Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Интервјуа и колумни

+28
alienmk
Flora
Nebula
Albatros
Zhane
SHARENI
nino
Bosonoga
PRVOBOREC
TRAJCHE
OPOZICIONER
Dino
Luxor
Teo
Kalinda
трендафил
tmoro
defo
kiBik
Естир
Arhimed
Фири1
Hamad bim Khalifa
Пат
osa
хан Ацо
Фири
reiter
32 posters

Страна 39 of 41 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40, 41  Next

Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Мар 22 2023, 20:37

Грција го има признаено македонскиот јазик уште со печатењето на Абецедарот во 1925 година. ( https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%90%D0%B1%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D1%80 ) Да беше македонскиот јазик бугарски, во Грција би се увезле книги од таа земја, а не би се печател нов абецедар. Не знам дали ова некој од домашните предавници го соопштил на политичарите во Бугарија и ЕУ пред да си предложи и прифати од наша страна бударскиот предлог (во француско пакување) за наше зачленување во ЕУ.
За жал Македонците во дијаспората борбата ја водат сами, без помош на државата.
Во врска со препораката за ментален преглед, не знам дали е болен човек што се бори за своите човекови права, а здрави се тие што му ги загрозуваат. Тука оред се мислам на евроатлантската меѓународна банда и домашните предавници.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo Сре Мар 22 2023, 21:34

трендафил напиша:.
Во врска со препораката за ментален преглед, не знам дали е болен човек што се бори за своите човекови права, а здрави се тие што му ги загрозуваат. Тука оред се мислам на евроатлантската меѓународна банда и домашните предавници.

Koe право ти е нарушено жити очи.....не трабуњај......

_________________
Интернетот, социјалните мрежи демократијата ја претворија во желба за анархија и хаос.
defo
defo

Број на мислења : 3503
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мар 23 2023, 08:32

На пример да го истакнам слободно македонското етничко знаме без да се плашам дека ќе добиам пријава како што се случи во Охрид за водици. Или како колективно право во единица на локална самоуправа во која повеќе од 50% од граѓаните се сметаат за Македонци со целосни корени да го направат истото.
Од страна на ЕУ со амин на актуелната власт се прифаќаат обврски надвот од копенхашките критериуми, на пример промена на Уставот што е директно мешање во внатрешните работи.
Не сакам ниту моите внуци да учат лажна историја диктирана од непријателите на Македонија.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мар 23 2023, 19:53

Маричиќу, ако сте кандисале да ги внесете Бугарите во Уставот, не сте зеле обврска да тресете глупости!

Една од најглупавите тези со која се брани идејата за внесување на Бугарите во македонскиот Устав е мантрата на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека со таа промена во Преамбулата, ние, Македонците, ќе сме биле „заштитени“ и дека никој веќе нема да можел да ни каже дека сме Бугари.

„Со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ, Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите“, вели Маричиќ.

О, боже…

Тврдењето на Маричиќ, освен што е глупаво, е и неточно. Имено, македонскиот Устав не познава малцинства. При толкувањето на меѓународните конвенции Македонија се обврзува припадниците на сите етнички заедници да ги третира како рамноправни граѓани на оваа земја, на начин што го исклучува означувањето на едни заедници како мнозински, а на други како малцински.

Не е до конвенциите, Маричиќу, до нашиот Устав е. Си го читал ли, човече?!

Тоа е неточноста во оваа теза. Тоа е таа крупна грешка од материјална природа.

Што се однесува до ступидноста на тврдењето дека со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот ќе се направела „јасна дистинкција“ помеѓу Македонците и Бугарите, верувам дека таа му боде очи на секој што размислува здраворазумски.

Та зарем седум децении по признавањето на самобитноста на македонската нација и по создавањето на македонската држава во 1944 година и три децении по нејзиното осамостојување, сме паднале на дереџето некојси Маричиќ сега да прави „јасна дистинкција“ меѓу Македонците и Бугарите?

Што сме правеле ние и нашите татковци и дедовци? Сме го чекале Маричиќа?

Досега таа „дистинкција“ не била јасна?

Та зарем Маричиќ не знаел дека Македонците се посебен народ и дека македонскиот јазик е посебен?!

Та зарем ние Македонците и Бугарите во сиве овие децении сме биле нешто како „сијамски близнаци“, па ете сега дошло време некој да нѐ раздвои?

Треба ли уште да се објаснува дека оваа теза е глупава и дека таа ѝ служи само на пропагандата на Владата, за да оправда еден проект за кој во овој момент не постои мнозинска политичка волја во Македонија, посебно меѓу Македонците?

Не треба. Јасно е…

Јас разбирам дека другарчињата презеле тешка обврска да ги внесат Бугарите во Уставот – предупредував на последиците од тоа, но нејсе, бидна – ама не верувам дека тие се обврзале да пласираат и вакви ступидни тези, кои немаат врска ниту со суштината на барањето Бугарите да станат дел од Уставот.

Реален проблем на проектот за внесување на Бугарите во Преамбулата на македонскиот Устав е тоа што Бугарија како држава и Бугарите во Бугарија и во Македонија ја негираат суштината на сите одредби во Уставот кои зборуваат за самобитноста на македонскиот народ, за историската генеза на македонската нација и за македонскиот јазик.

Бугарија и Бугарите се тие што не прават „јасна дистинкција“ меѓу Македонците и Бугарите. И да се разбереме добро – тие немаат намера да прават никаква „дистинкција“ и во следните децении. За Бугарија и за Бугарите ние Македонците ќе си останеме Титова измислица, вештачка творба на Коминтерната и нација која може да се признае евентуално од 1945 година наваму. И точка!

Тоа е факт со кој сите ние, па и Маричиќ, ќе треба да живееме и во следните децении.

Јасно ли е тоа?

Би ги посоветувал Маричиќ и другарчињата, наместо да ја забавуваат нацијата со недоветни и лажни приказни, да се фокусираат на аргументот со кој Софија пред своите сојузници во Европската Унија го брани инсистирањето Бугарите да бидат додадени во Уставот.

Софија не зборува за никаква „дистинкција“ меѓу народите и за слични глупости, за кои зборува пропагандата на Владата во Скопје. Софијанците бараат Бугарите да бидат внесени во Уставот заради заштита на граѓанските права на бугарската етничка заедница во Македонија, кои божем се загрозени. Затоа се сите оние провокации и драми, со кои пред европската јавност треба да се докаже дека Бугарите во Македонија се обесправени, дискриминирани и под некаква тортура.

Јас велам дека пред тој аргумент не треба да замижиме. Им предлагам на Маричиќ и на другарчињата да не го игнорираат. И да се фатат баш за него. Колку и да е лажен. Им предлагам да се фокусираат на него и добро да размислат.

И ако веќе се решени да предложат измена на Уставот со цел Бугарите да бидат внесени во него, нека се обидат да предложат решение што е директен одговор на тој аргумент.

Дали е можно едно такво решение?

Да, се разбира. Треба само повеќе да се чита, да се отклучат мозоците, да се размислува и да се биде креативен. А не да се тера евтина пропаганда и со главата упорно да се оди кон ѕидот, во надеж дека ѕидот ќе биде тој што ќе попушти.

Маричиќу, правиш ли ти „јасна дистинкција“ меѓу твојата глупава теза и ова за што го зборувам јас?

Или пак ништо не ти е јасно?

https://plusinfo.mk/marichi-u-ako-ste-kandisale-da-gi-vnesete-bugarite-vo-ustavot-ne-ste-zele-obvrska-da-tresete-gluposti/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Мар 23 2023, 19:55

О неписменех: Кои сте бре вие?

Од Венко Андоновски

(Манифест за нормална држава)
Кои сте бре вие и од која дупка излеговте? Вие, неписмените а возгордеани (колку понеписмен, толку повеќе се цени!) способни само за дрпни-лапни, без разлика дали се колнете во чесниот крст или во чесната полумесечина? Тешко им на писмените меѓу вас! Кои сте бре вие, за кои Македонија е само добро платена хонорарна работичка, part time job што треба да ја одработите за вашите партиски и глобалистички газди, а ги запоседнавте собранијата, заседанијата, форумите и агорите, фондовите, фондациите за култура, министерствата, владите, трибините, плоштадите, па гракате во еден ист хор со враните што го најавуваат светското царство на постхуманитетот?
Кои сте бре вие, на разни положенија и функции со рацете во џебови, што си играте билијард со тестисите додека чекате плата, вие што доведовте до тоа Македонија да биде република во воздух, меѓународно признаен интерконтинентален чартер, држава во егзил на 9.000 метри надморска височина, ќелепур џет-сет држава во авиони кои нас, од сите националности и вери, нè носат до нашите раселени деца по целиот свет? Кои сте бре вие што направивте Македонија да не биде веќе држава, туку само состојба на духот, мит, сеќавање и архетип, дестинација на авиобилет испишана во графата DEPARTURE FROM?
Кои сте бре вие што не знаете како се отвора книга, зашто знаете само како се отвора конзерва „ред бул“ и коверт за тендер со провизија? Кои сте бре вие, металик-црни лебарки (со своите џипови), што надојдовте како поплава и по амфитеатрите, па како скакулци ожнеавте амбари магистратури и докторати? Па отворивте и Mc drive универзитети на секоја бензинска станица, каде што продававте резервни гуми и дипломи?
Кои сте бре вие, довчерашни препродавачи на пипер и лук, и како дојдовте до тоа на Кванташки во Брисел и Вашингтон да препродавате историја, свети мошти и национални архетипови, па поднесувате амандмани за геополитика, ботоксирање на историјата и за еколошки чисти историски буништа, кои од вас ги бара пречистата блудница Европа, на која матката ѝ е истенчена од историски киретажи и абортуси на цели народи?
Од каде дојдовте бре вие, на кои Македонија им е само ухлебие или парцела што треба геодетски да се обработи, според упатствата на Западниот политички катастар? Кои сте бре вие што преименувате држави, улици и споменици а името татково не си го знаете? Што напудрени како француски енциклопедисти и хуманисти на ТВ-емисија во живо повеќе се грижите за бездомни кучиња одошто за вашите бездомни браќа на кои контејнерите им се цел синџир европски супермаркети: „Лидл“ на ангро?
Кои сте бре вие, за кои преку партиски телефони се молеа шестки, за да станете политички ебиветри, амбасадори на непостојна држава или министри за оптимизам и ведро време, а потем им ги киневте главите на истите тие професори (никој не сака сведок на своето коленичење) што ве помилуваа како неграмотни, ама не можеа да скријат дека сте и срамотни?

Кои сте бре вие, кои решавате за цената на лебот, а едно зрно немате посеано со испотеното чело на сејачот, ниту еден леб во животот имате испечено со испотеното чело на пекарот? Кои сте бре вие, директори и претседатели на управни одбори, на кои за една седница се зема плата на чесен универзитетски даскал, што не знаете како се пишува вторник, со „в“ или со „ф“, па затоа закажувате седници во понеделник или среда?
Кои сте бре вие, дигитални креатури со таблети, на кои ракописот, кога се потпишувате на милионски суми, им изгледа како потпис на фактура за ќумур? Кои сте бре вие, неуспешни антрополошки дизајни со најнови андроиди в рака, да ги прогонувате моите деца од дедовиот Верољубов двор и да ги праќате сургун, во потрага по црн леб по бел свет? И да крекате: „И моето дете има право да работи, дискриминирано е зашто јас, негов татко, сум познат политичар“, па ги пикате во сите врвови на општеството, да дишат воздух на надморска височина од четирицифрени броеви изразени во евра?!
Кои сте бре вие, што додека ние компаративно ги читавме Елиот и Конески и станувавме во четири да студираме странски јазици (вие спиевте до пладне), ние кои знаевме дека Македонија ОДАМНА е Европа според културата, нам сега да ни држите лекции по европска политичка авангарда, футуризам и надреализам во идеологијата на идниот најубав свет? А вчера ги фрливте опинците во првото предградие и купивте салонски чевли од партиска апанажа?
Кои сте бре вие, интелектуален гној и лој покриени со најскап парфем украден од собраниската и владина репрезентација? Кои сте, од каде дојдовте, што мајки ве родија и на каков леб без духовен квасец израснавте? Кои сте бре вие што говорите за предавства, а самите себеси се предадовте и продадовте? Кои сте бре вие што во џебот почесто имате пиштол одошто пенкало, што собирате живи луѓе на дигитрон како прости собироци пред избори, вие за кои „сè си има цена“ (да живее потрошувачкото општество што и емоциите и патриотизмот ги пакува стерилно во целофан по ХАСАП стандарди)? Кои сте бре вие, кои кон државата се однесувате како кон кенеф на локална автобуска станица во кој не пуштате вода зад себе („Па и пред мене не пуштиле, зошто јас да пуштам!“)?


Кои сте бре вие што дозволивте Големиот Западен Брат врз нас и нашите деца експериментално да тестира сомнителни лекови и политички системи? Вие што од Уставот направивте споровозен трамвај без врата во американско предградие, па може да се качи секој во движење, да се повози шверц, без карта? Вие, кормилари на брод на кој целиот народ ви е слеп патник под палубата, додека на палубата вие пиете шампањско со напудрените перики – емисари, медијатори и разни други агитпропагатори и идеолошки радијатори?
Кои сте бре вие, едно големо НИШТО, и како настанавте ex nihilo, кога само Господ може да створи НЕШТО од ништо, кога од ништо не може да се створат ни две ништа (а камоли НЕШТО), зашто нештото се дели, а ништото – не?
Ах, што не е жив Гане, да ви каже кои сте, од А до Ш (па обвинете му ја поезијата за говор на омраза): арамии, абдали, акмаци, болигазовци, бесрамници, бесчесници, витосници, вопери, влекачи, гниди, гадурии, грабачи, давајгазовци, драпајколчишта, дибеци, ѓурултаџии, ѓонобрази, ѓозбојаџии, евнуси, евтинџии, есапчии, жонглери, жганови, живодери, замети-зачисти-забриши, испичутури, изроди, измелезени, јавашлии, јагмаџии, јаничари, килави, курташаци, ќесеџии, незадоени, наакани, неранимајковци, острастени, ороспикефлии, отчовечени, паликуќи, простаци, подлизурковци (прдежи со претензии за громови), растурикуќи, разумогубители, распојасани, сеирџии, сезнајковци, сенештари, токмаци, тепајкамајковци и тепајтатковци, ќарлии, ќелеши и ќелепури, ујдурмаџии, утки, учкур-костумлии, фејсбук-фанариоти, фалшиви, фалсификатори, хохштаплери, хајкачи, хулници, цензори, цепеници, цепидржави, чауши, чатпатлии, чедоубијци, шалабајзери, шарлатани, шутраци!
Зар вистина мислите дека ние, обичните, само затоа што сме добри долготрпеливи христијани и муслимани сме и толку глупави и будали, па не гледаме кои сте? Мавнете се во дупките од кои излеговте, иставете се и отстапете им место на праведните, учените и чесните. На словесните. За конечно да напишеме нов „О писменех“ за државава, доста веќе со О НЕПИСМЕНЕХ.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/o-nepismeneh-koi-ste-bre-vie/?swcfpc=1&fbclid=IwAR2Y-3Ma5CbMhsvwgXU-9XFrli8t2DPc0pOMxkLHJMqKRm_iqpoEocWS1Q8

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мар 26 2023, 20:44

Ако Чехов се појави на почетокот, Холивуд пука од мака на крајот

Сите среќни колумни наликуваат една на друга според формата, сите несреќни колумни се разликуваат во својата суштина. Особено ако Толстој наеднаш упадне меѓу редови за да види дали оној лудак Хармс повторно се преправил во Чехов и зел пушка в раце, обидувајќи се да докаже дека таа пушка што се појавува на почеток од колумна, мора да пукне на крајот од логиката или на работ од разумот.
Ете, руската пропаганда е подметната во пијачката од зборови што ви ја точам сабајлечки, и тоа уште со првите редови, така што крипторублите лесно ги заработив. За метадоларите ќе мора троа да се испотам. Е па, ајде да започнам!
Да ја затвориме трилогијата, оти мене Холивуд ми е креативен компас додека патувам и берам цивилизациски плодови низ западната рајска градина, а Холивуд прво нуди трејлер пред да пукне филмот.
Тој доаѓа…. уф, звучи моќно, особено ако си замислите како гласот на Дон Лафонтејн го изговара. Тој доаѓа… кога сонцето заоѓа… преку прагот на твојата напнатост… тој доаѓа… и ќе поседи малку, оти интересот брзо му проаѓа… Не, звучи глупо ко за светски ден на лоша поезија. А зошто па мора тој да доаѓа? Холивуд е ова, шириме нова културна револуција, во секоја сцена (или реченица) мора да има жена, геј и Афроамериканец (ете ги има во реченицата и тој услов го исполнив), па затоа подобро ќе звучи…

Таа доаѓа… кога сонцето што заоѓа одново изгрева… таа доаѓа од Запад каде што секогаш нешто се случува… мистериозната дама… мадам фем фатал… СТОП! Извинете! Се молат француските продуценти да престанат да ми подметнуваат насоки што секогаш водат кон наслови како „Емануела“ или „Аналена“, полни со замисли за еротичност и француски бакнежи, значи мавнете ми се од пасус и марш во Париз на демонстрации, оти ова е германска продукција… океј?
Таа доаѓа… со небото над Берлин во очите… со Нибелунзите како противотров за небулозите… како лек за страданијата на младиот нордистанец… таа доаѓа во Нордистан за да каже… Ако не сакате младите да си одат во Европа, треба да ја донесете Европа тука.
Така беше репликата? Не… Ако не сака брегот кај младите, тогаш младите ќе појдат на брегот… не… со ваква нордистанска младина, Европа не треба да стравува за својата иднина… не, тоа е реплика на машинобраварот што глуми диктатор, па измислува нации… ај од почеток… Таа доаѓа… фројлан Валкира со срце големо како волшебниот рид и вечно млада душа што нема потреба да го внесува Мефистофел во уставот… таа доаѓа за да ни каже… нема да ве оставиме на цедило!
What the fuck??? Какво сега цедило? Каков е овој шовинистички упад среде холивудска прогресивна мелодрама? Демек, ако е жена во главна улога веднаш мора да има некакво цедење, цедалка, а тоа асоцира на кујна, престилка и наеднаш филмот станува твенти фор кичен. Ужас! Нема да ве оставиме на цедило… затоа што добро ви го процедивме идентитетот низ грчка цедалка, ако се сеќавате на преспанскиот рецепт од минатата сезона, а сега… одиме понатаму… па она што остана од тој идентитет мора добро да се пропржи на зовриено бугарско масло додека смесата не ги загуби својата форма и суштина и во тоа ги ставаме ситно, до непрепознавање, исечканите јазик, народ, историја, за на крајот само уште да додадеме европски зачини сосе американска запршка и специјалитетот смислен уште од империјалните кујни во 1913 година, спремен е да се послужи за да го сркаат нордистанските гурмани. Додека голтате без џвакање, добро е да се напиете чаша квалитетна нафта. За десерт изберете Путин палачинки со чоколаден Си Џинпинг прелив и…


Како, како, како? Уф, каков грозоморен гастрономски упад на руска и кинеска кулинарска пропаганда. Им требаа само неколку секунди на гадовите. Си станал да ѕирнеш дали оној Хармс се преправил во Гогољ со намера да те влече за нос, кога ваму, во прогресивниот рецепт веќе ти подметнале касписки кавијар и пекиншка медиумска патка и ти сега, наместо да голташ евроамерикански вредности, ќе треба да џвакаш евроазиски бучкуруш, оти расипани битанги од готвачи како Путин и Си Џипинг намерно спојуваат сириска и саудиска кујна, па уште пикаат внатре африкански зачини и јужноамерикански сосови што ги украдоа од доброчудните европски колонизатори на светските трпези. Единствен начин да се спасиш од овие узурпатори на менија е да смениш жанр.

Акциска комедија. Тоа секогаш пали кај публиката. Вака оди сценариото. Нордистан е мала блескава земја, убава како слика врамена во Охрид, измислена како бајка од Преспа, ама се наоѓа во гадна неволја, оти е окупирана и опустошена од минати режими, небањати Македонци и руски пропаганди. Кои се тие? Минатите режими гледаа во минатото наместо во иднината и затоа сегашноста на таа иднина е киднапирана од изопачени граматички форми како минато идно време. Небањатите Македонци одбиваат да бидат нордистанци со бугарски корени, оти се измислени од еден Хрват во Москва. Руската пропаганда, пак, се шири преку приватна компанија, оркестарот Стравински, специјализиран за втерување руски страв во нордистански коски. Две жени, две хероини ќе се грабнат со овие злотвори. Ангела ќе се бори против расипаните корумпирани минати режими, Аналена нема да ги остави на цедило нордистанците во нивната борба со измислените Македонци, а со руските сволочи ќе се тепа… уф, фали трета хероина. Патем, и Ангела и Аналена се бели жени, недостига Афроамериканка за да ги исполнам холивудските догми, па затоа, може да се појави Џада Смит како Џи Ај Џејн… не, за такво нешто доаѓа црниот човек од луѓето во црно и се јадат шлаканици… добро, третата хероина може да биде Морган Фриман, оти секој маж има право… не, батали… а да се префрлам јас на порно? Политички порнотрилер. Инспириран од вистински настани. Вака почнува приказната. Доналд се вози во својот автомобил и замислува порносцени со Џон и Мерлин, со Бил и Моника и не забележува дека неговиот стар автомобил пенетрира во бурата Даниелс…

Уф, не знам. Ме плаши публиката. Филмската критика тврди дека нордистанската публика е најнесреќна на планетата. Не знам кај е проблемот. Можеби им е падната концентрацијата, можеби во Холивуд е намалена креативната потенција, ова треба да се истражи, ама ќе им препуштам на фактчекерите, оти морам да бегам од колумнава, ене го Чехов со пушката, се дере како ненормален… ако Чехов се појавува на почетокот, Холивуд пука од мака на крајот.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/ako-chehov-se-pojavi-na-pochetokot-holivud-puka-od-maka-na-krajot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Апр 13 2023, 09:41

Бароницата Минхаузен

Од Венко Андоновски


Се сеќавам: со ококорени детски очи гледам во сликите на сликовницата, додека некој од возрасните ми чита. Повозбудлива сликовница во детството потоа не сум прочитал. Насловот ѝ е „Баронот Минхаузен“. Во неа еден барон, кој живее во својот замок безгрижно, ги раскажува своите белосветски авантури. Се разбира, лаже: не излегол ни од својата соба. Ама лаже со таква фантазија, што му верувате. Ве опива со лаги. И додека се свртите, времето поминало. Особина на лагата (ако е добра нарацијата со која се служи) е да го сопре времето; може животот да ви помине додека слушате некој како лаже. Кај историските лаги, може да им помине животот и на цели генерации.
Вистината често се заборава, но лагата цел живот се помни, се врежува во свеста, во потсвеста, а генетичарите нека испитаат дали можеби се врежува и во геномот. Еве што мене ми е врежано, питорескно, до детали од таа сликовница: баронот Минхаузен се наоѓа на бојно поле. Неговите губат затоа што немаат извидница и информација за распоредот на противничките сили. Баронот, како најхрабар и најумен, доаѓа на генијална идеја: им наредува на своите војници да испалат ѓуле од топот и го јавнува ѓулето во моментот кога тоа излегува од цевката. Високо горе, ја става раката над веѓите и го запомнува распоредот на непријателските формации. Пред ѓулето да ја почне залезната патека, здогледува противничко ѓуле што лета кон него; во лет го јавнува и се приземјува кај своите. Им кажува што видел и потоа неговите победуваат, затоа што знаат каде непријателот е „најтенок“.
Брилијантно, вели детето во мене. „Која будала во тоа може да верува?“, вели старецот во мене. А јас сегашен, одговарам: децата и Македонците веруваат.
Каква разлика има меѓу оваа лага и онаа што веќе три децении, од осамостојувањето, ни ја продава Европа, дека „ќе нè прими, ама АКО“…? Условувањето на втората лага ѝ дава призвук на уцена; затоа, таа лага не е еднаква со онаа на разбушавениот барон што јава ѓуле, зашто баронот не бара ништо од нас, освен да му се воодушевуваме. Бароницата Минхаузен и бара од нас, и добива од нас, а не дава, што значи СТЕКНУВА. Некаква невидлива корист.

Сите лажеме, тоа е неспорно. Дури, песимистички настроените шопенхауеровци би можеле да го дефинираат човековото суштество наједноставно: тоа е она суштество што лаже. Мене не ми е познат случај животно да лаже. Постојат мимикрии и итроштини (цели воодушевувачки стратегии) со кои животните се служат за да дојдат до плен, ама тие се однесуваат на гола егзистенција: животните не лажат капиталистички, за да трупаат резерви, туку го земаат само она најнеопходното, за да преживеат. Лавот нема магацин ладилник со уловени срни што би им ги продавал на другите животни. Но и да е човекот суштество што непоправливо лаже, останува впечатокот дека сепак постојат „бели“ и „црни“ лаги: со првите оној што лаже не стекнува корист, со вторите стекнува.
Па, каков есап би имала бароницата Минхаузен од тоа што ги лаже Македонците веќе три децении дека „ќе ги прими“ во својот круг? Едно е јасно: сигурно не нè лаже за да ѝ се воодушевуваме на фантазијата, како баронот Минхаузен. Таа е веќе славна и ние секојдневно ѝ се поклонуваме како на златно теле (поточно крава). Втората претпоставка е дека нè лаже зашто има некаква материјална полза од нас. И тоа е слабо веројатно: каква материјална полза може да има бароница од сиромашна слугинка што едвај вади корка леб? Претпоставка трета: бароницата лаже затоа што слугинката има нешто што бароницата нема, па оваа сака да ѝ го одземе? Ова веќе има смисла, ама само на ниво на метафора: да речеме, слугинката е скромна и чесна, а бароницата лакома и нечесна. Но сите знаеме дека особините не се пренесуваат од човек на човек како накитот: можеш да украдеш нечиј ѓердан за да го носиш, ама не можеш да украдеш нечија чесност и да ја носиш како своја.
Да не би бароницата да ветила нешто, па не може да го исполни? Често и обичен човек се наоѓа во таква ситуација: од што сака некому да му помогне, ветува нешто што не може, па потоа му се враќа бумерангот: излегува дека лаже? Не, не е веројатно ни тоа. Ако навистина САКАЛА, тогаш и ќе го сторела тоа, макар другите бароници ја кореле што се дружи со слугинка. Аргументот САКА А НЕ МОЖЕ не држи: каква е тогаш таа бароница што НЕ МОЖЕ? Бароницата и е бароница токму затоа што сè што е човечко ѝ е можно.


Да не би бароницата да НЕ САКА да го исполни она што го ветила, а го ветила за пред другите да ја покаже својата лажна хуманост, оти таа, ете и сиромашни вдомува и се залага за FRATERNITÉ и ÉGALITÉ? Е ова е веќе – субверзивно опасно, ако е точно. Отвора пукнатина во моралното битие на Бароницата. Ако е така, таа ветува и потоа не исполнува, за да креира лажна икона за себе, а всушност ПОВРЕДУВА цели народи. Свесна дека еднаш ќе мора да го исполни ветеното, за да ѝ поверуваат во лажната хуманост, таа поставува услови што се морално расипани, зашто знае дека слугинката тие услови не може да ги исполни: Пепелашка не може да отиде на бал кај принцот, зашто нема балски фустан. Тоа е исто како јас да му кажам на мојот петгодишен син: „Ќе ти купам плејстејшн ако до утре ми напишеш есеј на темата „Симболичките форми кај Ернст Касирер во споредба со оние кај Чарлс Саундерс Пирс“. Се разбира, јас знам дека петгодишно дете не може да го стори тоа и токму затоа и го поставувам условот: да ми бидат совеста и образот чисти, а и за да си го зачувам паричникот од не баш неопходен трошок. Прашањето е: зошто другите пред кои Бароницата сака да излезе со чист образ не се побунат и не речат: „Па ве молам, тоа се глупости, кое петгодишно дете ги читало Касирер и Пирс?!“ Но тие молчат. Се прават дека веруваат во тоа дека баронот Минхаузен јавал ѓуле.
Претпоставка последна: бароницата сака, од некои причини, да нè уништи. Можеби не сака сведоци за нејзината слабост, зашто уште нашите предци ја прочитале како блудница вавилонска? Не сум убеден. Има знаци дека сака да нè уништи (од небрежност или од намера), ама не знам што би добила со тоа? Нејзината лага сепак не може ЦЕЛОСНО да се идентификува со онаа на нацистите, кога ги лажеле Евреите дека ги водат на туширање, а од тушевите наместо вода им пуштале смртоносен гас. Јас попрво би рекол дека ние самите се водиме на туширање (ретуширање); можеби само гасот е увозен.

И конечно: структурата на лагата е игра со пробабилитетот – неверојатното треба да се прогласи за веројатно, а убедливоста (епидеиктиката) на лажгото е пресудна за тоа. Лажгото, се разбира, сноси морална одговорност за лагата. Но морална одговорност има и кај излажаниот, не само кај оној што лаже. Веројатноста (пробабилитетот) е категорија што зависи од возраста, искуството и од знаењето на излажаниот. Ако на возрасен човек му кажете дека жена на метла му лета зад грбот и тој се сврти, јасно е дека нема ни знаење ни искуство и носи морална одговорност за тоа што е излажан. Ако тоа им го сторите на деца во градинка и тие се залепат со носињата на прозорците, сигурно нема морално да ги осудите: тие се морално чисти, немаат искуство и знаење, и затоа веруваат. И едно е кога Том Стопард на почетокот од својата драма, во која Розенкранц и Гилденстерн сто пати фрлаат паричка и таа сто пати паѓа на истата страна – ве лаже (од естетски побуди, за да почнете да се смеете), а друго е кога некој политичар излезен од под фустанот на Бароницата ве убедува дека паричката постојано паѓа на иста страна (а го прави тоа од некаков интерес).
Ако верувате во тоа – вие сте или деца, или Македонци. Првите не се, вторите се виновни.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/baronicata-minhauzen/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Чет Апр 13 2023, 11:45

Злото наречено „за ваше добро“
Атанас Кирјаковски


Ниту еден авторитарен режим во историјата на модерните држави не дошол на власт со слогани и наративи од типот „за ваше зло“, „дојдовме да ве испокрадеме“ и „ни е гајле за вас“. Напротив, режимите најчесто се водат од принципот „за ваше добро“ кога го убедуваат народот да ги поддржи и да ги доведе во позиција на моќ. Иако на слични наративни возат и продемократските влади, сепак разликата со авторитарните режими е во тоа што првиве се способни и желни да си ги признаат грешките и изневерувањата кои не довеле до ветеното „наше добро“ и честопати знаат да поднесат политичка и морална одговорност преку оставки или распишување на нови избори. Вториве пак, никако и никогаш нема да признаат дека го паразитираат и угнетуваат истиот тој народ на кој му ветиле „добрини“ и секогаш продолжуваат по истиот принцип правдајќи си ги својот криминал, аморал и антихуманизам со истите проклети зборови – дека сѐ што направиле, го направиле „за ваше добро“.

Психологијата позади таквиот принцип е базирана на перфидна манипулација во која режимите се претставуваат како морални величини, демек алтруистични и храбри, подготвени веднаш да се борат, спремни „да се жртвуваат“ за нас. Обично злоупотребуваат некаква реална или нереална фаличност во општеството, неретко преувеличувајќи ја со цел да си ја нагласат својата важност и нашата потреба од нив, постојано потсетувајќи нѐ дека сега е моментот, дека нема да имаме друга шанса и дека ако не им ја дадеме нашата доверба – вечно ќе останеме заглавени во прасторија (и „калта“ нели). Поплави, земјотреси, вулкани, цунамија, астероиди и црни дупки ќе нѐ голтнат ако не се они на власт. Во суштина, режимите воспоставуваат еден вид на патолошки родителски однос и динамика во кој граѓаните се претставени како инфантилни, а режимските демагози како зрели, здраворазумни и морални „возрасни“ кои се грижат за нас и кои понекогаш мораат да носат „тешки“ одлуки кои нам ни се сомнителни и можеби не ни се допаѓаат, но на крајот ќе сфатиме дека сепак биле за наше добро (сличен концепт во клиничка смисла е т.н. „жилава љубов“ или „tough love“). Неретко во ваквите наративи се провлекува и темата за опасност и страв од некакви си надворешни непријатели кои го загрозуваат нашето постоење, додека режимот-герој нѐ брани со порака дека сме на вистинската страна од историјата, штитејќи нѐ и спасувајќи нѐ од злото. Целта на ваквата стратегија во својата морална алузија, меѓу другото е и обидот за создавање на зависен однос во кој граѓаните се чувствуваат беспомошни и неспособни да одлучуваат самите за својата судбина, однос во кој треба слепо да веруваат дека спасот од тешките општествени трауми единствено лежи во предавањето и трчањето кон топли прегратки на режимот.

За да ја разбереме магнитудата и злобноста на перфидниот принцип „за ваше добро“, да разгледаме неколку примери од најголемите тоталитарни режими во поблиската историја. На пример, во создавањето на нацистичка Германија и во популаризирањето на нацизмот, Хитлер и неговата пропагадна честопати ја истакнувале потребата од прогонување и истребување на Евреите и останатите „неариевски“ малцинства кои наводно ја уништувале и загадувале Хитлеровата делузија за „чистата крв на Ариевската раса“. Наци-режимот постојано истакнувал дека за да се вратат изгубените достоинство и величина на Германскиот народ, сите Германци мора да се обединат околу него како лидер и спасител, идеја најдобро сумирана во слоганот „Ein Volk, ein Reich, ein Führer!“ или во превод „Еден народ, една империја, еден водач!“. Понатаму, нема појасен пример за злиот принцип „за ваше добро“ од морничавиот и циничен слоган испишан над портите од повеќето концентрациони кампови вклучително и Аушвиц, добро познатата морбидна реченица „Arbeit macht frei“ или „Работата ќе ве ослободи“. На истиот принцип, но во поинаква форма, оперираат и комунистичките тоталитарни режими. Во самата суштина на комунизмот дефиниран од ликови ко Маркс, Енгелс, Ленин, Сталин и Мао, лежи идејата дека општествата се класни системи каде постои мнозинска работничка класа која е екплоатирана и угнетувана од некаква малцинска капиталистичка класа („Буржуите“). Со цел да се ослободи народот од таквото ропство, „за свое добро“ нели, мора да се обедини, да крене револуција против капиталистите и преку таквата класна борба да создаде утопија во која не постои приватна сопственост, не постојат класи и секој си добива онолку колку што му е потребно од другите кои придонесуваат колку што можат (“Каждому по потребностям, от каждого по способностям” – популарен слоган во бившиот Советски сојуз). Заради исполнувањето на таквите цели и „ослободувањето“ на народот, за комунистичките идеолози сосема прифатливо и пожелно било поединците да се жртвуваат за „доброто“ на колективот. На истиот принцип својата пропаганда ја базирал и кинескиот комунистички диктатор Мао Зедонг во обид да ги убеди широките народни маси да го поддржат него како лидер бидејќи тој работи за „нивно добро“. Буквало насловот на неговиот говор од 1944 година „为人民服务“ или во превод „Во служба на народот“ подоцна се претвора во важен политички слоган на Кинеската комунистичка партија.

Горенаведеното би немало некаква посебна тежина кога и ние, сега, баш во овој момент, не би живееле во слични политички пропаганди и наративи, и во време на оспорување на македонското постоење и тоа пази – „за наше добро!“. Веќе неколку години по ред во „Cеверна“ имаме „чест“ за нас да се „грижат“ најевропски ориентираните клептомани, најспособните Харвардски дипломци од Подгорица и богати високообучени експерти со улични школи од Горњи Милановац, најтранспарентните кријачи на француски предлози и договори за автопати, разно-разните демагози кои цело време работат „за наше добро“. И покрај тоа што досега направија незамислива и немерлива материјална, политичка, идентитетска и душевна штета на македонскиот народ, сепак упорно продолжуваат да го следат принципот, во духот на режимството нели, дека сето тоа е за некаков си влез во некаква си европска унија, дека е за подобро утре, дека е за да „идеме напред“ (што и да значи тоа), дека е за поголема безбедност и заштита од чичко Нато. Нѐ убедуваат дека деформите како на пример, менувањето на националното знаме, правењето територијална прераспределба по етношовинистички терк, менувањето на името и сите македонски идентитетски обележја – се токму „за наше добро“, додека во реалноста вршат дискриминацијата на Македонците, ги обесправуваат и кратат нашите универзално гарантирани слободи и права, терајќи нѐ сите заедно во некакво си апартхејдско трло. Епа конечно време е на нивното понудено „добро“ од кое никаков аир не видовме, одлучно да им одговориме – доста е веќе, фала, не треба!

https://republika.mk/kolumni/zloto-narecheno-za-vashe-dobro/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 14 2023, 12:13

Траса на молкот
Колумна на Катерина Блажевска


Типично за „македонцките работи“, до овој Велики петок, исцртавме една тажна траса: наша верзија на Виа Долороса, но по која чекори само владината нетранспарентност, наречена „класифицирана информација“. Власта смета дека молкот не треба да биде распнат од јавноста, бидејќи тоа што се крие зад превезот на тајноста е стратешки интерес на државата, односно излез од сегашната патна инфраструктурна „голгота“.

Така, договорот за изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, планиран во вкупна должина од 110 километри, се издигна и повеќе од „света тајна“.

Не постои граѓанин на оваа земја што не сака да бидат изградени нови автопатишта, низ кој побрзо и побезбедно ќе се одвива транспортот на луѓе, стоки и услуги, делници што ќе значат пошироко инфраструктурно поврзување на земјата и нејзино издигање во главна крстосница на Балканот. А кога изградбата се плаќа од парите на даночните обврзници, граѓаните имаат право да знаат како ќе се трошат нивните пари.

Џабе договор од неколку стотици страници, ако власта е единствениот субјект што нема рационална анализа за ризикот од нетранспарентноста за овој договор пред домашната јавност. Неподносливата леснотија на образложението дека тајноста ја барал стратешкиот партнер (конзорциумот „Бехтел и Енка“) е признание за вазалска положба и отсуство на елементарен суверенитет при договарањето на обврските меѓу двете страни.

Споменатиот конзорциум е врвен бренд за изградба на инфраструктурни проекти, со реноме во брзината и квалитетот на градење. И јасно е дека овој стратешки партнер, во земји со пререгулираност во областа на градежништвото, како што е нашата, бара начин за премостување на потенцијални пречки за навремена изградба на патните делници. И јасно е дека владата предлага законски измени токму за да го намали ризикот од трошење дополнителни буџетски средства. Зар тоа не е клучната причина владата да обелодени колку би биле зголемени трошоците ако условите од договорот не се почитуваат?

Патем, во преодните и завршните одредби од Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратегиски партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10 д, усвоен во јули 2021 година, пишува дека „одредбите од постојните закони што ги уредуваат прашањата во врска со постапките за планирањето, проектирањето, изградбата и употребата на оваа инфраструктурна градба треба да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на тој закон“.

Зошто тоа не е направено во тој рок, туку се прави повеќе од една година подоцна, на врат-на нос, со брзање, што значи со помала можност за темелно и квалитетно да бидат анализирани сите предложени измени и за превенирање на опасностите дека тие ќе ги зголемат ризиците од корупција.

Не може јавноста да се занимава 24/7 со цени на овошје и зеленчук, со цени на макарони и јајца намалени за неколку денари, а да нема увид како се стигнало до споменатата цена за изградба на делниците од околу 1,3 милијарди евра, но и за ризикот таа да биде сериозно надмината.

Секој проект содржи потенцијални економски ризици за дополнителни трошоци или оштетни побарувања. Добар договор е оној во кој ќе бидат вклучени мерки, ќе исклучат или до максимум ќе го намалат преземањето непотребни ризици и дополнителни трошоци и договор во кој нема дисбаланс во поделбата на ризиците меѓу договорните страни.

Ако владата постигнала таков договор, зошто би го криела од јавноста? Патем, од нејзин интерес е, во контекст на обврската за ангажирање на 51отсто од домашните ресурси во овој проект да ја објасни и да ја регулира ефикасно разликата меѓу уставно и законски плафонираното работно време и исклучиво доброволното прифаќање на повеќе работни часови.

Такви измени беа спроведени и во Србија, заради изградба на автопатот Појате – Прељина (Моравскиот коридор), граден исто така од „Бехтел и Енка“, со цел што повеќе домашни работници да бидат ангажирани во изградбата. И беа направени слични измени во Законот за експропријација, како што кај нас предложија пратеници од мнозинството.

И тоа не е случајно, со оглед дека токму ваквите постапки се покажаа како главна кочница во претходи изградби. Умешноста ќе биде тоа да се реши на начин, во кој граѓаните и државата нема да го плаќаат цехот од брзањето.

Без транспарентност, без анализа и стручна дебата, нејасно е како ќе се остварат и најавените очекувања дека околу 650 милиони евра од овој капитален проект ќе завршат кај македонските градежни компании. Од каде тие ќе најдат работници, ако регулативата ги исклучува домашните, во корист на странските?

Затоа барањето за демократска, граѓанска контрола врз овој договор не е против изградбата. Недозволувањето таква контрола ќе донесе трошоци, многу повисоки од оние за проектот. За отсуство на транспарентност се наплаќа „морална камата“ и таа не е ограничена сума, туку расте секојдневно и правопропорционално со траењето на молкот.

https://prizma.mk/kolumni/trasa-na-molkot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 14 2023, 17:40

Чудните нервозни суштества од непозната галаксија се споменуваат на крајот од колумната

Од Александар Русјаков


Читам наслови. Многу битен Американец доаѓа во Нордистан. Ќе се бори со руски влијанија кои пенетрираат во нордистанското општество. Фрлам поглед кон масата. На неа спремни за читање две нови книги. Довлатов и Сељников. Пред тоа го завршив „Т“ од Пељевин. Пред Пељевин ја читав „Воскресение“ од Толстој. Ме фаќа паника. Си велам, не е убаво вака, воопшто не чини. Јас не сум под руско влијание, туку под нивна окупација. Под итно мора да се променам. Подобро веднаш да прочитам некој американски писател, оти не е на арно работава. И се фатив за Исак Асимов.
Па, дали сум јас нормален? Од сите можни Американци, јас се фатив за руски Евреин. Не, не, ова дефинитивно не е океј. Јас не сум океј. Сеедно што го користам американизмот „океј“. Ете, заради ваквите како мене човекон доаѓа во Нордистан. Си остава семејство, се ака на крајот на светот, го мислат по дома, а тој мора, којзнае по колку непроспиени ноќи во кои загрижен бдеел над здравјето на нордистанците, да се расправа со вакви аздисани како мене.
Добро бе, Русјаков, може барем за празников да олабавиш со твојот напорен и нецивилизациски цинизам?
Не можам. Оти и празников ми создава панични проблеми. Велигден. Господовото воскресение. Љуби го непријателот свој! Така учи Господ Исус Христос. Јас живеам во Нордистан. Нордистан е членка на НАТО. Трча накај ЕУ. Тоа е мојот свет. Светот наречен меѓународна заедница. Непријател на меѓународната заедница е Русија. Љуби го непријателот свој! И сега, треба или не треба да го слушам Господ? Можеби најпаметно ми е да земам некој американски грант. Не многу голем, неколку илјади долари, да не ѝ брцам премногу раче во медот на интелектуалната бижутерија, чисто да ми се отворат чакри за западни вредности. Уф, на доларот пишува „Во Господа веруваме“. И јас верувам во Господ. Господ вели љуби го непријателот свој. Не можам, ќе ми експлодира главата.
Русјаков, ако продолжиш вака, може стварно да ти експлодира главата.
Сфаќам, ми треба лекување. Ќе читам американски медиуми. Тоа е лекот. Така правам. Американските медиуми објавуваат тајни документи што протекоа од Пентагон. Во нив пишува дека САД постојано ги шпионираат своите сојузници. Република Кореја се лути. Израел се лути. Добро сега, сето ова ни го кажа Едвард Сноуден, ама „снешкото“ кидна во Русија, па затоа сигурно лаже, краде, има вошки и спие на руски таван. Значи, кој го врти, не е за верување. „Њујорк тајмс“ е далеку поверодостоен. Тие објавуваат тајни документи што протекоа од Пентагон. Во нив пишува дека САД…

Фак! Заеби! Ќе си читам јас нордистански медиуми. Во нив ништо не пишува. Патем, поамерикански се од американските. И провладините и опозициските. Да беше Марк Твен жив, „Новинарството во Тенеси“ ќе станеше „Новинарството во Нордистан“. Да, да, во нордистанските медиуми ништо не протекува. Сè е закрпено. Нема дупче за вистина да капне. Па, нормално! Ова е домаќинска куќа, глупо е нешто да протекува. Особено вистина. Господ Исус Христос рекол јас сум патот и вистината. Потоа додал љуби го непријателот свој. А непријател е Русија. И сега, вакви како мене кои ги бараат патот и вистината, верувајќи во Бога, го слушаат Бога, па ја љубат Русија. Веднаш фактчекрите да проверат дали Господ Исус Христос потпаднал под руска пропаганда и финансии. Можеби во онаа негова чудесна парабола не мисли на таланти, туку на рубли. Згора на тоа, цел свет наречен меѓународна заедница ја осуди Русија, а Исус ни се заканува дека ако судиме, и нам ќе ни се суди.
Добро сега, да не бидам и јас толку злобен, сепак нешто протекува и кај нордистанските медиуми. Еве, џавкаат против договорот со „Бектел и Енка“. Бектел и Енка, Бектел и Енка… кога првпат ги чув, се запрашав, зошто ми звучи милозвучно и на што ме потсетува? И се сетив. Бектел и Енка како Пумба и Тимон, Ивица и Марица, Лолек и Болек, Маза и Луња… не, никако Маза и Луња. Маза и Луња во оригинал гласи „Lady and the Trump“, а тоа, нека ми прости Дизни, звучи како порнофилм. Порно Лејди и реднек Трамп. Хм, лоша порнопоезија. Нордистан кенка, зашто дојде време да се стенка, под моќното тело на „Бектел и Енка“.
Извинете вака на суровост, ама не разбирам што е пиштењево? Нордистанската слобода и блескавата иднина, од небо да не ви паднаа? Нордистанците случајно да не вложија милиони за пропаганда, шарени револуции, тирански платформи, поткупување пратеници, судии и обвинители за промена на име и монтирање процеси, они да не октроираа влади кои ќе ве ослободат од идентитет и радиодифузна такса? Срушиле режим со пенкало, а ха, жими соработников, а пенкалата што ги купи? Така е тоа, драги мои мази и луњи, лејдис енд трамповци, името Македонија не ви ги плаќаше сметките, ама сега дојде името Нордистан да си ги наплати сметките и затоа, shut the fuck up! Има да си работите повеќе, за пониски плати, со кои ќе купувате поскапи производи, оти кога се откажуваш од она што си за да станеш она што не си, се претвараш во роб, а секој роб има господар, само денеска политички коректно, робот се нарекува слободоумен граѓанин, а господарот, стратегиски партнер.
Е па ај, ако не, на Русите и Кинезите да им робуваме!


Така е! За добровоспитаните робови секогаш еден е изборот и нема друга алтернатива. Секое поинакво размислување го доживуваат како робување, ама на другиот господар. Самобитност, себепрепознавање и слободна волја се непостојни категории, оти не се одобрени од „повисоките однадвор“. И тие навистина постојано живеат во „еден е изборот“, само што му ја менуваат формата, не и суштината. Денес ја крши сликата на Сталин за Тито да не го прати на Голи Оток. Утре ти ја носи интимата во ходниците на тајните служби, затоа што го труеш светиот комунизам со западна демократија. Задутре станува Американец поголем од Американците и ти праќа фактчекери во постела ако не ја мразиш Русија. Затоа, робовите на моќта и парите им се потсмеваат на оние кои избираат да ѝ робуваат на љубовта која има слободна волја. Оти непријателите се менлива категорија, вчера беа Американците, денес се Русите, утре ќе бидат чудните нервозни суштества од некоја непозната галаксија, само љубовта не се менува, таа е вечна и божествена, па затоа љуби го непријателот свој е избор на вистинската слобода.
Христос воскресна!

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/chudnite-nervozni-sushtestva-od-nepoznata-galaksija-se-spomenuvaat-na-krajot-od-kolumnata/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Апр 21 2023, 19:35

Како станав атеист
Од Александар Русјаков


Не сакам верски фанатизам. Се вознемирувам при „средба“ со религиозни фундаменталисти. Насилно наметнување догми, сеедно дали тоа насилство е физичко или вербално, го сметам за варваризам. Затоа со сите сили се обидувам да ги избегнам без да се трудам да ги менувам или да им го наметнам својот став како единствена вистина, оти така ќе бидам ист како нив. Ама па, не можам да премолчам кога гледам како овие фанатици и фундаменталисти, сега засега вербално, но веќе утре може да се случи и практично, ги креваат своите клади, ги стегаат камењата в раце, ги коват идните распетија за неистомисленици.
Христовата наука учи дека Христос (месија, помазаник) е патот и вистината. Уште додава дека тој пат е тежок и трнлив, води до тесната врата, а вистината не се бара во плиткото каде што е лесно да се шлапка, туку во длабокото каде што демнат многу опасности, а ти мора да се нурнеш меѓу нив. На крајот, „в раце“ ми ја става слободната волја, самиот да изберам кој пат ќе го одам. Сето ова ми звучи крајно демократски.
За разлика од Христовата наука, која се однесува на секој човек поединечно (не на цели заедници или народи), па од поединецот зависи дали ќе прифати или отфрли, новодогматиците и религиозните фанатици на тројството, САД, ЕУ и НАТО, ми велат еден е изборот, а јас, како битие, немам друга алтернатива. Не само што ми велат туку ме убедуваат, ми се закануваат, врескаат по мене, ако случајно имам различни верски чувства. Тогаш тие мои различни чувства ги прогласуваат за говор на омраза и на секој начин се обидуваат да ги забранат, особено преку инквизициската шпанска чизма, наречена политичка коректност. Не само што силеџиски ми наметнуваат дека само тие се патот и вистината туку имаат впрегнато фундаменталисти со задача да ми ја одземат слободната волја за случајно да не се посомневам во нивната светост.
Ваквиот фанатизам ме вознемирува. Пред пантеоните во Брисел и во Вашингтон постојано се жртвуваат идентитети, народи, држави, култури, влади и човечки судбини. Ако некој случајно крене глас против оваа налудничава појава на идолопоклонство, нивниот синод претставен преку институции, емисари и невладини организации ги праќа своите инквизитори, кои ја мерат вистината и те обвинуваат дека си вештерка што прави оргии со ѓаволот наречен Русија, па ги крева кладите за да ти ги согорат душата и телото.
Навистина ме вознемируваат ваквата религиозна фундаменталистичка агресивност и хистеричност, кои на брутален, речиси хулигански начин сакаат да ми се пикнат во приватноста силувајќи ми ја интимата. Нивната арогантност, забеганиот елитизам, неконтролираната наметливост и инсистирањето на исклучивост, наместо рибари на човечки души, ги прави ловокрадци на севкупното битисување, оти тие не зборуваат симболично, туку фрлаат динамит буквално, ако не им ја прифатиш догмата.
Верскиот САДизам, религиозниот ЕУ-фанатизам и догматизмот на НАТО-фундаменталистите се опасност за секое битие и неговата слободна волја, идентитетска индивидуалност и право на избор, макар бил и погрешен. Наметнуваат ропство во кое сите имаме право на нивно мислење.

Не простуваат гревови, а грев е ако не веруваш дека тие се божества, единствен избор без алтернатива што секако звучи налудничаво, ама спротивставувањето е опасно по твојата интимност, слобода и живот. Тие се патот на новиот религиозен фанатизам во најзабегана форма, но и вистината за постоење инквизиција, моќна и хистерична, која те демне од секоја пора на општеството низ кое ги напикаа своите догми.
За среќа, поголемиот дел од светот, освен меѓународната заедница, не го прифаќа ова верско лудило или прогресивно кажано, на црквата на САД, ЕУ и НАТО ѝ рекоа, цитирам, „да одјебат“. Јас сум свесен дека ова мое антирелигиозно беседење ќе ме стави во опасност да бидам сатанизиран како руски демон, па да ми се вдаде инквизицијата со своите кантари за мерење на количеството вистина во моите чувства претворени во зборови и да ме прогласат за богохулен лудак и незнабожец што треба да се казни, запали, каменува, распне, најпрво симболично, а потоа, зошто да не и физички, ама па не стравувам од последиците, многумина пострадале и допрва ќе страдаат обидувајќи се да докажат дека оваа наметната официјална религија на меѓународната заедница е безумна, антицивилизациска, идолопоклоничка, деструктивна и погубна, оти сака да ја погуби душата преку ликвидирање на слободната волја за да го направи телото роб на своите материјални догми.
Па така, ако евроатлантизмот стана нова религија, тогаш јас избирам да бидам атеист и да ѝ верувам само на науката… на Христовата наука, оти ми се гледа далеку послободоумна, прогресивна и пред сè љубовна, креативна, а не наметлива и деструктивна, оти ми го дава правото дури и да не ја прифатам, што не е случај со ова новодогматско, фанатично и фундаменталистичко однесување на самопрогласената црква наречена меѓународна заедница.


Океј, доволно си создадов проблеми во најава. Очекувам да бидам прогласен за лудак од прогресивните „нормални“, интелектуалната бижутерија и нивното инквизициско „свештенство“ од експерти, политичари, фактчекери и ловци на руски вештерки. Искрено, до цинизам и назад, смешни ми се сите нивни хистерии постојано насочени кон духовните учења, пред сè христијанството, демек религиозната забеганост е опасност за нивните западни вредности и цивилизациски достигнувања, ама во стварноста, ги прогласија САД, ЕУ и НАТО за царство небесно каде што, пазете сега, мора да влезам, оти тоа да ми бил единствениот избор. Па Христовата наука во однос на нивната догматичност ми изгледа како безгранична слобода наспроти робовладетелство под јарем на силеџии, лицемери и фарисеи.
Цинизам на страна, секој има слобода да верува во што сака, ама да не му ја наметнува својата волја на другиот, оти науката вели, прави им го на другите она што тебе сакаш да ти го прават. Проблемот започнува во моментот кога оние што ѝ робуваат на некоја догма, сакаат сите да нè направат робови на истата таа. Разликата е во „ако“ и „мора“. Христос вели, јас сум лебот на животот, ако врвиш по мене, вечно ќе живееш. Религиозните фундаменталисти со евроатлантистичка вероисповед ми велат, нема ако, мора да врвиш по нас, оти нема да живееш.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/kako-stanav-ateist/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пон Мај 01 2023, 16:01

Приказна за човекот што го оставија да чека топли сомуни

Од Венко Андоновски

На Петре М. Андреевски


Еве, си одиме од нашиот округ.
Сè почна оној ден кога дојдоа луѓе од нашиот Замок и рекоа: „Не оди веќе вака, пресиромашни сме. Леб немаме да јадеме. И затоа, пуштивме гласник и преговараме со Централниот замок, да нè земе под свое. Рекоа – ќе ве земеме. И затоа, народе, чекајте, ќе дојдеме, ќе донесеме врели и бели сомуни, штом стигнат. Централниот замок ќе нè прими и згрижи, нашиов округ на таа територија природно ѝ припаѓа“.
И чекавме. Првите години, татко, кој многу му веруваше на нашиот Замок, едвај по еден леб дневно печеше. Нивите ги одржуваше колку да не зараснат во троскот. По некоја година, дојдоа оние од Замокот и рекоа: „Централниот замок бара сите икони, сите везби, резби, сите стари рецепти за јадења, сите книги со стари истории исприповедани, да ги спакувате во ковчеже и да ги запалите. Не нè примаат дури не расчистиме со старото. Тоа модерни луѓе се, свој Закон донесоа“. И ни предадоа, наместо книги, една табличка перваја, ама на струја, на батерија, на која со прст, не со писалка се пишуваше. Таблет, a по нашки ап се викаше. На тие таблички сè беше на нивниот јазик: имаше сликички за нас неписмените, и ние – подразбери сликичка – притисни копче, подразбери сликичка – притисни копче, полека го научивме и новиот јазик. Тие сликички „иконки“ ги викаа, а ние, простите мислевме иконки само в црква има. И никој в црква не влезе откако дојдоа новите електрични иконки. Во Законот Нов стоеше дека секој со секого може, боже прости ми, да спие во ложница. И машко со машко, и женско со женско. „Прави она што чувствуваш, освој ја слободата!“, пишуваше во Законот. Ние послушавме, ама ништо: сомуните не доаѓаа, а ни дете ни коте се роди откако така почнавме да живееме. Ни брак се склучи во црква, ни лажица затропа на семеен неделен ручек, ни обител остана целомудрена. Ние не раѓавме, земјата не раѓаше, оти не ја работевме. Се затворија и утробите женски и земјата.
На едно место во Новиот Закон пишуваше: „И немој да го мразите и пцуете Замокот, оти во зандана ќе изгниете, говор на омраза е тоа“. Татко, кој многу пцуеше, тогаш првпат се посомнева во Замокот, во кој веруваше повеќе и од Бога. Сомнежот му се утрои кога стигна наредба од Замокот да дозволиме прелет на авиони, зашто Централниот замок беше решил да го бомбардира соседниот, северен oкруг, од кој земавме невести, а и тие од нас. А го казнија поради непослушност: не дале дел од земјата нивна вековна. „Е како сега, пцуење се казнува, а бомбардирање не? Кој повеќе мрази – оној што пцости фрла или оној што бомби фрла?“, мудруваше татко, ама пак си остана мадро, чекајќи ги сомуните.

И потем летаа авиони преку полињата наши житородни а запустени, и фрлаа бомби таму, кај соседниот замок. И никој не писна против, дури ни учителите селски во округот. Некој пронесе вест дека тие бомби отровни биле, и дека и во нашите билки навлегувале. И поарно што не садевме ништо, да не се отруеме од лебот, поарно што нивите ни станаа троскот и плевел. И пак чекавме, ама од сомуни – ништо.
Потоа, Давиде Недолетниот донесе вест дека имало и друг централен замок, на исток. И дека бил таму на визита, кај некој роднина далечен, зашто слични јазици сме зборувале: варварски, што ги нема на електрични апови, ама разбирливи. И рече дека тој источен замок е во војна со оној на запад, за кој ние дотогаш единствено знаевме. Се судриле Источниот и Западниот замок, а Давиде тврдеше дека било токму околу законот дека секој може да спие со секого, што значеше – секој може да биде и женско и машко, како што сака, дури и едно и друго во исто време. Другпат, пак, рече дека западниот замок се колнел во кукест, а источниот во чесен крст, и затоа се биеле, ама ние, простички, не разбиравме што е тоа кукест крст: ние и чесниот веќе го подзаборавивме чекајќи. И никој не му веруваше, сè до моментот кога не му ги исекоа јавно, на плоштад, сите пет прсти со секира, нашите од Замокот. Зошто? Му најдоа вреќа пченица од Источниот замок и книги на наше, старо писмо условени. Рекоа тоа била пропаганда против централниот замок, кој, ете, поради такви како Давиде Недолетниот, уште не ни праќа сомуни.
И тогаш, мајка умре од глад, чекајќи. И многумина други умреа од глад. Останавме татко, јас, брат ми и две сестри. Јадевме бобинки, дренки, капинки, кора од дрвја, што ќе најдевме. И ги чекавме топлите сомуни од Западниот замок. Но немаше ништо. И тогаш се случи чудо: постарата сестра се вљуби во човек избркан од нашиот Замок. Тој никогаш никому ни збор не рече – зошто е избркан, иако замокот тврдеше – источен шпион бил. Го зедовме за зет. А тој рече: „Нашиот замок не постои, зашто не може да постои власт без луѓе; дајте да се спасуваме. Што чекаме? Оние во Замокот се капат во млеко, а јадат мед и ореви – тоа го добиваат од Централниот замок. А ние?“
И зетот, точно на годината од смртта на мајка – почна. Татко најде една стара вреќа пченица и зеде два заграба за душа на мајка. Остатокот го зеде зетот, и, откако ја исплеви првата нива, го посеа. Потоа ги исплеви и сите други ниви и посеа. Другите во округот го гледаа сомничаво, зашто сите секој ден ги чекавме топлите сомуни од Централниот замок. Дојдоа и од нашиот замок и прашаа: „Каква е таа контрареволуција? Зошто садите?! Па чекаме сомуни, само што не стигнале! Се сомневате во искреноста на Централниот замок?!“ И за малку ќе го затвореа зетот, под обвинение дека не верува во Централниот замок. За среќа, зетот најдобро го знаеше јазикот на луѓето од Централниот замок, и овие од нашиот замок не го убија, зашто слабо стоеја со буквите, па одвреме-навреме, кога ќе стигнеше некој ферман од Централниот, го викаа да им преведува. Само тоа и го спаси.


А кога летото ги спакува своите шатори, сите сфатија: земјата роди, првпат по години, откако беа ветени топлите сомуни. И роди пребогато. Следната пролет, сите ги оплевија нивите и засадија од старите вреќи пченица, од предци оставени. И повторно земјата роди пребогато. Нашиот округ се крена. Почнаа да спијат и мажи со жени, во црквата се венчаваа вљубените, ангели слегуваа да ги благословат и полека се слушнаа и детски плач и тропкање на казани и лажици во недела: обителите се обновија, пород се намножи, земјата раѓаше како луда. И токму кога изгледаше дека можеме сами, дека сме си доволни себеси за среќа, дојдоа повторно нашине од замокот. Беа многу лути. Рекоа: „Триесет години пот и крв лееме во преговори, а вие уништивте сè за една година. Старите закони ги вративте, новите ги отфрливте. Спакувајте си сè што имате и магла од овде!“
И извадија некои тапии, со кои нашиот округ веќе не беше наш, зашто му го беа смениле името. Попусто татко вадеше тапии со кои докажуваше дека нивите се од прадедо. Сите тапии станаа лажни, зашто се однесуваа на округ што веќе не постои, па ни рекоа да си го бараме нашиот округ по лицето од земјата, можеби ќе го најдеме некаде. Потоа му се смееја на татко. Најдрско побараа ракија и јастија, да се гостат. Татко ги одведе до подрумот, пред полна бочва ракија и им рече: „Гледате дека немам ракија?“ „Како немаш, што е ова буре?!“ викнаа тие. А тој им рече: „Бидејќи сè прекрстивте, решив и јас да си ја прекрстам ракијата. Имам право, моја си е. Отсега ракијава се вика мочка. А јас сум домаќин човек: со мочка не гостам добри, видни и големи луѓе.“
Го претепаа татка, го испија бурето и се вратија во замокот. На соседите им се заканија да седат мадро, да си останат невработени, зашто само што не стигнале сомуните. А ние заминавме да си го бараме нашиот округ, некаде. И, еве, се движиме. Кој сака да чека нека чека. Нам ни треба само една обична нива по лицето од Земјата. Ништо друго.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/prikazna-za-chovekot-shto-go-ostavija-da-cheka-topli-somuni/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Сре Мај 03 2023, 10:55

Пишувал глупости благодарение на СДСМ И Ковачевски. Во време на дпне новинарите лежеа по затвори и се давеа во кофи со вода.

Македонија е на 38 место според слободата на медиумите, според новиот извештај на организацијата Репортери без граници.
Во извештајот опфатени се 180 држави од светот, а Македонија забележува скок од 19 места во однос на лани.
 

https://makfax.com.mk/makedonija/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-38-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-180-%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%B4/
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER Сре Мај 03 2023, 17:10

Skok od 19 mesta. Bravo za SDSM.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 963
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Сре Мај 10 2023, 18:55

Битка што мораме да ја добиеме
Александар Литовски


За жал, ќе биде потребно и понатаму да се расправаме и да се бориме со антимакедонци кои, или побегнале од психијатриските установи, или се наследно во крвно сродство со старите врховисти и фашисти, или се доверители на соседните разузнавачки служби. И, бидејќи немаме резервна татковина, оваа „битка“ за зачувување и афирмација на сопствениот македонски национален идентитет, која ни е наметната, ние Македонците, едноставно – мораме да ја добиеме./i]
За жал, ќе биде потребно и понатаму да се расправаме и да се бориме со антимакедонци кои, или побегнале од психијатриските установи, или се наследно во крвно сродство со старите врховисти и фашисти, или се доверители на соседните разузнавачки служби. И, бидејќи немаме резервна татковина, оваа „битка“ за зачувување и афирмација на сопствениот македонски национален идентитет, која ни е наметната, ние Македонците, едноставно – мораме да ја добиеме.


Проблемот поврзан со оспорувањето на нашиот македонски национален идентитет лежи не само во агресивниот големобугарски експанзионизам, туку и во нашиот десничарски национализам, кој е несигурен и неконзистентен заради тоа што во почетокот на деведесеттите се втемели, прво, врз антимакедонскиот национален идеал што низ историјата се нарекува бугарски врховизам и неговите подоцнежни антикомунистички деривати и, второ, врз православниот националистички фундаментализам поткрепен со митот дека нашата црква, нашите црковно-православни попови, нашите монаси, го бранеле македонското национално име и ја помагале македонската национална борба, што не може да се поткрепи со никакви факти, туку напротив, освен неколку чесни исклучоци, пред четириесет и петата година од минатиот век, сиот црковно-православен клер бил составен од службеници на српската, на бугарската или на грчката црква и ги спроведувал националистичките политики на своите држави.

Натаму, оспорувањето на нашиот македонски национален идентитет е поврзан со сè она што се случуваше со македонското револуционерно движење, од основањето на Македонската револуционерна организација под егзархискиот „чадор“ на царфердинандова Бугарија, па до нејзините десничарски, легални и нелегални, деривати во наши дни. Како една идеја за слобода и национално самопотврдување може да се изобличи до ниско и туѓонаемничко политиканство и отворен тероризам, до грандиозна измама во корист на големобугарските интереси, до измама што со децении може да пустоши низ главите на една провинцијална, селска, заостаната и мизерна емигрантска полуинтелигенција во Софија и низ главите на она множество полумакедонци кои беа претворени во, безусловнолојални, царски главорежачи низ Македонија и Европа, сè уште, чека историски објективно и македонистички да ни биде прикажана. Во секој случај, мора да се знае дека изолирани и константно раздразнувани со сите средствата на една силна големобугарска пропаганда, сите тие македонски одроденици, секогаш биле наркотизирани со ројалистичкиот големобугарски национален романтизам во форма на „автономија на Македонија“ како етапа за „соединување на Македонија со мајка Бугарија“. Воопшто нема да се погреши ако се каже дека од сите корозивно антимакедонски компоненти во процесот на развој на македонската национална свест, бугарската пропаганда, и пред, а особено по создавањето на Егзархијата, беше најтоксичниот и најштетниот елемент во македонскиот национален развој.

Оттаму, состојбата на фактите во нашето „големо македонство“, во нашиот „патриотизам“ денес е такво што на една страна се големите, леви и десни, македонски „патриоти“ кои во текот на транзицијата се претворија во тајкуни, олигарси, буржуи или, како што некои се претставуваат, „средно богати бизнисмени“, и кои се гоштеваат со печени прасиња и јагниња, со кавијар и лосос, а на другата страна обичните пауперизирани Македонци кои се (само)продаваат низ пазарите на човечко месо низ Европа и Америка. Секако, не верувам дека некој може сериозно да тврди дека нашите транзициски тајкуни со своите трговски синџири, хотели, фабрики и банки се грижат за интересот на македонскиот народ, дека многу се „заљубени“ во македонството или дека ги бранат интересите на Македонија. Та, некои од нив се јавно експонирани вљубеници во соседските пропаганди или, дури, прикриени агенти на странски тајни служби.

Од анемичната родољубивост на тајкуните и од токсичната љубов кон забеганото „библиско“ и „античко“ македонство на „професионалните патриоти“, односно на оние матни психотични ликови што по трибини, на плоштадите, низ електронските и пишани медиуми „сечат вени“ за Македонија,  на татковината не ѝ се случуваат добри и полезни работи, туку напротив, од година во година ѝ станува сè полошо и полошо на сите полиња. Впрочем, плачењето на нашите пијани и дрогирани националисти и користољубиви малограѓански тајкуни за наводната политичко-национална импотенција на македонските луѓе, за тоа дека „нè не бива“ за да имаме своја држава, што попатно кажано е неточна и понижувачка теза, е предавничка нарација конструирана за да се прикрие сопствената национална инфантилност и одроденост, значи, тоа плачење и пиштење, не е само досадно и недостоинствено, туку е и крајно бескорисно и штетно.

Така, заради десничарското врховистичко одродништво, континуитетот на македонската срамота уште трае. Се чини дека нашата грда историја, сè уште, не го завршила својот крвав и предавнички ôд, од Гарванов, Бабунски и Коте до денешниве врховистички вљубеници во национализмот и историографскиот, антикомунистички и антимакедонски, ревизионизам на Софија или Белград. Затоа, за жал, ќе биде потребно и понатаму да се расправаме и бориме со антимакедонци кои, или побегнале од психијатриските установи, или се наследно во крвно сродство со старите врховисти и фашисти, или се доверители на соседните разузнавачки служби. И, бидејќи немаме резервна татковина, оваа „битка“ за зачувување и афирмација на сопствениот македонски национален идентитет, која ни е наметната, ние Македонците, едноставно – мораме да ја добиеме.

(Авторот е историчар)

https://www.slobodenpecat.mk/bitka-shto-morame-da-ja-dobieme/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Мај 14 2023, 15:05

Излез од ќор-сокакот е слепа улица


Боже, каква тензична психодрама! Опозициски настроената јавност составена од политичари, медиуми и експерти, во одбрана на нежната Европска Унија накитена со западни вредности. Злоупотреба на европско знаменце, тоа малечко, ама божествено орудие за доживување цивилизациски оргазми. Оти, нели, досега никогаш не било злоупотребено. Дали тоа власта потпадна под руско влијание, па тргна против светата европска мека столица? Мојот изопачен ум веднаш започнува да произведува дузина наслови.
Таче и Груби како Путин и Распутин!
Ексклузивно: Октроираниот премиер Ронг Харвард всушност бил Риал Ломоносов.
Научниците пресекоа: Артан Груби е реинкарнација на Иван Грозни!
Јавноста грмна: Брисел не смее да падне!
Дали зад името „Бехтел и Енка“ се крие нова руска антиевропска офанзива на Иљф и Петров?
Брејкинг њуз: Ричард Гир ќе ја игра главната улога во новиот блокбастер „Страдањата на еврошефот Гир“!
Патем, во смешната и гротескна „тепачка“ меѓу нордистанската власт и европската мисија во Скопје, јас сум на страната на спонзорите на октроираниве, односно навивам за коњокрадците од Дивиот Запад. Искрено, Нордистан си е ваш протекторат и вие, а не СДСМ и шарените луѓенца, за ова се боревте. Оти секогаш кога се злоупотребуваше европско знаменце за идентитетска ЕУтаназија на Македонците, бриселскиве мисионери не само што не се бунеа туку го поддржуваа софистицираниот холокауст врз нас и нашето битие. Така е и сега, кога ЕУ вермахтот го промовира бугарскиот нацифашизам кон Македонија ставајќи го како услов за пристапни преговори. Оттука, баш ме чуди што некои се чудат како тоа шведската амбасадорка нè нарекла нордистанци (на шведски: северномакедонци). Јас, искрено, од разговорите што сум ги имал со Один, Тор и Локи, инаку мои пријатели и стратешки партнери, одамна знам дека Швеѓаните во Валхала можат да влезат само како Северни Данци, ама мислам дека некои дамнешни одговори не заслужуваат модерни, бесмислени прашања, па така не се нервирам многу околу изјавите на некој таму дипломатски чиновник чии муабети ама ич не ме возбудуваат како, на пример, мирисот на диви јагоди од бавчата на госпоѓица Јулија, која живее под кирија кај Пипи во Вилата Вилекула. Со шведски амбасадори завршив, откако видов како онаа нивна будала се пали кога облекува млад Ром во пелени. Ваквите политички настраности едноставно се губат пред мојата љубов спрема цивилизациските вредности како оние на Линдгрен, Стринберг и Бергман.

Понекогаш, една мала расправија, разговор или коментар знаат да ја покажат целата форма без суштина во која се наоѓа човештвото и денешната цивилизација. Човек што присуствувал на воената парада во Москва по повод Денот на победата над нацизмот, постира на Фејсбук неколку фотографии од манифестацијата. Под една од тие фотографии, каде што во заднина се гледа ракета со нуклеарна боева глава или како веќе и да се нарекува, се јавува претставник на интелектуалната бижутерија од граѓанството луѓенца на воук и кансел културата, кој себе се доживува како врвна етичка величина, па од позиција на прогресивен елитист крикнува: „Што друго досега измислил Русинот освен бомба?“. Нормално, тука се јавуваат неколкумина, па едни му објаснуваат кој прв и единствен фрлил атомски бомби врз луѓе, а други го прашуваат дали некогаш слушнал за Менделеев и Павлов, што реално, според мене, се залудно потрошени зборови на објаснување, оти во она негово глупаво прашање не се крие само бесмислена омраза спрема еден народ и неговото постоење, туку сета поента на духовното распаѓање на западната мејнстрим „култура“ што се етаблира себеси како единствена вредносна платформа, која не само што силува со својата наметливост, плиткост и ароганција туку налудничаво гази врз вистинските западни цивилизациски вредности, па така, сведоци сме на цензури, забрани и хистерија спрема ремек-делата на Микеланџело, Шекспир, Монти Пајтон, кои се прогласуваат за сексистички, порнографски, расистички, мизогини, хомофобични и слични наративи на политички коректниот прогресивен фашизам. Затоа, воопшто не ме чуди кога портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, вели дека Втората светска војна завршила со победа на САД против фашизмот.
Па, нормално! Додуша мене ми пречи терминот фашизам. Политички коректно е тогашната администрација. Не знам само зошто не е споменат нацизмот како руска подметачина во германското секојдневје, преку кој Русите сакаа да ги истребат Евреите, кои за среќа беа прифатени и згрижени во Холивуд. Патем, Втората светска војна започна со американскиот напад на Нормандија, а заврши со капитулација на Јапонија, по двете руски атомски бомби кои Американците по грешка ги фрлија врз Хирошима и Нагасаки.


А Русите? Учествуваа ли тие во Втората светска војна?
Ма, јок! Додека американските и западноевропските херои водеа жестоки војни со тогашните администратори, Русите спроведуваа робовладетелство врз Афроамериканците, но, за среќа, Мартин Лутер Кинг им покажа среден прст, за што беше и ликвидиран од страна на КГБ, кои најрасистички го нарекуваа Мартин Лутер Кинг Конг.
Да, знам, звучи налудничаво и можеби цинично смешно, ама како сме тргнале, на крајот сите ќе плачеме. И на Исток и на Запад. И горе и долу. Оти за плачење е работава, иако и солзите нема многу да помогнат. Отиде светов, по ѓаволите. Ниту во оној среден век, наречен мрачен, светлината не била толку мрачна како денес. И не, не зборувам за можна нуклеарна војна, која ни виси над главите. Човештвото фати џенем и без украинските ровови или другите планетарни крвопролевања. Влеговме во цивилизациски ќор-сокак, ама враќањето назад е слепа улица. Нашата цивилизација ја пее својата лебедова песна и нејзиниот рефрен воопшто не е пријатен за слушање. Технолошката експанзија само ни го одвлекува вниманието и привидно нè штити од фактот дека сме во духовна, интелектуална и емотивна дистопија. Ќе ви кажам еден ироничен и навидум бесмислен доказ, кој вели дека во првиот половина час, откако ќе го загубите мобилниот телефон, се чувствувате беспомошно и ве обзема паника, која гласно изговорена звучи вака: „Сè ми е во телефонот!“
Точно! Дури и душата. Тоа е баналната, ама стравична вистина.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/izlez-od-kjor-sokakot-e-slepa-ulica/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Мај 20 2023, 15:56

Како да го откриете својот розов крокодил?
Од Александар Русјаков


1. Бугарија ни го прави она што Русија ѝ го прави на Украина.
2. Европската Унија загрижена поради знаменцето што власта сака да го закачи на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој американската амбасада смета дека е добар и транспарентен.
3. Американската амбасадорка не се меша во договорот со „Бехтел и Енка“, ама ја искара непослушната опозиција, која зборува против тој договор за да собира политички поени.
4. Опозицијата ѝ се руга на власта кога ЕУ ги критикува, власта ѝ се сити на опозицијата кога американската амбасада ги кара.
5. Опозициски настроени медиумџии и експерти сметаат дека поради поддршката на американската амбасада за власта и нивните коруптивни зделки, глупиот народ се пали на Русија и Путин.
6. Мај се однесува како ноември. Небото над Нордистан се умислува дека е небо над Јоркшир. Глупо е да се споменуваат ХААРП и слични теории на заговор, ама не е лошо да се провери дали Путин „се понаша“ како волшебникот Мерлин, па фатил да го мати времето за прогресивниот прозападен, цивилизиран и антируски настроен нордистанец да се чувствува како накиснат глушец.
7. Розовиот распеан крокодил, облечен како Фред Астер и нозе добро потковани со чевли за степување, застанат на дожд среде нордистанска дистопија, крајно е збунет и се прашува, што по ѓаволите бара среде колумна во сабота наутро?

Добар ден, публико! Како сте? Се надевам добро ве изморија речениците што досега ги читавте, па силно му се израдувавте на розовиот крокодил што се појавува во седмата ситуација. Знам дека му се радувавте, патем овој розов крокодил е моја комбинација од седумте светски чуда, седмата сила и седмата уметност. Секогаш ми доаѓа на гости во умот, кога ќе видам дека гротеската се облекла секси, па сака да ме однесе на вечера за да ми зборува за рационално доживување на геополитика надградена со западни вредности, по што секако треба да одиме во нејзиниот апартман на крајот од логиката каде што до вечноста и назад ќе си разменуваме садомазо-страсти камшикувајќи си ја интимата, оти така прават сите вљубени стратегиски партнери.
Претпоставувам дека сега и вие сакате да научите како во мислите да ве посетува мојот розов крокодил за да ве спаси од предозираност со реалполитика, анализи на истата таа и заклучоци што ги извлекуваат нашите врвни политичари, експерти, интелектуалци и новинари.
Е па, еве го рецептот!
За почеток добро проветрете ја кујната од руска пропаганда, поразговарајте со локалниот егзорцист, кој ќе ве посоветува како да се справите со руска или кинеска демонологија. Сега сте спремни за готвење. Уште еднаш, внимателно прочитајте ги првите пет ситуации на почетокот од колумнава. Онаа шестата, каде што Путин преправен во Мерлин, инаку другар на еден Јенки во дворот на крал Артур, се меша во нордистанската метеорологија, тргнете ја настрана, оти ќе ви треба за подоцна. Откако повторно ги прочитавте првите пет ситуации, ставете ги во блендерот на новата нормалност, па добро измешајте и зачинете со западни вредности. Внимателно анализирајте ја смесата што ја добивте. Следува резултатот што треба да го добиете.
Бугарија му го прави на Нордистан истото што Русија ѝ го прави на Украина. За ова свое „правење“, Бугарија има психијатриско пусулче наречено француски предлог во кое пишува дека бугарската политика е со здрав разум и чиста совест, понатаму има поддршка од ЕУ, како и дозвола од САД. Ако не ми верувате, консултирајте се со својот матичен лекар, родител 1, старател 2 или само прашајте го Ескобар (не, Пабло).


Оттука, излегува дека САД и ЕУ се Русија. Прашањето што ве измачува, а гласи, зошто тогаш Нордистан не им го прави на САД и ЕУ, тоа што Украина ѝ го прави на Русија, спаѓа во оние прашања што не заслужуваат ниту одговор, ниту датум за пристапни преговори со логиката, оти за да се стигне до неа е потребно да се ископа цел еден коридор низ безумноста. Околу тој коридор, како дел од бурлеската, на чуден начин се конфронтираат истите оние САД и ЕУ, кои се Русија. ЕУ не сака да го даде своето знаменце за тој коридор, за кој претставниците на САД во Нордистан сметаат дека е добар и транспарентен. Оттука, станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ, кои собираат политички поени плукајќи го договорот, се за ЕУ, а СДСМ и ДУИ, кои сакаат да го спроведат по секоја цена и провизија, се за САД. Ама па САД и ЕУ се Русија, па така доаѓаме до прашањето кој од овие два ентитета (САД/ЕУ) се прогресивна прозападна Русија, а кој е варварска Путинова Русија. За да се пресече Гордиевиот јазол, најдобро е американската амбасадорка да напише епистоларен роман преку кој ќе дознаеме дека сите во еден момент згрешиле, зашто гнасната пропаганда на Путинова Русија им подметнала погрешни информации во прозападната прогресивна Русија. А потоа, секој секому треба да му се извини, оти биле фатени во руска стапица, па братски, сестрински и џендер неутрал да се прегрнат и заедно да ја запеат северноданската победничка песна од „Евровизија“, по што нормално, оти мора некој да ја преземе вината, да се обвини народот како глуп, бидејќи му се намалиле евроамериканските крвни зрнца, а му се покачил руски притисок, но, за среќа, тука се нордистанските политичари, експерти, новинари и пред сè интелектуалци, кои секогаш имаат дијагноза за глупоќата на заблудените народни маси.

Откако сето ова добро го замесивте во вашата свест, време е од потсвеста да го извадите Путин преправен во Мерлин, кој прави магии над Нордистан, обидувајќи се да донесе библиски потоп за новата нормалност. Ако сте добро информирани, а се надевам дека не сте, ќе знаете дека Путин не се преправил во волшебникот, туку во Мерлин Монро за да пее роденденска песна кај Трамп, преку која ќе му овозможи на љубителот на порноглумици уште еден претседателски мандат. Ова ви е десерт и јадејќи го, веќе ѕиркате во непредвидливата иднина каде што конечно ве чека мојот розов крокодил, кој сè уште се прашува што, по ѓаволите, бара во колумнава. Слободно јавнете го, нема да ве изеде. Напротив, ќе ви раскаже како триесет години САД и ЕУ тераат варварска антимакедонска политика со примеси на модерен нацизам преку кој ни спроведуваат идентитетски холокауст, Русија реално ја заболе уво за нас, сеедно што демагошки мудрува за некаква правда, антифашизам и немешање во туѓи дворови, а ние, среде овие две џиновски фрустрации од запад и исток, заглавени сме со некреативни, ама арогантни и самобендисани марионети од лева, десна и некаква си трета опција, сите без форма и суштина, кои се доживуваат себе како политички величини помогнати од робовите на просечноста, златни рипки и печурки, сите до еден калемени по иста евроатлантска матрица, а наречени новинари, експерти и интелектуалци.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/kako-da-go-otkriete-svojot-rozov-krokodil/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by alienmk Чет Јун 15 2023, 21:42

Krmov za TV24.

Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ е постепено омекнување на позицијата и ќе си легнат на брашното на крај, вели Крмов
ОдСкопје 1Објавено на 15/06/2023

https://skopje1.mk/archives/224860

alienmk

Број на мислења : 382
Join date : 2018-11-22

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јун 16 2023, 16:43

За жал не може да се има 100% доверба во никој. Мене лично ми пречи тоа што во Уставот се двоиме по национална припадност наместо да имаме граѓански Устав во кој сите сме државјани на Македонија, а приватно секој може да си биде што сака. Противник сум на фашистичките делови од Рамковната спогодба внесени во Уставот, по кои на пример за вработување во државна служба не се бара квалитет туку етничка припадност. Реално не ни етничка туку партиска. Ако најспособниот Македонец или Албанец или друг е член на друга или не е член на ниту една партија, не може да добие работа. Прифаќам дека е добро во средина во која има многу што говорат и друг јазик освен македонскиот добро е да се вработи некој што го знае тој јазик, но не мора да е од тоа малцинство. Најмал проблем со нашето зачленување во Еу е запишувањето на Бугарите во Уставот. Поголем проблем се двата протокола што се спомнуваат и со кој Бугарија добива право директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, во образованието, научната и секоја друга мисла и да не набројувам. Кај нас е проблем доколку понатаму се испостави дека влезот на Бугарите во нашиот Устав нема да донесе и влез во ЕУ, како што не ни донесе прифаќањето да немаме име туку референца (БКРМ), кога присилно го сменивме знамето не е така лесно тие да се избришат. За тоа може да има внатрешно вето од малцинствата и да нема Бадинтерово мнозинство. За жал најголемото малцинство, кое се замислува и за жал со помош на македонските предавници се однесува како да е мнозинство дава многу мала поддршка на зачувување на нашиот идентитет.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Јун 17 2023, 13:49

Се нервирате што не може да спроведете и физички геноцид, така?

Море, семето да им се сотре! `Ба им стопанката!
Вака Македонците, на македонски, ги пцуеле германските нацисти, на почетокот од Втората светска војна, кога овие им парадирале низ селата со своите кукасти крстови, шмајзери и шлемови. Вака ги пцуеле и на крајот од војната, кога заедно со нивните сојузници, бугарските нацифашисти, разгаќени ги набркале од Скопје. На ист македонски пцуел и Драган од Охрид, кој во 1492 година, како член на посадата на Колумбо, запловил накај Индија, ама ја открил Америка. На истиот убав македонски јазик го пцуеле и Кубер во 680 година, првиот Бугарин што стапнал во Македонија. Го пцуеле, ама не ги разбрал, оти пустиот зборувал огурски јазик. Сочните македонски пцости првпат ги разбрале неговите потомци, дури во 893 година, кога го прифатиле македонскиот јазик, познат и како старословенски, за свој официјален. Со истите стари македонски пцости се расфрлале и Македонците што ја виделе средновековна Западна Европа, оти не можеле да поверуваат дека, додека кај нив дома се случува македонска ренесанса, ваму се палат жени како вештерки.

Затоа, ќе го замолам германскиот амбасадор да им пренесе на своите соплеменици од Бундестагот нека не се потат многу со глупави политички финти наречени резолуции за посебноста на македонскиот идентитет, јазик и култура, оти постоеле многу време пред тие да халуцинираат жени на метли. Патем, нека прават разлика меѓу јазик што се зборувал од памтивек и стандардизација на истиот тој. И наместо да ни продаваат глупави политички штосови, како оној кога САД демек го признаа уставното име на Македонија, нека си ги гледаат „леопардите“, оти мечки им ги изедоа сосе тевтонски крстови, гасеници и нишани.


А ме изненади словенечката претседателка со блесаво презиме. И таа ни продава политички будалаштини, демек и тие, Словенците, морале да го сменат Уставот за да влезат во ЕУ, иако сите знаеме дека нивното тогаш нема никаква врска со нашево сега. Словенечката претседателка бара од нас да ги напикаме Бугарите во Уставот, што не е проблем ако Бугарите ги признаат Македонците во Бугарија и ги напикаат во својот устав, но и да престанат да негираат македонски народ, историја, јазик и култура и да ги присвојуваат како бугарски.

Ќе се обидам на словенечката претседателка симболично да ѝ објаснам што е проблемот. Ако ги ставиме Бугарите во Уставот, а тие продолжат да инсистираат дека Македонците се измислен народ што зборува бугарски дијалект, тогаш и Словенците имаат проблем. Словенија се наоѓа на Македонскиот (Балкански) Полуостров. Словенците се едно од македонските племиња, а словенечкиот јазик е дијалект на македонскиот. Со поддршка на бугарските барања, официјална Љубљана јавно признава дека Словенците не се Македонци, туку Бугари. За да не дојде до вакви нелогични будалаштини, ќе ја замолам словенечката претседателка да не продава политички демагогии, ами да се фати за работа и да побара да се отвори словенечкиот устав, па во него да се внесат Македонците, не само како државотворен народ туку и како цивилизациска вредност од која произлегува словенечката идентитетска приказна. Знам дека претседателкава е доволно интелигентна за да го разбере мојот симболичен цинизам, како што знам дека ќе продолжи, исто како и нејзините западни колеги, да ја турка антимакедонската нациагенда.

Но, имам уште нешто да додадам. Не само Словенија, сите западни земји треба да ги отворат своите устави и во нивните преамбули да го додадат следново: „Западната цивилизација се држи на три столба: политички, филозофски и религиски. Политички, тоа е глобализмот. Модерната западна култура, филозофски се држи за Аристотел. Религиски, тоа секако е христијанството. Глобализмот го научија од Александар Македонски, Аристотел е Македонец, а христијанството во Европа го донесе Свети Павле, преку Македонија. Оттука, трите цивилизациски столба на кои почива западната цивилизација се дојдени од Македонија“.

Во ред, доволно цинизам. Повеќето од западниве бирократи не ни имаат интелектуален капацитет да го разберат. Тоа што многумина тука ги доживуваат како божества е уште повеќе цинично смешно. Мене ми е совршено јасно дека тие ќе продолжат со агендата. Подосадни се од црниот ѓавол, оти знаете, крајно е упорен во својата мисија да ти ја земе душата. Е овие, кај упорни, ама и гротескно досадни, не се ни обидуваат малку да импровизираат и да се помрднат од планираното им нацисценарио. Како пред договорот во Преспа, така и сега. Ќе се редат со глупите пораки и закани, додека не дојде на ред „новиот Хан“, кој ќе побара да се спроведе чист западен варваризам за непослушните, ама облечен во лажно руво наречено „балкански методи“. И веројатно ќе си ја остварат планираната мисија, исто како со нацидоговорот од Нивици.

Не знам како да им објаснам, ете, го истераа своето, го укинаа македонизмот создавајќи го зомбите Нордистан и неговите нордистанци, им доделија половина од нашиот идентитетски код на Грците, сега ќе најдат начин како другата половина да им ја препишат на Бугарите, оти, нели, секогаш тука им се на помош нашите политички глуварчиња (нека ми простат глуварчињата за поганата споредба), ама боже ми прости, толку ли се глупи и прогресивно неписмени? Знаат ли воопшто историја?

Барем сопствената. Како не им е јасно дека ова нивново, сосе нашево предавничко, привремено е. Сега им успеало, но не е за навек. Нели така си мислеа и во 1913-та? Нас сега нè победија, не дека бевме некој сериозен отпор, иако мора да се признае дека и повисоките однадвор и политичкиве џуџиња однатре, гадно, до хистерија се препотија, но битките, од позиција на неприкосновена, а изопачена моќ, ги добиваат, ама сепак, еве ви од мене уште едно психоисториско пророштво. Идните генерации Македонци, кои ќе ја вратат душата на Македонија, а тоа ќе се случи, во историските учебници ќе споменат за една флека од повраќаница, наречена Нордистан, создадена од тогашната „коминтерна“ на САД, ЕУ и НАТО, со помош на домашни квислинзи чии имиња е небитно да се споменат, која постоела еден период како нечистотија што потоа засекогаш била отстранета. Ете, така ќе биде, никако поинаку, иако најверојатно, ниту вие, ниту ние, нема лично да посведочиме. Знам, знам, многу се нервирате што не може да спроведете и физички геноцид, оти преочигледно ќе биде.

П.С. Уф, сега ќе се јават буквалисти, ЕУ/НАТО фундаменталисти и историски фаталисти, ама па ако не ми верувате, ѕирнете во психоисториската крипта на Хари Селдон, таму ви е сè запишано.

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/se-nervirate-shto-ne-mozhe-da-sprovedete-i-fizichki-genocid-taka/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Саб Јун 17 2023, 20:43

ЗАПАДОТ СЕ ПОТПИРА НА ИЗМАМНИЦИ Зеколи за крахот на ЕУ и САД архитектурата на Балканот
Ние сме виновни, ние самите. Зашто ние слепо верувавме и треба да преземеме одговорност. Која е користа – веќе – да бараме дипломатите да го прифатат својот дел од одговорноста. На крајот на денот, тие се само гастербајтери.


Екс амбасадорот и политички аналитичар Арсим Зеколи со лична анализа за улогата на САД и ЕУ во пропаста на Балканот каде своја огромна вина имаат и локалните елити но и елитите кои што се под контрола на Вашингтон и Брисел.

,,Нешто лично: Повеќе од 40 години ги следам настаните во регионот. Секојдневно/неделно се информирани од Данас, Младина, Вечерњи Новости, Нин, Време, Коха, Зери, Наши Дани. Сведок сум како западната архитектура била изградена низ регионот. Сведок сум на највисоките и најниските точки на западната дипломатија.

Не знам како ќе заврши кризата, но се чувствувам удобно да кажам дека без разлика на се – архитектурата изградена во регионот де факто – не де јуре – веќе пропадна. Западот сега се потпира исклучиво на измамници и токенисти, но ја изгуби довербата на народот. Особено на младите”, пишува Зеколи кој смета дека западот удобно живее во балон со нивните презрени „локални претставници“, вклучени во инцестуозна политичка дегенерација што не произведува ништо добро, здраво.

,,Тие немаат поим од разговорот на улица, и бидете сигурни дека тоа е слично на „арапската улица“ пред арапската пролет.

Не се сеќавам на ова ниво на акумулиран гнев, незадоволство. Помина времето кога младите цинично коментираа кон западните дипломати, а политичарите ветуваа Цукервасер (ШЕЌЕРНА ВОДИЧКА). Сега пцујат и не ги ни слушаат. Не се слушаат ниту обидите да им се објасни”, смета Зеколи кој секаде го забележува истото, одбивање на младите да слушаат евро-говор и да ги прифатат токенистичките псевдореформатори израснати во политичките фарми на фондациите на ЕУ и САД.

,,Наместо да ги зближат, тие ги гледаат како провокација, како навреда, како на напад на нивното достоинство.

Достоинство, збор кој дипломатите го презираат и го сметаат за некомпатибилен со регионот и нивните марионети. И отсуството на зборот ги натера младите да одбијат и да не веруваат во се што содржи „проширување“ или „европски вредности“. Тие гледаат што претпочитаат ЕУ/САД и заклучуваат: тоа е лага.

Единствениот успех што ЕУ го постигна во овие 20 години е навистина да го претвори Балканот во џунгла, да ги претвори проекцијата на Купер и заклучокот Борел во реалност. Не, ние никогаш не бевме „сјаен град на врвот на ридот“, никогаш не бевме некој Камелот. Но, по ѓаволите, ние исто така не бевме џунгла.

Но, горчливата вистина е следна: со секој дипломат, во регионот се отвораа фундаментални, евро-делегации, советодавни канцеларии на УСАИД – омразата, криминалот, корупцијата, непотизмот, ароганцијата, дехуманизацијата само се зголемуваа, никогаш не се намалуваа. А сепак, вината секогаш беше наша, никогаш на наставниците” порачува Зеколи кој уверува дека неговата анализа нема за цел да започне игра на обвинување.

,,Ние сме виновни, ние самите. Зашто ние слепо верувавме и треба да преземеме одговорност. Која е користа – веќе – да бараме дипломатите да го прифатат својот дел од одговорноста. На крајот на денот, тие се само гастербајтери.

Направена е штета. ЕУ исфрли се што беше европско од Балканот. САД снема пари во „најдобро-најсветлиот“. Се за доброто на интеграцијата во ЕУ. А крајот е: ЕУ за кукли: Политичка заедница. Во кои сите се еднакви, но некои повеќе. Така завршува нашиот експеримент на Животинска фарма”, заклучува Зеколи.

https://plusinfo.mk/zapadot-se-potpira-na-izmamnici-zekoli-za-krahot-na-eu-i-sad-arhitekturata-na-balkanot/

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by cvetka Пон Јун 26 2023, 11:17

Obavezno cetivo.

Кога првпат го видов плакатот со повик за протести на 29 јуни (четврток) против донесувањето на законот за родова еднаквост и измените во законот за матична евиденција, помислив дека се работи за – лажна вест! Не само што звучеше гротескно дека како организатор на протестот се јавува Македонската православна црква – Охридска архиепископија, туку на плакатот како место на собирање се наведува – Соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“!

Велам, не е настран само фактот што Црквата се меша во световните работи (навикнавме на тоа), сакајќи да ги уреди човековите права по некои библиски теркови, туку уште почудно ми беше како е можно нашите црковни веледостојници да не го знаат името на Соборниот храм, да не кажам на нивниот патрон? Или можеби сакале да го организираат протестот во комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па малку се збуниле?

Единствен рационален одговор ми беше дека додека го осмислувале протестот, не размислувале со главата, туку со некои други органи, чија намена е сосема поинаква. Барем според природните закони, на кои организаторите толку се повикуваат.

https://prizma.mk/kolumni/za-polot-i-za-rodot/

cvetka

Број на мислења : 248
Join date : 2019-05-30

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Пет Јун 30 2023, 22:24

А која црква во светот поддржува мажи да се претставуваат лажно како жени или жени како мажи. Тука не се работи самоза сексуална изопаченост. Маж може да се прогласи за жена и да отиде во пензија со 62 наместо со 64 години. И каква е таа родова еднаквост ако различни полови одат во различно време во пензија. Како на самопрогласените жени ќе им се изврши гинеколошки преглед. Колку што знам дебелото црево се прегледува на гастро, не на гинекологија.
Инаку против родовата еднаквост на природните и родовите што постојат во умот на некој што физички не му припаѓа на тој род е и исламската верска заедница, но за неа молчат тие што ја напаѓаат МПЦ-ОА.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил Нед Jул 16 2023, 19:11

ЕУ е ќор-сокак, немаме друга алтернатива освен БРИКС

Од Александар Русјаков

Имам многу работа, па не следам Вимблдон, но неколку новинарски написи ми привлекоа внимание. Текстови за Новак Ѓоковиќ. Не станува збор за спортски написи. Едноставно, срамна политика. Политиката и нејзините фрустрации. Не ги споменувам оние текстови на врвни новинари, кои, всушност, ми го посочија она за што ќе ви пишувам, омразата на Западот кон српскиот тенисер, затоа што тие не го отсликуваат западното меинстрим-расположение, туку ја пишуваат вистината, а вистината никогаш не е интересна.
Западот, неговата бесна меинстрим-глутница, го мрази Новак Ѓоковиќ. И како човек и како тенисер. Затоа што е најдобар на светот на сите времиња, а не е од САД или ЕУ, туку напротив, Србин е, горд на корените, остана на своето да не се вакцинира и зашто им го сруши митот наречен Федал, односно битката меѓу Федерер и Надал, бидејќи и двајцата, спортски ги истреска од земја. Толку се хистерични во својата омраза што кутрите мора да навиваат за руски тенисери кога играат против Ѓоковиќ, кои секако ги мразат зашто се Руси, па ги гледаме вџашените Медведев и Рубљов на кои ништо не им е јасно. Омразата кај публиката кон Новак секако е поттикната од кретенски написи на западните меинстрим-медиуми, кои измислуваат секакви одвратни спинови за да го оцрнат Србинот.
Всушност, Новак Ѓоковиќ и без да сака, стана еден вид симбол на отпорот против изопачените погледи на Западот, рамо до рамо со Асанж и Сноуден. Затоа го мразат, зашто не ги дели нивните забегани вредности со кои нас тука, како и секаде во светот, нè отекуваат дека се врвни и приоритетни. Бесни се затоа што нивните деца, како и сите деца, едноставни и искрени, сакаат да бидат како Ноле бидејќи децата сакаат да бидат како најдобрите.
Во меѓувреме почина Милан Кундера, генијалниот Чех, кој стана Французин. Затоа што ѝ се налути на својата татковина, зашто го лустрираа, тврдат дека уништил човечки живот кодошејќи го на комунистичките служби исто како во неговата „Шега“. Кундера демантираше, ги спакува куферите и замина. Мене не ме интересира дали е вистина или не, не ме интересира човекот Милан Кундера. Јас му се восхитувам на уметникот гениј што ги напиша бесмртните „Неподнослива леснотија на живеењето“, „Шега“, „Смешни љубови“. Исто како што не ме интересира дали Езра Паунд бил фашист, а Луј Фернанд-Селин, антисемит. Ама смешни ми се крокодилските солзи на западните лицемерни празнословни меинстрим-медиуми. Сите нешто му оддаваат почит на генијот. Да, оддаваат, иако не се осмелија да го објават писмото на македонските интелектуалци против изопачениот и смрдлив нацидоговор од Преспа, а кое прв го потпиша токму Кундера. Тогаш не им чинеше.

Такви се прогресивните лицемери. Ниту сакаат, ниту почитуваат. Ако за милиметар застраниш од нивната агенда, им се активира омразата. До вчера се лигавеа како „Небо над Берлин“ им е еден од омилените филмови, веќе утре спремни се да го запалат Петер Хандке на клада. До вчера пиштеа против лустрацијата на човекот Славко Јаневски (не на неговата уметност), а веќе денес се ноеви со главите во песок откако се дозна дека „Црно семе“ и „Црнила“ се исфрлени од наставната програма. Таква е лицемерноста на интелектуалната бижутерија со усти полни западни вредности… и грантови.
Ма не, не се они лицемери, тоа јас спинувам дека овие книжевни дела се наставно цензурирани поради нацистичките фрустрации на Грција и Бугарија, со поддршка на ЕУ. Најубавите луѓенца, точно знаат дека книгите се само привремено тргнати поради црнилата што ги внесуваат среде розовата нордистанска стварност. Затоа очекувам, привремено од книжарниците да бидат отстранети „Црвено и црно“, „Црното Лале“ и „Црнината ѝ прилега на Електра“.
Згора на сè, немаат време да се занимаваат со Ташко и Коле, зашто, следам, ловат вештерки виновни за смртта на кутриот Ноа од Белград. Кутар, не зашто е момче што се чувствувало како девојче, негова работа, туку зашто беше брутално убиен од својот љубовник, психопат. И не, не е убиено трансродово лице, убиен е човек. Е ама, за смртта на Ноа да не ти бил виновен убиецот, туку некои институции и личности, кои не им се по ќеф на прогресивните. А кога ним нешто не им е по ќеф, стануваат инквизиција.
Океј, гледам дека интелектуалната некрофилија е дозволена, односно злоупотребата на едно ужасно убиство на млад човек, па и јас малку ќе се занимавам со оваа тема, иако е крајно морбидно, ама они први почнаа. Има след на настани што точно можат да ги посочат главните виновници за грозоморниот чин. Пред да се случи злосторството, се расправав со еден лик, кој ме убедуваше дека мора да го доживувам како пеперутка, оти тој така се чувствува. Јас му реков да престане да ми го опрашува постоењето со своите глупости, бидејќи имам посериозни проблеми натоварени од животот, па се разделивме отерувајќи се во мајчина.


Еден час подоцна налетав на исечок од „Животот на Брајан“ на Монти Пајтон, каде што Стен сака да биде Лорета и да раѓа деца. Џон Клис го прашува кај ќе го зачне детето кога нема матка, во кутија ли? На крајот заклучуваат дека Стен, то ест Лорета, не може да раѓа деца, ама ќе се борат за неговото право… да раѓа деца, односно ќе се борат против здравиот разум. Вечерта видов вест, која вели дека „Бадлајт“ изгубиле милијарди затоа што никој не им го купува пивото поради фактот што во кампањата главен лик е транџа. Вака изопачено поставени работите излегува дека за трагедијата на Ноа, виновни сме јас, Монти Пајтон и Американците што не пијат „бадлајт“.
А не ги разбирам Американците. Да ми е мене „бадлајт“ омилено пиво, баш ми е гајле кого ставаат во кампањата. И Шаленберг да го акнеа на лименка, ќе го пиев пивото. А-ха, Шаленберг, министер од Австрија, кој се истопори со уште два ЕУ-министри среде Скопје. И нормално, веднаш се закани. Демек не доаѓале секој ден по тројца ЕУ-министри во Скопје, ама и ќе сме биле избришани од европскиот пат ако не ги внесеме Бугарите во Устав. Фала му на Бога што не доаѓаат секој ден. И ова е премногу. Немаме никаква корист од нивната бесмисленост. Што се однесува до европскиот пат, тргнете нè веднаш. Вие сте ќор-сокак. За нас, единствена алтернатива е БРИКС. Уф, многу сакам да звучам паметно како нашиве политичари, иако сега мојава единствена алтернатива, одвратна им е. И мене вашето, „немаме друга алтернатива“, одвратно ми е.

П.С. На самитот во Вилнус, Украина доби зелено светло. Ќе ги зачленат во НАТО по завршување на војната. Ама војната не смее да заврши. Мора да се води до последниот Украинец. Генијално, а?

https://novamakedonija.com.mk/mislenja/kolumni/eu-e-kjor-sokak-nemame-druga-alternativa-osven-briks/


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11205
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Luxor Пон Jул 17 2023, 11:38

Што е тоа БИКС?
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6595
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

Интервјуа и колумни - Page 39 Empty Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 39 of 41 Previous  1 ... 21 ... 38, 39, 40, 41  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот