Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК -

2 posters

Go down

ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Empty ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК -

Пишување by OPOZICIONER Чет Окт 12 2017, 00:54

Профил Тарчуловски: Од воен злосторник до кандидат за градоначалник
Со сиот негов „багаж“ од минатото, ВМРО-ДПМНЕ прво го стави на добитно место на парламентарните избори во декември минатата година, а сега за локалните избори на 15 октомври, партијата на Груевски одлучи да го кандидира за градоначалник на Кисела Вода.
Во своите говори на митинзите, на присутните граѓани им се обраќа со „браќа и сестри“, а покрај ветувањата од изборната програма, редовно зборува за патриоти и предавници, со ратоборен став дека е дојдено време повторно народот да се сплоти и да остане единствен во одбрана на татковината.
Туфекџиќ за Тарчуловски: Од докажан насилник таква изјава и се очекува
За пратеничката Ивана Туфекџиќ, пратеникот и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, не е колега, а неговата изјава дека ќе гради само за оние кои го гласале воопшто не е изненадување.

-За мене тој колега не е, и воопшто не сум шокирана од неговата изјава, напротив од човек кој е докажан насилник таква, дури и полоша изјава се очекува. Тоа е истиот човек кој го гледате на снимките од 27ми април како еден од организаторите на криминалци, истиот кој рече: “Мислам се најдобро за моите колеги кои ги отворија вратите”. Поразително е нивото на таквото обраќање спрема граѓаните и во најмала рака е срамно, но имајќи предвид за кого станува збор не е шокантно, изјави Туфекџиќ за „Фокус“.

Таа додава дека е убедена дека граѓаните таквиот недостиг на, како што вели, срам, морал и етика ќе го поразат на локалните избори.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Empty Re: ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК -

Пишување by OPOZICIONER Чет Окт 12 2017, 00:59

(ВИДЕО) Тарчуловски: Тие во Пржино и Црниче што нема да гласаат за мене, нема да добијат одвод и канализација

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски во разговор вели дека има одговорност за да изгради за луѓето од Припор и Драчево, а не за Пржино и Црниче каде што 90 отсто од луѓето биле против него.

– Тука има терет и одговорност према луѓето, а не Пржино, Црничи коишто се 90 отсто против мене и не ти ни отвараат врата и те пљукаат од прозор. Сега да ме терам јас да им правам одвод и канализација, а вие тука да немате ни струја ни вода. Не може така, вели Тарчуловски.

Тој додава дека ќе работи прво за тој што заслужил и за тој што донел најмногу гласови.
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Empty Re: ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК -

Пишување by трендафил Чет Окт 12 2017, 07:30

Дали беше наместен за да биде осуден некој Македонец за воени злосторства од страна на меѓународната банда чии слуги сте вие ќе покаже времето. Во власта од 2001 наваму има многу воени злосторници кои работеа за вашите газди па не се осудени. На пример Али Ахмети кој треба да има командна одговорност за сите злосторства на УЧК или Талат Џафери кој треба да одговара за злосторствата во тетовскиот крај во кои спаѓа и киднапирањето и убиство на 12 цивили. Па така имаме случај Тарчуловски да биде осуден за командна одговорност иако не беше командант, тоа беше Љубе кој се спаси со минување на ваша страна. Да не кажам со предавство, иако изгледа му дојде умот па на локалниве избори не го гледам.
Иначе не е воено злосторство фрлањето на атомски бомби врз цивилите во Хирошима и Нагасаки, уништувањето на германските цивили или многу други бомбардирања вклучувајќи фрлање на напалм бомби при геноцидот врз Македонците во грчката граѓанска војна или убивањето на деца во Србија. Користењето на боеви отрови во Сирија ќе беше воено злосторство ако го правеше Асад, но повеќе не е затоа што го правеа вашите сојузници од ИСИЛ.
Како не ти е срам да споменуваш воени злосторства кога поддржуваш опција што ги има направено најголемите злосторства во последниве децении и сакаш членство во организација, НАТО, што има вршено злосторства. За крај да напоменам дека често борците на УЧК и во Македонија, но и во Косово, по загинувањето беа преоблечени во цивилна облека и прогласувани за цивилни жртви. Светските лажговци со таква лага прогласија наводен масакар во Рачак. Не се работи за воено злосторство, но со лаги за наводни фантоми на избирачкиот список предизвикаа предвремени избори во Македонија кои ги наместија со помош на „нефантоми“ од косовско потекло.
Да те потсетам и дека македонските безбедносни сили не успеаја да влезат во цивилниот Љуботен додека не пристрасните ваши пријатели од запад со уцена не успеаја да ги натераат на повлекување.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК - Empty Re: ВОЕН ЗЛОСТОРНИК ,ПРАТЕНИК И КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК -

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот