Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

3 posters

Go down

ДАРКО ПАНЧЕВ  нов директор на ФК:Вардар  Empty ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

Пишување by osa Пет Апр 07 2017, 21:45

ПАНЧЕВ: ВОЗБУДЕН СУМ, СЕ ВРАЌАМ КАДЕ ШТО СЕ' ЗАПОЧНА



Дарко Панчев се врати на местото каде што ја почна кариерата. По вторпат како функционер по пауза од повеќе од една деценија. Легендарниот македонски фудбалер денеска и официјално беше промовиран за нов спортски директор на Вардар. Не криеше задоволство од иницираната средба на клубот, од понудата, од конкретноста во разговорите, од условите и на крајот на краиштата од постигнатиот договор за соработка.

„Нема потреба да се претставувам ниту да зборувам што значи Вардар во мојата кариера и живот. Возбуден што сум на помошното игралиште на кое ја почнав кариерата. Раководството на клубот и сопственикот Сергеј Самсоненко најдоа вистински момент за средба, за разговори, за понуда за соработка. Имав можност да се запознам со ситуацијата во овие две недели и од тоа што го видов може да кажам дека се создадени услови за подобрување на работите за Вардар во догледно време да може и организациски и фудбалски да се издигне на повисоко ниво“, почна Панчев со обраќањето пред новинарите.

Популарниот Кобра е запознат со вардаровата стратегија и изрази верба дека неговите идеи ќе се вклопат во замислените план и програма. Сето тоа со една цел - успеси на „црвено-црните“ и на меѓународната сцена.

„Таа е реална основа за остварување на желбената визија на раководството, на навивачите и на пошироката јавност. Има време за запознавање со реалните состојби и со играчкиот потенцијал на првиот тим. Вардар е добро позициониран во домашното првенство, наш предизвик во иднина ќе биде подобрување на нештата и во меѓународните натпревари“, истакна вардаровата деветка.

Дел од фокусот во наредниот период ќе биде насочен кон младинската школа на која се гледа како расадник на таленти за иднината на клубот. Новиот спортски директор на Вардар го потенцира тоа како заложба и изрази подготвеност за максимално вложување за нејзина реализација.

„Посебно ќе се концентрираме на младинската школа која може и мора да биде расадник за потенцијални квалитетни играчи за професионалниот погон. Ќе бидат ставени на хартија и некои идеи кои, меѓу другото, се однесуваат на подобрување на посетата, подобрување во делот на меѓународната соработка и соработката со македонските клубови“, нагласи Панчев.

Симев: Добивме големо засилување

Во суперлативи за Панчев говореше и Самоил Симев, извршен директор на Вардар. Негова беше честа да го претстави новиот спортски директор од кого се очекува напредување на клубот во неколку сегменти во функционирањето во иднина.

„Позицијата спортски директор остана празна, откако Гоце Седлоски ја презеде првата екипа. Со доаѓањето на Панчев се пополни празнината и дополнително се засилува кадровскиот капацитет на менаџментот. Убеден сум дека искуството, светската репутација, енергија и ентузијазам што ги поседува Панчев ќе помогнат за остварување на зацртаните цели. Операции од сега ќе бидат водени од новиот спортски директор“, истакна Симев.

Спасески: Со Панчев за уште посилен Вардар

На промоцијата на новиот спортски директор присуствуваше и Мирко Спасески. Ако Панчев изрази чест што се враќа во неговиот втор дом, претседателот на клубот изрази задоволство од привлекување на фудбалската величина.

„Не треба да се трошат зборови кој е Дарко Панчев, што тој претставува за Вардар и за македонскиот фудбал воопшто. Ми претставува особена чест и задоволство што ќе го имаме во клубот да бидеме уште посилни. Се надевам дека во иднина ќе имаме уште повеќе успеси, дека ќе освоиме уште многу титули во првенството и во купот и дека ќе имаме подобри настапи на меѓународната сцена“, рече Мирко Спасески.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16599
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДАРКО ПАНЧЕВ  нов директор на ФК:Вардар  Empty Re: ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

Пишување by osa Пет Апр 07 2017, 21:46

eve ushte eden gzolizhach ...kolku donirashe za partija ke kaze ...mislam kolku "ISPRA DONACII" preku svoite oblozuvalnici

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16599
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ДАРКО ПАНЧЕВ  нов директор на ФК:Вардар  Empty Re: ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

Пишување by SHARENI Пон Апр 17 2017, 15:30

i to golem kolku drzavickava
SHARENI
SHARENI

Број на мислења : 849
Join date : 2016-11-20

Вратете се на почетокот Go down

ДАРКО ПАНЧЕВ  нов директор на ФК:Вардар  Empty Re: ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

Пишување by defo Нед Апр 23 2017, 16:54

Не ми го чепкај ОСА Панчев, ќе се караме...Wink

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3588
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

ДАРКО ПАНЧЕВ  нов директор на ФК:Вардар  Empty Re: ДАРКО ПАНЧЕВ нов директор на ФК:Вардар

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот