Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 38 of 40 Previous  1 ... 20 ... 37, 38, 39, 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Саб Дек 10 2016, 19:45

Скорпија

За Скорпиите првите три месеци од новата 2017 година ќе бидат турбулентни, придружени со немири од кои Скорпиите најлесно ќе поминат со опцијата „делете”, ќе се рестартираат и ќе започнат под почеток. За некои од нив, кои веќе две години трпат разни удари и понижувања, оваа година ќе ја започнат со огромна насмевка на лицето, а оние кои веќе ја отворија Пандорината кутија им претстои уште година дена несогласувања. Во август, кога Јупитер ќе се најде во знакот на Девица, во добар аспект со Плутон, добрите совети од пријателите или експертите, како и парите – ќе решат многу љубовни проблеми. Парите се моќ, а без пари Скорпиите не се чувствуваат победнички, и не веруваат дека ќе ја има личноста која ја сакаат ниту пак дека ќе бидат сакани од некој.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Саб Дек 10 2016, 19:46

Стрелец

Стрелецот е оној кој времиња наназад ги тешеше Скорпиите, Терезиите и Девиците додека беа под влијание на Сатурн во нивниот знак. Сега дојде часот кога големиот советник, создавач на сите одговори, покажува како се снаоѓа во истата ситуација. Затоа не се чудете кога ќе видите Стрелец како молчи, повеќе отколку што сте навикнати. Во новата година се’ помалку ќе излегувате во јавност, и нема да бидете расположени да се јавувате на телефони. Што се однесува за зафатените Стрелци, не ја барате страста и романтичната авантура која претходно ја баравте од партнерот, иако до вчера мечтаевте по неа. За оние кои се слободни, ги очекува период во кој ќе запознаат личност и ќе започнат врска на далечина.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Саб Дек 10 2016, 19:46

Јарец

Од 2011 година, со влегувањето на Уран во Овен и во вашето поле на мир, имагинација, семејство и блискост, никако не успевате подолго да го задржите за себе чувството на пријатност во друштво со партнерот. Постојано нешто ве влече напред, а немирот во вас ве тера да се движите, а всушност бегате од емоциите. Дојде време на светот да му покажете колку умеете да сакате, колку сте подготвени да давате и да примате и колку сте ранливи. Затоа и бегате. Некои Јарци самите ќе пронајдат начин да ја подобрат атмосферата во домот, меѓутоа се’ што ќе успеат да предизвикаат е хаос. 2017 година е година за пронаоѓање на себеси и вашата емотивна состојба, па затоа внимавајте со кој ќе се дружите и кој ќе биде вашиот партнер. Доколку претстојната еволуција не направи некаква промена, тогаш веројатно грешката е во вас.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Саб Дек 10 2016, 19:46

Водолија

Доколку не беше добрата волја и разбирање на вашиот партнер, 2014 година можеше да биде симболизирана како година на раскинување, особено за долгите врски. Онаму каде што е подготвеноста на партнерот да дојде до помирување, не успеваше, но барем ќе роди плод – ќе останете во добри односи и поштедени сте од непријатности. Во 2017 година ситуацијата е доста слична, а преживувањето на вашата врска зависи од партнерот многу повеќе отколку од вас. Не во смисла дека партнерот е главниот, туку тој несвесно со неговата мудрост, разбирање и надеж за иднината, ве поттикнува да го подобрите вашиот однос. За некои Водолии, 2017 година е година на задоволство во заедницата или во врската која ја имаа, и година на планови за брак или дете.
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo Саб Дек 10 2016, 19:46

Риби

Пливањето по површните задоволувања за емотивните потреби, по многу пати повторно ве остава сами, со големи очекувања, но ситни добивки. Причината во тоа не е лошиот хороскоп или немањето среќа, ниту пронаоѓањето на погрешни партнери, туку недавањето простор да пронајдете некој кој навистина ќе го запознаете и засакате. Полесно ви е да си играте, да се забавувате и флертувате, и да уживате во еротските моменти. Со навлегувањето на Јупитер во август во вашето поле на љубов и партнерство, ќе ви се олесни развивањето и градењето на односите. Вашите нереални очекувања ќе ве удрат по глава
Teo
Teo

Број на мислења : 5090
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:06

Неделен хороскоп

Овен

Љубов: Пред вас се убави љубовни денови во кои ќе има многу прилики за зближувања. Вашиот социјален живот од ден на ден ќе биде сè побогат, а вие сè повесели. Немојте да седите дома, излезете меѓу луѓе, покажете се и уживајте.

Работа: Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро затоа што сте способни за тоа. Потрудете се да го сработите тоа што морате, а потоа посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин.

Здравје и совет: Некои од вас размислуваат да посетат козметичар.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:07

Бик

Љубов: Ќе бидете расположени за љубов, но другата страна ќе држи блага дистанца. Ќе ви треба малку повеќе труд за да и се приближите. Немојте да се откажувате, издржете. Оние што се млади полесно ќе се поврзуваат, а излегувања ќе има кај сите Бикови.

Работа: Пред вас се некои нови можности. Одговорите на претходно поставените прашања ќе стигнат. Тоа ве насочува кон понатамошна работа во која

Здравје и совет: Ќе бидете желни за нови сознанија и учење.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:07

Близнаци

Љубов: Во следните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе бидат поотворени кон вас, но и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Оние што се сами повеќе ќе излегуваат.

Работа: Работната седмица ќе биде шарена. Од една страна, едвај ќе чекате да се изразите и да покажете што сè можете, но од друга страна за некои теми ќе биде помудро да се молчи или да се одложи коментарот. Најдобро ќе поминат оние што ќе знаат да балансираат.

Здравје и совет: Следете ја својата интуиција.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:07

Рак

Љубов: Овие денови ќе ги намалите излегувањата и ќе се насочите кон заедничкото уживање во секојдневието. Нема да ви бидат потребни атракции. Ќе биде доволно да останете дома со саканата личност или да отидете на некое место каде што ќе бидете сами.

Работа: Како што ќе одминува седмицата вам ќе ви биде сè појасно дека вашата работа долгорочно, добро се развива. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени на секаква соработка. Исто така лесно ќе ги рушите предрасудите.

Здравје и совет: Некои од вас ќе ги освежат старите спомени.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:07

Лав

Љубов: Можеби сте можеле да направите и повеќе, но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите кон зацврстување на она што сте го постигнале во приватниот живот. Помалку атракции, повеќе интимност и сè ќе биде во ваша корист.

Работа: Ќе се подобри атмосферата на работното место. Можно е провокаторите да отидат на годишен одмор, па на сите ќе им биде полесно. Некои ќе мора да ги завршат заостанатите работи и тоа ќе им оди на нерви. Недостигот на вистински предизвик во вас ќе предизвика монотонија.

Здравје и совет: Ќе ви биде потребно повеќе сон и одмор.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:08

Девица

Љубов: Во следните денови вам постепено ќе ви се отвораат љубовните порти. Тоа ќе го забележите по расположението, повторно и почесто ќе се смеете. Тоа нема да биде бајка, но ќе биде охрабрувачко. Само немојте да реагирате на малите провокации. Ќе ги има и понатаму.

Работа: Ако работите и понатаму се движат, ќе се движите и вие. Ќе бидете подготвени да ги анимирате сите околу себе за да постигнете повеќе. Тоа воедно ќе разбистри некои работи во оперативната зона на работењето, па ќе почнете полесно да работите и ќе се знае која е чија задача.

Здравје и совет: Ќе бидете многу активни во спортот.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:08

Вага

Љубов: Се чини дека полека доаѓате на свое. Бидејќи извесно време тоа го чекавте, ќе се израдувате. На повидок се забави на кои ќе се чувствувате пријатно. Во секој случај, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе.

Работа: Ќе излезе на виделина нешто што долго сте го чекале.

Тоа ќе предизвика нови потези кои малку кој ги очекувал. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба и оној кој буди надеж дека може да се оди напред. Сметајте на одредени напори.

Здравје и совет: Кондицијата подобрете ја со спорт.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:08

Скорпија

Љубов: Сега веќе можете полесно да зборувате и да ги проанализирате дилемите од своето љубовно минато. Партнерот ќе ве сослуша, но истото го очекува и од вас. Имајте го тоа на ум кога ќе почнете да се доверувате. Вашиот релаксиран стил ќе биде добро прифатен.

Работа: Откако ќе ги добиете потребните информации ќе тргнете во акција уште поревносно. Ова е веројатно ваше време кога ќе почнете да ги остварувате своите соништа. Нема да заборавите ниту една ситница. Само немојте да брзате. Сила имате повеќе од доволно.

Здравје и совет: Внимавајте да не „изгорите“. Вежбајте јога.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:08

Стрелец

Љубов: Опуштеноста и пријатната атмосфера ќе владеат во вашите лични односи. Ќе бидете задоволни што во вашата врска се вратил оној, стариот мир. Оние што се уште сами со задоволство ќе излегуваат со пријателите преку кои може да сретнат нова љубов.

Работа: Повеќето работи, сепак ќе дојдат на свое место, а вие ќе почнете да работите потивко и помирно. Вам таквиот стил ви одговара. Доста ви е од бучава. Особено добро ќе се развиваат работите кои се поврзани со комуникациите или воопшто со патувањата. Така повеќе ќе се ангажирате.

Здравје и совет: Гледајте си ја својата работа, не туѓата.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:09

Јарец

Љубов: Ќе се зајакне довербата во врските. Ќе ја разбирате саканата личност повеќе од вообичаено, но и обратно. Некои од вас повторно ќе ги истражуваат темите кои подолго време не ги истражувале. Оние што се сами, љубов може да најдат на патување или во некоја интелектуална институција.

Работа: Сè уште добар дел од потезите зависи од другите, но вие полека преземате еден дел во свои раце. Добро е што е така затоа што вие знаете да управувате и сите подобро се чувствуваат кога е така. Поради тоа ќе дојде до подобрување на вашето работно место.

Здравје и совет: Занемарете по некоја фрустрација.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:09

Водолија

Љубов: Како што ќе одминува седмицата, вие ќе забележите дека вашите лични односи почнуваат да се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри да бидете поотворени и посмело да им пристапувате на личностите од спротивниот пол. Оние што се во врска ќе бидат уште поблиски еден со друг.

Работа: Ги поставивте новите правила на игра и сега постапувате според нив. Напорно е, но немате друг избор. Прифатете ги новите предизвици и справувајте се со нив со помош на подобра организација на работата.

Здравје и совет: Повеќе одмарајте.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Пон Дек 12 2016, 11:09

Риби

Љубов: Во следните денови вашите лични односи ќе се подобрат. Секој ден ќе бидете сè поподготвени да делите со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Организирајте некој излет или патување. Ќе ви биде убаво.

Работа: Многу нешта се пред вас. Нема многу време за одмор. Некои од вас ќе работат прекувремено. Работа ќе има многу и ќе биде атрактивна. Бидејќи долго време ова сте го посакувале, ќе дадете сè од себе за да успеете. Речиси ништо нема да ве попишмани.

Здравје и совет: Од време на време ќе треба да сопрете и да се опуштите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:43

Која е добрата страна на секој хороскопски знак?

Секој хороскопски знак си има добри страни, а кои се за вашиот прочитајте си во продолжение.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:44

Овен

Станува збор за доминантни личности, кои знаат како и во љубовта така и во бизнисот да изгледаат строго, но модерно. Но, во љубовните односи треба да „омекнете“ и повеќе ќе уживате.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:44

Бик

Вие сте создадени за љубов. Умеете да уживате, свесни сте дека сте моќни со допири. Долната облека ви е секогаш приоритет.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:44

Близнаци

Мозокот е вашата најголема слабост. Во таа смисла, овој дел од телото и најмногу ве привлекува кај партнерот. Слатките шепотења на уво може да ве излудат.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:44

Рак

Многу време поминувате да создадете сигурен дом, во кој планирате да живеете со партнерот среќно до крајот на животот. Емоционалната сфера ви е на прво место.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:44

Лав

Сака да е во центарот на вниманието па затоа ужива во луксуз. Може да биде многу дарежлив за да ги искаже своите чувства.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:45

Девица

Романсата во вашиот живот се развива како заплет во стар филм. Сакате класично додворување. Вашата љубов е невина и чиста такво нешто ретко се гледа денес.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Luxor Вто Дек 13 2016, 12:45

Вага

Секоја врска ја гледаат како брак, па вложуваат многу напор за партнерот да биде среќен. Умеете да го направите секој среќен.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6593
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 38 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 38 of 40 Previous  1 ... 20 ... 37, 38, 39, 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот