Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

LEVICA JA TUZI LEVICA

3 posters

Go down

LEVICA JA TUZI LEVICA Empty LEVICA JA TUZI LEVICA

Пишување by OPOZICIONER Чет Сеп 27 2018, 14:11

Padnaa maskite na Apasiev i ostala dpmneovska bagra sto se deklariraa kako levicari.

Левица ја тужи Левица

Група основачи на политичката партија Левица, зад кои стои бројно членство, поднесе кривична пријава кон актуелното раководство на Левица.

„Ова раководство фалсификуваше документи и ја злоупотреби својата позиција во партијата, како што ги злоупотреби и правните институции во државата со што придонесе во урнисување на правниот систем, а со цел оневозможување демократска промена и делување на членовите на партијата. И сето тоа за заштита на сопствената раководна позиција и лични интереси поради кои се киднапираше и самата партија.

На ден 03.09.2018, група основачи на Левица помеѓу кои поранешни членови на президиумот и ЦК, поддржани од повеќе од 300 членови на партијата, поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против овластеното лице т.е. лице кое ја застапува и претставува политичката партија Левица, за сторено кривично дело фалсификување на службена исправа, и против лице Н.Н. во Основниот суд Скопје за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

До сознанијата за вакво сторено кривично дело, членови на партијата доаѓаат, при свикување на вонреден пленум, на кој поради незадоволство од раководството на партијата, членството гласа недоверба на постојниот ЦК и Президиум, недоверба на Трибунатот, недоверба на овластено лице, како и на лицето овластено за материјално-финансиско работење и носи одлука за нови управни органи на партијата. Одлуката се носи во Основниот суд – Скопје II, каде се наоѓа и судскиот регистар на политички партии, како би се извршила промената на овластеното лице.

Во текот на рочиштето, судот ја изложи на увид регистрациската влошка со сите документи, во која постои и документ заверен со потпис од овластеното лице од раководството на партијата, кој никогаш не бил изгласан на основачкото собрание и кој не постои во листата на поднесени документи при самата регистрација, а за чие постоење основачите прв пат дознаваат на тоа рочиште, при што констатираат дека станува збор за документ кој раководството го фалсификувало без знаење на пленумот. Второ кривично дело и злоупотреба на правните институции на државата е што тој документ се нашол во регистарската влошка, после регистрацијата, што се докажува преку фактот дека не постои во барањето за запишување во судски регистер каде се наведени сите документи кои се поднесени за регистрација на партијата.

На тој начин раководството на партијата го корумпирало правниот поредок за да се заштити од волјата на членството и прекршило закони за свое лично обезбедување. Со оглед на правната екпертиза на раководството, тие точно знаеле дека ги кршат статутот, сите правни акти на партијата како и законите на државата. Ако раководството на Левица е во состојба да ја злоупотреби сопствената партија и да крши закони за да осигура свое владеење наместо демократски избор на кој членството ќе ја изрази волјата, не сакаме ни да помислиме како би ја злоупотребиле државата и законите за да обезбедат недемократско владеење. Како да веруваме дека раководството го брани Уставот на државата ако го крши законот за да се спаси од демократскиот глас? Како да веруваме на било која правна експертиза и анализа на раководството на партијата, ако свесно корумпираат судски систем за да обезбедат непречено владеење?“, се наведува во соопштението на група членови од Левица.

https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/levitsa-ja-tuzhi-levitsa-2/
OPOZICIONER
OPOZICIONER

Број на мислења : 969
Join date : 2016-11-25

Вратете се на почетокот Go down

LEVICA JA TUZI LEVICA Empty Re: LEVICA JA TUZI LEVICA

Пишување by Bosonoga Чет Сеп 27 2018, 16:33

Apasiev e dpmneovce, Gis mu e linkot, zatoa go vrabotija na UGD.

LEVICA JA TUZI LEVICA C2ajyu10
Bosonoga
Bosonoga

Број на мислења : 987
Join date : 2017-03-15

Вратете се на почетокот Go down

LEVICA JA TUZI LEVICA Empty Re: LEVICA JA TUZI LEVICA

Пишување by Dino Пет Сеп 28 2018, 10:40

Jas koga vikam site se isti, eve da vidite.

Dino

Број на мислења : 638
Join date : 2016-11-30

Вратете се на почетокот Go down

LEVICA JA TUZI LEVICA Empty Re: LEVICA JA TUZI LEVICA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот