Грујо и останатите

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:38 am

Премиере, јас, од името на народот, да се извинам што повеќе се фаќаме за Мохито отколку за Молотов.


Последната промена е направена од luхor на Сре Дек 02, 2015 11:00 am. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:38 am

За нова година премиерот им испратил честитка на своите политички затвореници: „За многу години, за многу години!“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:39 am

Нов затвореник доаѓа во ќелија и таму го прашуваат:
- На колку те осудија?
- На петнаесет години.
- За што?
- За ништо!
- Нема шанси, за ништо даваат десет години.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:39 am

Грујо и кумот Ставре правеле муабет да земат уште еден кредит од ситни сто милиони евра.
- Абе, многу да не ги задолжиме следниве генерации?! - се загрижил Грујо.
А кумот Ставре тогаш ја раскажал следнава приказна:
- Еве ти ја, куме, мојата стратегија за у кафана: прво нарачувам 5 вотки и ги пијам на екс. После нарачувам 4 вотки и нив ги пијам, нагло. После пак нарачувам 3 вотки и нив ги пијам одма. На крајот нарачувам 2 вотки и му кажувам на келнерот: „Колку помалку пијам толку повеќе сум пијан“.
Така кумот Грујо, поучен од кумот Ставре, во ведар и палав дух решил да ја усреќи Македонија со уште еден кредит од ситни 100 милиони евра.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:39 am

Големиот водач држи говор на главниот плоштад и говори за долгиот и трнлив пат на транзиција по кој тргнало нашето општество. Тогаш се слуша некој глас од насобраните граѓани кој вика: „Ама ние сме гладни”. Говорникот продолжува и објаснува дека болните реформи всушност нè водат на патот по кој сме тргнале, а крајната цел се ЕУ и НАТО. Истиот глас повторно вика: „Ама ние сме гладни”. Говорникот е непоколеблив и повторно ја нагласува важноста и жртвата што треба да ја дадеме на тој пат. Гласот од толпата повторно се слуша: „Ама ние сме гладни”. Тогаш големиот водач луто му се обраќа на непознатиот глас од публиката: “Па, добро бе, токмак низаеден. Па, нели знаеш ноторни работи - кога се патува не се јаде? Па, може да ти се слоши, да имаш мачнина, да повраќаш...”

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:39 am

Одат Обама, Путин и Грујо кај Господ и Тој им вели: „Имам 2 вести за вас. Првата е дека постојам, а втората е дека светот ќе престане да постои на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Обама во Америка и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам една добра и една лоша вест. Добрата е, она што велевме дека постои навистина постои. Лошата е дека ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Путин во Русија и се обраќа на нацијата: „Мои сограѓани, имам 2 лоши вести. Првата е дека она што велевме дека не постои всушност постоело. Втората е, ќе го уништи светот на 1-ви јануари 2012.” Се враќа Грујо во Македонија и право во Сител кај Латас, да се обрати на нацијата: „Драги граѓани, имам 2 ОДЛИЧНИ вести. Првата е, ме викна Господ кај него да се запознаеме, имавме кратка средба, разменивме мислења за актуелните состојби, по што одржавме прес конференција и фото сесија. Втората вест е, Господ лично ме увери дека ќе владеам до крајот на светот”.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:40 am

Бранко еднаш ловел риби и ја фатил Златната жаба.
Жабата му рекла: Пушти ме од јадицата и ќе ти исполнам една желба.
Бранко го направил тоа и ѝ рекол на жабата дека најголема желба му е Македонија да го реши спорот со името и да влезе во ЕУ.
Жабата му возвратила: Е, баш ја погоди желбата! Во проблемот се замешани сите соседни земји, Европа, ОН, Америка... Нема шанси да направам нешто.
Бранко: Значи, имам право на уште една желба. Дали го знаеш Грујо?
Жабата: Го знам.
Бранко: Дали можеш да го направиш да биде пристоен демократски политичар?
Жабата го гледала, го гледала и го гледала Бранко и на крајот рекла: Дај да се вратиме малку подетално на првата желба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:40 am

Си биле татко и син (црви) и живееле во канализација. Синот по некое време го прашува татко му:
- Тато, зошто живееме овде? Можеме ли да живееме во јаболко, да си грицкаме внатре?
- Можеме бе, синко.
- А зошто тогаш не живееме внатре во јаболко?
- Па, таква ни е државата бе, синко.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:40 am

Груевски, Саркози и Берлускони патуваат со авион и пилотот им вика:
- Ни снема гориво, но имаме само еден падобран. Како ќе успееме?
- Ајде да гласаме! – вели Груевски.
Сите се согласуваат! Гласаат и победува Груевски. Си го зема падобранот, и се фрла.
Берлускони му се врти на Саркози и му вели:
- Како освои 40 гласови, а ние сме само четворица?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:40 am

Само 2% од Преродбата не е остваренo... ЕУ и НАТО!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:41 am

Скопје. Преполн автобус, и тоа од двокатните. Еден човек почнал да се дере и да мавта со својата празна торба:
„Поради тие свињи ние немаме што да јадеме! Поради тие свињи немаме што да облечеме! Поради тие свињи живееме како свињи и ќе цркнеме како свињи!“
Возачот закочил. Во автобусот упаднале двајца полициски службеници во цивилки и го однеле човекот во полициска станица.
„Кого го нарекувавте свињи?“
„Кого? Па, се разбира, Американците и Европјаните.“
Полицајците се зачудиле. Најпосле решиле да го пуштат човекот, кој на вратата се свртел и ги прашал полицајците:
„А вие што мислевте дека јас мислам?“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:41 am

За време на владеење на груевизмот еден Македонец во Скопје заминал во Американската амбасада и побарал виза.
„Зошто сакате да заминете во Америка?“, прашал чиновникот.
„Имам две причини.“
„Кажете ги.“
„Слушнав дека се планира рушење на македонската влада и одново воспоставување демократија.“
„Смешно!“, рекол чиновникот. „Според нашите анкети, вашата влада и вашата главна партија никогаш поцврсто не владееле!“
„Ете гледате, тоа е втората причина!“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:41 am

Во Македонија за време на Груевски биле постојано распишувани конкурси за вработување во јавна служба. Кучето и желката решиле да се пријават.
Кучето потрчало најбрзо што може. Но задоцнило, местото веќе било зафатено. Го добила желката.
„Како само успеа?“, се чудело кучето.
„Ти очигледно забораваш“, рекла желката, „дека во оваа земја јавна служба може да добие само оној кој умее да ползи.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:41 am

Еден македонски селанец го извеле пред суд затоа што на најбезобразен начин ја пцуел владата, и поради навреда на „пастирот и службеното лице“ бил осуден на парична казна од 400 евра.
„Имате ли да кажете уште нешто?“, прашал судијата.
Селанецот се почешал по главата.
„Би имал да кажам уште многу нешта“, рекол најпосле. „Но не по таа цена.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:41 am

Вмровски пратеник држи предизборен говор:
„Последниве години со преродбава направивме неверојатни дела. На пример, животниот стандард го покачивме за четири запирка пет проценти!“
„И кај отидоа тие пари?“, прашал некој од публиката.
„Вака, имаме прецизно: четири проценти отишле во буџетот на РМ, а половината процент го зеле работодавачите“, објаснил вмровецот.
„А што добија граѓаните?“, прашал човекот од публиката.
„Граѓаните ја добија запирката.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:42 am

Никола Груевски е најголемиот електричар во историјата на Македонија!

Првин успеа да го наелектризира народот, а потоа и сосема да го изолира.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:42 am

Во пеколот имало големо мочуриште за лажговци. Колку некој повеќе лажел во животот, толку повеќе пропаѓал во калта.

Еднаш Михајло Маневски и Александар Бичиклиски, кои во калта биле до грлата, завидно го гледале Никола Груевски којшто, иако нискичок, во калта стоел само до стомакот.

„Па, ти си најголемиот лажго кој постоел на светот! Како тоа не си пропаднал подлабоко?!“, најпосле го прашале некогашните министри својот некогашен шеф.

„Јас стојам врз рамењата на Зоран Ставрески!“, им рекол Груевски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:42 am

Еднаш на седница на Влада на Никола Груевски му било досадно и почнал со игла да ги боде во задникот некои од министрите. Прво го боцнал Антонио Милошовски, на што овој бесно се свртел и опцул. После го боцнал и Зоран Ставрески кој се свртел и налутено прошепотел: „Што ти е? Зарем сите мораат да знаат дека сум вазал?“

Најпосле нервозниот Груевски се смирил и си седнал на премиерското столче.

Откако завршила седницата на Владата, портпаролот Александар Бичиклиски го тргнал настрана својот шеф и плачливо му рекол: „Зошто не ме боцнавте и мене, Никола? Зарем нешто ми замерувате?“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Никола Груевски на лидерскиот состанок загрижено и доверливо му рекол на Бранко Црвенковски: „Народов врие од бес кон тебе. Ако полудат од бесот, можат и да те убијат!“

„Можно е“, одговорил Бранко Црвенковски. „Но, кога пак ќе се вразумат, ќе те убијат тебе.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Отишол Груевски пред МТВ да бара проститутки. Сретнал три и ги прашал колку чини сексуалната услуга.
Првата рекла дека чини 1000, а втората 500 денари.
Третата му одговорила: господине премиере, ако можете да ми ја дигнете сукњата високо колку цените, да ми ги спуштите гаќите ниско колку платата, да ме згреете повеќе отколку што ме грее парното и да ме ебете добро како што ја ебете јавноста, услугата ќе биде бесплатна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Грујо фатил златна рипка. Рипката му вели: „Пушти ме и ќе ти исполнам една желба“. Грујо и’ вели: „Сакам да бидам поинтелигентен“. Златната рипка го претворила во Бранко.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Едно дете многу сакало да има 10.000 денари и се молело две недели, ама ништо не се случило. Тогаш решило да му напише писмо на господ во кое бара 10.000 денари. Кога во поштата го отвориле писмото адресирано до господ, решиле да му го испратат на Никола Груевски.
Премиерот бил толку имресиониран и трогнат, што и’ наредил на секретарката да му испрати на детето 1000 денари, мислејќи дека за него тоа се големи пари.
Детето било многу задоволно со 1000 денари и напишало писмо во кое му се заблагодарува на господ.
„Драг господе, ти благодарам многу за парите. Сепак, забележав дека поради некоја причина си морал да ги испратиш преку владата. Ништо чудно што фалат 9000.“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Груевски секоја месец на мама Нада и’ праќа нов телевизор, оти таа го крши стариот. Му здосадило на пастирот и ја прашува мама:
-Зашто го кршиш секој телевизор?
А мајка му одговорила:
-Се сеќаваш кога беше малечок, дека те тепав секогаш кога лажеше?!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:43 am

Грујо отвара нов пензионерски дом, а насобраните пензионери скандираат:
- Фала ти за среќното детство!
- Фала ти за среќната младост!
А Грујо им возвраќа:
- Ама ајде, ви се молам, драги пензионери, кога сте биле деца или младинци, јас сè уште не сум бил роден!
- Точно, затоа и ти благодариме – одговараат во хор пензионерите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Гостин on Сре Дек 02, 2015 10:44 am

Ја повредил Груевски ногата и отишол на лекар.
- Слушај, - му рекол докторот - ногата ти е скршена, ќе мора да ставиме гипс.
- Каков гипс, бре - рекол Грујо - ставај мермер!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Грујо и останатите

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 3 1, 2, 3  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот