Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ

Go down

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Empty ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ

Пишување by osa Саб Дек 21 2019, 01:13

[size=42](ВИДЕО) Грандиозен концерт на Танец: Публиката воодушевена[/size]

20/12/2019









ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Tanec-696x392
Ансамблот за народни игри и песни на Македонија, „Танец“, вечерва во Македонскиот народен театар го одржа својот новогодишен концерт со кој прослави и 70 години постоење.

Пред почетокот на концертот беше промовирана и  двојазична монографија  за ансамблот.
 
Video Player



00:00


00:25
[size]


Премиерно беше изведена новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“.
[/size]
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  79538959_1406891856159687_6004133103193292800_n

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Empty Re: ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ

Пишување by osa Саб Дек 21 2019, 01:20

НЕВЕРОЈАТЕН КОНЦЕРТ ....РАЦЕТЕ МЕ БОЛАТ ОД АПЛАУЗОТ КОЈ ГО ДАДОВ ...СПЕКТАКУЛАРНА ЗАМИСЛА ...ВО СКОПЈЕ  ДРЖАВНИОТ АНСАМБЛ "КОЛО " ОД РЕПУБЛИКА СРБИЈА ОДИГРА  ФРАГМЕНТ ОД МАКЕДОНСКОТО ОРО ПОЗНАТО ПОД ИМЕТО "ЦРНОГОРКА ",A ДОМАКИНОТ "TAНЕЦ "ОДИГРА ДЕЛ ОД СРПСКО ОРО .....НЕМАМ ЗБОРОВИ ДА ЈА ИСКАЖАМ МОЈАТА ВООДУШЕВЕНОСТ ....СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИГРАОРЦИТЕ НО И НА ДИРЕКТОРОТ МАРТИН ВУЧИЌ ЗА ПРЕКРАСНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Empty Re: ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ

Пишување by osa Пон Дек 23 2019, 00:22

seushte prisutni vo mediumite ....seushte za niv se zboruva i po nekolku dena .....bravo "TANEC "


[size=34]Танец“ приреди уживање: Концерт во кој се испреплетоа емоции исто колку и чекори[/size]

КУЛТУРА
 • 
22 ДЕКЕМВРИ 2019


ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=11&loc=https%3A%2F%2Ffashionel



Звуците од „Невестинско оро“ во петокот вечер го означија почетокот на новогодишниот концерт на Националниот ансамбл на народни ора и песни „Танец“ и ја исполнија салата на Македонскиот народен театар. Таканареченото „женско оро“ предизвика емоции кај публиката, која се соживеа со визуелно-аудитивната поставка на сцената.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368645
„Зурли штом диво ќе писнат, штом тапан ќе грмне со подземен екот...“ „Тешкото“ секој пат одново буди гордост и буди трепет. Аплаузи на стартот, аплаузи и во текот на изведбата...
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368650
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368651
И токму со овие две антологиски ора од репертоарот на „Танец“ се оддаде почит на традицијата, на 70 години кои Националниот ансамбл ги оди во чекор со времето, со животот.
А првенецот Снежана Балканска токму така и го нарече „Танец“ – живот! Овој настап за неа беше повеќе од обичен концерт. После повеќе од 30 години на сцената, Балканска со овој настап замина во пензија. Разделувањата и збогувањата се секогаш емотивни, но особено кога гледате дека љубовта доминира. Колегите ѝ оддадоа чест, неможејќи ни тие да си ги сокријат чувствата.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368648
 „Вечер на емоции. Многу настани, многу спомени има во изминатите години... Многу настапи. Среќна сум што бев дел од „Танец“ и што тој ми дозволи да бидам дел од него. Уште посреќна, што после мене, со оваа дејност продолжува и мојот син, Костадин Балкански“.
[size]
Нациоанлниот ансамбл од Србија, „Коло“ ја имаше честа да ја дели сцената со „Танец“ по повод овој, за нив значаен јубилеј, и да го прослават заеднички. Гостите понудија разновидна програма, презентирајќи го своето национално богатство, а сè тоа осмислено преку одличен видео-материјал, кореографии и настап. Со првите звуци на „Ој Мораво“ домашната публика ги поздрави со громогласен аплауз. Потоа следена изведби на „Игри од западна Србија“, па „Игр од Стара Планина“.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368654
Несекојдневно искуство понуди изведбата на „Старобосанско немо коло од Гламоч“. Како што дознавме и од видео-материјалот кој го најави, дури и „Унеско“ ја препознало неговата специфичност и посебност.
Публиката потоа уживаше во сплет на народни мелодии во изведба на народниот оркестар, како и мозаик, сплет на народни песни во изведба на мешани групи пеачи и народниот оркестар. Нивниот настап заврши со динамичните игри од Босилеград и околината, а публиката, како одличен домаќин, ги почести со долги аплаузи и ги врати на бис.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368658
Вториот дел од концертот беше резервиран за „Танец“ кои својот настап го започнаа со „Седенка“ и громогласен аплауз.
Народната песна „Три години стана“ во изведба на Кирил Митоски ја разгали публиката, додека „Там дека има високи чардаци“ во изведба на Сузана Спасовска внесе динамичност.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368669
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368670
Хорот и оркестарот на „Танец“ ја почестија публиката и со народната „Кога се мажеше, што ти се чинеше“, за потоа веднаш да ја видиме премиерната изведба на кореогафска постановка на „Радовишки собор“. Кореографијата е на Јовица Блажевски, додека за музичката обработка се погрижи Дарко Илиевски.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368664
Судејќи по реакцијата, новата постановка го помина “судот“ на публиката.
Оркестарот на „Танец“ го изведе „Касапско оро“, додека хорото повторно настапи  со „Не стој Доне, Донке“.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368671
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368674
„Драчевка“ е орото со кое „Танец“ го заокружи големиот новогодишен концерт, за кој се бараше и карта повеќе.
Вака хронолошки течеше концертот. Но, многу поважно од тоа е суштината на ваквите настани.
Вечерта почна со емоции и така и заврши. Двата национални ансамбли се обединија на сцената, играјќи и македонски и српски игри и потсетувајќи нè дека една од главните цели на музиката, а со тоа и уметноста, е да обединува.

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368667
Судејќи по реакциите на публиката, нивните долги аплаузи и овации, жедни сме за убави  нешта, за сплотеност, за насмевки, кои во текот на оваа вечер ги имаше постојано.
„Танец“ уште еднаш покажа дека е Институција. Големата буква не е грешка. Да негувате национално богатство е одговорна и посветена задача. Тие успеваат во неа. Имаат ли услови? Соодветствуваат ли на големината која ја нудат и која им доликува како на Национален ансамбл? Дали ние им враќаме доволно, тргнувајќи од културата на следење на концертот, до интересот, информираноста – се само дел од прашањата кои се наметнуваат зад блескавоста и одличната изведба во секој сегмент на сцената на ансамблот, уживањето, гордоста што ќе ја почувствувате и кои бараат друг простор.
Монографијата, чиј автор е Кирил Тодевски, во издание на „Арс Ламина“, која содржи десет антологиски кореографии, а која му претходеше на концертот е со наслов „Остани во чекор“, што е воедно и темата на одбележување на овој јубилеј.
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368644
„Танец“ седум децении е во чекор со традицијата, минатото и сегашноста, седум децении е во чекор со музиката, љубовта, песната, чекори по градовите низ Македонија, по светот, обединува...
А годината ја заокружија со концерт со концепт, во кој се испреплетоа емоции исто колку и чекори!
Благодариме!
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368645
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368646
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368647
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368649
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368651
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368652
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368653
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368655
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368657
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368658
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368659
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368660
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368661
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368662
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368665
ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Vecher-na-emocii-novogodishen-koncert-na-tanecdokaz-deka-sme-zhedni-za-ubavi-neshta-368666
 
фото: Национален ансамбл Танец/Маја Аргакијева;[/size]

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16603
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ  Empty Re: ТАНЕЦ 70 ГОДИНИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот