендаровски, јавно тврди дека Гоце Делчев се декларирал за – Бугарин! А, како требало да се пишува – дека е Македонец? Човекот бил мудар, за разлика од некои, и знаел како да се бори за својата Македонија, без непотребно да се жртвува.

И по Втората светска војна, во времето на Лазар Колишевски, не било воопшто лесно да се реализира македонската национална кауза. За подобро да се разберат настаните од овој период, коишто следуваа по прогласувањето на современата македонска држава, на 2 август 1944 година, мора да се нагласи дека неа ја создадоа – комунистите. Таа цел беше постигната заедно со сите македонски патриоти, чорбаџии, занаетчии, аргати, работници, граѓани, селани… Ама, водечката улога ја имаа – комунистите.

Своја заслуга во тоа имаа и српските комунисти. Тие се сложија со делумна ревизија на Букурешкиот договор, од 1913 година, откажувајќи се од својот „плен“, наречен „Вардарска Бановина“. Не е за верување дека која било друга српска власт пред нив, ниту по нив, ќе прифатеше такво решение.

И најповршна анализа на времето на Лазар Колишевски, мора да води сметка дека е тоа период по долга окупација, време кога се поставуваа темелите на современата македонска држава. И, сето тоа се случуваше во рамките на една федерација, се спроведуваше во услови на нова идеологија, контролирана ем од надвор, ем од федерацијата. Затоа, условите биле исклучително тешки и обременети со огромни предизвици. Токму таквите прилики придонеле и Колишевски да биде третиран како контроверзна личност.

Силен е впечатокот дека македонската историја се’ уште нема расчистени, дефинитивни и прецизни оценки за неговата улога во современа Македонија. Ако е така, за тоа нема оправдување. Поминаа веќе 23 години од неговата смрт, и многу повеќе откако не беше политички активен.

Неспорно е дека Колишевски беше најдолго главна личност во државата. Во неговиот период, и по него, македонската држава го доживеа својот процут, се етаблира како современ политички субјект, а македонскиот народ го доби своето место на меѓународната сцена. Постигнати се историски резултати – кодифициран е јазикот, отворени се првите училишта на македонски јазик, до ниво на универзитет, формирани се сите институции, карактеристични за една современа држава… Многу е направено иако имало и грешки, коишто се неизбежни и во животот, камоли во политиката. Во конкретниов случај, тие се во голем дел резултат на условите во коишто се делувало.

Црна дамка од тој период останува прогонот на поборниците за решавање на “Македонското прашање“, поточно, за обединување на Македонија. Тоа беа главно тие што ги споделуваа идеалите на ВМРО, што беше причина за ново раслојување на македонското општество. Најверојатно, од таму, и од тогаш, потекнува сегашната длабока поделеност меѓу Македонците. Гледано од денешен аспект, причината не била суштинска бидејќи обединувањето на Македонија било заеднички сон. Тогашните услови, меѓутоа, диктирале различно однесување.

Факт е дека во времето на Колишевски беа политички елиминирани врвни македонски историски личности и патриоти, какви што се Ченто, Брашнаров, Шатев и плејада други, коишто мораме високо да ги почитуваме и славиме. Но, мора да се води сметка дека војната ја добија комунистите, а Југославија ја следеше линијата на СССР, додека Европа остана длабоко идеолошки поделена. Настрадаа тие што беа главно за итно преземање на чекори за обединување на Македонија, што беше спротивно на Уставот на СФРЈ, и не беше поддржано во федерацијата. Сепак, главна пречка беа меѓународните услови, во рамките на кои беше невозможна обединувачка мисија за Македонија. Токму затоа, не може да се каже дека сите овие за нас трагични настани, биле резултат на кој било поединец, или зависеле од него. Никој не можел да ги спречи.

Без никакви намери нешто да се оправдува, или да се покажува разбирање за одредени политички чекори, со оглед дека зборуваме за времето на Колишевски, мора да се нагласи дека идеите, намерите и заложбите за обединување на Македонија, коишто беа нагласени при крајот на Втората светска војна (на Солун, наместо на Срем), и особено по неа, беа апсолутно нереални. Напротив, можеа да бидат погубни и за новосоздадената македонска држава. Еве зошто.

Познато е дека на АСНОМ, во Прохор Пчински, на 2 август 1944, кога беше прокламирана современата македонска држава, беа присутни и двајца мајори, претставници на САД и Велика Британија. Тоа беше одредено признавање на новата држава, како федерална единка, од страна на овие две држави.

Денес, меѓутоа, имаме докази дека, по четири месеци, во декември 1944, тогашниот американски државен секретар, Стетиниус (Edward Stettinius Jr.), во телеграма испратена до сите нивни надлежни институции, нотирал – “Дрдорењата околу македонска „нација“, македонска „татковина“, или „македонска национална свест“, оваа американска Влада ги смета за неоснована демагогија која не претставува етничка или политичка реалност, и во нивното сегашно оживување гледа возможна маска за агресивни намери против Грција“!

Од оваа американска директива, јасно се гледа дека ја прифатиле новата држава, ама не и македонскиот народ, што е за нас – клучно. И, што е најстрашно, и денес, САД не ја доведуваат во прашање државата ама, по секоја цена, сакаат да ги бугаризираат Македонците. Нивните политики, секогаш биле долгорочни.

Горниот документ потврдува дека и новата македонска држава ја прифатиле – од немајкаде! Немале друг избор, и САМО како дел од федерацијата на Јужните Словени. Се чини дека тоа го проголтале заради неспорниот придонес на Југославија во отпорот против фашизмот, а немале никакви услови тоа да го спречат. Веројатно, и заради улогата на СССР во тогашна Југославија.

(Останува отворено прашањето – што ли ќе се случеше доколку Хитлер, со „Барбароса“, тргнеше на СССР во март 1941, место на крајот од јуни? Ќе стигнеше ли на време, пред зимата, и до Владивосток? Не е спорно дека главната причина за тоа задоцнување беше отпорот во Југославија, и бројните ангажирани фашистички дивизии).

Овој американски документ, објавен пред неколку години во Атина, без демант од американска страна, покажува дека како народ, Македонците биле неприфатливи за САД и во 1944 година. Можело ли тогаш, во такви услови, да се замисли некакво обединување на Македонија? Без Македонци? Впрочем, дека тоа воопшто не било случајно, покажува фактот дека таа и таква американска политика, кон Македонија, е целосно актуелна и денес, по речиси 80 години, и филигрански се спроведува по распадот на Југославија.

Нема Македонец којшто не сакал, не сака и нема да сака Македонија да се обедини. Меѓутоа, услови за такво нешто ниту имало по Втората светска војна, ниту некогаш ќе има. Најдобар доказ за тоа е цитираниот американски документ. Тоа, јасно потврдува дека ќе беше погубно ако се тргнеше на Солун. Напалм бомбите, коишто по некоја година паднаа врз Македонците на Грамос, многу веројатно ќе беа фрлени и на Скопје, Битола… Затоа, единствено останува нашата должност да се грижиме за тие што малку останаа од нашите бројни малцинства во Грција, Бугарија и Албанија.

Настаните по распадот на Југославија, и прогласувањето на нашата независност, потврдуваат дека Македонците, како народ, никогаш не беа прифатени од меѓународната заедница. Доказите се безбројни – непризнавање, нелегално суспендирање на историското и уставно име и негова насилна промена, агресија од Косово, албанизација, катастрофалните договори со Бугарија и Грција, Тиранската платформа… Сите тие случувања, и многу други, директно се предизвикани, диктирани, подготвени и менаџирани од надвор. Цел на катастрофалните договори, коишто ни беа подметнати да ги потпишеме, е за секогаш да се затвори „Македонското прашање“, со бескрупулозно разнебитување на македонскиот народ и негова бугаризација.



* * *

Крајно време е сите, коишто се сврзани со идеологијата на ВМРО, или се блиски до сегашната ВМРО-ДПМНЕ, да сфатат дека комунистите не беа уништувачи на македонизмот туку, во најголемиот дел, борци за оваа наша Македонија. Без нивниот придонес, веројатно денес ќе немаше ниту Македонци, камоли нивна држава. Втората светска војна беше последната шанса за нас, како народ.

Од друга страна, социјалдемократите, и другите левичари, мораат да се соочат со вистината дека основните и суштински идеали на ВМРО беа токму за независна и слободна Македонија. Сите други манифестации беа инфилтрации на туѓи интереси. Впрочем, чуму Внатрешна МАКЕДОНСКА Револуционерна Организација, и сите други слични, ако се работи за бугарски интереси?

Овој совет, можеби, не изгледа неостварлив ама за нас, полни со љубомора и пизма – тоа е тешко остварливо. Не е лесно, левицата да престане повеќе да ја мрази десницата, отколку што ја сака Македонија, и обратно – на десницата да не и’ пречи повеќе левицата, отколку што е посветена на македонизмот. Без такво надминување на самите себе, немаме никаква иднина, а веќе сме доведени во тесен ќорсокак.



* * *

Оваа анализа е од дипломатска гледна точка. Од тој аспект, горните согледувања и заклучоци се апсолутно реални и објективни. Историјата, пак, ќе го кажи своето.

Лесно е да се осуди кој било. Многу потешко е да се анализира целината на факти и аргументи и врз основа на тоа да се дојде до издржан став. Без никакви суети. Затоа, крајно време е да ги почитуваме сите нашите заслужни предци, вклучувајќи го и Колишевски, да ги вреднуваме според нивните заслуги и да не отфрламе никого, освен кога има недискутабилни причини за тоа.

Крајно време е ние, со нашиот докажан комплекс за самоуништување, прво да престанеме да се делиме меѓу себе за се’ нешто, и да се сплотиме околу нашите фундаментални и стратегиски интереси. И денес, делбите се пренагласени, длабоки, изгледаат непремостливи и претставуваат главна причина зошто сме доведени до ова дереџе, а македонизмот е ставен речиси пред разнебитување. Длабоката поделеност меѓу Македонците е постојана клучна пречка за побрз развој на земјата. Затоа немаме, и не можеме да формулираме, јасна и прецизна национална стратегија, без која се доведува во прашање и нашиот опстанок како народ.

Второ, на ист начин, мораме да прекинеме да ги делиме и нашите историски великани и заслужни дејци и, свесно или не, да ги фрламе во прегратките на душманите.

Никогаш немало безгрешни. Такво нешто особено било невозможно во приликите и условите во коишто делувале нашите историски личности. Ние мораме да ги браниме нив од нападите и присвојувањата од нашите непријатели и на објективен начин да го цениме нивниот придонес и за нашата слобода, и за нашата држава.

И, никогаш да не забораваме дека, за разлика од нас, два дела од нашата Македонија, и голем дел од Македонците, никогаш не ја добија слободата и правата коишто универзално им припаѓаат. Игнорирањето на нивната судбина е грешка на сите политичари во Македонија, и по Втората светска војна, и се’ до денес. Времињата никогаш не беа лесни, ама многу повеќе внимание мораше да се посвети на Македонците во соседните земји. Југославија имаше моќ да се ангажира на тој план.

Тоа важи и за периодот на самостојна Македонија и, нагласено, за овие последни години, меѓу 2016 и 2023, кога предавниците на македонизмот, официјално се откажаа од Македонците во соседните земји.

Во прашање е тежок срам за сите коишто биле на власт и МОРАЛЕ повеќе да се ангажираат во одбрана на правата на Македонците, каде и да се тие. Тоа е траен аманет од сите коишто ги дале своите животи за оваа наша Македонија. Никакви услови не се оправдување за таква неодговорност.



Ристо Никовски

https://plusinfo.mk/ulogata-na-lazar-kolishevski-po-povod-110-godini-od-ra-a-eto/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Фед 25 2024, 15:15

Навални, Асанж, океј… ама што со нордистанскиот гулаг?
Од Александар Русјаков

Фала му на Бога, јас и со малку сум задоволен, конечно да видам кај нас една вистинска геополитичка анализа, поткрепена со знаење и комплексно навлегување во суштината, без наивна навивачка страст, преку проучување на минатото за де се објасни сегашноста, оти без тоа не може да се види што носи иднината, анализа што преку моменталната војна во Украина дава прецизна слика на она што навистина се случува глобално, во момент кога, како во западниот свет, така и во Нордистан, се леат солзи за Навални (Бог да го прости), настрана фактот што Русите крајно глупаво ја одиграа оваа „епопеја“ околу човекот со сомнителна биографија, освен ако тоа не ѝ беше намерата, истовремено кога се подготвува екстрадиција на Џулијан Асанж во САД, зашто изнесе крунски докази за американските злосторства што ние ги знаевме и за чиј лик и дело, спонзорираните борци за човекови права и демократија не смеат да пуштат солза во темница, камоли збор да кажат на светлина (пред британска амбасада, на пример), оти така може да го налутат спонзорот.
Сето ова (без небитни моменти за Навални и Асанж како медиумска „забава“ за јавноста да си чеша јазик) ни го даде на тацна господинот Самаковски во четвртокот вечер, во емисијата „Заспиј ако можеш“, и јас тука, секако, нема да прераскажувам детали за да не ви го одземам задоволството да го слушнете она што тој го зборува. Ќе напоменам само оти и самиот сум го напишал потпирајќи се на својата поетска интуиција, дека нешто планетарно смрди околу оваа касапница меѓу НАТО и Русија во Украина, преку која САД и Руската Федерација ненормално се збогатија, како и Кина, која го користи моментот во кој светот си игра војна на ѕвездите и сето тоа за сметка на лузерската Европа, која ја загуби економската удобност и во блиска иднина ќе ги почувствува последиците од својата глупост, оти е предводена од палјачовци што мислат дека Аушвиц го ослободиле Американците, а Русите денес вадат чипови од миксери за да војуваат, па само што не паднале на колена од санкциите што им ја зајакнаа економијата, како и оној момент што ми ја скокотка фантазијата дека сето ова што го гледаме, по неколку средби меѓу Путин, Бајден и Си Џинпинг во кои поим немаме што навистина разговарале, всушност е еден безобразен договор меѓу империите за креирање помала војна со цел да се избегне онаа апокалиптичната (патем 500-600 илјади мртви за нив се ситница, сетете се на Ирак), преку која ем ќе заработат, ем ќе си го измерат чаламот, ем во украинската лабораторија ќе го истестираат оружјето за иднината, ем ќе ја скршат конкурентната, ама од декаденција ослепена Европска Унија, по што ќе следува рекомпонирање на светот, но, за разлика од мене, што ве возам низ реченицава, господинот Самаковски ова го објаснува со сите потребни детали преку кои ќе се тргнете од дрвото што ве спречува да ја видите шумата.
Фак! Отиде повеќе од половина колумна на најава, а јас имав нарачка, предлог што не дека не можам, туку не сакам да го одбијам, оти ми дојде од еден од „спонзорите“ на мојата душевна благосостојба, си имам јас такви „спонзори“, личности што ми создаваат рај на земјава, па затоа, прости Маријана, во следната ќе ја добиеш приказната.

Океј, а сега Асанж… не ми се пишува за Асанж, доволно сум напишал за него, патем, ако почнам да терам муабет за неговата мисија, која завршува со мачеништво, ќе мора да ги споменам лицемерите, спонзорираните борци за човекови права… на Навални, ама искрено, збоктисано ми е од нив, ај што напишаното не ги допира, туку и јас не сакам до нивното да се допирам, бидејќи така треба да шлапкам во плиткото. А Џулијан Асанж веќе си го доби своето место во поновата историја, рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг, Че Гевара и дузина други што го имале в срце општото над личното, за што и пострадале, како што сега творецот на „Викиликс“ страда, ама па, одамна ни е кажано, секој од нас и покрај тоа што сака да го одмине таа чаша, мора да ја испие ако му е наменета.
Инаку, она грдото, лицемерното, во контрадикторноста е. Ако го земеме оној досаден западен наратив дека Русите се криви за сè, дека тие се лошите, дека Путин е злосторник, а Русија диктатура, тогаш што толку се дроби за Навални кога во диктатури вообичаено луѓе исчезнуваат, скапуваат по логори, биваат убиени, па и ние знаеме за такво нешто, во фамилии го имаме, оти ако не се лажам, Југославија од која комуњари и удбаши се ребрендираа во демократи, ама останаа исти во суштината, си имаше свој Голи Оток. Туку, да се вратам на наративот, кој пак од другата страна вели дека Западот, односно САД и ЕУ, наспроти руската диктатура, е цивилизиран, демократски, полн со не знам какви вредности, тогаш како може некој што изнел вистина да скапува по затвори соочен со смртна казна или доживотна робија, како може да имаме Гвантанамо, како може клучниот сведок, организатор на елитна педофилија за политичари, ѕвезди, џетсет тукутака да се самоубие во ќелија среде совршената демократија? Молк, а?


Но, додека имаме хорски лелекачи за Навални, диригирани од западните центри на моќ и нивните медиуми, додека имаме дузина индивидуалци што се обидуваат да го надгласат тој хор, зборувајќи за Асанж, Македонија плаче за своите синови, кои скапуваат затворени во нордистанскиот гулаг. А ха, ние имаме наши маченици, судени од прекиот суд на интелектуалната бижутерија, осудени во политичко-полициски монтиран процес од корумпираното судство без доверба од граѓаните, ама искеширано од амбасадите, невини луѓе во занданите на монструозниот гулаг, наречен Нордистан, на чии плеќи се натоварени драконски затворски казни за тероризам што не се случил, ама е измислен од оние што уживаат да тероризираат неистомисленици, особено ако истите тие ја љубат Македонија.
Штета, не ми остана ништо за нордистанската политика. А пред избори сме. Ги имаме кандидатите за претседател. Интересно би било во втор круг да се борат две дами. И ние малку да видиме политичка култура. На парламентарните избори ќе биде поблесаво. ВМРО-ДПМНЕ уште сега треба да се бори со колапсот што ќе го наследи, ама и со сопките од „меѓународната“, која ќе направи сè за владата да им биде нестабилна. СДСМ бидејќи нема што да се бори политички, на овие избори ќе се тепа со граѓани и медиуми, молејќи се на „меѓународната“ да ѝ успее барем дел од планираното. Левица и партијата на Максим Димитриевски ќе се борат за своја политичка промоција, а албанските партии влегоа во коалиција со Санстефанска Бугарија и ќе се борат против Русија(???). Прекрасно блесаво!!!

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/navalni-asanzh-okej-ama-shto-so-nordistanskiot-gulag/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11188
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 41 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 41 of 41 Previous  1 ... 22 ... 39, 40, 41

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот