БОГОЈАВЛЕНИЕ И....
Страна 1 of 1
БОГОЈАВЛЕНИЕ И....
БОГ СЕ ЈАВИ
Денес е Богојавление - Водици
Во библиска Палестина, на денот 19 јануари, на денот Богојавление (кога Бог се јави), Божјиот Син влегол во Јордановите води. Свети Јован Крстител го крштевал. Во спомен на крштевањето на Господ Исус Христос и објавувањето на Светата Троица, се прославува големиот Господов празник Богојавление.
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.
Како што вели Свети Кирил Ерусалимски:
„Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан".
Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.
На 30- годишна возраст бил крстен во реката Јордан од Свети Јован Крстител.
„Не плаши се" - му зборува Исус на Јован - туку биди смел: Крсти ме; зашто јас ќе го ослободам светот; се предавам на смртта умртвената природа да ја оживеам. Ти, иако ти наредувам, се стеснуваш да ја подадеш својата рака, а Евреите, по некое време не ќе се засрамат бесрамно своите раце да ги кренат на Мене, за на смрт да ме предадат...Заради човекот станав Човек. Значи, што е чудно што како Син Човечки доаѓам да се крстам. Зашто, созданието на своите раце не го презрев, не се посрамив од земната природа; останувам што бев; и што не бев зедов на себе, а моето битие останува непроменливо". (Св. Јован Златоуст)

Православните христијани во понеделник го празнуваат големиот христијански празник Богојавление - Водици.
Поради тоа што со влегувањето во реката Јордан, Исус ја осветил водата, празникот е познат и со името Водици.
На овој ден и ние го славиме Отецот, Кој одозгора говореше и Чиј глас се слушаше, Синот, Кој долу на земјата се крсти во Јордановите води, и Духот, Кој како гулаб слезе. Го славиме Едниот во Троица Бог, на Кого навек му се поклонуваме.
За спомен на оваа Божествена тајна - Крштевање на Господ Исус Христос, за спомен на овој значаен настан од животот на Неговото спасоносно дело на земјата, и денес се свети вода.
На празникот Богојавление се врши голем Богојавленски водосвет и тоа надвор од храмот, во неговиот двор, на море, езеро, река, чешма, извор и сл.
Свечено, со литија, се тргнува кон местото на водосветот.
Се упатуваат молитви кон Бога, да се осветат водите, со силата, дејството и слегувањето на Светиот Дух и да се просветиме со светлината на познанието.
Да ни дарува Бог благодет и да ни испрати благословување Јорданово.
Се пее црковната песна: „Гласот Господов – над водите извикува:
Дојдете, примете го сите духот на премудрост, духот на разум, духот на страв Божји, од Христа Кој се јавил...Господи, си дошол кон гласот од оној кој вика во пустината - пригответе го патот Господов - откако прими лик на слуга, барајќи крштение - Ти што не знаеше за грев. Те видоа водите и се исплашија.
Претечата затрепери и извика: Како да го осветли Светилникот на светлината, како слугата да ја положи раката на Господарот? Освети ме мене и водите, Спасителу, Ти, Кој го земаш гревот на светот".
Со песни ги прославуваме големината и чудесата Божји:
„Велик си, Господи, и чудни се твоите дела и ниеден збор не е доволен да ги испее Твоите чуда".
На 20 јануари се прославува соборно со песни празникот Собор на Свети Јован Претеча и Господов Крстител.
На овој ден се одбележува споменот на десната рака на Свети Јован Крстител, светата рака со која ја допре главата на Христос при крштевањето, која Светиот Евагелист Лука ја пренел од Севастија во Антиохија.
Подоцна била пренесена во Цариград.
За величината на Свети Јован Крстител ни зборува Самиот Господ Исус Христос:
„Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител".
Свети Јован Крстител јавно го критикувал неморалот на цар Ирод, кој живеел со жената на својот жив брат Филип.
Затоа тој наредил да му ја отсечат главата.
Храмови посветени на Св. Јован се подигнати на местото на крштевањето на Господ, во Севастија - каде бил посечен, во Антиохија – каде Св. Ев. Лука ја донел неговата десна рака и во Цариград - каде оваа света рака била пренесена од Антиохија, како и во целиот свет.
Токму на местото каде што реката Јордан истекува од Галилејското Море се наоѓа местото на крштевањето - Јорденит. Аџии, поклоници и туристи од цел свет се собираат овде и облечени во бели долги кошули влегуваат во Јордан и се крштеваат.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Re: БОГОЈАВЛЕНИЕ И....
bog se javi ..chestit praznik ...
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16569
Join date : 2015-01-11
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|