Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Терористички напад во Виена

+2
трендафил
defo
6 posters

Go down

Терористички напад во Виена Empty Терористички напад во Виена

Пишување by defo Вто Ное 03 2020, 09:18

ЧЕТВОРИЦА МРТВИ ВО ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНА, УБИЕНИОТ НАПАЃАЧ БИЛ СИМПАТИЗЕР НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА

Австриската полиција и натаму трага по најмалку еден учесник во синоќешното пукање во центарот на Виена, што канцеларот Себастијан Курц го опиша како терористички напад. Досега е потврдено дека има четворица мртви, вклучувајќи еден напаѓач, а 15 лица се повредени.

Министерот за внатрешни работи Карл Нехамер изјави дека во пукањето загинале двајца мажи и една жена. Полицијата убила еден од напаѓачите, кој носел автоматска пушка и лажен прслук со експлозив. Нехамер го опиша убиениот како исламистички терорист.

„Напаѓачот бил симпатизер на Исламска држава. Полицијата изврши претрес во неговиот дом и заплени видеоматеријали“, изјави Нехамер.

Првите истрели биле испукани синоќа во 20 часот во прометна улица во центарот на градот, а пукања имало на шест различни локации. Нехамер кажа дека сите локации се во непосредна близина на улицата во која што се наоѓа централната синагога, во која во тој период немало луѓе. Меѓу повредените е и чуварот на синагогата.
Полицијата сѐ уште утврдува колку напаѓачи учествувале во пукањето и не ги потврди претходните информации дека едно лице е уапсен

И она што никако не го разбирам, што ти се криви луѓе што пијат кафе, ако имаш нешто против некого, тоа е против политичарите кои за „одредена" сума одобруваат „мировни" акции, кои најчесто завршуваат со се, само не со мир. Ако имаат против некого нешто нека го скинат него, пример Курц, скини го с-курац(извинете за францускиов), а не невини жртви. Или по онаа народната неможеш на атот, удри на самарот.
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by defo Вто Ное 03 2020, 10:11

АЛБАНЕЦ ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА ГО ИЗВРШИЛ ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД ВО ВИЕНА?
„Тој се вика Куртин С., роден е 2000 година во Виена, каде и израснал. Од албанско потекло е, а неговите родители се од Македонија и немаат никаква врска со изламизам“ напиша новинарот на Твитер.

Многу небитно што е од  Македонија, меѓутоа ајде да ја прозбориме и оваа тема. 2000 година роден имал 20 години, се работи очигледно за максимално испран мозок. Мислам им ги перат мозцоите дотаму што роден татко/мајка би утепале, а не па рандом лик. Ова „дете" било навлезено во сектите и „религијата", уште од 14-15 година, грешка на родителите била што го испуштиле од вид.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by defo Вто Ное 03 2020, 10:26

Терористички напад во Виена El40z110

Повторно фитилче...после Цацко ни е крив. Треба да ги почитуваме разликите.

_________________
Jас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот
defo
defo

Број на мислења : 3586
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by трендафил Вто Ное 03 2020, 15:04

И една од жртвите е од Македонија. Тоа е Неџип Вренези, 20 години од струшко Велешта.
Двојца херои на Австрија, кои спасуваат една постара жена и ранет полицаец се Турци.


_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11324
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by Albatros Вто Ное 03 2020, 16:11

Znaci nie nemame mediumi tuku senzacionalisticki huskaci protiv sopstvenata drzava. Rodeni vo Avstrija, site so avstrisko drzavjanstvo a naslovot vristi od antimakedonizam. Iako najpravilno bi bilo "trojca avstriski drzavjani cii roditeli vodat poteklo od Makedonija". Ili barem "trojca napagaci imaat avstrisko i makedonsko drzavjanstvo". Kakov e toj poriv za se da ja obvinuvas svojata drzava ne go razbiram. I najcudno od se toa go pravat pred se tie sto se udiraat vo gradi deka se najgolemite patrioti.

Терористички напад во Виена Img_2088

Albatros

Број на мислења : 851
Join date : 2018-08-08

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by Luxor Вто Ное 03 2020, 18:48

@defo
Почитувањето на разликите треба да биде обострано. Правото на слободно исповедање на верата не подразбира скратување на правото на слобода на говор. Критиката на религијата не е оправдување за насилството. Добро е лоциран проблемот со перењето мозоци но одговорноста не е само на родителите туку на целото општество.

@Albatros
Нашите медиуми живеат од сензационалистички написи и клик бејт наслови. Парите се на прво а етиката им е на последно место.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6622
Join date : 2016-10-02

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by Zhane Вто Ное 03 2020, 19:17

Iznesuvanje mislenje za religija ne e uskratuvanje na sloboda na veroispoved. Sprecuvanje na iznesuvanje mislenje za religija so teror e uskratuvanje na sloboda na govor.

Zhane

Број на мислења : 177
Join date : 2019-05-26

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by cvetka Вто Ное 03 2020, 20:23

Terorist si e terorist, sto e vazno koj e i od kade e.

cvetka

Број на мислења : 249
Join date : 2019-05-30

defo likes this post

Вратете се на почетокот Go down

Терористички напад во Виена Empty Re: Терористички напад во Виена

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот